СООЧУВАЊЕ СО МИНАТОТО (СИНДРОМ НА ЛАЖНО СЕЌАВАЊЕ ВО СЛУЖБА НА ИДЕОЛОШКО РОБУВА - Part 02
Ние Македонците, треба да носиме историска вина, зашто дозволивме тугинците да ни ги земат децата, оти со тој чин, дефинитивно се запечати судбината за секогаш; развојот на македонското семејство и македонската куќа на Меконците под Грција.
Награда за нашето (Само) жртвување во Граѓанската војна, ни беше доделен билет само за еден правец.
Така заврши една идеолошка инсталација, која се потпираше на туѓи ветрови. И на крај да ремизираме дека ова истражување ни пока (жува) дека спрема стратешкиот модел на тугинците, за нашето откорнување т. е. преживеаниот национален пораз, на Македонците под Грција, многу е тешко да се одреди вината.
Не може да се согледа каде започнала, а каде завршила општествената одговорност на поединците идеолошките активисти во партиската активност на секојдневието што се случувало на просторот на Македонија под Грција. Многу тешко. И ете за пример, не само со одземените деца, тоа се случи и со незаконската мобилизација на целиот македонски народ, вината стана “Нечија”, нелична, туѓа.
По Втората светска војна, повеќе од јасно е дека Граѓанската војна се изроди од комунистичкиот режим, односно лидерите (Захаријадис,Тито и Сталин). Но, многу интересна комбинација е кога демагогијата и дневно политичката пишувана историографија ќе се спојат. Тогаш настапува двојна изобличена историска стварност и не прави лекомислени во верувањето дека Граѓанската војна (1945-1949) била епопеа (иториски периот и епохален настан) за нас Македонците. Но, ако пристапиме кон анализа на фактите: на политички план-преокупацијата на НОФ и АФЖ, ќе видеме, дека им била со систематска пропаганда да го мобилизираат народот, на лажен начин да им внесат порив за војна и да не го прашат дали сака или не сака да војува, туку го водеа во чудни конфликти. Значи, секој паталец се прашува: како е било можно, македонските раководители да биле толку наивни, толку авантуристи, толку неодговорни за да иницираат такви активности кои досега немаат никакво објаснение, никаква логика и се во спротивност со кој било интерес на Македонците. Има ли некој член од овие организации (НОФ или АФЖ) кој рекол: Зошто војна?
Но, по ликвидацијата на ДАГ и за овие 50 години, од понашањето на КПГ и КПМ/КПЈ уште би можело да се извлече заклучок дека ние Македонците под Грција сме тие кои би требало да им се извиниме…
Такво нешто кај другите народи не постои, бидејќи тие тешко се вразуваа за тугите пропаганди. Тоа се случи во годините(1945-1949) и стана наша, македонска специфичност.
Интересот за истражување на овие прашања и да се обликува во книга, се роди по објавувањео на следните мои книги:
1. (Само) жртвувањето на Македонците под Грција во Граѓанската војна (1945-1949) и
2. Идеолошкио активизам над Македонците под Грција (1940-
1950).
Проблемот со одземените деца за време на Граѓанската војна во Грција, за нас-Македонците претставува еден од најсериозните проблеми во Македонското национално движение и верувам со ова книга ќе допринесам во расветлувањето на што поголем број прашања.
НОФ и АФЖ, се должни да ја обелоденат заблудата.
Виновниците народот ги знае, само во историјата не се кажани… Покрај емоционалните, постојат; трагиката и човечките загуби. Човек мора понекогаш да се соочи со феноменот што некои паталци го нарекуваат-сурова реалност.
Во текстовите на нашата историографија вештачки се уфрлуваат грчки или туѓи идеолошки детерминирања: еласити, еамити, четници, боречки институции во егејска Македонија.
Значи, на македонските читатели дрско им се подметнувани фалшификуваните историски факти, со цел да бидат држани во заблуда во однос на македонската историја и реалност. Ние бевме мал народ во Грција, но и немаше ников начин да ни помогнат нашите Македонци кои живееа во другите држави, бидејќи тоа беше и бесцелно. На светот, неможевме да му се покажуваме и докажуваме со силата на оружје, нашата сила требаше да ни биде умот, вредноста-да си го задржиме огништето. Немавме интелектуален квантум, но имавме Македонци кои неизмерно си ја сакаа својата земја, а идеологијата преку идеолошките активисти успеа да не насочи во самоуништување. Се случи, она антитрадиционалното - македонско.
ДОБРИНИ И ГРЕВОВИ Од целокупното досегашно истражување следи како заклучок:
Надежда за власт и безнадежта, НОФ и АФЖ, минувајќи низ фазите на времето кога припаѓале под налогодавците КПМ/КПЈ и КПГ, грешејќи, правеа големи гревови спрема сопствениот народ. Свесно или несвесно сите нивни постапки, целокупното однесување и сите преземени (или непреземени) дејствија, не доведоа кон национален пораз, односно кон самоуништување како краен резултат.
НОФ и АФЖ (КПМ), се покажа дека беа без јасна изградена политичка филозофија за тоа кои беа виталните интереси на Македонците под грција, тоа ни го потврдија исходот на настаните, бидејќи ние Македонците не ги афирмиравме најсветлите вредности на нацијата: Од Македонци - во целата војана се изборивме како Славомакедонци, од национални симболи ни трага, просто македонскиот народ се најде фатен, спротивно на својата волја, а сето тоа остави длабоки психолошки рани во колективната свест и душа на македонскиот народ под Грција.
