Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

A One-Way Ticket

Том 7, книга 3. Превод, редакција, коментар д-р Ристо Кирјазовски - Part 01

Par Стојан Кочов · Partie 20 sur 22 · Environ 20 minutes

Lire en English

Том 7, книга 3. Превод, редакција, коментар д-р Ристо Кирјазовски.

По исчитувањето на овој долг извештај од најкомпетентите личности, човек останува вчудоневиден и необјасниво се запрашува: од каде таа гаранија; да го повикуваат пак народот македонски на сенароден фронт во Граѓанската војна? А кои се тие? Тие, се пак на чело, овие потписници на меморандумот!!??

Во меморандумот се опишани сите тие антимакедонски работи за едно врамено (1944-1945), време во кое како и во сите други времиња на проклетиот Балкан (посебно на просторот на Македонија под Грција), народот никој за ништо не го прашувал, а тој постојано се исчудувал за тоа како преживеал и покрај сите трагедии што морал да ги истрпи. Но, човек ќе се запраша; ако во континуитет се случуваа сите тие наведени работи во извештајот, со се поголем интензитет, што добро можеше да се очекува во наредниот период во Граѓанската војна. Според логиката на работите, длабоко навлегувавме во еден тоталитарен амбиент, на аналитичарите, кога и дае, ќе си го кажат своето.

Но, најтрагичното е што овие луѓе кои ни укажаа на сите тие злодела, сега пак во Граѓанаската војна се како жртви;

беспрекорно соработуваа со невидена сервилност спрема КПГ, и како краен резултат беше, дека преку таквите идеолошки активисти се изврши најубиствениот зафат; му се одзедоа на народот децата, со политичка умисла, можеби со цел за потоа:

најуспешно да се извршат сите планирани миграциони движења на просторот кој живееше со векови македонскиот човек.

2. Интервју

“Тридесет три године касније: ЗАШТО МАРКОС НЕ КАЖЕ СВЕ Један наш обавештајни офицер се сеќа збиванја која су узбудивали свет.

Како је дошло до сукога, Шта то Маркос нетачно прикажује? И.

н. т.

Но, најинтересно е прашанјето: Да ли је поред ових разлога пропасти грчког ослободилачког покрета, било и неких других?

Игра око македонског живлја

- Грчки устанички покрет се у прво време оријентисао на Егејску Македонију, због тога што је традиција борбе у мјој била веома јака и што су можда Егејски македонци рачунали да ќе кроз нову борбу остварити свој цилј - ујединјенје с матицом.

И, уместо да руководство Грчке КП искористи тај позитивни моменат и да устанак прошири не целу Грчку, они се ограничавају на Егејску Македонију, због близине југословенске границе. Поред тога, они воде потпуно погрешну кадровску политику, дозволјавајуќи Македонцима да непредују у војјничкој хијерархији само до командира чете, правдајуќи то недостатком партијског искуства код македонског живлја. Томе треба додати стално манипулисанје измед’у два највиша фуннкционера - Македонца. Свака два месеца један од нјих ја био у немилости, а други форсиран…” (Дел од поголемото интервју во списанието Дуга 1985, стр. 30 со Д. Голубовиќ).

3. 3/1. На XIII Пленум на ЦК на КПГ, што се одржа на 25 до 27 јуни 1945 година, Захаријадис во својот политички потенцираше:

“…Против сме каква било промена на границите од 1939 година со примена на сили од каде и да доаѓа единствениот демократски принцип што го признаваме е принципот на самоопределување на народите. Овој принцип важи и за додеканезите и за Кипар и за Северен Епир. Истовремено настојуваме да се спроведе еден друг демократски принцип за националните малцинства, принципот на рамноправноста, на нивно почитување. Тој принцип треба да се спроведе и за македонското малцинство, пријателски да се регулираат нашите односи со северните балкански републики…” (Види:

“Ризоспастис” 17 јули 1945 година.

