Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

A One-Way Ticket

ЗАКОН 543 45 - Part 03

Par Стојан Кочов · Partie 9 sur 22 · Environ 19 minutes

Lire en English

Да напомениме дека комунистичкото министерство за надворешни работи, својата декларација со датум од 7 март 1948 година се вели дека: “За последната наредба на Фредерика” за собирање на сите деца во детски логори со едно оправдување дека сега тие тоа го прават исклучиво за тоа што тоа го прави истото и кралицата.

Можеби тоа имаше врска со едно објавување што имаше објавено и грчката влада на Атина, предходниот ден, на 6 март 1948 година дека бројноста на одземени деца се движи околу

14. 000 деца од Северните “бандитски” реони. (Согласно информациите на Британија од Солун oд дописите на архивот на американското министерство за надворешни работи: 868.

00/3-1948).

Оваа вест, која доаѓа по осум дена од почнувањето на пропагандистичката операција против комунистичкото “Педомазома”, изгледа дека произлегува прва официјална вест за една таква работа од атинската влада. Ова се совпаѓа со веста дека весниците во Атина почнаа во март да објавуваат написи за мали групи деца кои беа иселени или имаа избегано од северните села на Грција со цел да се спасат од насилното одземање.

Слично, во истото време, комунистичкиот печат објави и првата жалба за една веројатна владина акција за “земање на деца од мајките”.

Согласно едно американско сопштение кое зборува за времето од јануари - март 1948 година потврдува:

“Окружните управители, војската и морнарницата се сложија на соработка, на планот од кралицата Фредерика за отселување на деца. Целта им е да отселат 10. 000 до 12. 000 деца. До 31 март имаа отселено 6. 240 деца. (тоа го потврдува: Програмата за надворешна помош на ИПА - Foreing Relief Pragram), Грчка мисија, јануар - март 1948 година, стр. 14).

Американската мисија за помош на Грција (А. М. Г) објави, во месечната мисија за април 1948 година, дека мисијата ја пратеше владина (експедиција на оддалеченост) и дека “Со препорака на истите во назначените места останаа спречени да контролираат, но Мисијата, оцени дека бројот на одземените деца е околу 10. 000.” Иаку и UNSCOB не се занимаваше, официјално со претпазливоста што ја земаше грчката влада, комисијата испрати на 19 април 1948 година, еден лист прашалник до грчкиот претставник-довереник, за да прибере информации во врска со бројот на децата за грижување на отселените деца од страна на грчката влада, токму од северните реони на Грција.

Грчкиот претставник, одговори на 23 април 1948 година и кажа дека има 5. 500 деца на возраст од 3-14 година и беа отселени од целокупните реони на Македонија и дека приближно 2. 150 деца беа сместени во разни центри во Солун. Но, исто така околу 5. 000 деца беа собрани и од Серес и Тракија. Ова дело го извршија под надзор (налог) на министерството за општествена грижа (Извештај на UNSCOB А/754(1948), стр. 19.

Атинскиот печат почна да објавува подробности за владината акција за иселување на деца од 1 април 1948 година.

Со наслов: “Денес пристигнува во Атина првата група деца” и понатака пишува “катимерини” дека “1. 000 деца од реоните во кои владеат бандитите (партизаните на ДАГ) беа пренесени со еден брод од Солун во селото Кастри, на Кифисиа. Една втора група ќе пристигне “Утринава”, значи на 2 април, во Пиреа и уште една трета група ќе пристигне “по неколку дена.” Овие деца ќе се пренесат во Патра и во Сиро.

