Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

A One-Way Ticket

(НОФ ПРОГЛАСЕНА ЗА АГЕНТУРСКА ОРГАНИЗАЦИЈА)

Par Стојан Кочов · Partie 15 sur 22 · Environ 7 minutes

Lire en English

(НОФ ПРОГЛАСЕНА ЗА АГЕНТУРСКА ОРГАНИЗАЦИЈА)

На 20 јули 1949 година по иницијатива на генералниот секретар на ЦК на КПГ, Никос Захаријадис се свика раководниот актив на Комунистичката оганозација на Егејска Македонија (КОЕМ).

Состанокот беше одржн во пештерата меѓу селата Винени и Орово, Преспа.

На активот на КОЕМ присуствуваа Никос Захаријадис, Мичос Прцалидис и други функционери на КПГ и 45 членови и кандидати за членови на Главниот одбор на НОФ и политички и воени македонски старешини на ДАГ кои служеа на Подрачјето на Вичо.

На тој состанок,Никос Захаријадис го изнесе следниот став:

НОФ е агентурска организација која ја попречуваше реализацијата на линијата на КПГ и со тоа му нанесе штети и непријатност на демократското движење во земјата. Во Егејска Македонија дејствуваа и уште имаат корени трите агентури: на ОЗНА, на ЈА и Колишевски,која ги контролира првите две агентури. Сите агенти на југословенските известителни служби даваа писмени обврски дека доследно ќе ги извршуваат агентурските роботи... Партијата на КПГ сака да помогне и да ве спаси (им се обраќа на Македонците). Прекинете секаква врска со КПЈ и расчистите идеолошки со неа... Имаше еден период кога Македонците дејствуваа како фракција во КПГ во времето кога Тито сакаше да ја ограби Македонија до Солун.

Кои од вас бевте испратени во Грција од КПЈ во функција на тој интерес,да го расчистите прашањето и сметките. Ако Тито ја приклучи македонија кон Југославија,тоа значи ја вклучува во империјализмот. Тоа треба да го расчистите. Тито од 1945 година испраќа агенти од ОЗНА и II-то Биро на ЈА, организирани во тројки.

Во времето кога Југославија беше во лагерот на народните републики,ги толерираше агентите на Тито во перспектива прашањето да го регулираме поинаку. Отвореното предавство не принудува да го расчистиме тоа прашање...

По Захаријадис во ист дух збориваше членот на ПБ на ЦК на КПГ Мичос Парцалидис. Тој меѓу другот,рече: “...Ми направи извонреден впечаток единството меѓу македонскиот и грчкиот народ во Вичо. Зошто? Како се успеа во тоа нешто? Со борбата што ја водеше Партијата,Грците и Македонците комунисти.Точно затоа што партијата се бореше да му помогне на македонскиот народ во неговата борба.

Не се потребни многу маки за да ги осуетиме обидите на таа реакционерска банда. Предавството на Тито има многу напреднато.Сега кој нас тоа предавство се расчистува. Се создава шанса да прозбориме повторно. Нема да се најде другар што ќе пројави дилеме дали да се изјасни за Советскиот Сојуз,или за Југославија.Нажалост раководствот на НОФ тоа го нема расчистено. Има ниско идеолошко ниво...” Захаријадис ултимативно побара од присутните да се произнесат или за револуција, или за контрареволуција. За Сталин или за Тито. Тие што ќе ја гласат Резолуцијата се добри ломунисти, револуционери и интерационалисти, а тие што нема да ја прифатат се контрареволуционери!

Ете, така се решаваше македонското прашање во Граѓанската војна со саможртвување; за Сталин, за Тито и за Захаријадис и за интересите на тугинците.

*** Последното катастрофално сценарио: по падот на фронтовската линија “Бичо”, осакатените борци кои влегоа во Албанија, сега се носат на последната најкрвава и катастрофална битка на Грамос.

На 10-14. 08. 1949 година, Владината војска под команда на генерал Ван Флит со, 60.000 војници, организарана во 6 дивизии од сите родови, 200 тенкови и блиндирани коли,околу 100 авиони од сите типови,почнаа офанзива против ДАГ на планината Вичо со која командуваше Мичос Вландас и располагаше со 9.863 борци и 40 топови. На 13-14 август ДАГ беше поразена со загуби од 1.859 (мртви, ранети, исчезнати и заробени). Владината војска имаше само 256 мртви и 1.336 ранети. На 15-15 август единиците на ДАГ се повлекоа во Албанија, но во наредните денови беа префрлени околу 6.000 борци на ДАГ да ја продолжат борбата на Грамос. Во тие мигови беше исфрлена паролата дека: “Грамос ќе стане гробница на монархофашистите - Владината војска.” На 24-29, 1949 година, Владината војска во ноќта на 29 спрема 30 август почна нов поход за конечно освојување на Грамос и за конечната ликвидација на ДАГ. Владината војска пак под команда на генерал Ван Флит и сега вкупните сили беа поголеми уште за три баталјони од оние што ги имаше во нападот за освојување на Вичо. На Грамос со главниот Штаб на ДАГ сега командуваше генерал Георгиос Вонтисиос - Гусиас, со околу 12.500 борци (6.000 кои беа префрлени од боиштата на Вичо, бидејќи досега Грамос го бранеа само околу 6.500 борци).

