Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

A One-Way Ticket

ЗАКОН 543 45 - Part 01

Par Стојан Кочов · Partie 7 sur 22 · Environ 20 minutes

Lire en English

ЗАКОН 543/45:

“Против организзацијата НОФ и лицата што дејствуваат за отцепување на грчки територии”.

07.07.1945 ЗАКОН број 453 и ЗАКОН ТОД:/45 “За ред, мир и правда” За обезбедување на јавната безбедност.” 18.07.1945 ЗАКОН КЗ 43:

“Против автономистичката дејност” и со кој закон македонските организации НОФ, АФЖ и НОМС се прогласени за автономистички, кои се ставаат надвор од Законот и нивните членови се прогласуваат за бандити и им се суди за Велепредавство.

20.07.1945 ПРИНУДНИОТ ЗАКОН (КЗ) 4124:

“За кривично гонење на сомнителни лица”.

20.07.1945 ДЕКРЕТ “Г” И и други закони: ПЗ 433/45 “Околу илегалното поседување на оружје”, ПЗ 753/45 “Околу илегалното поседување и употреба на оружје.” “За вонредни мерки и за јавна безбедност.”

16.12.1945 Во Костур, започна судскиот процес против 106 Македонци од гратчето Хрупишта, Костурско, обвинети за соработка со окупаторот и покрај тоа што тие беа борци на ЕЛАС. Некои од нив беа осудени на казна доживотен затвор, а други на временски казни.

РАЗВОЈОТ НА НАСТАНИТЕ ВО 1946 Развојот на силите на партизаните и андартите и итрата тактика на генерал Маркос за неомасовување на вооружените сили Развојот на левите сили (КПГ и ЕАМ), низ политичките настани во почетокот на 1946 година се одвиваа спрема концептот за неомасовување на населението во вооружен отпор и од таквиот став беа враќани илјадници војници и офицери сите симпатизери и членови на КПГ и на ЕЛАС, кои беа жестоко прогонувани од новата власт на Атина.

Но, зачудува концептот на НОФ (КПМ/КПЈ ) по кој уште во 1945 година беше реализиран и изврши масовна мобилизација на македонското население, зачленувајќи го во НОФ и АФЖ.

Очевидно тоа покажува дека е внимателно испланиран идниот и другите концепти преку стратегијата и тактиката на тугинците.

Тоа го покажува и следното дека по предупредувањето и спречувањето на левите сили низ цела Грција да учествуваат во масовноста, а подоцна тие леви сили се преорентираа и настана наводно проблемот со резервите на воените сили на ДАГ. И, не е чудо тие од 25. 000 - илјадитата армија на ДАГ, во нејзините редови се најдоа насилно мобилизирани и ја сочинуваа 50% Македонци борци, а другите беа Грци. Тоа значи, од осуммилионското грчко население во единиците на ДАГ имаше неповеќе од 18-20 илјади борци на ДАГ, а од 300 илјадите македонско население во Грција имаше околу 15-20 илјади Македонци борци на ДАГ, низ целиот периот на Граѓанската војна (1946 - 1949).

Според истражувањата на генералот Зафиропулос, силите на партизаните, во текот на 1946 година се развиваа по следната динамика:

- До април 1946 година. . . . . . . 950

- Мај. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 1. 300

- Јуни. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 2. 700

- Јули. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 3. 500

- Август. . . . . . . . . . . . . . . . . . . 3. 600

- Септември. . . . . . . . . . . . . . . 4. 490

- Октомври. . . . . . . . . . . . . . . . 5. 930

- Ноември. . . . . . . . . . . . . . . . . 7. 450

- Декември. . . . . . . . . . . . . . . . 9. 285 Што значи односот на владините сили е 10: 1, а военото наоружување е неспоредливо.