Во истиот лист на “Катемерини” се објавија и опишаа две средби кои се остварија во вчерашниот ден: “Кралицата, вчера во 11 часот го прими потпредседателот на владата господинот Цалдарис и господинот Гкрисгулнт и се задржа на подолг разговор. Во текот на разговорите, кралицата ги запозна господата Цалдарис и Гкрисгулнт со постигнатите успеси и соработка што ги имала за постигнатото денес за акцијата од собирањето, преселувањето и згрижувањето на децата кои беа откинати од бандитските северни реони (се мисли на Воденскиот, Леринскиот, Костурскиот и др.” Новината пишуваше, дека нужни се оваквите средби и треба да продолжат, а едно такво советување се одржа и во министерството за надворешни работи, под председателство на Цалдарис, на кое имаа земено учество многу грчки министри и Американски мисионери, но тука беше и специјалнио назначен на чело на американската воена мисија, генералот Ван ФЛИТ

(Van Fleet)

Согласно репортажата за ова советување, беа именувани “повеќе комисии и поткомисии” и имаа почнато со истото дело за собирање на децата “со помош на воените каманданти кои биле во тие реони”.

На советувањето се реши да се отпочне една нова комисија од председателството на министерството за Грижа. Ова комија ќе требаше да има “Исклучителна задача и да изработи целосен систем за згрижување на иселените деца”.

На крајот, статијата завршува со тоа дека се разговарало за две опции на грижа за таквите деца. Едната беше за сместување на групи деца во хуманитарните здружења “каде ќе ги имаат целосно школување и грижа”, другата опција беше сместување во одредени семејства, во кои веќе имало најавено дека одредени семејства се спремни да примат голем број деца и да им пружат гостоприемство. Со таквата акција, државниот буџет не би се оптоварил премногу од овие програми , бидејки парите беа депонирани од касата на кралицата Фредерика и биле сума:

“Се одредила сума пари за згрижување на децата за потполно покривање на трошковите за време од околу шест месеци.” (Види весникот: “Катемерини 1. 4. 1948 година).

2. Мотивите и програмата што ги имала Привремената Демократска Влада (ПДГ) - ДАГ и КПГ Од печатот на ДАГ и КПГ (партизаните-андартите):

Многу брзо, по првите жалби на грчката влада, раководството н ДАГ(КПГ), потврди дека навистина имало таква акција за собирање на деца со цел да ги оддалечи од Грција. На 3 март 1948 година, радиостаницата на “Слободна Грција” го потврди следното:

“Партизанската (Андарската) Радиостаницата објави дека согласно ‘договорот’ помеѓу земјите кои беа членки на коминформ, Грчиња на возраст од 3 до 14 години ќе се испратат во Бугарија, Југославија, Албанија, Романија, Унгарија, Полонија и Чехословакија. Согласно со ова објавена вест, во ‘Слободна Грција’ (Значи во реоните под контрола на партизаните - (Андартите) имало барања од народните одбори во овие реони за со молба за згрижување на нивните деца и бараа организирано да им се овозможи испраќание во демократските земји кои веќе дадоа согласност за прием и гостоприемство на овие деца, бидејќи тие ќе бидат жртви на америкамскиот окупатор. Тие таму ќе можат да си го продолжат своето школување.

“3 март 1948 година” Реакцијата на вториот човек на ДАГ:

“Вистинскиот, достоинствен и човечки потфат на ДАГ, е окарактеризиран од владата на Атина како... ‘насилно собирање на деца’... ‘чедоубиство’ и ‘Јаничарење’. Но вистинското насилно собирање на деца и јаничарење тоа го направи истата држава на Атина, бидејќи многу деца на партизаните на ДАГ, со невиден терор и со измама се најдоа во нивните раце, каде ги имаа затворено во разни т.н. школи на кралицата Фредерики во Лерос, каде навистина ги воспитуваа за јаничари и ги учеа децата дека нивните родители им се предатели и треба да ги потскажуваат на органите за прогон и државна безбедност!” Василис Барџиотас, висок дејател на КПГ и политички комесар на ДАГ. “Борбата на Демократската Армија на Грција”, стр,

128.

На 15. Март 1948 година, весникот ‘Ексормиси’ што го печатеше: Демократската Армија на Грција во реонот на планината Грамос, објави едно попозно известување на министерството на Надворешни работи на Привремената Влада, со датум од 7 март 1948 година. На почетокот се објаснува за првичните зафати на прагматичниот потфат:

“Народните и други организации за згрижување на деца од ‘Слободна Грција’, и многу илјадните родители и ополномоштени, се обратија пред извесно време со апелирање до човекододетелските организации на народно-демократските земји и побараа од нив да ја земат грижата за грчките деца и детска младина, која е на работ на гибелот од варварството на монархофашизамот.”

