Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

A One-Way Ticket

ЗНАЧИ, СЕ БАРА ПОСЛЕДЕН ЧИН ЗА НАЦИОНАЛНО ПРОСТУВАЊЕ - СООЧУВАЊЕ СО ВИСТИНАТА - Part 01

Par Стојан Кочов · Partie 2 sur 22 · Environ 19 minutes

Lire en English

*** ЗНАЧИ, СЕ БАРА ПОСЛЕДЕН ЧИН ЗА НАЦИОНАЛНО ПРОСТУВАЊЕ - СООЧУВАЊЕ СО ВИСТИНАТА:

И, на крај се поставува прашањето: Зошто идеолошките активисти (заедно со КПГ, КПЈ, КПМ, НОФ, АФЖ), не милуваат, дури и по пола век да им се извинат на тие деца, мајки и татковци, туку стојат на ставот дека “Ве спасивме! - од монархофашистичките канџи.” Колку е болна таквата хипокризија?!! Или, можеби треба да се бара одговор во наивноста, во неупатеноста или заблудата, подаништвото на поединци, кои (по) сакаа таквата свест - определба да ја всадат во колективната свест??!!!

*** ДАЛИ НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА ИМАВМЕ СТРАТЕГИЈА ЗА ДУХОВЕН И ФИЗИЧКИ ОПСТАНОК НА СВОИТЕ ОГНИШТА?

Еве неколку непобитни факти и клучни моменти во целата историја на НОФ, како влезе во конфликт (да го саможртвува својот народ) за туѓи интереси. Што значи за чистата идеологија којашто немаше никаков реален човечки контекст со македонскиот селанец под Грција.

Чисто залажување на сопствениот народ Како тоа било можно?

Кој посака Македонците под Грција, ова мирно неселение да го внесе во глобалниот процес за - Советизација на Балканот?

Зошто ние Македонците влеговме во моделот за социјализам на Балканот, кога тој модел по Втората светска војна веќе беше исцрпен и бесмислен. Зарем, тоа нели не беше и почеток за вршење “легални миграцони движења” тие што одамна посакуваа да го снема од тој вековен простор македонскиот човек како дел од нашата глобална, светска одисеа, сега преку идеолошкиот активизам? Туѓинците, преку тие идеолошки активисти, го натераа македонскит народот под Грција не само да ја прифати, туку и повеќе од полавек се тера да ја преживее.

Со тоа, процесот на миграцијата почна и по се изгледа ништо не можеше да го запре. Откука, се чини, тешко веќе можат да се прифатат оние во нашата историја, кои и понатаму инсистираат на некакви политички одлуки за автохтоната Револуција -продолжение на Илинден. Таквите тези се веќе проблематични!

Ете зошто: НОФ, “минувајќи” преку подоле наведените добро познати - политички паравани, (не само од капиталистичкиот режим, туку и од комунистичкиот) направи кобна грешка: си го изгуби народот и својата земја, значи го доведе својот народ да доживее национален пораз.

1. Македонскиот народ, во тој период беше поделен, во четири суверени држави кои имаа различни политички системи.

Посебно тешките последици за семакедонското движење на отпорот настапиле по истакнувањето на познатата теза на Коминтерната “Една држава - една партија”.

По завршувањето на Втората светска војна и познатиот договор за поделба на свери на влијание помеѓу големите сили, македонскиот народ се најде во следната положба:

Македонците во вардарскиот дел на Македонија под влијание:

50% источно, 50% западно.

Македонците во пиринскиот дел на Македонија под влијание:

90% источно, 10% западно.

Македонците во Македонија под Грција под влијание: 100% западно.

Македонците во македонскиот дел под Албанија под влијание:

10% западно и 90% источно.

Со времето, а посебно по Версајскиот договор, во 1919 година, таа теза, преминува во практиката, и се повеќе придобива карактер на злосторство над ослободителната борба на македонскиот народ. Но, не помалку за то придонесе донесе и одлуката на И. В. Сталин, во мај 1943 година.

2. Тезата: Една држава, една партија.