Но, да ги проследиме фактите:

“... Кога пристигнав во Белград, вели Маркос, одма се сретнав со другарот Иоанидис во една канцеларија каде ме дочекаа и двајца лидери на Комунистичката партија на Југославија; Темпо (Вукмановиќ) и Ранковиќ. Ме прашаа што ќе треба за неопходно да сторат за да помогнат (за ДАГ). Им реков дека потребно е наоружување за 18. 000 борци. Само што слушна Иоанидис, дека барам наоружување за 18. 000, стана и ми вели:

Маркос, да ли си во добрите: што ќе правиш со тоа наоружување за 18. 000 борци. Доволно е само за 4-5 илјадии ниту за еден повеќе не треба.” (Стр. 94. Кисавос). Понатаму тој објаснува:

“… Тогаш јас го прашав Марко: - Зошто другар Марко, по враќањето од Белград во Грција, ја променивте линијата на Партијата. Беше присутен и лекарот Сакеларију. Ми одговори: - Ми ја промени партиската линија Иоанидис кога бев во Белград, другар Георги.” Најсигурно е дека, таквата линија ја променија Југословените и Иоанидис и од тогаш Марко се здоби со особени симпатии од југословените и лично од Тито, кои се до ден-денес се забележливи тие симпатии.

Кисавос, во неговата книга потврдува дека Маркос, по враќањето од Белград во Грција, во својот Штаб, реши да ги враќа во своите домови сите што доаѓаа како доброволци во редовите на ДАГ, така на пример: околу 1. 500 - 2. 000 доброволци беа вратени и по нивното враќање непријателот безмилосно ги уништи како “кучиња”. Исто така, наведува и други примери, како што е со секретарот на Политичката Комисија на градот Трикала, Костас Аридас кој заедно со поголема група кадрови кои имаа цврсто донесено решение во Околиската област на Тесалија дека треба да излезат во планина и да се борат, беа вратени и сите беа арестовани и стрелани.

(Стр, 88.)

Кисавос, пишува за уште еден потрагичен, па дури и срамотен случај:

“Една група, околу 250 млади и наоружани доброволци, од околијата на Каламбака-Кастраќу, кои се обидоа да ги вратат, тие се спротивставија. Но, тие по своја иницијатива се организираа во 2-3 чети и решија сами да се борат против непријателската владина војска, во време на најголемите воени операции што ги имаше преземено владината војска на тој терен.

На чело им беше Спирос Царас од с. Кастраки - Каламбака. Се покажаа најдобри борци (во тие жестоки борби) и без да имаат жртви во таа тешка и жестока борба. Раководството на маркосовите штабови, наместо да им честита за нивната храброст, тие беа изгрдени за непослушност, а долго време го имаа за сомнителен Спиро Царас.

Развојот на НОФ и АФЖ и политиката на КПМ/КПЈ за оптималното омасовување на целокупниот македонски народ Значи, ако политичката стратегија и тактика на Маркос била за не омасовување на вооружениот отпор и тоа со искусни борци од ЕЛАС, тогаш каде да ја бараме логиката на таквите политички процеси. Тоа што го правеше НОФ со невидено галопирање во омасовувањето на македонците селани:

(Види-Извештај од главното раководство на НОФ од 9 февруари 1946 година, за организационата структура на НОФ во Егејска Македонија: Ам. Збирка “Егејска Македонија во НОБ 1945-1949”, АЕ: 86 и 87. Објавени во едицијата: “Егејска Македонија во НОБ 1946”, Т. Ш..., док 42 и 43. Стр. 97, 100,

103-106.)

