Глава 4
Глава 4
Кољо, изнатепан, како и многу пати досега, одеше по прашливото џаде. Одвреме навреме покрај него поминуваа камиони со војници што се движеа накај Грлени. Оттаму се слушаа долги митралески рафали, а откај Четирок едно подруго фрлаа топовите и го биеја ридот на Свети Илија. Најпрвин се гледаше облак сивкав џад, а потоа допираа до ушите тапи далечни грмежи.
Свиткан под тежината на распукнатото намнисување, со бавежен чекор газеше Кољо по прашливото џаде. Теглилно и сега се влечеше кон своето битисување со кое беше пронижан целиот негов живот. Газеше полека и со мислите го газеше времето одминато во чемери и понижувања, но кое не сака да му го предаде на заборавот зашто, ако направи така, тогаш ќе престане да постои. Немо затреперува срцето кога споменот од мракот на доживеаното ја разголува неговата раскалчавена судбина што течеше заедно со пороите на очајот и разгонот. Му одзедоа се освен чувството на достоинство зашто тоа беше вкоренето длабоко во неговото битие и во несмирената жед да се опстане во сите бури и да не се дозволи во огништето да угасне огнот, да не остане земјата неизорана и неоплодена со зрна.
Пред неговите очи се раздиплуваа дните и во нив претепаните и одведените во логори, и четирите глави на незнајните орачи од Пополе што се изложени пред една костурска кафеана. Рекоа: “Бандити” и ги тераа луѓето да ги препознаат, да ги плукаат, да ги влечат за коси. Тепаа и убиваа жандармите, тепаа и убиваа казнените експедиции на кралската војска, убиваа полицајците, хитите. Сите секаде - од Крит до Македонија сееја страв, ноќта ја правеа ден и денот - ноќ. Многумина беа стемнети -неразденети. И никој, ни кралот ни владата не си го одржаа зборот. Затоа многумина, низ цела Грција, отидоа по угорнините и удолнините на своите соништа.
- Стој! - слушна и малку потоа пред него се исправија двајца мажи со цевките вперени во него. Кољо се загледа во мажите и
во едниот го позна Јонис, син на Аврам, дојденец од Мала Азија.
- Јас сум, Кољо. Се враќам од Костур.
- Чичко Кољо, - му рече Јанис - каде ли по ова време и токму ти? Зар не знаеш што станува? Каде си тргнал? Цела среќа што излезе пред мојата пушка. Знаеш дека на таквите, каков што си ти, денес не им се простува?
- Ама што зборуваш, бре Јанис, со тој славофон! - подвикна вториот вооружен.
- Не дроби и затвори си ја муцката! - рече злобно Јанис.
Веројатно среќата посака Кољо да наиде на Јанис кого го познава од детенце и до пред една година не еднаш навраќал во куќата на Аврам во која пред да се вгнезди тој во неа, кој знае колку колена се родиле од семето на торбешот Мемет што заедно со Турците го протерале во Мала Азија.
- Ти оди в село, а јас ќе го испратам стариот до полициската станица, - му рече Јанис на човекот што стоеше малку настрана.
Кога се најдоа понатаму, Јанис праша:
- А врсникот мој, мислам син ти, чичко Кољо, ја фати планината?
- Секој тргнува по патот по кој мисли дека најдобро ќе излезе. А ти, гледам, нарами пушка...
- Нарамив, - повтори Јанис со гласот на Кољо - море какво нарамување. Ми ја тутнаа в рака и ете ја. Имаше такви во селото наше кои рекоа не, ама едни не ги раздени зора, а други кршат камења. Татко се лутеше, викаше по мене, ама што ти вреди. Не насаскаа и сега ќе се гониме, ќе се колеме и убиваме, чичко Кољо. Туку, ајде да поминеме по дома. Татко одамна те чека и многупати прашува за тебе. И тој слушна за син ти. Не,
не рече ништо лошо. Рече само – “Ако истраат, и нам ќе ни биде полесно”.
Ноќта, некаде по полноft, АBрагI го испрати Кољо до под падината на Стените. Кога се врати во Света Недела, дома го чекаа двајца поличајчи. некој стигнал да јави во поличијата дека Аврам скришум одведе некој непознат од селото накај Стените и не требаше повеќе да се каже. Напладне го одведоа во Костур.
- Кој би помислил - се лутеше началникот – дека ќе му помогне еден аут. Кога решив да го пуштам да си оди, бев убеден дека некаде по пат ќе го истолчат аутите и ќе го фрлат во ендекот. Тфу! Какво безобразие! Јас одамна тврдев дека од тие Азијати земјата нема да види добро. Змии в пазува!
- И јас нешто слично си мислев, - како за утеха му се насмевна в лице Питер. - Туку, драги господине, да се вратиме на разговорот. Мошне интересни се вашите мисли. Мошне интересни!
- Ќе ви прочитам нешто од денешна “Елефтерија”, господа. Слушајте: “На северните граници на Грција се наоѓаат Судетите на третата светска војна. Тоа се Славомакедонците. Ако Грција не се ослободи од нив, третата светска војна ќе почне на грчките граници. Сите нека си одат!...” - ете, - чукна тој со прстот по весникот - таму, во редакцијата, не седат некои глупаци па да пишуваат што ќе им текне. За мене тие се умни луѓе, бидејќи тие далеку гледаат и веднаш даваат чисти решенија.