“…Човекодобродетелските организации и покровителите на детските организации, како и други разни организации на младината на овие земји, со особена радост и задоволство ги прифатија молбите на овие родители и изразија подршка за грчките деца, па дури и иако треба да ги задржат на подолг период на време.” Значи: по ова “гаранција”, од овие организации; КПГ и Привремената Демократска Влада: “Реши да ги прими сите молби на народните одбори (организации) и на родителите и да ги задоволи со тоа што ќе го одобри заминувањето (иселувањето) и останување во тие земји на децата, се додека условите во нашата земја не бидат безбедни за нивното

, 1 враќање." 8 Понатака BO весникот HE се даваше некоја поконкретна информација за хронологијата за важноста и опстојателствата на ова решение, но од искажаното се објаснува со изопштвеност за создадената положба:

а/ Катастрофата што се создаде од политиката на

“монархофашизамот",

6/ Проблемот е се поголем со храна за де цата, в/ Скитањето по патиштата на градовите и селата околу 150.

000 и повеќе деца од кои секојдневно умираат по десетина, r/ “Последниот указ на кралицата Фредерика, која им нареди на потчинетите да ги соберат сите деца, без разлика да ли се во центрите на градовите или било каде, за да ги претворат во Јаничари и да ги стават со сила во хитлеровската организација на младината" и на крај, 1/ “Најсуровите и најстрашните бомбардирања Ha незаштитените жени и деца, од кои во последно време беа убиени околу 120 деца.

Истиот лист од весникот “Ексормиси", објави еден новинарски напис од еден овластен Ha “Ексормиси" и се вели дека посетил повеќе реони на “Слободна Грција" со наслов: “Жените и децата се заблагодаруваат на Привремената Демократска Влада на ДАГ". Тој во својот напис објаснува дека има уште многу 18 Moja забелеша: навистина КИГ и IIB cu ro задржаа објеѓањето пред светот и се изборија по војната да ги врати, но само децата “Грци по род".

Оттогаш половина век, се слуша само лелекот на макеоднските родители и на тие деца и се прашуваат: зошто не се погрижи оваа KIII 3a Македончињата да ги врати. Зошто заборавила дека на ињадници од ни:

нивните тактовци и мајки ги имаат оставено коските на Грамос, борејѓи се, за и само за интересите Ha KIII™??!!

родители и од селата кои се под контрола на Владата од Атина.

Тие дојдоа до “Слободната територија” во слободните села и напишаа молби до Народните Совети, да ги замолат и да им дозволат да ги примат и испратат и нивните деца, бидејќи во тоа време се вршеше попис за масовно иселување на децата од овие слободни села. Едноставно се молеа и тие да им ги запишат (стават во нивните во тие спискови): “Од половината на февруари до 5 март, од 59 села, родителите ги имаа дадено своите деца и бројката изнесуваше 4. 784 деца”. Весникот ги дава истовремено дури редоследот на броевите под кои се запишани децата, а тоа го прави за деца од повеќе села кој ги именува со името, и во тој ист напис објаснува за уште “стотици” телеграми од родителите кои ја изразуваат благодарноста кон Привремената демократска Влада 19 .

Две недели подоцна, на 1 април 1948 година, весникот “Ексормиси” напиша дека:

“Во волски коли и на мазги, коњи и магаринија беа натоварени деца, многубројни фаланги (конвој од мали деца се движеа пешки кон разни правци.” Пристигнувајќи на еден таков конвој во едно село, доцна во ноќта, се опишува со детали: “неколку одеа пешки. Други качени на коњи, мазги, магаринија и покрај нив одеа нивните мајки. Тие беа од селата Загоричани, Куманичево, Бомбаки, Тиолишта, Кондораби... Најмалите беа позаспани качени на магаренцата. Кога децата се разделија и се оддалечија во приквечерината: “Истите мајки кои ги претеа своите деца останаа да ги гледаат од далеку” тие се повеќе се одалечуваа. Ги отпоздравуваа со мајжински солзи и болка и со една неописива омраза кон англоамериканските окопатори и монархофашисти, кои беа виновно за децата што не им ги оставија на своите мајки да си ги радуваат своите деца!” Потоа следуват неколку статистички податоци:

19 Паризанскиот весник (ДАГ) “Ексормиси” излегуваше на секој петнаесет дена. Се уредуваше и се печатеше во планината Грамос.

