Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Macedonians and the Greek Civil War

ПОГОВОРОТ ВО ВАРКИЗА

Par Наум Пејов · Partie 18 sur 19 · Environ 7 minutes

Lire en English

ПОГОВОРОТ ВО ВАРКИЗА

“Долупотписаните од една г.г. И. Софијанопулос, Н. Ралис и И.

Макропулос сочинувајќи ја ополномоштената од грчката влада делегација и од друга г.г. Г. Сјантос, секретар на ЦК на КПГ, Дим. Парцалидис секретар на ЦК на ЕАМ и И. Циримокос г.

секретар на ЕЛД сочинувајќи ја ополномоштената од ЦК на Еам делегација, се состанавме во Варкиза и заеднички ги испитавме средствата и начинот за престанок на граѓанската војна и помирувањето на грчкиот народ и дојдовме до подолу склучената спогодба.

Владината делегација ја изрази на состанокот решителната волја на Владата без ново крвопролевање да ја запре жалната внатрешна криза, да го воспостави единството на државата и да го врати внатрешниот мир и политичкиот ред. Само така ќе може грчкиот народ да преземе творечки напори во обновата на земјата од урнатините кои ги зголемија тешките борби со надворешните непријатели и братоубиствената војна.

За постигнатата спогодба да добие карактер на една непристрасна морална спогодба, изразувајќи ги пораките на политичката совест на грчкиот народ, владината делегација побара со неа да се прокламира решителната волја на грчкиот народ за развој на слободен и нормален политички живот чија основна карактеристика ќе биде почитувањето на политичкото убедување на граѓаните, мирната агитација и ширење на политичките идеи и почитувањето на слободите кои ги прокламира и ги усвоија Атланската повелба, решенијата на Техеран и совеста на народите кои за тоа се бореа.

На состанокот се констатира полна согласност на сфаќањата на делегацијата на ЕАМ врз горните принципи.

Член 1 Спогодба Владата согласно со Уставот и владеечките демократски начела ќе обезбеди слободно изразување на политичките и партиските убедувања, укинувајќи ги евентуално поранешните неслободарски закони, ќе обезбеди исто така непречено функционирање на личните слободи како што е слободата на собирите, на здружувањето и преку печатот изразување на погледите Поспецијално Владата ќе ги воспостави потполно синдикалните слободи.

Член 2 Укинување на воениот закон Воениот закон ќе се укине веднаш по потпишувањето на оваа спогодба. Со неговото укинување ќе стапи во сила уставниот протокол слично на КД со што ќе се дозволува укинување на опфатените во КД членови на Уставот.

Со уредби веднаш во цела земја ќе се одложи важноста на членовите 5, 10, 12, 20 и 95 од Уставот. Одлагањето ќе продолжи до завршувањето и востановувањето на управни, судски и воени власти во целата земја. Што се однесува поспецијално до член 5, тој мора да се одложи во градовите Атина и Пиреа заедно со предградијата и кварталите.

Специјално, пак, за досега уапсените се утврдува дека не важи член 5 од Уставот и дека тие ќе бидат пуштени на слобода во најкраток можен рок од испраќање на нужните наредби до надлежните власти.

Следбениците на ЕАМ евентуално уапсени и држани од други организации ќе бидат што поскоро ослободени.Член 3 Амнестија Се амнестираат политичките деликти извршени од 3 декември 1944 година до потпишувањето на овој договор. Се исклучуваат обичните деликти против животот и имотот кои не беа нужно неопходни за успешно извршување на политичкиот деликт.

Соодветниот закон ќе биде публикуван по потпишувањето на ова спогодба. Се исклучуваат од амнестија оние припадници на ЕЛАС, ЕП и ЕЛАН должни да го предадат оружјеато, ако не го предадат до 15 март 1945. Оваа последна одредба, по констатацијата дека оружјето на ЕЛАС е предадено, немајќи повеќе оправдание, ќе се укине.

Гаранции и подробности за дадената амнестија се пропишани во приложениот нацрт-закон.

Член 4 Заложници Сите граѓани уапсени од ЕЛАС или од ЕП ќе бидат пуштени веднаш на слобода.

Член 5 Националната војска освен од професионалните офицери и подофицери, ќе се состои од граѓани на мобилисаните годишта.