Со нејзината строга партиска примена во општата комунистичка пропаганда за советизација (глобализација) на Балканот:

се признала распарченоста на македонската територија;

се легализирала поделеноста и неповрзаноста на македонската борба и револуционерното движење; се создала легална можност за анексија на македонската територија и за присвојување на револуционерната борба; трајно се оневозможувало постоењето и развојот на општомакедонската ослободителна организација, односно констиуирање на единствено раководство на македонската национално- ослоботителна борба;

Што значи,со тоа се создале реални претпоставки според кои секаков повик за конституирање на општ македонски фронт за заедничка борба, однапред бил третиран и осуден како сецесионистички, предавнички, разурнувачки или фракционерски. На истакнувањето на општомакедонскиот национален стремеж, се спротивставувале државно - правни реалности на државните - окупатори кои ја заземале и воспоставиле власт на македонската окупирана територија. Во таквата ситуација, македонското национално движење добивало карактер на сепаратистичко (Како што се случи со НОФ во 1945). Но, тоа важеше во сите три комунистички партии (југословенската, бугарската и грчката). Е тука суштината на проблемот може да се сублимира во неколку прашања, кои за да бидат појасни и да се избегнат недоразбирањата, неопходно е овие проблеми соодветно и да се објаснат.

Еве како ја објаснува основната теза во комунистичкото движење д-р Стојан Киселиновски во својта статија:

“Националното и државното во македонското револуционерно движење(1893-1944), објвена во наделнота ревија Пулс, од 17 март 1995 година.

“Комунистичкото движење, поради еден суштински ленински историски дисконтинуитет, решавањето на националното прашане не го става врз принципиелна основа (секогаш да одговара на интересите на поробената нација), туку врз тактичка основа (да одговара на т. н класни интереси што секогаш одговараа со државните интереси на доминантната нација) и со тоа во суштина се негираше правото на самоопределување на народите.” Значи, во годините на Граѓанската војна во Грција, повеќе од јасно е дека Македонците беа растргнати меѓу националната совест и свест и обврзувачките политички насоки на КПГ, КПЈ и КПБ.

Прокламираната програма на Коминтерната, беше прифатена од КПГ (декларативно) и која гласеше: “Полна рамноправност на малцинствата со другите граѓани во рамките на грчката држава”, која важеше од 1935-1949 год. Тоа може да се потврди и од нашите инструктори (на КПГ, КПЈ и КПБ), кои ја завршија високата (партиска) школа во Москва во годините пред Втората светска војна. Истите тие тоа го агитираа; а такви ги имаше од трите дела на Македонија (Вардарска, Егејска и Пиринска). Тие повеќе од строго се придржуваа кон овие коминтеровски решенија, што беа донесени на 7-от конгрес во 1935 година.

Тезата “Една држава - една партија”, иако потекнува од комунистичкото движење, во почетокот на Втората светска војна претставува основна пречка за реализација на секаква македонска обединувачка програма. Но, тоа е сторено по етничките промени во Македонија; а комунистите не убедуваа дека тоа е “цивилизирана размена на населението”. А, крајната цел беше, сето тоа да го платиме ние - Македонците.

На чело со сите овие луѓе, нашето сеќавање остана трајно, клинкајќи по нив со чиста намера да се верува во некакво јасно и вистинско партнерство. Но, но накрај доживеавме национален пораз: ја изгубивме земјата, луѓето - младото поколение, а сега е проблем и името. Но, несмее, се разбира да се тврди, дека немало Македонци кои не мислеле поинаку.

Меѓутоа се манипулира со прашањето: Дали комунистите Македонци во КПГ се бореа за самостојна независна и обединета Македонија? Но, исто така, се поставува прашањето, дали тие можеа?

Ако основните принципи врз кои се засновуваат нациите државите се: територијалниот, државниот, историското и културното минато, етничкиот, јазичниот и на крај економскиот принцип, тогаш македонските комунисти како членови на КПГ практично спрема прифатените програми, се откажаа двата принципи: територијалниот и државниот.

Тоа им беше наложено од КПГ, бидејќи таа се бореше исклучиво за територијалниот и државниот суверенитет на грчката држава и затоа остануваа (прифатени и неприфатени)

само етничкиот и јазичниот принип, а исто така и историското и културното минато на Македонците. Што значи, сето наше (само) жртвување беше за една минимална програма што ја нудеше КПГ, посебно: по 15 мај 1943 година кога во Москва, на иницијатива на Ј.В.Сталин е донесена одлука за распуштање на Комунистичката интернационала (Коминтерна), со што формално е признато правото на самостојно решавање на секоја комунистичка партија. (Види: Историја на македонскиот народ, Скопје, 1988 година, страница 345).

3. Ставот на Велика Британија.

Многу компетентно и со непобитни факти се говори во документот од 16-08-1944 година “Македонија - Меморандум”, на Државниот секретар за надворешни работи на Велика Британија, во кој се вели: “ Ние сме готови да дадеме согласност за формирање на македонска држава во рамките на федерална Југословенска држава. Притоа мора да инсистираме оваа држава да не смее да анектира, ниту да бара други територии, независно од тоа дали тие територии им припаѓаат на Бугарија или Грција.” Потоа ја наведува Спогодбата за поделбата на интересни сфери, и дека Грција беше 100% под британско влијание, со право, по потреба, во секое време да може да интервенира со сите можни средства;

Дека, Тито, во летото 1944 година, барал од единиците на НОВ на Македонија да се обезбеди јужната граница со Грција.Тоа значи да се чуваат суверените граници на овие држави;

Дека, во тоа време САД ја истакнува неопходноста од зачувување на територијалниот итегритет STATUS - QUO на предвоените граници на Југославија, Бугарија и Грција и дека САД се категорично против каква и да е ревизија, иако притоа ја признаваат македонска територија во Грција.(Види: Владо Ивановски: “Зошто не на Солун”, “Нова Макеонија” од 11-12 октомври 1997 г. број. 3.)

Напомена: пошироко објаснение за ставот на Велика Британија:

Со македонското прашање, прикрајот на Втората светска војна, најмногу се занимаваше британската дипломатија и тоа од аспект дали со создавањето на македонската држава нема да бидат загрозени британските интереси во Грција и на Балканот.

Генералниот став на Велика Британија по македонското прашање е искажан во Маморандумот за Македонија, изработен од политичко - истражувачкиот оддел на Форин офис од 20 август 1944 година. Во тој Меморандум идејата за самостојна Македонија не беше прифатена, па се разработуваат разни варијанти на федерацијата:

а) Формирање Балканска федерација, во која би влегле Југославија, Бугарија, Грција и Турција. Во таа варијанта Македонија би била автономија. За ова варијанта не постоела согласност на големите сили.

б) Формирање на федерација мегу Југославија и Бугарија, при што Пиринска Македонија би се припоила кон Македонија. Ова варијанта би добила подршка од СССР, но со тоа не би биле загрозени интересите на Грција, Турција, но и на британските интереси на Балканот.

в) Британија би можела да прифати формирање на македонска држава во идната југословенска федерација, но под услов ниту македонското, ниту југословенското државно раководставо да не поставуваат барања за припојување на Пиринска и Егејска Македонија кон македонската држава, бидејќи со тоа би се загрозиле британските интереси во Грција и Турција. Овој Меморандум беше доставен до владите на САД и на СССР и тие се согласија со него. По тоа истиот беше доставен на запознавање на владите на Југославија, Бугарија и Грција.

(Види, “Британски документи на Македонија”, кн. 1, 15, 22 и

64).

4. Ставот на СССР.

КАКОВ БЕШЕ СТАВОТ НА СССР ПО ПРАШАЊЕТО ЗА СОЗДАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА ВО МАРТ 1949 ГОДИНА?

На 8 март 1949 година, советскиот ополномоштен во Грција Чернишов телефонирал во Москва, и укажалдека грчката реакција употребува невидена агресивна и активна пропаганда против Комунистичката Партија и андартското движење (ДАГ)

како и за “македонското прашание” за кое станува збор, односно за донесените решења на 5 -от Пленум на ЦК на КПГ и на 2 Конгрес на Народниот - ослободителен фронт на Македонците. Основната акција на пропагандата е насочена кон дејанијата на Комунистичката Партија и Андартите (ДАГ), кои наводно биле склони кон рушење на суверенитетот на Грција, односно кон целовитиот простор на дражавата. “Ставот по ова прашање за обединување на Македонија” во овој момент, продолжува Чернишов, “...Таквата пропаганда на владата во Атина и дава повод да изврши регрутирање и пренесување на владините трупи со висока воена готовност кон овие делови што ги контролираат андартите (ДАГ). Грчкиот народ кон прашањето за целовитоста на грчкиот просторен суверенитет има посебна чувствителност, но истата грижа се јавува и кај луѓето што сега живеат во градовите, а се симпатизери на комунистите и на андартите (ДАГ). Конкретно се очекува да се свика конгресот на Народно ослободителниот фронт на Македонците (НОФ), што е одреден да се одржи на 10 март на слободните територии кои се наоѓаат под ДАГ. По тој повод, државниот печат на англоамериканската лига изјавува со провокативни намери дека Конгресот ќе се определи за припојување на грчка Македонија во една заедничка држава со бугарската и југословенската Македонија и дека Комунистичката партија на Грција “прави предавство на грчка Македонија”.

