Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

A One-Way Ticket

КРАТЕНИЦИ

Par Стојан Кочов · Partie 22 sur 22 · Environ 6 minutes

Lire en English

КРАТЕНИЦИ

- UNSCOB - United Nations Special Committee on the Balkans.

- АФЖ - Антифашистички фронт на жените.

- Андартин - Грчки борец, платеник во време на турската империја, се борел за освојување на Македонија и приклучување кон Грција. Повеќето беа од стара Грција и од островот Крит, а делувале во Македонија Костурско, Леринско, Битолско, Ресенско и Мариово. Тоа име се употребуваше од грчката влада и за учесниците на ЕЛАС и Граѓанската војна.

- БУРАНДАС - Оружен војник во владината грчка војска.

- ГШ - Главен штаб.

- ДАГ - Демократска армија на Грација за време Граѓанската војна 1946-1949 година, раководена од Комустичката партија на Грција.

- ЕАМ - Национален ослободителен фронт.

- ЕДА - Грчка демократска левица.

- ЕДЕС - Нацинален демократски сојуз на грчката војската, соработувал со Германците, истовремено и со нгличаните.

- ЕЛАС - Грчканародноослободителна армија.

- ЕПОН - Национална сегрчка организација на младите

(прокомунистичка).

- ИВЕ - Бранители на Северна Грција 1941-1942 година соработувале со Германците.

- ПГ - Земјоделска партија на Грција.

- ИБ – Информбиро.

- ЕППЕ - Централен комитет на политичките бегалци од Грција.

- ЕМПЕДА - Центер за воена обука.

- КЗ - Кривичен закон.

- КОЕМ - Комунистичка организација на Македонците од Егејска Македонија.

- КПГ - Комунистичка партија на Грција.

- КПЈ - Комунистичка партија на Југославија.

- КПМ - Комунистичкапартија на Македонија.

- ЛОК - Чети за планински потери, воени формации на дел од владината војска.

- НОВ - Народноослободителна војска.

- НОД - Народноослободително движење.

- НОМС - Народноослободителен младински сојуз.

- НОФ - Народноослободителен фронт.

- МАИ - Единици за самоодбрана на теренот (оружени организарани цивили, кои спрема потребата се бореа Против Демократската армија на Грција).

- ООН - Организација на обединетите нации.

- ПАО - Сегрчка ослободителна организација 1942-1944 година, соработуваше со окупаторот против против народноослободителното движење во Грција.

- ПБ – Политбиро.

- ПДВ - Привремена демократска влада на Грција формирана

1947 година на Грамос.

- ПЕЕА - Политички комитет на ослободување.

- ПЗ - Принуден закон.

- СНОФ - Славјаномакедонскинародноослободителен фронт.

- УДБ - Управа за државна безбедност.

- ЦК - Централен комитет.

- ЦС - Централен совет.

Белешка за писателот Стојан Кочов е роден 1930 година во село Турје, Леринско.

Живееше во Скопје.

Ги објавил следните книги:

СРЕДБА-раскази “Студентски збор”- Скопје,1989 ЕДНА МРТВА ВОЈСКА – поезија “Македонска книга” - Скпје,1992

(САМО)ЖРТВУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ПОД ГРЦИЈА - критички огледи “Матица македонска” - Скопје,1994 МРТВОТО ЛИЦЕ НА ВОЈНАТА – поезија “Мекадонско сонце”

- Скопје,1996 ЃОРЃИ ПЕЈКОВ - МАКЕДОНСКИ ВОИН НИЗ ИСТОРИЈАТА НА ДАГ (1945-1949) – монографија “Академик” - Скопје,1996.

ТАЛКАЧИ - роман, “Матица македонска”, Скопје, 1997 НОВА ГОДИНА ВО ЗЕМЈАНКИТЕ НА ГРАМОС – роман “Матица македонска”, Скопје, 1998 КАЗНА БЕЗ ВИНА - роман “Матица македонска”, Скопје, 2001 ВО ПРЕСРЕТ НА СУДБИНАТА – раскази “Огледало”, Скопје,

1998 ИДЕОЛОШКИОТ АКТИВИЗАМ НАД МАКЕДОНЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА - критички огледи. “Матица македонска”, Скопје, 2000 ГРЕВОТ НА ПОТОМЦИТЕ - роман ЕСЕИ И ЛИТЕРАТУРНИ ТОЛКУВАЊА - критички огледи, “Матица македонска”, Скопје, 2002 КОБА - Раскази, “Вордлбук”, Скопје, 2002 ГРОБАРОТ ОД ЛЕРИН - роман “Детска радост”, Скопје, 2001 ЈАМКА - роман.