3/2. Никос ЗахаријадисП/1 Генерален Секретар на ЦК на КПГ, претседател воениот Совет на ДАГ. Зборувајќи за проблемите на поразот на ДАГ, на 13 Конференција во 1950 година рече:

“Ако од порано го знаевме ставот на Тито, дека ќе биде таков, ќе размислевме дали да го земеме оружјето и да војуваме во Граѓанската војна.

“НОФ беше создаден од Тито и Колишевски… Неговото основачко и раководно јадро беше составено од титови агенти од типот на Митревски Керамиџиев, Гоце, Раковски и други, со единствена цел да ги унапредат интересите на Белгратските раководители во егејска Македонија… Да го користат славомакедонскиот прашање за остварување на нивните националистички планови-присоединување на Егејска Македонија…” Тоа го напиша Захаријадис, и беше усвоено на посебното советување на Македонските кадри П/2 на КПГ, разгледано и прифатено од полит-бирото на ЦК на КПГ. Така грчката страна гледаше и ги разбираше работите. Види: ТО ККЕ 1918-1952, стр. 271, а го цитира и Павле Раковски во книгата 2000/347.

*** Значи, ако добро го разбравме генералниот Секретар на ЦК на КПГ- Никос Захаријадис како што вели: “Ако бев информиран како што сум денес, тоа немаше да ми се случи”.

Ете, како по катастрофата на Граѓанската војна, овој водач кој беше моќ и мит, стратег на револуцијата, каква оцена апостериори даде за војната, но сега не со говорот на политичкото насилство (барем таков беше познат), туку конечно се оправдува пред историјата.

Од измама во измама, а тоа претставува за нас Македонците (кои сме биле испратени со билет во една насока) Втор дел на ужасот по Граѓанската војна. Так говорат веродостојните факти и тоа е историска вистина. Тие факти ја покажуваат мрачната и темна завеса на нашата судбина.

Верувам дека ние паталците (искорнатите од Македонија под Грција) сфатиме дека сите тие идеологии како: нацизмот, фашизмот и болшевизмот се создадени од амбициите на нивните создавачи кои се наракуваа дека се загрижени за доброто на човештвото (напр: Ленин создаде систем, кој на крајот го уништи и него самиот). Власта во рацете само на еден човек е вистински извор на опасност, отсекогаш. Но, во ниедна земја власта (партијата-КПГ) не била толку многу сурова спрема своите војници што ги остави по светот и пола век не проговори за нивната судбина…

4. СИБИР ЗА “ТИТОВЕ АГЕНТЕ” Пре тридесет три године, групу Македоноца, руководилаца Народноослободилачког фронта, НОФ - а из Егејске Македоније, оптужио је сталинистички политбиро ЦК КП Грчке као кривце за пораз Демократске армије Грчке у граданском рату 1946-1949. Године.

- Десеторо нјих осудени су на смрт као “агентура Титове Југославије и медународне реакције”. По налогу генералног секретара КП Грчке, Захаријадиса и нјегове групе, која је следила ставове инфорбироа “о станју у КПЈ”, оптужени и осудени су из драчке луке депортовани у Совјетски Савез на истрагу, о нјиховим злочинима”. У Москви им је смртна казна заменјена робиом и изгнанством у Сибир. - После Сталијинове смрти и Двадесетог конгреса КП Совјетског Савеза сви заточеници су рахабилитовани као погрешно осудени, па су се вратили у Југославију, у Скоплије, где највечи број нјих и данас живи”.

Види: Опширно пишува-Драган Клјакиќ, “ДУГА” 15 јануар

1983 гонина.

Значи, ние Македонците најмногу, ако не и првите сведења ги добивме од овој автор и од тугинците, за сторено зло спрема нашите раководители на НОФ и АФЖ. Се разбира, дека сега ја имаме и книгата од Павле Раковски: Автобиографија - моите страдања, издавач, АЕА издавачи, Скопје, 2000.

Но, тоа што најмногу ме измачи во истражувањето; барав да најдам официјално: ГЛАС, ПРОТЕСТ: ЕЈ, ВИЕ ТАМУ! КОЈ ВИ ДОЗВЛИ ДА ГИ СУДИТЕ НАШИТЕ РЕВОЛУЦИОНЕРИ И ДА ГИ ПРАТИТЕ ДУРИ ВО СИБИР?! Ама тој глас или протест да биде од нас Македонците.

Дали можеме по полавеков да зирниме во фактите: КАКВО МИНАТО ЌЕ ДОЗНАЕМЕ (НЕ) (ОЧЕКУВА).

Совеста на овие наши луѓе т. н. револуционери од редовите на НОФ и АФЖ, кога се најдоа во рацете на мокникот Захаријадис, очевидно е дека доживееа страшни прекршувања низ моќните идеолошки механизми во целокупниот систем на глобалната советизација т. е. во идеолошката пропаганда со жестоко разурнувачко дејство на самата човекова психа.

Во тој глобален хаос, во една збркана и брутална војна, се поставува прашањето како ние самите Македонци да ги разбериме.

ВО ПОТРАГА ПО ЧОВЕКОВОТО “ЈАС” ИЛИ СПАС?

Врз што се заснова неповторливата индувидуална свест “Јас” на секој поединец? Во случајот трагајќи по човековото “Јас”, за секое лице, неговата индувидуална самосвест претставува необјасниви појави, но во истражувањето токму тоа посебно станува збор токму кај овие наши раководители.

Да го проследиме она што го доживееа:

Види: НЕБЕСКА ТИМЈАНОВАВНА, роман од Петре Андреевски1989/стр. 297.

“ - Товариш Хрушчов, товариш хрушчов, викаме, ја краваме земјата, ја цепиме. Одекнува гласот од куполите на театерот, што се вели, како со иста уста да викаме. Хрушчов подзапира, си го враќа предниот чекор на делканиот камен, се врти и гледа:

две жени се борат со глутница полицајци.

- Пуштите женшин, вели Хрушчов.

Полицајците се свртеа, јас се подослободив и го удрив тојшто ме држеше. Право в стомак. Ко со магарешко копито го удрив в стомак, а можеби подолу. Крикна човекот и си ги тргна рацете од кај мене, ме испушти.

Дојдовме до Хрушчов, ама не можеме да фатиме ред во дишењето. Толку што сме предишени. Сме застанале прад пред него ко чуми: разбушавени и растрбушени, не ни се познаваа и лицето, сликата. Зборуваме и збиваме, обете наеднаш зборуваме: си ги покриваме зборовите.

- Товариш Хрушчов, велиме, ми каманисти од Југославија, ние револуционери и борци од четириест и прва година, од грчка Македонија. Ние сме уапсени и рехабилитирани, велиме, од Југославија имаме виза, од вас уште немаме. Не можеме да се вратиме, велиме и само збивтаме. Ни играат слабините, ни скокаат жилите, слепите уши и ноздринките. Немам душа за уште, сета ни е во носот.

- Успокојтес, успкојтес, вели Никита Сергеевич, му свети јајчестата гола глава, обросена со пот. Всјо будет харашо.

Оливера... му тутнува писмото в раце.” Така заврши револуционерната дејност на овие наши луѓе, кои беа пратени преку СИБИР ДО - КАТАТРЗА.

Се поставува прашањето: дали овие наши политичари, сега прокламирани како “југословенски комунисти??!!”, со таквиот пресврт и не отстапија од националните интереси, за кој го повикуваа својот народ и тоа нема да биде оквалификувано од историјата како национално отстапување и измама на својот народ повикувајќи го во револуција и старо и младо?

Дали навистина тоа го сторија за спас или тие за целиот период ја остваруваа политичката платформа на КПМ/КПЈ (Во пропагирањето ги повикуваа Македонците под Грција во револуција и продолжување на Илинден.)

Редно е, да признаат дека тие носат историска вина (ако уште тврдат дека тие биле воено политички фактор во Граѓанската војна, а не се извинат пред македонскиот народ и признаат дека биле манипулирани и жртвувани) за жртвите и за многу национални прашања, но и не помалка вина што им оставија голем грев на ПОТОМЦИТЕ, кои се уште се наоѓаат по светот БЕЗ ПОВРАТЕН БИЛЕТ!!!???

5. КАКО ЗАВРШИ ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА ЗА НАС МАКЕДОНЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА?

По повлекувањето на германските окупациони сили од цела Грција(и од Македонија под Грција) и по потпишувањето на договорот во Варкиза (12 февруари 1945 година), КПГ, ЕЛАС и ЕАМ обезоружени, се најдоа во инфериорна положба. Речиси уште на другиот ден по предаванието од ЕЛАС, започна еден организиран терор во Грција.

Хронологија на настаните кои оставија историски белег за нас Македонците под Грција 5/1. На 5 март 1943 година во Костур е свикано собрание од 48 члена кои имало претставници од разни села. На истото собрание било решено да се оформи организација под името “МАКЕДОНСКИ КОМИТЕТ” за Костурско само за самоодбрана, во кој членувале повеќе од 54-60 села. Им било дозволено дури да се наоружат, бедејќи им требало да се заштита во развластената Грција.

5/2. На 28 март 1943 година во с. Лаген, Леринско беше формиран Леринскиот партизански одред од борци Македонци и Грци, познат како одред “Вичо”, во состав на Елас.

5/3. По долги преговори меѓу ЕЛАС и ЕДЕС и британскиот генералштаб за Средниот Исток, во август 1943 година во Каиро допатува делегација на КПГ и ЕАМ со цел да преговара со грчката владата во бегство и со претставниците на граѓанските партии за постигнувание политичко единство и за формирање на заеднички штаб кој е фомиран на 18 јуни 1943 година, со кои се признаваа силите на отпорот како сојузничка војска (на чело Енди Маерс) и народноослободителното движење во Грција му се потчинува на англискиот генералштаб за Средниот Исток. Но со иста цел на 5(16). 07. 1943 година во Либан беше потпишан договор за воена соработка.

5/4. На 1 септември 1943 година во месноста на Бериќ -костурско, формиран е македонски партизански одред “Лазо Трповски” во составот на ЕЛАС.

5/5. Формирањето на СНОФ На 20 октомври 1943 година беше формираформира организацијата СНОФ (Славјаномакедонски народноослободителен фронт), но само за Костурско и подоцна во Леринско, меѓутоа не и за Воденско.

Раководствата на КПГ, ЕАМ и ЕЛАС, загрижени за ситуацијата, што се создаде во Македонија под Грција (со оформувањето на Комитите) и посбно во Костурско, Леринско и Воденско, се најдоа принудени да формираат македонска организација СНОФ. Тоа со умисла организирано го сторија луѓе од Обласниот комитет на КПГ во Западна Македонија, и тоа Грците: Христос Калфас (Андреас) и секретарот на Окружниот комитет за Костурско Андонис Андонопулос(периклис и секретарот на Окружниот комитет на КПГ за Кожанско Танасис Карцунис.

5/6. Расформирањето на СНОФ За шест месеци од своето постоење организацијата СНОФ во Костурско успеа да ги придобие Комитите и се омасови во своите редови повеќе од 4. 770 членови, што значи Македонците поверуваа дека “СНОФ е единствената народноослободителна организација што ќе ги исполни националните и социјалните барања на македонскиот народ под Грција”. Види: “Словеномакедонски Глас” број. 3 април 1944 година. Се пропагира: “СНОФ е новата ВМРО на Македонците, што ќе го доведе до крај делото на Илинден...” Решението на КПГ за расформирањето на македонската организација СНОФ (која си ја изврши функцијата, со придобивање на Комитите во своите редови , не само што се покажа како најгруба манипулација, туку и совршено политичко и физичко ликвидирање на Македонците и елиминирање од светската политичка сцена во Грциај -практички се оствари, тоа што го бараше грчката влада во бегство), сега за грчкото раководство на отпорот (КПГ, ЕАМ и ЕЛАС) претставуваше непотребна, бидејќи пред грчката реакција за да се постигне по секоја цена “национално единство” со грчките буржуаски партии и со власта во бегство, со коишто КПГ на 20 мај 1944 година го потпиша познатиот капитулнски договор со кој се запечатуваше судбината на НОБ.

На 26 септември 1944 година во италијанскиот град Казерта беше потпишан уште еден договор меѓу КПГ, ЕАМ, ЕЛАС и грчката влада во бегство на чело со Георгиос Папандреу и Британскиот Штаб за Среден Исток. Со овој договор беше постигната согласност грчките герилски сили да влезат под команда на грчката влада во бегство. Меѓутоа, своето право грчката влада во бегство му го пренесе на англискиот генерал Скоби. Се разбира и овој договор преставува уште една отстапка на грчкото раководство на отпорот во корист на грчката влада во бегство.

На 12 февруари 1945 година во месноста Варкиза, близу до Атина, беше потпишан договор меѓу претсавниците на грчката влада и претставниците на КПГ и ЕАМ за прекинување на граѓанската војна, која што започна на 4 декември 1944 година во Атина со судирање на единиците на ЕЛАС (само една група, која не се сложуваше со тие ставови), од една страна, и владината војска, односно полицијата и англиските интервенионистичките војски,од друга страна. Договорот во варкиза, во превод е објавен во едицијата: Егејска Македонија во НОБ 1944-1945, Т. ??, док. 200, стр. 298-301.

Последиците од овој договор најмногу ги почувствуваа Македонците под Грција против кои грчката десница и реакција спроведе нечуен терор со цел целосно да ги протера од границите на грчката држава и тоа важеше како за снофитите (поранешни Еласити) така и за Комитите.

5/7. КОИ БЕА ТИЕ НАШИ СОЈУЗНИЦИ ?

Програмата на ЕАМ (Национален ослободителен фронт, формирана на 27 септември 1941 година која ја сочинуваа:

Комунистичката партија на Грција, Земјоделската, Социјалистичката и народно - демократската партија, Општа работничка федерација, Општа федерација на државните чиновници, Организација на националната солидарност и претставниците на политичкиот, научниот и културниот живот на Грција. Покасно на ЕАМ и се приклучува напредниот дел на либералната партија). Од овој преглед, уште еднаш се гледа дека ние Македонците не сме им биле сојузници, бидејќи до тогаш не сме се имале изборено за некаков политички субјект во државата Грција, туку едноставно, доброволно сме биле само членови како граѓани на Грција, без белег македонски. Главно нивната програма се состоеше во следното:

А) 1. Прогонување од земјата на германско-италијанскиот и на бугарскиот окупатор;

2. Воспоставување на интегритетот на Грција;

3. Самоопределување на Кипар, Додеканезите и еверен Епир. А каде сме ние почитувани Еамити? И

4. Стратешко регулирање на северните граници на Грција

(значи им требаше уште малку македонска земја на овие сојузници). Види: весникот “Махитис”, орган на комитетот на ЕЛАС од 10 февруари 1944 година, во коментарот: ЕАМ е националното прашање. Зарем и досега уште да не знаеме, дека во програмата на ЕАМ апсолутно ништо не се предвидуваше за нас?

Б) Програмата на ЕЛАС 29 (Грчката народноослободителна војска, формирана во Румели - како партизански одреди, на 15 29 ЕЛАС - ЕЛАСИТИ (припадниците на оваа војска се викаа “андартес” и што кај Македонците асоцираше на злогласните дела против македонскиот народ од постилинденскиот период на грчките андарти орган - изирани и мај 1942 година со исти цели, бидејќи тоа е решено на заедничкиот состанок со ЦК на КПГ и ЕАМ). Прогласот е упатен до граѓаните на Грција и до бившите офицери на грчката армија, познати по својот буржуааски сталеж, а ние Македонците за нив бевме само “Славофони”, никакви борбени сојузници, туку пак само живи војници, како и нашите татковци во претходните војни. Ние, за тој период можеби погромко ја пеевме “Емброс ЕЛАС гиа тин Елада...” и ништо повеќе. Но, има уште еден непобитен факт за секој што бил ЕЛАСИТИН, и не треба да заборава дека дал свечена заклетва. Види:

заклетвата на Еласитинот во која гласи дека ќе се бори за ослободување на татковината - Грција и за заштитата на интегритетот на грчкиот народ.