Согласно информациите што Чернишов (за ставот на СССР 2 )

ги добил од Москва, на организаторите на Конгресот им се 2 Политиката на Советскиот Сојуз спрема македонското прашање, беше во функција на глобалната политика и стратегија воопшто и спрема Грција посебно. Сталин, македонското прашање, како и односот на Англичаните, Американците и Грците спрема Македонците под Грција, го користеше како покритие за својата политика што ја спроведуваше во земјите кои паднаа под влијание по Втората светска војна. Во текот на Втората светска војна комуистичките партии во земјите меѓу кои беше поделена Македонија укажува дека таквата намера е непромислена на Конгресот да стане збор за ова прашање, па дури и за иднината на македонскиот народ во рамките на некаква Балканска Федерација. Но, им препорачува делегатите на Конгресот да се свртат кон ориентацијата на населението во грчка Македонија да се ориентираат во борба против монархофашистичкото општество во Грција и да се борат за создавање на една слободна и демократска Грција”.

5. Ставот на ЕЛАС и КПГ.

На 16 октомври 1944 година, со наредба (потпишана од командантите на ЕЛАС: Еврипидис Бакирџис и Маркос Вафијадис) до армиските единици на ЕЛАС во Македонија, се однесуваше главно за уништувањето на германските армиски единици кои отстапуваа од југот на Грција. Но, со неа се даваа и наредби за уништување на “Славомакедонските” баталјони кои имаа пребегано во Југославија. Тоа беше ставот на КПГ, 3 цврсто го почитуваа декларативниот принцип на големите сили за непромена на предвоените граници. Треба да се знае и тоа: На иницијатива на Сталин е донесена одлука за распуштање на Коментерна, со што формално е признато правото на самостојност на секоја комунистичка партија и е подржана тезата: Една држава една партија. Тој истиот Сталин со големите сили во Москва (октомври 1944) ја направи делбата на сфери на влијанија и на Балканот, и границите да останат ‘Statua quo’. Ете тоа беше одговор на сите нас кои гледавме спас во Русија. Тоа беше првиот удар и покажува како го изгубивме обединетиот духовен систем т. е нацијата остана без стратегија за духовен опстанок на својот етнички простор на Балканот.

3 Поголема група Мекедонци борци и активисти од Костурско и од Леринско, во мај 1944 година, се одвоија од единиците на ЕЛАС и се префрлија во вардарскиот дел на Македонија каде стапија во редите на НОВ и ПОМ. Оваа акција на Македонците од некои функционери на КПЈ беше окарактеризирана како екстремна и тие беа вратени во единиците на ЕЛАС, а ставот на КПГ спрема нив, беше дека тие се дезертери, можеби, затоа, подоцна истите пак, го напуштија Елас. Но, треба да се објасни следното:

Како Елас и КПГ гледаа на Македонците:

Партискиот весник “Лаики фони” објавувајќи го фамозното интервју на Бакерѕис му соопштува на светот дека се работи за “булгарофони Елини”, а врховниот командант на ЕЛАС, генерал Стефанос Сарафис, во својата позната книга “О ЕЛАС” (1946, 331), за Македонците зборува како за “славофони Елини”. И уште нешто што треба да се знае: Грција, по балканските војни со Нејскиот договор од 14 (27. 11. 1919) со Бугарија и во што покажува дека во тој периот Маркос не беше “Титоист” и не ги симпатизираше идеите за Обединета Македонија, во рамките на една Балканска Федерација.