Последните битки беа на 29 август и на 30 август се повлекоа во Албанија. Загубите на ДАГ:922 мртви, 944 заробени и 650 потешко и полесно ранети и околу 400-450 доброволно се предале. Загубите на владината војска: 243 мртви и 1.452 ранети.

На 30. 08. 1949 година, со последните битки на Грамос Главниот штаб на ДАГ објави дека единиците на ДАГ се повлекуваат, бидејќи ја извршија предвидената задача. Се поставува прашањето: каква задача сме извршиле? И тоа беше крајот на ликвидацијата на ДАГ и сите единици влегоа во Албанија.

ПРЕКУ СИБИР ДО КАТРЗА (Тоа го бараа комунистите на Грција, го спроведоа комунистите на СССР, а се радувааше неизмерно задоволна владата на Атина.)

Ете зошто историјата не треба да се премолчува, бидејќи потоа знае и да ни се одмаздува.

*** На 2-7 октомври 1949 година во логорот Бурели од страна на КПГ, беше организирана јавна осуда и ги прогласи за шпиони и предавници на револуцијата, 11 членови на раководството на НОФ, АФЖ и НОМС и тие поминаа низ Сибирските логори, обвинети без вина. Зошто? А сите ние борците на ДАГ, останавме во емиграција уште неколку години (еден дел останаа за вечно таму) придржувајќи се на паролата од КПГ:

“МЕ ТО ОПЛО ПАРАПОДА!” ВО ЕМИГРАЦИЈА И МАНИПУЛАЦИИТЕ СО МАКЕДОНЦИТ ОТ СТРАН НА КПГ Манипулацијата со Македонците не беше само кај возрасните -борците на ДАГ, туку и кај одземените деца. Само со една идеолошка цел: да се стави Македонецот од под Грција, против Македонецот од НРМ (м. з).

Види: Закџчениѓ од конференциѓта на славомакедонските кадрови на КПГ (Главно се одобрени од ПБ на ЦК на КПГ во заседанието на 12-9-1951 година.)

Забелешка: “Пред неколку месеци стана конференциѓ на 72 славомакедонски кадрови на КПГ. Конференциѓта дискутира околу темата: “Движението на славомакедонците после отстапувањето од Вичо - Грамос и на вамо и нашире задачи.” И дојде од заклџченѓта шо ги публикуваше по на долу. Овие закџчениѓ главно се одобрени од ПБ на ЦК на КПГ.

Конференциѓта определи еден привремен орган за работа во славомакедонците од 21 редовни и 9 кандитани членови. Овој орган ќе реши да станат во дело решениѓта на конференциѓта.

Истиот орган ќе превземи составувањето и разработувањето на статусот и програмот на организациѓта “ИЛИНДЕН”.

1. Заклучение: “...Го осигуруваборбеното единство на грци и славомакедонци за ослободувањето на Грција од американоанглиската окупација. Створуваопшт фронт против титовската фашистичка банда на Белград, коѓ што ги угнетува политички, економски, општествено, македонците од Вардарска Македонија... (Видна е грубата национална грешка што се прави под диктат на КПГ со именувањето на Македонци од вардарскиот дел и со славомакедоци со Македонците од егејскиот дел на Македонија).

Заклучение: “...НОФ што се основа пред април 1945 година. со титовска инициатива, главно застана неспособен да ги исполни желагањата на славомакедонскиот народ. НОФ се основа од Тито - Колишевски, од титородни елементи, авантуристички и неприателски кон демократското движение на Грција.

Основателното и раководителното јадро беше составено од агенти на титовската банда од тип Митровски, Керамиджиев, Гоце, Раковски... со исклучителна цел да му услужи на интересите на титовската клика во Егејска Македонија, што беше расцеплението и ударот од внатре на народноослободителното движение на нашата страна, искористувањето на славомакедонскиот вопрос во инетерес на националистичките стремежи на белгратската банда, присоединувањето на Егејска Макдонија од Тито. Тука треба да истакниме дека и англичаните пред декември 1944 година, благословуваа едно такво нешто, зашто претпочитаа да го земи Солун Тито од колку ЕЛАС... и т н.” Заклучение: “...Борбеното воспитувание на децата, треба да се базира врз политиката, што нацрта нашата партија со писмото на др. Захариадис до децата на домот “Папаригас”. “Младите славомакедонци ќе га продолжат борбата заедно со грцките младинци и младинки во редовите на ЕПОН.

Славомакедонските жени ќе се борат рамо до рамо со гркинките жени. Конференцијата предложува ликвидирање на КОЕМ. Славомакедонците комунисти стануваат членови на КПГ...

Дали децата беа одземени од оваа пеколна идеолошка пропаганда? НЕ! Еве што велат во месечното списање за македонските деца во гостоприемните страни на Н.

Демократија “Македонче” бр 8 август 1952 година, стр. 12.

“…следи на македонски: