ЗНАЧИ, СЕ БАРА ПОСЛЕДЕН ЧИН ЗА НАЦИОНАЛНО ПРОСТУВАЊЕ - СООЧУВАЊЕ СО ВИСТИНАТА - Part 03
За сето време на ропската послушност на (НОФ и АФЖ), болен е фактот дека се враќаме на она познатото на Труст “во потрага за изгубеното време”, и по макотрпните истражувања, сега би додал дека фактите покажаа многу работи кои се обелоденија:
за изгубениот македонски народ (тоа значи исчезнување на една голема гранка од големото македонско стебло), на македонски простор (тоа исто така значи дека изгубивме повеќе од 50% од етничка Македонија, и не господариме како староседелци со ништо), значи ако гледаме интегрално македонската нација ја снајде една голема историска катастрофа.
Негирањето на клучните факти, дека Македонците под Грција не беа жртвувани и манипулирани во Граѓанската војна, па дури и по половинавек и дека сето сторено од туѓинците било со добра намера, за жал, не става во позиција вечно да се соочуваме со постојаните повратни удари на минатото во сите сфери на нашиот живот, па дури и пред сопствениот македонски народ.
РАЗВОЈОТ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПРОЦЕСИ И НАСТАНИТЕ ПО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА (ВАРКИЗОВИОТ ПЕРИОД - 1945) 9 Настаните во 1945 година, придонесоа за избувнување на Граѓанската војна (1946 -1949) и тие во историјата на Грција, се земаат како нејзин почеток. Но, Граѓанската војна, почна на 31 март 1946 година, кога беше на паднато Литохоро од страна на вооружени симпатизери на КПГ и членови на ЕЛАС, кои не се согласуваа со потпишаниот договор во Варкиза. Значи, сите иследувања на историските состојби на Граѓанската војна, се сведуваат без сомнение на идеолошките мотиви, од самиот напад на единиците на полициската станица во Литохоро во ноќта на 30 март 1946 година во 10, 30-11, 30 часот.
Но, сериозните историографи, посебно раководниот кадар и учесниците на ДАГ (само ние - Макдоните не, бидејќи ние веќе во таков вооружен отпор влеговме уште со формирањето на НОФ на 23. 4. 1945 година, а тоа значи една година прад тој датум м. з), си го поставуваа прашањето:
Зошто КПГ повикува на вооружен отпор, точно една година по договорот во Варкиза (12.02.1945)?
Досегашните оценки на грчките историографи, од политичко становиште и оценки на генерал штабовите на грчката владина армија и на ДАГ, Граѓанската војна (1946 - 1949) во Грција ја оценуваат како најголема историска грешка, бидејќи сето тоа се случило по Втората војна кога се беше договорено меѓу 9 На 12 февруари 1943 година, во Варкиза, одморалиште што се наоѓа близу до Атина, потпишана е спогодба меѓу раководството на движењето на отпорот на КПГ и ЕАМ од една и Владата на Пластирас и британскиот генерал Скоби од другата страна. Со таа спогодба на ЕАМ и ЕЛАС (војската на ЕЛАС во цела Грција броеше околу 70. 000) уште на 16 јули 1943 година, раководството на ЕЛАС и шефот на англиската воена мисија полковникот Еди Мајерс, потпишаа спогодба со која ја потчиија својата команда под англиската на Блискиот Исток, со што практично и ја предадоа власта на десницата. Тоа беше крајниот резултат на ЕЛАСИТИТЕ.
големите сили на конференцијата на Јалта 10 , со што се изврши поделбата на сфери на влијанија, а за државните граници на Балканот беше речено да останат меѓу државите : “Status quo”.
10 Конференцијата на Јалта таела од 4 до 11 февруари 1945годна. На неа присуствувале претседателите Черчил, Сталин и Рузвелт, во присуство на министрите за надворешни работи.
Воспоставена е власта во Грција и поставена железната завеса на границата спрема север. Државните граници на Грција и Југославија: “STATUS QUO” По завршувањето на Втората светска војна, 1945 година е карактеристична по многу нешта што се случија во Грција, особено по потпишувањето на договорот во Варкиза и превземањето на власта од страна на десница, се смета, од грчката историографија дека е годината 1945 (посебно зимските и пролетните месеци), време во кое настанува прогонот на левите сили (КПГ, ЕЛАС, ЕАМ и други), но сега организиран и коодинирани од страна на Англичаните 11 преку ново формираната грчка влада.
Резултатот од оранизираниот терор во времето од 12 Февруари до 31 Март 1946 година е објавен во извештајот подготвен од страна на централната комисија на ЕАМ, а го поднесе Михалис Киркос, на една од седниците пред Комисијата на специјалните надгледувачи од страна на ООН, во кој се регистрирани следните, односно се регистрирани следните случаеви:
Стрелани. . . . . . 1. 284 Ранети. . . . . . . . 6. 681 Интернирани. 31. 632 Апсени. . . . . . 34. 931 Исчезнати. . . . . . . 151 Силувани. . . . . . . . 165 И други околу 500 граѓани, по разни основи.
За историјата, нека се забележи и тоа дека извештојот на ЕАМ е напишан на француски јазик од Октав Мерлие, управител на францускиот Институт во Атина во 1945 година. (Види: Тасос Вурнас, 1981/32, Атина).