(ЗАКЛЕТВАТА НА ЕЛАСИТИНОТ: “Се колнам дека ќе се борам до последната капка на мојата крв за потполното ослободување, стабилноста и независноста на Грција. За зачувување на интегритетот на грчкиот народ и воспоставување поредок и ред на основните човечки права. За оваа цел ќе се починам на дејствијата и решенијата од наредбите на ПЕЕА и ќе ги извршувамсовесно и дисциплинирано, сите наредби и упатства од претпоставените и ќе ја одбегнувам секоја постапка што ќе ме прави недоверлив како личност и како борец спрема грчкиот народ.”)

вооружени во Грција и испраѓани во Македонија со нож да го шират грчкото влијание.)

На 6 април 1941 година во истовреме Германија изврши напад против Југославија и Грција и сега во Грција се јави нов господар, со нови фашистички погледи, а на 27 септември истата година е формирана организацијата ЕАМ (Народноослободителен фронт) и го повикува целекупното население на Грција на отпор против фашизамот и за таа цел на заедничкиот состанок на ЦК на КПГ, бараат да се организира ЕЛАС (Грчка народноослободителна војска) и дури на 15 февруари 1942 година се појавуваа воените еденици на ЕЛАС, Еласити. Во костурско беше формиран првиот одред на ЕЛАС на 7.12.1942 година и го сочинуваа 10 Македонци, 7 Грци и двајца Власи.

ЕЛАС во цела Грција броеше околу 70.000 еласити, но на 16 јули 1943 година, раководството на Елас и шефот на нглиската воена мисија, полковникот Еди Мајерс потпиша спогодба со која ја потчиија својата команда под англиската на Блискиот Исток, со што практично и ја предадоа власта на десницата. Тоа беше крајниот резултат на ЕЛАСИТИТЕ.

На 16 јули 1943 година Командантот на ЕЛАС Сарафис и шефот на англиската воена мисија, полковникот Еди Мајерс, потпишаа заедничка декларација со која ЕЛАС се признава како сојузничка армија и се потчинува на командата за Блискиот Исток. Но, да видиме како се одвиваа работите. На 31 октомври 1944 година поголема група англиски војници со оклопни возила влегоа во Солун пред ЕЛАСИТИТЕ. ЗОШТО?

Три дена подоцна лондонската радио - станица на ББС објави вест дека британските трупи го слободија Солун. На 12 февруари 1945 година во Варкиза одморалиште близу до Атина, беше потпишан договор меѓу раководителите на КПГ и ЕАМ од една страна, а од друга - ладата на Пластирас и британскиот генерал Скоби. Со тој договор ЕАМ и ЕЛАС, практично, и ја предаде власта на десницата. Тоа беше крајниот резултат на ЕЛАСИТИТЕ.

6. ПОЛИТИЧКИ БЕГАЛЦИ ПО ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА На 29-30. 08. 1949 година по ликвидацијата на Граѓанската војна сите воено формации на ДАГ со наредба на главниот штаб поминаа во Н. Р. Албанија и беа разоружани и спраќани во воените логори Бурели и Елбасан. Во Бугарија исто така ја поминаа границата кај Берковица и тие беа разоружани.

Во Бурели се одржа 6-от Пленум на КПГ и поред партиските и воени оценките, направен и распоред на борците во која држава ќе треба да отпатуваат и колкав треба да е бројот:

Во Чехословакија 13. 500 луѓе (по касно и од Југославија околу

6. 000).

Полонија околу 9. 000 луѓе (по касно уште 3.000).

Романија околу 5. 600 луѓе (по касно уште 1. 000).

Бугарија останаа околу 8. 800 луѓе.