Секој прогонет се прашува:

Зошто ЕЛАС посака да ги ликвидира македонските баталјони, како што сакаше тоа да го стори со германката армија, а сега откај таа гаранција ја имавме од генерал Маркос, кога тој лично ја потпиша горната наредба, па сега НОФ и АФЖ влегуваа во заедничка борба во следните години (1946-1949)?!!

На 16 јули 1943 година Командантот на ЕЛАС Сарафис и шефот на англиската воена мисија полковникот Еди Мајерс, потпишаа заедничка декларација со која ЕЛАС се признава како сојузничка армија и се потчинува на командата за Блискиот Исток. Но, да видиме како се одвиваа работите. На 31 1923 во Лозана (Швајцарија) мировен договор со Турција, направи етнички промени со т. н. задолжителна размена на населението. Македонскиот народ веќе го имаше изгубено етничко-територијалниот статус. Грција, и во Втората светска војна ова прашање го елиминира кога командантите на ЕЛАС, ЕАМ и КПГ ги потпишаа договорите (во Либан на 16. 07. 1943, во Казерта на 26. 09 1944, во Варкиза на 12. 02. 1945) со англискиот полковникот Еди Мајерс и со тоа Грција ја доби заштитата на териториалниот интегритетот на државата со границите – STATUS QUO.

Понатамошниот развој на настаните покажаа нова БАЛКАНСКА ЗАБЛУДА (1945-1949), а пак дело на КПГ и КПЈ и тие не турнаа во хаосот, во македонски нихилизам, грешки, поданство и реки крв со губење на огништето - рамен на национален пораз. Сите овие демагози кои беа за “вистинитоста” на паролата за Обединета Макединија, беа свесни на лагата со која се служеа. Тие официјално остануваа на ставот дека македонското прашање е закана за мирот на Балканот. Но, за нас Македонците, неоспорно беше дека ни остануваше само историското неприкосновено право на татковата земја, оти немаше смисла да се живее без идентитет. Но, дали под тугинската измама требаше токму така да се саможртвуваме?!

Впрочем, органот на ЦК КПГ, двонеделното списание КОМЕП во бројот 16 од август 1943 година, убаво објаснува: “Во грчка Македонија нема национална испомешаност… Словенското и турското население се иселени согласно конвенциите, а грчкото население е собрано од сите земји на Балканот и од Мала Азија во грчка Македонија... која станала толку грчка колку и секоја област на стара Грција!” (с, 331.), а ние и денденес сме грлести па дури и во историјата и велиме дека тие ни беа најверните сојузници. Со право вели народот: “Од умот си страдаме!” октомври 1944 година поголема група англиски војници со оклопни возила влегоа во Солун пред ЕЛАСИТИТЕ. ЗОШТО?

Три дена подоцна лондонската радиостаница на ББС објави вест дека британските трупи го ослободија Солун. На 12 февруари 1945 година во Варкиза одморалиште близу до Атина, беше потпишан договор меѓу раководителите на КПГ и ЕАМ од една страна, а од друга владата на Пластирас и британскиот генерал Скоби. Со тој договор ЕАМ и ЕЛАС, практично, и ја предадоа власта на десницата. Тоа беше крајниот резултат на ЕЛАСИТИТЕ.

Но, да видиме каква е оценката, дадена во резолуцијата на ПБ на ЦК на КПГ од 15.11.1948 година и зошто таму точно така се вели: “Дека Маркос Вафијадис, како комесар на групата дивизии на ЕЛАС во Македонија, следел шовинистичка политика спрема Славомакедонските борци.” (Види: Сп. “Неос космос” август 1950, “Десет години борба” стр.470). Но, зошто толку доцна тоа го вели овој орган, кога Маркос беше веќе отстранет, а Македонците им требаа за војници во Граѓанската војна.

Синдром на лажно сеќавање.

Се поставува прашањето: Зошто и покрај ваквиот став на големите сили, државното и политичко раководство на Македонија и Југославија не се откажуваа од желбите на македонскиот народ за обединување. Проблемот за присоединување кон создадената македонска држава на Пиринска Македонија се настојуваше за се разреши со создавањето федерација меѓу Југославија и Бугарија. Во однос на Егејска Македонија се сметаше дека Македонците од овој дел на македонија со масовното учество на ДАГ, по победата ќе ги остварат своите права. Меѓутоа, ниту можеше да се оствари федерација со Бугарија, ниту можеше ДАГ да издвојува победа, па обединувањето на Македонија не се оствари.