Села / член на КПГ / член на НОФ / НОМС / СКОЈ / АФЖ Костурски округ

1. Преспанска околија А. реон Герман. . . . . . . . . . . . . . . . . . .. . 16 села Б. реон Африка. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .. 7 села

2. Околија Корештата А. реон на Д’мбени. . . . . . . . . . . . . . . . . . .. .9 села Б. реон на Дреновени. . . . . . . . . . . . . . . . . 14 села В. реон на Тиолишта. . . . . . . . . . . . . . . . . .14 села

3. Околија Полето А. реон Жупаншта. . . . . . . . . . . . . . . . . . .12 села Б. реон Рупишта. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .10 села В. реон на Кастенаријата. . . . . . . . . . . . . 18 села Г. Подреони на Калевишта. . . . . . . . . . . . . 5 села Лерински округ

1. Леринска околија А. Буфски реон. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 13 села Б. Которски реон. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 15 села В. Банички реон . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .. .6 села Г. реон Овчарени. . . . . . . . . . . . . . . . . .. . . .9 села Д. реон Турје. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 6 села

2. Совичко-Кајларска околија А. реон Екши-Су. . . . . . . . . . . . . . . . . . . .. .5 села Б. реон Ајтос. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 8 села В. реон Мокрени. . . . . . . . . . . . . . . . . . . .. 16 села Воденски округ

1. Мегленска околија А. реон на Кронцелево. . . . . . . . . . . . . . .13 села Б. реон на С’боцко. . . . . . . . . . . . . . . . . . . 11 села

2. Островска оклија А. островски реон. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 7 села Б. реон на Месимер. . . . . . . . . . . . . . . . . . .11 села В. реон на црно Мариново. . . . . . . . . . . . . 8 села Во извештајот се нагласува, дека состаноците се одржуваат редовно во месец јануари. Повеќето села ја прифаќаат нашата линија и се борат под наше раководство. Во извештајот се наведуваат точно колку им припаѓаат на секоја од овие организаци, а бројката е фрапантна и се добива претстава дека македонското население е целосно под влијание на овие организации. Има и други деталји.

За Организационото раководство - Секретар, с. р.

(Москва – Белград - КПГ)

Развојот на силите на НОФ и АФЖ - (Следните факти се клучни моменти во целата историја на НОФ)

На 2. 04. 1946 година, Захаријадис, генерален секретар на КПГ, враќајки се од Москва во Белград се сретнал со маршал Тито и разговарал околу одлуката за поведување на оружена борба против десницата во Грција.Захаријадис од Тито добил целосна поддршка, односно, ветување за морална и материјална помош.

На оваа средба било договорено и за следното:

1. Македонското национално ослободително движење во Егејскиот дел на Македонија, предводено од НОФ, кое од април 1945 година се наоѓаше под раководство на КПЈ-КПМ, да помине под раководство на КПГ.

2. Дел од составот на Политбирото на ЦК на КПГ на чело со Јанис Јоанидис, да се префрли во Белград со задача да раководи со оружената борба, да ја претставува во странство, да се грижи за снабдувањето на партизаните со оружје, облека , храна и други материјали.

3. Слободна регрутација на борци од редовите на македонската и грчката политичка емиграција во Југославија; организирање болници за ранетите и болните борци на ДАГ; Југославија да ја преземи улогата на организатор и координатор на помошта од други земји за ДАГ.

*** На 24. 08. 1946 година врз основа на договорот Тито -Захаријадис, еден дел од составот на ПБ на ЦК на КПГ на чело со Јоанидис Јоанис и потребниот апарат, илегално се префрли од Атина во Белград. Генерал Маркос Вафијадис кој во јуни 1946 година од Захаријадис беше назначен за организатор и раководител на партизанските групи илегално ја напушти Грција и се префрли во Белград каде што доби конкретни директиви и ветувања од делот на ПБ на ЦК на КПГ. Во септември се префрли во Егејска Македонија каде што на 28 октомври го формира Главниот Штаб на партизанските единици, односно ДАГ. Но, на 10 ноември Захариадис од Сталин доби директива вооруженото движење зимата 1946-1947 година да не се омасови, бидејќи тоа наводно го налага меѓународната ситуација,КПГ на политичката борба да и даде примат и слично.