Унгарија околу 4. 000 луѓе (по касно уште 2. 000)

Во Источна Германија околу 2. 200 луѓе, од кои околу 1. 500 беа млади деца).

Во СССР во Ташкент околу 16. 5000 луѓе (по касно уште 5. 500 луѓе.)

Треба да се напомене дека од овие бројки кои се верифицирани од грчките извори, околу 56-60% се Македонци.

За Југославија, нема точен извор за бројноста на пребеганите, но во литературата се проценува околу 60. 000 луѓе и тоа исклучиво Македонци.

ПРЕГЛЕД НА КОРИСТЕНАТА ЛИТЕРАТУРА Ајановски Вангел - Оче, Егејски бури, Скопје 1975 Андоновски Христо, Вистината за Егејска Македонија, Скопје,

1972 Андоновски Христо, Дипломатска антимакедонска игра, Скопје, 1969 Андоновски Христо, Македонското национално малцинство во Грција, Бугарија и Албанија, “Гласник”, Скопје 1974, бр. И Андоновски Христо, Меѓународните договори и билатерални конвенции меѓу Грција, Бугарија, Турција и Југославијам, “Разгледи”, Скопје, 1962 IV Андоновски Христо, Македонците под Грција во борбата против фашизмот (1940-1944) III, Скопје 1968 Апостоловски Ванчо, Грција, односите во Југославија и прашањето за Егејска Македонија. Нова Македонија, Скопје, 1952, февруари 10.IX 2237 Бунтески Ристе-Бунте, Методија Шаторов – Шарло (политички ставови), издавач, Друшттво за уметност Прилеп,Скопје,1996.

Буцкава Фана-Мартинова, и ние сме деца на мајката земја, издавач “Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на македонија-Скопје, 1998.

Благоев Спиридон, Околу причините и последиците на проширување на бугарската окупациона власт во нови области на Егејскиот дел на Македонија во летото 1943 година. Гласник ИНИ, Скопје, 9183, XXVII1-2 Григоријадис Фивос, Историја ту емфилиу полему, 1945-1949 (То дефтеро андартико) (Историја на Граѓанската војна 1945-1949), (Второ партизанство) Атина Том I, II, III и IV, издавач К.

М. Камаринопулос За проблемите на Егејска Македонија.Изјава на Димитар Влахов на конференцијата зза печатот во Париз.Нова Македонија, Скопје, 1946, септември 19 III 527, стр.4 Зифиропулос Д. То ККЕ ќе и Македонија (КПГ и Македонија)

Изјавуваме високо дека Грција нема право на Егејска Македонија, рече во својот говор на предизборниот митинг во Битола Димитар Влахов, потпреседате на Президиумот на Народната Скупштина на ФНРЈ. Нова Македонија, Скопје, 1946, септември 22.III 530, стр.4 Керамитчиев Михајло, Појавата на НОФ во Егејска Македонија. Глас на Егејците, Скопје, 1951, април 11.II.8 Кирјазовски Ристо, Народноослободилениот фронт и другите организации на Македонците од Егејска Македонија (1945-1949). Култура, Скопје, 1985 Кирјазовски Ристо, Македонски национални институции во егејскиот дел на Македонија (1941-1961), ИНИ, Скопје, 1987 Кирјазовски Ристо, Македонската политичка емиграција од егејскиот дел на Македонија во источноевропските земји по Втората светска војна. Култура, Скопје, 1989 Киселиновски Стојан, КПГ и македонското национално прашање (1918-1940). мисла, Скопје, 1985 Киселиновски Стојан, Статусот на македонскиот јазик во Македонија (1913-1987). Мисла, Скопје, 1988 Киселиновски Стојан, Егејскиот дел на Македонија (1913-1989)

Култура, Скопје, 1990 Киселиновски Стојан, Националното и државното во македонското револуционерно движење(1893-1994), МАНУ, Скопје, 1995 Киселиновски Стојан, Етничките промени во Македонија (1913-1995), ИНИ, Скопје, 2000.