БЕСОТ НА ЈУЖНИТЕ ХРИСТЈАНИ - роман РЕЦЕНЗИЈА 1 Од проф. д-р Лазар Лазаров.

За студијата: “Билет во еден правец” од авторот Стојан КОЧОВ.

Авторот на трудот “Билет во еден правец” низ една збиена форма успешно ја проследува и реконструира од повеќе аспекти состојбата и судбината на Македонците под Грција, во текот на Втората светска војна, Граѓанската војна и по неа.

Посебен белег на трудот претставува авторовата опитност да проникне во срдчта на обработуваните проблеми и низ продлабочени анализи да трага и изнаоѓа соответни одговори и заклучоци. Во истржувачкиот процес и во подготвувањето на трудот, Стојан Кочов, посебно се соочил со проблемот на интерпретацијата на мотивите и целите на прогонетите од грчкиот монархофашистички режим во искоренувањето на македонскиот народ и неговото истребување од својата земја.

Покрај внатрешниот фактор, мошне прегледно е обработена и улогата на меѓународниот фактор, пред се Англо- Американскиот. Недостаток, ако воопшто се смета за недостаток, туку за подвиг, со почит што авторот Стојан Кочов не е по вокација научен работник, го надополнил со истражувачка упорност и неговата роднокрајска припадност од беломорскиот дел на Македонија, придонеле да остави трајни записи обликувани во ова студија.

Значаен белег на овој труд е тоа што изнесените анализи и заклучоци се засновани врз изворни материјали, за кои на авторот му сугерирам да ги систематизира и внесе на крајот со поднаслов: “Користени извори и материјали”.

Бидејќи нема совршеност на било која работа и труд, а се со цел за квалитетно подобрување (а со што авторот е согласен) му сугерирам да обрне на следното: цитирањето на текстот да се стави во фусноти. На многу места во текстот и аку авторот е во право му сугерирам да ги анализира настаните како неутрален набљудувач, со што се издига на повисоко ниво на објективен аналитичар и отценувач на настаните и личностите што се предмет на проучување. Исто така на авторот му предлагам за подобар прегледност на трудот да ги распореди во засебните делови и поглавија, кои претставуваат засебна целина.

Во ова студија е, посебено значајно, што се правени темелни анализи и од нив се извлекуваат релевантни оценки од повеќе аспекти засновани врз изворни и проверени материјали.

Врз основа на погоре, на кусо изнесеното, со задоволство ја предлагам да се печати ова студија која е значајна, не само за науката, туку за пошироката јавност. Студијата претставува изворно сведоштво од поблиското минато и пополнува значајни празнини од историјата на македонскиот народ.

Мај 2002, Со почит Проф. д-р Лазар ЛАЗАРОВ РЕЦЕНЗИЈА 2 За трудот “Билет во еден правец’’ од Стојан КОЧОВ Трудот “Билет во еден правец” всушност е една синтеза за историската судбина на Македонците од Егејска Македонија.

Авторот, добар познавач на историските собитија, ја претставува и ја анализира историската судбина на Македонците од Егејска Македонија во периодот од Париските мировни договори до денес. Историската судбина на Македонците авторот ја представува во рамките на соодветниот историски детерминизам. Тој го анализира и коректно го претставува влијанието на грчката држава и политичка идеологија без оглед дали станува збор за грчката левица или грчката десница.

Авторот не идеологизира, не позитивизира, туку анализира, ги претставува објективно историските факти. Со еден збор авторот успева да ги објективизира историските процеси сврзани со судбината на Македонците од егејска Македонија во дадениот историски период.

За обработката на пвој труд авторот има прегледано една огромна историска граѓа (примарна и секундарна) и критички ја претставува. Јазикот е едноставен и убедителен. Секој искажан збор е потврден со логички аргументи и со соответна аргументирана литература.

Имајќи ги предвид горенаведените констатации, ние со задоволство ја препорачуваме книгата на Стојан Кочов “Билет во еден правец” за печатење.

10. 06. 2002, д-р Стојан Киселинов