На 21. 11. 1946 година, врз основа на одлуката меѓу Тито -Захаријадис од 14 октомври 1946 година, КПЈ и КПГ, претставени од Караиванов и Јоанидис ја остварија следната спогодба: “Македонската организација НОФ (АФЖ и НОМС) и нејзиното раководство поминува во целост под КПГ, а вооружените единици на ДАГ под раководство на генерал Маркос. Зарем ние Македонците и во историјата треба да оспоруваме дека овој политички фундамент не беше поставен од тугинците (КПЈ - КПГ)??!!

На туѓинците, целта им била од некои свои послушници да направи херои, таков лик, преку кого ќе се идентификува цел еден народ, а другите да ги сведе во најголема мера негативци (комитаџии и др.) и во такви услови да проработи кодошењето (што подоцна и се почесто и се случуваше меѓу членовите на НОФ 16 и така настана најпогубниот момент за Македонците под Грција.

По постигнатата спогодба меѓу КПЈ и КПГ, по извесено време, членовите на Главниот одбор на НОФ на чело со Паскал Митревски беа примено од секретарот на ЦК на КПМ Лазар Колишевски, кој им го рекол следното: “Вие сега одете долу (во Егејска Македонија), раководител сега на вашата борба ќе ви 16 На седницата на Претседателството на организацијата “Илинден” на Македонците од Егејска Македонија формирана по иницијатива на Захаријадис, што се одржа на 4 јуни 1956 година, раководителот на организацијата полковникот Пандо Вајна во својот реферат во врска со прогонот на Македонците од КПГ, меѓу другото, рече: “...Во периодот на борбата на ДАГ и после поразот, Захаријадис спроведуваше политка на клеветење и прогонување на еден добар дел од славомакедонските кадри и народни борци. Сосема неосновано и многу лесно на славомкедонските кадри и народни борци им ја лепеше етикета “агент на непријателот” итн.

Врз основа на лажни обвинувања во 1948-1949 година и подоцна, повеќе Славомакедонци беа уапсени, а некои од нив и ликвидирани... “(Ам, Ф-

21/1600.)

биде КПГ. Линијата на КПГ е исправна. Да имате доверба во неа. Боретесе со сите расположливи сили против шовинизмот, сепаратизмот и локалните тенденции...” Ова заплеткано сфаќање со утешни илузии, покажува дека владееше зајдисонце (мрак) во македонското лидерство.

Сега генерал Маркос сме го овластиле за нашата судбина Наредба Бр. ЕП 13 од 27. 12. 1946 година, генерал Маркос, гласи: “Сите партизански единици од денеска се ставаат во составот на ДАГ”.

Значи, НОФ од овој датум не претставуваше никаков воено-политички фактор, туку по т. н. “Братство и единство” на НОФ и се земени сите ингернции. По ова настана деликатна рамнотежа, помеѓу НОФ и КПГ, но полека влегуваше во менгемето на КПГ, охрабрувано па дури и од македонскиот врв на КПМ и несомнено стануваше жртва на политичките игри. А, бргу потоа се најде во рацете на бескруполозната апсолутистичка власт на КПГ.

Дали некој помисли на фаталното дејство на омразата која никогаш не ја имаа заборавено спрема поранешни ЕЛАС (ИТИ), сега НОФ (ИТИ)?

Во аналите на историјата, таков случај не е регистриран.

1. Ако НОФ беше политички македонски субјект, требаше да каже: какви отстапки би можела да направи спрема КПГ, а притоа да не му нанесе трајна и неповредлива штета на својот народ - на национален план. Но, настана она другото: значи ако го создаде КПМ/КПЈ, тогаш таа и го предаде (продаде) на КПГ, а со какви и кои политичките цели?!!! Само тие знаеја (КПЈ и КПГ)!

И, така нашите надежи сега се најдоа пак на масата на КПГ, ние се најдовме во униформата на ДАГ, децата се најдоа по светот.

Значи, добро соработувавме во ни целиот период за “мекото етничко чистение”.