Парусис се сврте и тивко рече:
- А за мене тие се сејачи на омраза, на страв... Туку, да претпоставиме дека е така. Меѓутоа, постои целата земја, не само Славомакедонците. Јас само би ве прашал, господине, а и вас, почитуван Питер, како наш сојузник: зошто во јули годинава само во текот на една ноќ ширум државава се уапсени и пратени по сувите острови десет илјади луѓе? Господа, никогаш оваа земја немала поцрна ноќ. Веќе насекаде се
зборува за осакатени, полудени, заклани... Не мислите ли, господа, дека работата е во нешто друго, а не во Славомакедонците? – Парусис долго ги гледаше присутните. Во него нешто како да се прекрши. - Се повампири Грција, господа, ја фати удолнината...
- Господине, - мy се обрати началникот – одамна ве имам на око. Ми зборувате како непријател на татковината и на нашата раса. Не мислете дека моите овластувања на можат да ве одведат по удолнината што ја споменавте. Убеден сум дека и за вас ќе се најде едно одлично местенце, да речеме во Ѓура, Аи Страти, Трикери, Макронисос... Гледате, доста ги имаме, нели?
Англискиот офицер стана, прошета по канцеларијата и, откако запали цигара, ја прекина тишината:
Господа, во овие тешки моменти за вашата земја, вие треба да сте сложни. Заемните префрлувања не водат кон ништо. Јас верyвам дека во вашите докажувања има една длабока грижа за судбината на земјата. Морам да признаам дека разговорот доби сосем други форми на изразување и многу скршна од претходниот тек. А штета. Обајцата изнесувавте мошне интересии аргументи и со задоволство се слушав. Верyвам дека ќе најдете излез од оваа непријатна положба. А пропо, господин началнику, што е со оној што го доведоа денес? Мислам на оној што му помогна на стариот да се извлече.
- Сакате да го видите? - праша началникот.
- Повеќе ме интересираат мотивите.
Началникот го притисна копчето. На младиот водник што се појави му нареди да го доведе Аврам. Потоа му се обрати на Парусис.
- Вие, господиие, сте мy напишале писмо на господинот министер во кое сте изнеле многу лаги. Да, само лаги. Дали добивте одговор?
Парусис запали цигара и низ вовлечениот чад одговори:
- За жал, се уште не.
- И нема да добиете. - Од фиоката на своето биро извади плик. -Ова е, нели? Ете, гледате дека ние сме секаде. Препис од писмово со соодветно мислење за вас е пратен до министерот за државна безбедност. Ама јас нема да го чекам неговото мислење.
Вратата се отвори и влезе Аврам, претепан, со модро лице и отечено лево око. Без чувство на раболепност тој погледна на началникот и, без да чека, седна на фотелјата покрај Англичанецот.
“Ако може туѓинецот, зошто да не можам и јас”, - си помисли тој и се намести уште подобро. Од џебот извади ќесе тутун и во мигот кога почна да завиткува цигара, началникот го предупреди:
- Не се наоѓаш дома, туку во полициска станица. Барем би можел да побараш дозвола, - мy се развреска началникот. - Кога ќе ги научиме нашиве селанчишта да се однесуваат пристојно? -гласно рече тој и го сврте погледот кон Питер. Англичанецот, загледан во сликата на кралот Георгиос, се преправи дека не ја слушна забелешката. - Го прочитав твоето признание и морам да ти кажам дека воопшто не сyм задоволен, - мy рече началникот на Аврам. - Така ли и се враќа на татковината за се што сторила за вас што дојдовте од Мала Азија?...
- Ние не дојдовме, туку не доведоа. И не знаевме каде не водат, господине. А што лошо ми направи Кољо за да дозволам да биде убиен? Или вам ви требаше, и неговата глава да виси пред некој од костурските дуќани? Зар еден орач, еден овчар или говедар биле заклани и во Костур биле донесени нивните глави што ги прикажувате како глави на бандити? Реки прегазивме, планини и пустелии преминавме, покрај патишта и друмови незнајни нашите најмили ги закопавме и кога стигнавме тука, најпрвин тие ни подадоа рака. Топол беше нивниот стисок. Вкусен беше нивниот леб. Мека беше нивната черга, тој нивен партал. Подобро партал од нивната рака, отколку нешто ново
подарено со презир и пцост од државата. Ние, раздомените, дојдовме овде во нивната земја и тие не развреднија под ова поднебје што мирисаше мед. Од нашето раздомување направивте раздор, разделница ископавте меѓy нас, не раздробивте, не скаравте така за да не се поздравуваме ни на раздрум. Тие први не разжалија, а вие, власта велам, разлавачка и разљуба посеавте меѓy нас и ги разлока таа и друмовите и патеките, ги затвори домаќинските врати; ги разлошивте луѓето, ги размеѓивте, размирница и разнебитување, ете тоа направивте. Се разграничи и се разгреба човек од човек. Не разоглавивте и се развражавме затоа што сме разноимени, ама луѓе сме сепак и поради некој ваш ќеф разоспавме во омраза. Ние, дојденци во нивната земја, најдовме мир и леб и вода. Го разучивме нивниот јазик зашто така полесна и послатка ни беше најаската. А сега не викате на расплата. Многу села и куќи растарашивме, им го расткајавме редот. На растока не доведовте. Ние ли овде да сме растурници? Да ги распадиме не повикувате. Ами каде? О, господ нека ве вразуми и вас и тие што се повисоко од вас! Толку од мене. Hемам друго освен главата за пред некој дyќан или за на бандера...
Четиринаесеттиот ден Аврам и Парусис заедно со триесет други мажи стигнаа со воен камион во Солун. Тука ги товарија на брод. Пред свечерување отпловија на југ. Утредента, на пладне, газеа по жешките камења на Егина.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/i-kamenot-e-zamia/5 le 29 octobre 2026