“До моментот се испратени пет групи. Се иселија околу 1. 884 деца со околу 100 жени кои ги надгледуваат децата. Во овие денови се припремаат уште 3 групи од 1. 150 деца.

Во истата статија се тврди дека:

“Во заробената Грција, монархофашистичката влада на Атина објавила една дива војна Против Грчињата и на нивните мајки.

Војската и милицијата дејствува и врши воени експедиции по селата и ги грабат малечките деца од прегратките на своите мајки”.

“Од 150 дечиња кои ги грабнаа монархофашистите од селото Буф, Леринско, многу мајки успеаја од скришум да си ги одземат своите 25 децаа тоа се случи токму во центарот на Лерин. Потоа сите мајки заедно отидоа и се пожалија и си ги добија назад своите одземени деца.” На крај статијата потврува дека во реоните на Александруполис, владини агенти им се заканија на група родители, ако не им ги предадат нивните деца кои посакуваа да ги соберат и однесат во логорите на кралицата Фредерика.

Весникот “Ексормиси”, кој го издаваше ДАГ во реонот на Грамос, објави сопштение на министерството за надворешни работи на Привремената Демократска Влада на Грција со датум од 7 март 1948 со наслов “Родителите и децата ја молат владата” и понатака се вели дека “Од средината на февруари до 5 март, од 59 села на слободнататериторија родителите дадоа 4.784 деца”, а исто така на 20 март привремената влада донесе решение за евакуација на сите деца што се до возраст до 14 години да се испратат во Југославија, Унгарија, Романија, Чехословачка и Полска и, според податоците биле испратени околу 28.000 деца.

3. Мотивите и програмата што ја имала организацијата на НОФ и АФЖ Дали нас Македонците не водеше некаква верба во сопственото револуционерно искуство и сега посакавме да отвориме нов период во развојот на македонските револуциони традиции или нешто друго.

Но, се поставува прашањето; дали НОФ и АФЖ имале сознание за границите на можното, што всушност можеше Македонскиот народ да добие од таа Граѓанска војна, или несвесно ја прифатија лекомисленоста за таков голем исчекор. Говорот на веродостојните факти, кажуваат за некоректност и за непрофесионалност во водение на политиката и способност за додение еден народ, оти сите исходи на настаните тоа го потврдуваат. За нас Македонците, за време на НОФ се уриваше едно да се “сошие”друго.

Повикувањето на Сенароден Фронт, значи, да претпоставиме дека тоа беше повик за спас од кризата на нашиот мекдонски идентитет во Грција, а факт е дека македонскиот човек во 20-от век беше по потрага по својот индетитет. Но таквата агресивна агитација на НОФ (потсилена од тугинците), за жал стана матрица и нужно поведение кај широките македонски слоеви, кое се усмери кон само: “Уништување на англоамериканските окупатори” и таквата насока на агитација, стана рак рана во македонскиот обичен селанец. Тука, ама баш тука го истроши и својот интелектуален ум и својот живот и си го отвори патот за прогонството.

Борба со злото??

И така, НОФ, со својата ропската послушност и сега како и во 1946 година со не спласната еуфорија го презема водството во организиран мрачен поход и не доведе до најновите страдања.

Треба отворено да се каже, дека по ова акција (со децата), НОФ повеќе не претставуваше ништо. Со судбината на овие деца располагаше КПГ и ДАГ, како што беше и со нивните татковци и мајки.

Но, што е најважно; НОФ ниту презеде, а и ниту можеше да преземе било каква акција во полза на македонските деца, со нив сега располагаше КПГ и раководителите на ДАГ.