Преглед:

ХРОНОЛОГИЈА НА ПОВАЖНИТЕ НАСТАНИ ВО 1946 ГОДИНА Датум Опис на настаните или документ

12.02.1946 Во Атина е одржан ИИ-от Пленум на ЦК на КПГ на кој е донесено решение да се апстинира на парламентарните избори и се донесе т.н. историското решение за оружено востание.

31.03.1946 Една од најкарактеристичните акции беше нападот на партизанските единици на Литохори, каде владините сили имаа 23 убиени војници. Ова како една од поголемите акции во грчката историја на ДАГ се цени за почеток на Граѓанската војна во Грција.

02.04.1946 Захаријадис, генерален секретар на КПГ, враќајки се од Москва во Белград се сретна со маршалот Тито и разговараше околу одлуката за поведување на оружена борба против десницата во Грција. Захаријадис од Тито добил целосна поддршка, односно, ветување за морална и материјална помош. На оваа средба било договорено и за следното:

1. Македонското национално ослободително движење во Егејскиот дел на Македонија, предводено од НОФ,кое од април 1945 година се наоѓаше под раководство на КПЈ-КПМ, да помине под раководство на КПГ.

2. Дел од составот на Политбирото на ЦК на КПГ на чело со Јанис Јоанидис, да се префрли во Белград со задача да раководи со оружената борба, да ја претставува во странство, да се грижи за снабдувањето на партизаните со оружје, облека, храна и други материјали.

3. Слободна регрутација на борци од редовите на македонската и грчката политичка емиграција во Југославија;

организирање болници за ранети и болни борците на ДАГ; Југославија да ја преземи улогата на организатор и координатор на помошта од други земји за ДАГ.

13.04.1946 РИЗОСПАТИС (весник) истакнува во одбрана на македонците против страшното и неверојатно малтретирање на Славомакедонците”. За гонењето на Македонците се вели дека е “Најголемо и најужасно гонење за какво што не знае и какво што не познава новогрчката историја...”

17.04.1946 Солунскиот десничарски весник “Неа Алитија” (Нова вистина) објави напис со наслов “Нашите Судети, во кој се зборува за Македонците и се квалификуваат како Судети и како такви, пишува весникот” во интерес на мирот и безбедноста во Грција, треба да бидат ликвидирани.

04.05.1946 Во Трсјанско - Турјанската планина, Леринско, беше формиран првиот партизански одред на чело со Петре Марков од селото Нерет, Леринско.

21.05.1946 Весникот “Етникос Кирикас” пишува:

“Од Грција треба што поскоро да се протераат 80.000 Славомакедонци”.

Истото се вели и во неделникот -републички весник “Елефтерос типос” од 28.01.1946 година во статијата: “Нека си одат Славомакедонците од нашата Македонија - нека си одат каде што сакаат.”

27.07.1946 Воениот суд ја осуди на смрт и ја стрела Ирина Гинова Мирка, учителка од с.

Росилово, Воденско, секретарка на АФЖ за Воденскиот округ.

24.08.1946 Врз основа на договорот Тито -Захаријадис, еден дел од составот на ПБ на ЦК на КПГ на чело со Јоанидис Јоанис и потребниот апарат, илегално се префрли од Атина во Белград. Генерал Маркос Вафијадис кој во јуни 1946 година од Захаријадис беше назначен за организатор и раководител на партизанските групи илегално ја напушти Грција и се префрли во Белград каде што доби конкретни директиви и ветувања од делот на ПБ на ЦК на КПГ. Во септември се префрли во Егејска Македонија каде што на 28 октомври го формира Главниот Штаб на партизанските единици, односно ДАГ.

Но, на 10 ноември Захариадис од Сталин доби директива вооруженото движење зимата 1946-1947 година да не се омасови, бидејќи тоа наводно го налага меѓународната ситуација, а КПГ на политичката борба да и даде примат и слично.