Но, најболното е што до ден-денес тие кои не поведоа (НОФ, АФЖ, КПМ и КПГ ) во Граѓанската војна и одредени синекуристи произведен во”Учеии” историографи велат и жестоко се бранат дека било оправдано. По војната многумина сметаат правдата на овој свет ја нема. Ако постоеше, тогаш постоеше како правда на мокникот (КПГ). Значи, правдата не е во правилноста, туку во моќта. Кој е моќен, тој е праведен (тоа многу важело и за комунистите). И денес обратното не важи…
Зарем толку не беа упатени овие наши стратези (КПМ, НОФ и АФЖ), дека Големите сили и нашите соседи однапред имале алтернативно решење за нас Македонците!!? Граѓанската војна заврши со катастрофални последици. Водачите се повлекоа, а народот македонски: еден голем дел остана на истите простори со преживеани трагедии и трауми и со товар што со години ќе им тежнее, но не помалку и на тие што го напуштија огништо и останаа по светот, а еден поголем дел од нив се тие одземени деца.
Историјата немилосрдно тоа ни го потврди. Со ова студија, се обидув да фрлам светлина само на дел врз сивите сенки што стравотно полавек се надвиснуваат над сите нас и полавек изгонети, остануваме вчудени од невидени понижувања чекајго повратниот БИЛЕТ… Така со години и децении, и во емиграцијата, но и во сегашноста живееме со страв и внимање да не ги навредиме тие што ни го нанесоа злото.
Што значи, дека ние Македонците (преку организацијата НОФ, АФЖ и НОМС) не ја креиравме и ја создававме иднината, туку ја чекавме. Зошто? Затоа што владееше фатална дезорганизираност на македонските позии и така Македонците под Грција станаа невини жртви на КПГ.
По Граѓанската војна дозволивме да ни биде избришано минатото, обезличена сегашноста, неприсутни во иднината. Тоа се реалните состојби и се присутни (можат да се забележат)
како сенки на војната врз тогашните детските лица и тоа што никако неможам да се согласам е, да ми бидат украдени повеќе од 50 од историјата. Да бидам од исти род, а да бидам третиран во секторска историја:
“Историја за Егејците.” Во овој полавековен период на време, токму од такви таканаречени ангажирани интелектуалци (ако може така да се наречат) кои не само што учестувале (ваат) во политчкиот живот и во поделбата на политичката моќ, туку и како апологети (има и такви) го ставаат на коцка и сопственото интелектуално кредо. Некои од нив, толку многу се губат во политичките води (на дневната политика) што интелектуалната доблест ја користат само како демагошка вештина. Но има и една друга група, која работи зависно од потребата на нарачателот и сопствените лукративни цели и потреби можеа (ат) во еден период да афирмираат и фалат едни идеи и факти, за да во друга ситуација бидат најжестоки нејзини критичари.
Оваа група западна во ќор-сокак на своите неостварени амбиции да учествува активно во делбата на политичката моќ, но поради сопствениот неуспех, константно се исполнети со гнев, завидливост и нихилизам.
Значи, низ ова книга ја проследиме полавековната ПОЛИТИЧКА МОЌ - во остсуство на духовната, која имаше за цел; да не одвој од реалниот живот и од можноста да си ја спознаеме сопствената судбина: ВИСТИНАТА ЗА ГЕНОЦИДОТ. Нашата несреќа (на Македонците под Грција) е и во тоа, што полавековниот тоталитаризам што власта го поседуваше - беше огромната политичка моќ, да се проговори за нашиот духовен развој, преку таквите истражувања, барем да можат да се осведочат идните поколења.
Што вели науката за ова наша трагедија: Види што пишува Проф. д-р Миодраг Календар Хаџи Ристиќ во списанието
“Сонце” во рубриката етнологија; Императивна изработка на етнолошка карта на Македонците и Македонија (3) од 15. 02.
2002 година:
“... а сето тоа се повтори и по Втората светска војна и се до денес. Лагата со божемната “Граѓанска војна во Грција”, всушност беше продолжување на операцијата за создавање
“Голема Грција” Тоа беше “Антимакедонска војна”, кога стотиилјадното население од пеленчиња, деца, младинци до возрасни, божем” пред воените операции пребегаа од Грција и во Титова Југославија, од каде “умното сервилно македонско раководство” наместо дел од тоа население од Беломорието-Егејска Македонија да го засели во испразнатите, напуштени населени места од западните територии на Македонија кои со злосторствата беа напуштени за време на фашистичката италјанска, односно арнаутската окупација кога се заселуваа делумно арнаутско население од нивната матична земја, а делумно и од порано доселените Арнаути од поблиските населени места.
Избрканото македонско население од Беломорието - Егејскиот дел на Македонија, систематски, “со наш благослов” го испративме во источно - европските земји од социјалистичкиот блок на Европа, па сe до Ташкент во азискиот дел на Советскиот Сојуз!? Наводниот обид при делумното враќање на дел од ова македонско население во НР Македонија, не беше сфатен ни како национален ни како непрескоклива задача и императив да се спаси тоа што можеше да се спаси од започнатата и затркаланата етничка инвазија од Арнаутите кои користејќи ги “семожните прилики - божемна заеднижка држава, седма република на Титова Југославија а посебно по состојбите со ИНФОРБИРОТО, кога Макеонија стана отворена држва…” Значи, непореклива вистина е дека во меморијата на македонскиот народ остана трајно врежано сознанието за главните протагонисти на војната и нејзините планери:
КПМ/КПЈ и КПГ, кои отворија простор за безочно етничко чистење на македонскиот географски и духовен простор, по Втората светска војна. А по војната, грижата дека ја немаше од овие идеолошки грижници, не само науката тоа го потврди (Прф. Ристиќ), туку повеќе од јасна е, кај секој страдалник и свесен Македонец.
Па сепак, историјата продолжува. Таа ќе биде и конечен судија.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/one-way-ticket-mac/18 le 29 octobre 2026