Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Macedonians and the Greek Civil War

II - ОСНОВНИ ЦЕЛИ НА НОФ - Part 02

Par Наум Пејов · Partie 16 sur 19 · Environ 4 minutes

Lire en English

“Славомакедонскиот народ со својата борба, со своите жртви, со своето учество во големата ослободителна антиимперијалистичка борба на грчкиот народ, го има практички спечалено правото на самоопределување и своја слобода”. [Од говорот на Караѓорѓи на II Конгрес на НОФ, објавен во дневниот весник на Демократската армија “Прос ти ники” од 29 март 1949 год.] Учеството на македонскиот народ навистина беше масовно придружено со тешки човечки, материјални и национални жртви. Во една ваква публикација не можат да се дадат исцрпни податоци за тоа, но ќе се обидеме со уште неколку реда тоа да го илустрираме иако целосни податоци за човечките жртви и материјалните штети немаме.

Македонците секогаш во текот на борбата претставуваа половината од ефективите на ДАГ. Ако се има предвид дека таа достигна 40.000 борци, а половината од тој состав беа Македонци, тоа значи дека 6-7% од вкупниот број на македонското население (280.000-300.000) учествувале во ДАГ, додека тој процент за Грците изнесува 0,40%. Само овој податок може да ја илустрира масовноста на усеството на Македонците во вооружените единици на ДАГ. [7. Грчките власти не признаваат дека спроти Втората светска војна, за време на НОД, и Граѓанската војна постоеле 280.000 до 300.000 Македонци. Тие во официјалните статистики ги бележат како луѓе со туѓ јазик “Славофони Грци” до 40.000, а други, пак, признаваат дека ги имало до 80.000. Ист е случајот и со изјавите на грчките официјални личности. Меѓутоа, сите објективни истражувачи на овој проблем дојдоа до констатација дека спроти Втората светска војна во Егејска Македонија имаше 280.000 до 300.000, па дури и 330.000 Македонци. Впрочем ако нивниот број беше 40.000, па и

80,000, тогаш немаше да го дочекаат крајот на Граѓанската војна. Тие немаше да претставуваат никаква значајна сила, немаше да дадат 20.000 борци и над десет илјади жртви.

Впрочем, против кого пред II Светска војна, по неа и сега се преземаат драконските денационализаторски и истребувачки мерки ако Македонците не постојат? Ако е така, грчките властодршци се Дон Кихот! Но, тоа не е така. Затоа што Македонците постојат, тие и сега создаваат пропагандни корпуси од попови и полицајци, противречат во своите изјави и водат уништувачка политика на геноцид.] Натаму треба да се подвлече дека Македонците како национална група беа подложени на специјален истребувачки терор. Затоа, покрај жртвите дадени од вооружените борци во редовите на Демократската армија, големи се и другите маки, страданија и последици за македонскиот народ. Практично, во оваа војна не остана незасегнато ниедно македонско семејство.

Веднаш со воспоставувањето на власта 1945 година, како што се гледа од изнесеното, регуларни и нерегуларни вооружени сили на власата во секое село и населено место каде што навлегуваа вршеа рации, го тепаа и го пљачкаа населението, вршеа по некое диво убиство или апсење. Кога на тоа македонскиот народ почна да се спротивставува отпочнаа масовни апсења. На илјадници изнесува бројот на Македонците што беа испратени во грчките затвори и интернации на пустите острови во Егејско Море.

Поради тоа што за целото време на траењето на вооружената борба низ Егејска Македонија се протегаа борбените линии, урнатините и жртвите од населението стануваа потешки.

Поради условите создадени од граѓанската војна, за да се избегнат жртвите од нападите на непријателската авијација во текот на 1948-1949 година, беа евакуирани илјадници деца од Егејска Македонија во соседните и подалечните источно-европски земји. Некои од овие деца беа на едногодишна возраст и не ги познаваа своите родители. И денес се уште има деца кои не се сретнале со своите родители.

Во текот и пред крајот на граѓанската војна во 1949 година настана масовно емигрирање. Бројот на емигрираните во Југославија и источноевропските земји надминува 50.000 Македонци кои зад себе го оставија сиот подвижен и неподвижен имот.

Според официјалните статистички податоци од пописот во 1951 година во Грција, не се споменуваат следните 46 македонски села со население од 20.913 жители, според пописот од 1940 година.

Ред. Име на селото на Име на селото на население според Бр. македонски грчки пописот од 1940 год.