Специјално обучените на новите оружја резервни офицери, подофицери и борци од постојните формации ќе останат на служба. Иерос Лохос ќе остане онаков каков што е се додека се наоѓа под непосредна команда на Сојузничкиот штаб, а потоа ќе се соедини со националната војска согласно погоре изложената основа. Ќе се вложат усилби да се прошири редовното регрутирање во целата Грција согласно со техничките можости и појавените потреби. Во веќе постојните единици по демобилизацијата од ЕЛАС ќе стапат оние кои припаѓаат на повиканите годишта согласно со приложениот план, а ќе се отпуштат сите оние кои се уврстени во постојните единици без да им припаѓаат на повиканите годишта. Сите активни кадри на националната војска ќе се оценат од комисии по член 7 од Уставниот протокол. Политичките и општествените убедувања на мобилисаните граѓани ќе им се почитуваат.

Член 6 Демобилизација Со објавувањето на ова се демобилизираат вооружените сили на отпорот и конкретно ЕЛАС, редовни и резервни, ЕАМ

(највероватно се однесува на ЕЛАН – белешка Н. П.) и Националната милиција. Демобилизацијата и предавањето на оружјето ќе се изврши конкретно според протоколот составен од техничката комисија кој се приложува, веќе редигуван кон ова.

Државата ќе ги уреди реквизициите извршени од ЕЛАС. Од ЕЛАС реквизираните предмети, добиток автомобили итн. кои ќе им бидат предадени на државата и според модалитетите изложени во оформениот протокол од сега ќе се сметаат како реквирирани од грчката држава.

Член 7 Чистење на службениците Владата со комисија или одбори ќе пристапи кон чистка на државните службеници, службениците на НПДД, градските и општинските такви итн. Критериуми за чистењето ќе бидат – стручната подготовка, карактерот и моралот, соработката со непријателот и употребата на службеникот како орган на диктатурата. Службеници од погоре споменатите категории кои во времето на окупацијата стапија во силите на отпорот ќе се вратат на своите места и ќе се оценат на исти начин како и другите службеници. Истите одбори ќе ги оценуваат и службениците кои учествуваа или соработуваа во манифестациите на настаните од 3 декември 1944 год. до потпишувањето на овој документ. Постојат можности да бидат ставени и на расположение, а нивниот положај ќе биде определен од Владата која ќе произлезе од изборите за уставотворно собрание.

Член 8 Чистење на единиците за безбедност Чистењето на единиците за безбедност, џандармеријата и полицијата ќе се изврши што поскоро од специјални одбори за честење на ист начин и критериуми како и за државните службеници. Сите офицери и борци на споменатите единици кои потпаѓаат под одредбите на законот за амнестија, а за време на окупацијата стапија во редовите на ЕЛАС, на ЕЛАН или на ЕП, ќе се вратат на своите места и ќе се подложат за оценката на одборите за чистење на ист начин како и нивните колеги.

Сите офицери и борци на споменатите формации до потпишувањето на спогодбава, се ставаат на расположение, а нивната конечна положба ќе биде одредена од одборите кои ќе ги формира идната влада што ќе произлезе од изборите.

Член 9 Плебисцит и избори Што е возможно поскоро, секако во текот на оваа година, ќе се одржи, во полна слобода и чистота, плебисцит кој конечно ќе им стави крај на проблемите за режимот, потчинувајќи се сите на решението на народот. Наскоро по тоа ќе уследат избори за уставотворно собрание за донесување устав на земјата. И двете делегации се сложуваат по однос на чистотата на решенијата на народната волја да се повикаат големите сојузнички сили да испратат посматрачи.

Овој договор е составен во два еднообразни примероци, едниот од кои го зеде владината делегација, а вториот делегацијата на ЕАМ.

Во Атина во Министерството за надворешни работи на 12. II.

1945 год.

Делегати на Владата: Делегатите на ЕАМ:

1. И. Софијанополос 1. Г. Сјантос

2. Пер. Ралис 2. Д. Парцалидис

3. И. Макропулос 3. И. Циримокос” * Од Вториот том на книгата “Историјата на граѓанската војна 1945-1949 год.

(Втората герила)”. Од Фивос Неок. Григоријадис.