Се поставува прашањто:

Што би било ако 28. 000 деца останеа во Грција и ќе имаа можност да се вратат во своите домови? Дали такво прашање си постави НОФ? Денес имаме илјадници примери кои насила се вселуваат во туѓи земји, а ние се иселувавме под пропаганата на КПГ! ЗОШТО?

Сведоштва: Говор на НИКОС ЗАХАРИЈАДИС на вториот конгрес на народноослободитениот фронт.

25. март. 1948 година

“...Илјадници деца се спасија и се обезбедија во земјите со народна демократија. Така словеномакедонскиот народ е мирен од ова гледна точка. 20 Како да се протолкува ова утешување од вождот на КПГ (Граѓанската војна) за обездетување на Македонците...??!!

Впрочем, “крупните чекори”; на македонскиот народ и не му беа потребни. Од таквите преамбициозни народни водачи (тука вклувајќи ги и НОФ и АФЖ), кои секогаш преземаа “крупни чекори” на секој план, една од заостанатите прегазени жртви е и децата кои до ден-денес останаа по светот, чие “Спасување” како феномен на едно време, веројатно трајно ќе остане како непријатен спомен во македонската историја.

Во тој дух, да ја проследиме: “Нова Македонка”, весник на АФЖ од септември 1948 година, пишува:

20 На 16. 06 1949 година. Извршниот одбор на АФЖ на жените Македонки од Е. Македонија усвои резолуција за активирање на жените Македонки во одбрана на фронтовската линија Вичо.

“...Денеска сите се насолзивме. Се трогнавме како никојпат.

Седевме во сенката под една топола. Никој од нас уште не спиеше. Се стемнуваше и ќе тргнувавме на работа, ноќе работевме. И...еве ја другарката Цвета од АФЖ. Само што иде, ние се радуваме. Кога е со нас, не знам зошто не се плашиме нит од топот.

Овојпат ни донесе писма од нашите деца, коишто се наоѓаат во народните републики. Ги читаме писмата, рацете ни се тресат.

Срцето ни чукаше силно, но нашите ластари беа далеку. Што убаво ќе беше да ги бацевме малку!

Но тука идат аероплани. Алтилеријата фрла гранати по нашите села. Колку е убаво што нашата Влада ги испрати таму нашите деца за да се спасат.

Сега ни се наполнија очите со солзи. Ни пишуваат дека живеат добро... Само за вас мислиме, ни велат, вашите маки, војната...

Кутрите. Кога ќе си ги видиме пак? Ќе ги видиме кога ќе се ослободиме. Што убаво... Но за да се стори тоа ќе треба да го победиме фашизмот. А за да го победиме поскоро сите треба да се бориме. И ние во рововите се бориме.

Ванош напревивме повеќе три (3) бункери. Тоа го правиме за да ни се вратат побргу нашите деца, за да си одиме дома ние и нашите мажи...” Читаме:

...Не, јас не го оставам мојот другар, мојата сестра и брат ми да се борат овде, а јас да заминам со децата. Знам дека тие ќе бидат безбедни, имам полна доверба во избраните афежетки, а јас овде ќе можам повеќе да придонесам за борбата.” Зарем ова не значи тотална подредување на волјата на поединецот кон некоја надворешна сила (идеолошка сила)?

Невидени злоупотреби на идеолошката моќ.

Ете, така обземени од масовната еуфорија, поверувавме во раѓањето на еден нов ден. Непознавајќи ги условите на постојаното спротивставување меѓу капиталистичката им-перија на Запад и комунистичката империја на исток.

Таквото контролирано агресивно однесување може да се види и од паролите со кои го повикуваа народот.

Трагични и катастрофални последици врз нацијата.

Историјата познава трагични случаи на разделби, одземање и откинување на деца од родителите. Независно од мотивите, судбината на откинатото дете секогаш носи белег на трагизам.

Разделбата не едно дете од родителите е несреќа, немерлива трагедија и за детето и за родителите, но разделбата на илјадници деца од родителите и татковината претставува веќе трагедија на нацијата. Оттука раселувањето на македонските деца од Македонија под Грција е и дел од најновата историја на македонскиот народ.