21.11.1946 Врз основа на одлуката меѓу Тито -Захаријадис од 14 октомври 1946 година, КПЈ и КПГ, претставени од Караиванов и Јоанидис ја остварија следната спогодба: “Македонската организација НОФ (АФЖ и НОМС) и нејзиното раководство поминува во целост под КПГ, а вооружените единици на ДАГ под раководство на генерал Маркос.

По постигнатата спогодба меѓу КПЈ и КПГ, по извесено време, членовите на Главниот одбор на НОФ на чело со Паскал Митревски беа примено од секретарот на ЦК на КПМ Лазар Колишевски, а кој им го рекол следното:

“Вие сега одете долу (во Егејска Македонија), раководител сега на вашата борба ќе ви биде КПГ. Линијата на КПГ е исправна. Да имате доверба во неа. Боретесе со сите расположливи сили против шовинизмот, сепаратизмот и локалните тенденции...” 27.12.1946 Наредба Бр. ЕП 13 на генералот Маркос гласи: “Сите партизански единици од денеска се ставаат во составот на ДАГ”.

РАЗВОЈОТ НА НАСТАНИТЕ ВО ГОДИНИТЕ 1946-1947 Во февруари 1947 година, раководството на КПГ донесе одлука за промена на задачата на ДАГ, односно на стратешката цел на нејзината оружена борба - од борба на притисок врз атинскиот режим за мирољубиво решение на грчкото внатрешно прашање во борба за соборување на тој режим и заземање на власта.

Владата на Атина строго реагираше и дури преку грчкиот парламент донесе низа закони, но, во исто време, се огласи и Кралот.

На 24. 02 1947 година, Кралот на грчката држава и грчката Влада јавно ги повикуваа борците на ДАГ да се предадат до 15 март 1947 година. Во повикот се вели, дека сите сторени дела против државата и народот ќе им се амнестираат, доколку до одредениот рок се придржуваат на повикот и се вратат во своите домови.

Американскиот министер за надвореши работи Г. Маршал, на 14 февруари 1947 година, изјави дека Владата на САД е задоволна од владината промена во Грција и дека во интерес на САД и на сите обединети нации е Грција да прими помош за да ги зачува својата независност и територијалниот суверенитет.

(Види: Стејт департмент, Билтен, 23. 2. 1947, 341). Оваа изјава на Г. Маршал иницираше Грција да добие американска помош.

Решноста на двете западни земји - Соединените Американски Држави и Велика Бртанија по секоја цена да спречат грчките комунисти да ја заземат власта, резултиреша со интервенцијата на САД во Грција изведена преку познатаат Труманова доктрина на 12 март 1947 година. Трумановата доктрина јасно го предупреди Сталин да не се надева на успех во Грција.

Неограничената помош ја доби Грција преку Трумановата доктрина и во продолжение преку Маршаовиот план и овозможи да сосдаде бројна и модерно вооружена армија, оспособена и подгответа да ја порази ДАГ.

На 17 февруари 1948 година претседателот на САД Труман во месечниот извештај до Конгресот предупреди: “Ако се појави потреба готови сме да и дадеме уште поголема и сестрана помош на Грција.” Нашето, бесмисленото идеолошко ангажирање на македонскиот народ во катастрофата (туркајќи го безмилосно во “лизгав и опасен терен” во идните миграциони движења) може да се оцени од следните ставови на НОФ и од МЕМОРАНДУМОТ на Врховниот штаб на Демократската армија на Грција до Анкетната комисија на ООН кој гласи:

ДЕМОКРАТСКА АРМИЈА НА ГРЦИЈА - ГЛАВНА КОМАНДА ШТАБ-одделение ИИ а, 14 март 1947 година.

МЕМОРАНДУМ До Анкетната комисија на обединетите нации I За причините кои ја предизвикаа Граѓанската војна и нашето мисление за нејзиното прекинување.

