Глава 1
- За кого? - праша Киро. - Втора есен веќе се бие бојот, а кpaјот некако го нема. Пролетта ги собраа машките, па и нeкој невтасан за пушка. Останавме ние старците и жените. Таа затоа те прашувам - ако оди така, за кого ги сееме зрната, Ѓорѓи?
- За нас, - рече Ѓорѓи без да го погледне - и лани така ми велеше, ама виде колкави вравови исповршивме. - И со широк
замав тој ги фрла зрната пред себе, чекори со раширен чекор. Неговата лева избраздена и со плускавци набабрена дланка се полни со зрна и со исто непроменливо движење - кон себе, потоа од себе, широко настрана - лево и на враќање - десно, се отвора и летат пред него зрна, се позлатуваат уште повеќе кога врз нив caмо за миг легнува сончевиот зрак и паѓаат во земјaтa.
- За кого!? Пак го слушна нестрпливиот глас на Киро.
Без да се сврти рече гласно:
- Ако не за живите брате, нека има пченица за душите!...
Кога на свечерување се враќаа во селото, слушнаа песни. Партизански. На малиот мегдан пред црквата партизаните пееја и играа. А во текот на ноќта, партизанcкиот одред изврши втора мобилизација. Ги собраа и чупите. Мајките и невестите, стоејќи настрана, плачеа. Плачеа и мобилизираните девојки. Плачеше и Донка, калешата чупа, којa ланската есен со cвојaтa дебела црна плетенка, таму, кpaј селската чешма, го испрска Киро и го врати во неговите младини.
Селото го дочека утрото без младина. Останаа вдовицитe, жените во години и доилките, старците и децата.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/i-kamenot-e-zamia/2 le 29 octobre 2026