Преглед:

ПРЕГЛЕД НА ПОВАЖНИТЕ НАСТАНИ ВО 1948 ГОДИНА Датум Опис на настаните или документ 13.01.1948 Во црквата на селото В’мбел, Костурско, одржан е првиот конгрес на НОФ и е констатирано дека во единиците на ДАГ се мобилизирани повеќе од 20.000 Македонци. Во тоа време според податоците на ГШ на ДАГ, низ цела Грција немало повеќе од 25 - 28.000 борци на ДАГ).

24.02.1948 Во Грција пристигна командантот на Американско-воено-Саветодавна и програмска група предводена од генерал Ван ФЛИТ.

15.03.1948 Весникот “Ексормиси”, кој го издаваше ДАГ во реонот на Грамос, објави сопштение на министерството за надворешни работи на Привремената Демократска Влада на Грција со датум од 7 март 1948 со наслов “Родителите и децата ја молат владата” и понатака се вели дека “Од средината на февруари до 5 март, од 59 села на слободнататериторија родителите дадоа 4.784 деца”, а исто така на 20.март привремената влада донесе решение за евакуација на сите деца што се до возраст до 14 години да се испратат во Југославија, Унгарија, Романија, Чехословачка и Полска и, според податоците биле испратени околу

28.000 деца.

.

29.04.1948 На слободната територија на Вичо е одржан и конгрес на АФЖ на жените од Егејскиот дел на Македонија.

01.06.1948

27.08.1948 Политбирото на ЦК на КПГ донесе решение со кое се суспендираат Михаило Керамитчиев од претседател на НОФ и Паскал Митревски од секретар на Главниот одбор на НОФ, “Поради непринципиелна фракционашка борба” Заседаваше ПБ на ЦК на КПГ со дневен ред:

а/ Борбата на Грамос која се нарече:

“Епопеа на Северен Пинд, политички и воени прашања и укази.” б/ Отстранувањето на Маркос Вафијадис од генерал и водач на ДАГ, поради болест и неговото заминување за Москва.

в/ Новиот воен Совет ќе го сочинуваат:

1. Никос Захаријадис-Претседател и врховен командант на ДАГ.

2. Георгиос Вондициос-Раководител на воените битки.

3. Василис Барџиотас-политички Комесар на Главниот Штаб.

4. Мичос Вландас-Одговорен за воените ресурси.

5. Леонидас Стрингос-Државната управа.

Г/ Реорганизација на Главните Штабови по околии и создавање на воени дивизии. Унапредување на офицери во воени високи чинови на ДАГ.

Прилог Наредба (27 август 1948 година)

Имајќи во предвид на ново создадената ситуација на 23 декември 1947 година и предлогот на Главниот Штаб на Демократската Армија на Грција Решаваме:

1. Разрешување и реорганизација на Главните околиски штабови и создавање на дивизии.

2. Дивизиите се наименуваат како што следи;

I Дивизија: Тесалија II Дивизија: Румели III Дивизија: Пелопонес VIII Дивизија:Епир IX Дивизија: Македонија X Дивизија: Македонија XI Дивизија: Македонија Во седиштето на Привремената Демократска Влада 27 август 1948 година.

Претседател и Министер на воените сили на ДАГ - Генерал Маркаос.

15.11.1948 Политбирото на ЦК на КПГ донесе одлука да ги исклучи и да го суспендира генерал Маркос од функциите главен командант на ДАГ и член на ЦК на КПГ.

23.11.1948 Главниот штаб на ДАГ нареди само за реонот на Вичо (Е. Македонија) да се мобилизираат сите мажи и жени од 17 до 35 години; повеќе се однесуваше на мажите кои беа оставени за изградба на фортификациите или поради болест. Со оваа мобилизација, практично беа мобилизирани сите Македонци од костурскиот и леринскиот реон.

ПОД КАКОВ ИДЕНТИТЕТ СЕ ЗЕМАА И СЕ ИСЕЛУВАА МАКЕДОНСКИТЕ ДЕЦА?

Едно од најзначајните прашања што се запознав со чедособирството а на кое не му е дадено соответно внимание е разликата на ставот помеѓу славофонските и грчкофоните села во Северна Грција.