Да се бара логика во “братската” поддршка, по поделбата на Македонија(1913) 4 и да се намамува Македонецот за “Обединета Македонија” по Втората светска војна, со нашите горди идеолошки активисти, тоа е триумф на “танцување во мрак.” Зарем можеше некој да смета дека (бугарската, југословенската или грчката) власта била толку ступидна што би го вооружувала НОФ или било кое друго македонско ослободително движење, само и само да одвои дел од нејзината државна територија?

Знам, дека секој разумен, ќе рече: Не! А тоа, се виде дека “братските” комунистички партии (бугарската - КПБ, југословенската - КПЈ и грчката - КПГ) не беле толку недоветни, да не подржуваат за да одделат дел од својата птоширена државна територија со македонска дел. Напротив, во таков случаи било која партија од наведените, а конкретно во Граѓанската војна: НОФ и КПГ би биле прогласени за предавници, и како такви, осудени.

Какви беа тогашните реакции:

Ставот на Бугарија.

Трајчо Костов, бил еден од најжестоките противници на федерацијата меѓу Југославија и Бугарија образложувајќи го тоа со долготрајна традиција на бугарската државност и на разликите кои со текот на времето настанале во структурата и менталитетот на Бугарија и Југославија и стоел на становиште дека од таквата федерација нема да се изроди ништо добро. За федерација без одлагање бил Черненко, додека останатите 4 Како последица од Балканските војни (1912-1913) и со Букурешкиот мировен договор од 28 јули (10 август) 1913 година, санкциониран од Нејскиот мировен договор од 14/27 ноември 1919 година и од Северскиот мировен договор од 28 јули (10 август ) 1920 година, Македонија беше поделена меѓу Грција, Србија, Бугарија и подоцна Албанија која ги доби Долна Преспа и Голо Брдо. Грција доби 34. 356 км2 или 51% од македонската етничко-историска територија; Србија 25. 713 км2 или 39%;

Бугарија 6. 798 км2 или 9, 5 % и Албанија 0. 5 % од македонската-историска територија.

членови на Политбирото (Коларов и др. бугарски стари комунисти) во принцип се залагале за федерација, но со големи резерви при што не биле воодушевени. Било очигедно дека тој принцип се темелел единствено поради дисциплина спрема Москва.

Не треба да заборавиме и на: македонското движење (со бугарска етничко историска тентенција) и дека во Пиринска Македонија по падот на Владата на Александар Стамболиски во 1923 година беше препуштена на врховистижкото ВМРО на Тодор Александров и посебно Ванчо Михајлов, кој таму изигруваше парадржава и пред меѓународната јавност сакаше да се претстави како идниот пиемонт на самостојна Македонија.

7. Ставот на Југославија.

Како и зошто КПМ дозволи Југославија да има двострана политика: јавна и тајна - со која ги поттикнуваше Македонците под Грција за вооружена борба? Зарем не беше тоа против волјата на македонскиот народ? Дали со тоа македонскиот народ не дозволи друг да му ја крој судбината? Зошто во интегралната македонска историографија не е објаснета таквата вина на КПМ/КПЈ?

Да ги проследиме настаните:

Треба да знаеме дека со паролата за слободна Македонија во есента 1941 година, почнала народноослободителната војна во Вардарска Македонија. Но, со формирањето на македонската држава, т. е. со одржувањето на АСНОМ, завршила значајна фаза од развојот на НОВ во Вардарскиот дел на Македонија.

Нејзината карактеристика било прецизно формулирана на програмските цели и нивното спроведување во живот. Основна суштина на тие цели била: тесно поврзување на народно -ослободителното движење во вардарскиот дел на Македонија со ослободителната борба на другите народи на југословенскиот простор. Но, треба да се има предвид и политиката на КПЈ, која имала огромно влијание врз македонските комунисти во Вардарскиот дел на Македонија. Значи, ставот на ЦК на КПЈ настојувал тежиштето на национално - ослободителната борба да го канализира во заедничка борба со сите југословенски народи.

Види: Едвард Кардел: Борба за признавање и независност на Нова Југославија, 1944-1957, Сеќавања, Комунист, Скопје, Мисла, Скопје 1980, 122.