Кратко објаснење: бидејќи материјалот е пообемен, тука ќе пренесеме само мало толкување и комплетна 4-та глава од меморандумот, за да се види; што и колку се однесува на нас Македонците и нашето (Само) жртвување и дали навистина Граѓанската војна беше македонско народно-ослободително движење и продолжување на илинденските традиции на Македонците учесници во ДАГ како што се манипулира во историјата за Егејците.

Кратко: (На договорениот состанокот од страна на Врховниот командант на Демократската армија на Грција генералот Маркос со советските и полските преставници на Анкетната комисија на Советот на безбедноста за Грција и со преставниците на Југославија, Албанија и Бугарија, на ден 21 март 1947 година во Главниот штаб на демократската армија во селото Хрисомилија околија Каламбака, генерал Маркос им предаде опширен меморандум за Анкетната комисија.

Во меморандумот се даваат точни податоци за монархофашистичките банди во Тесалија, со назначување на сите места каде се наоѓат нивните штабови и имињата на сите тие офицери. Скоро сите тие офицери се од страна на народните судови осудени на смрт, поради соработката со окупаторот и поради нивните многу злочини, кои многу често лично ги извршувале. То се познатите злочици: Калабалитис, Сурлас, Зервас, Целиос, Каракисос, Биздас, Кундурис и други.

Исто така во меморандумот се наведени и податоците за огромниот број на Еласитовите офицери, кои бес причини биле апсени, стрелани, или се наоѓаат во прогонство на островите.

Во меморандумот во неколку наврати подцртуваат документите кои ги дава и преставникот на гржката влада дека монархофашистичките банди постоеле и биле наоружани од страна на Англичаните уште многу порано од кога се наоружа некој си партизан од левицата и избегал во шума. Целта на монархофашистичките банди бил да ги истребаат демократските жители, бидејќи ценеле дека ако некој демократ зборува за демократијата, него го ценеле како најголем злочин за Грција. Во архивите, кои ги има запленето Дамократската армија од жандармериските станици или други државни институции, нема ни една наредба која би се занимавала со други прашања отсем како да се уништа народнорепубликанското движење и Комунистичката партија.

Исто така е карактеристично дека во текот на 1945 година најголемите блокади и напади се вели дека биле извршени од англиските и грчките воени единици.)

IV Демократската армија, надахната со духот за смирување и за нормално демократско решење на нашиот внатрешен проблем, кои виси како мора над гржкиот народ, до денес не пропушти ни во една прилика и секогаш ги предлагаше тие мерки со кои се може да се отвори патот за демократско решавање на овој проблем. Ставот на Демократската армија во потполност се совпаѓа со желбата на демократското водство на нашето Народно републиканско движење кое претставува волја на нашиот демократски народ, а што се однесува до причините кои ја предизвикаа Граѓанската војна во нашата земја и што се однесува до нејзиното окончување, ги поновуваме и остануваме на тоа дека без да се разрешат следните зафати ќе нема мир:

1. повлекување на анггиските војски од нашата земја;

2. учеството на ЕАМ во владата;

3. општа амнестија;

4. чистење на државниот апарат од воените злочинци и припадниците на”баталјоните за безбедност”;

5. Воспоставување демократија и слобода во војската и во формациите на јавната безбедноста и

6. Спроведување на слободни избори, оти поинаку неможе да се смири нашата земја, не може да се обезбедат нормални прилики и народна слобода. Демократската армија и народ ќе ја продолжат борбата до конечното остварување на своите права и идеали, убедени дака сите демократски народи ќе не подржат во нашето дело.

Демократската армија, верува дека Анкетната комисија при Обединените нации-која ја претставуваат сите демократи и либерални народи кои поцена на неверојатните жртви се борат против фашизамот-чекорејќи по патот на своето објективно испитување на состојбата која постој во нашата земја, ќе ги пронајдат вистинските причини кои ја предизвикаа Граѓанската војна и дека ќе помогне во остварувањето на стремежот на нашиот народ, тие истите кои ги уживат сите демократски народи во светот-а тоа е слобода.

Главна команда на Демократската армија на Грција - Маркос, с.