11 Британската влада имаше ангажирано бројни сили: Во Солун била извршена концентрација на околу 80.000 луѓе и бројни моторни возила, тенкови и топови. На аеродромот Серес (12 км од Солун) имало околу 200 британски ловечки авиони и 60 бомбардери.
Развојот на силите на владината армија до 1946 година.
Развојот на воените владини сили до почекот на јули 1946 година се организирани и составени во четири ридски дивизии:
- 8-та дивизија во Јанина;
- 15-та дивизија во Кожени;
- 10-та дивизија во Солун и
- 7-та дивизија во Кавала.
Вкупните сили на владината војска до јулу 1946 година се 104.
000, од нив 45. 000 се во пешадијата. Истите беа организирани во 80 пешадиски баталјони.
Влијанието на Америка и развојот на владините воени сили Во периодот од 1946 до 1947 година, под влијание на западните сили се случија многу важни работи, но најважното беше постигнато уште на Техеранската конференција, кога Грција беше договорено да подпадне под свера на влијание на Америка и Англија.
1. Во февруари 1947 година, Велика Британија ја извести Владата на САД, дека од економски причини на 31 март 1947 година ќе прекине да ја помага Грција. Владата на САД, оцени дека доколку не ја наследи улогата на Велика Британиа, Грција неминовно ќе падне под влијање на Русија.
2. Во Атина меѓу Владата на САД и грчката Влада, е потпишана спогодба за помош на Грција и САД со што почна да се остварува американската доминацијата во Грција, истиснувајќи ја Велика Британија.
3. На 1 Март 1947 година, претседателот на САД Хари Труман објави решение со кое ја прокламира “Труманската доктрина” за ангажирањето на САД во Грција. На Грција и беше доделен кредит и современа воена опрема за опремување на владината војска (во текот на Граѓанската војна, војниите од Владината национална армија беа нарекувани како Бурададес. 12 Истовремено на грчката влада и беше ставен на располагање американскиот генерал Ван ФЛИТ, специјалист за борба против герила (Во поетокот на 1947 година во Грција пристигна командантот на Американско-воено-советодавната и програмска група предводена од генерал Ван ФЛИТ.
Во целиот период на време на Граѓанската војна, со неговата стратегија и применетата тактика во последните битки на фронтовите на Вичо и Грамос (28 - 30 август 1949), беше ликвидирана ДАГ и исфрлена надвор од границите на Грција, во Албанија.
*** Од таквата глобална оценка се издвојуваат некои основни проблеми за историјата на ДАГ, но нас Македонците не не споменуваат воопшто, како народ што учествуваше со повеќе од 50% од воените ресурси на ДАГ. Оттука, време е и ние низ тие проблеми на историјата на ДАГ, да ги согледаме и нашите македонски проблеми и грешки од нашата политичка национална и историска бесмисленост и низ сето тоа да најдеме одговор на прашањето: Зарем било можно поради нивната пропаганда ние Макеонците доброволно да им ги дадеме децата!!
1. Проблемот за аналитичарите и историографите на ДАГ е заземено т. н. историско решение, на Вториот пленум на ЦК на КПГ за вооружено востание, кое почна на 31 март 1946 година, точно една година по договорот потпишан во Варкиза (12.02.1945) кога левите сили ЕАМ и КПГ и ја предадоа власта на десницата. Тоа е оценето како историска грешка.
12 “Бурандари” - беа наречени припадниците на грчката национална војска, формирана по Договорот во Варкиза. Поради познатите вандализми што ги вршеа врз демократското грчко население, а народот ги нарече со тоа име, што потсетуваше на познатите квишлински единици формирани и раководени од грчкиот полковник Костас Бурандас командант на градот Атина во времето на германската окупација.
Дали ние Македонците во овие договори бевме некаков фактор.
Одговорот е НЕ!
Зошто не? Затоа што до тогаш во Грција не се изборивме да постанеме политички субјект.
За ова напишано доволно многу и се расветлени некои работи отколку официјалните документи на КПГ и разните дела на историографите и писателите. Но, да ја проследиме хрониката.
Хроника
(Прочитано во историографијата)
ВРЕМЕ НА ИСЧЕКУВАЊА И ЖЕЛБИ ПОСИЛНИ ОД ОКОЛНОСТИТЕ Во втората декада на октомври 1944 година Леринско-костурскиот баталјон се оддели од ЕЛАС и се префрли во Вардарска Македонија (СФРЈ), каде што се организира во бригада во составот на НОВ и ПО на Македонија-Југославенската народна армија (ЈНА).
ПРОГЛАС ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО ГРЦИЈА Комунистите (Македонци) кои ги напуштија редовите на КПГ, ЕАМ и ЕЛАС, беа остро осудени, а беа прифатени од КПМ/КПЈ. Сега со инструкции и помош на КПМ/КПЈ во Битола беше конституирана ПОЛИТИЧКАТА КОМИСИЈА ЗА ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА, на чии работни состаноци претседаваше преставник на ЦК на КПМ.
Во слободна Битола на 18 ноевмри 1944 година беше формирана Егејската бригада, од борците на пребегнатите македонски баталјони и новопристигнатите бегалци од Македонија под Грција.
Што ни покажува ова? Стара омраза, нови несогледувања. Но историјата на сите осознаени луѓе има свое наравоучение, но не и за нас Македонците. Повторливите трагедии како да ни се предизвик во патоказот на иднината.
СТАВОТ НА ФДМ (федерлна демократска Македонија):
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/one-way-ticket-mac/4 le 29 octobre 2026