Глава 9 - Part 02
- Здраво, Киро и добро е што си дома. Ние со другарот Кyзе дојдовме по важна работа. По народна и по партицка...
- Ако, де, - рече Киро. - Влезете. Тука се и поп Васил и учителот...
- Тоа штом е учителот, - рече Лазо - добро е...
Кузе му подаде рака на поп Васил, се поздрави и со учителот.
- Ние, Киро, - почна Лазо откако набрзина го изеде слаткото и ја излижа лажичката - дојдовме со друrарот Кузе, тој од името на народниот одбор и јас од името на партијата, да ти кажеме дека во твојата куќа ќе отвориме училиште. Така ли е Кузе? А ти што велиш, учителе? А попот нема да го прашаме, зашто тој, како што ми кажа другарот Кузе...
Кузе погледна во таванот, потоа во ќошот, и без да откине очи оттамy, кашлајќи рече:
- Тоа не го реков јаc, ами некои од луѓето, Лазо...
- Добро, де, кажи што рекоа некои од луѓето?
- Па, како да кажам... некои од луѓето рекоа дека поп Васил, -Кузе почна гласно и долго да кашла. - Ех, пуста кашлица тука ме пара, - се удри тој по градите и доврши: - рекоа дека поп Васил како да сака црквата да ја прави булгарцка или сербцка... не отпеа на грцки, ами...
- На наши, - потврдно рече учителот. - И во најстари времиња така се отпевало во нашите цркви и тоа не е никакво бугарско и никакво српско, ами славјанско...
- Даскале, - го пресече Лазо - ние на коматикито синелевси (Коматикито cинелевcи (лошо изговоpено грчки) - на паpтиcки состанок.) ќе распрајме дали е тоа славјански... А за тоа што рече ти, ете - Кузе ми е сведок, јаc ќе јавам горе, да знаеш. Така. И за да не должам, Киро, како што реков, твојата кyќа ќе ја прајме сколио.
Киро се поднамести и без навреда во гласот рече:
- За оваа кyќа, Лазо, чест е да биде и училиште и црква ако сакаш... Ама штом училиштето остана цело...
- Па ти знаеш, нели - се вмеша во разговорот Кузе - дека капе од покривот. Што? Зар сакаш на децата да им капе на главите?
- Ќе го покриеме, - рече учителот.
- Ќе го покриеме? - праша Лазо со гласот на учителот. - А со што? Од каде ќе најдеш ќерамиди, а?
- Од урнатите куќи... Видов дека во горното маало има доста урнати куќи. Ќе собереме ќерамиди и ќе го покриеме училиштето, нели, Киро?
- Ако јаc сум прашан, тогаш е така, учителе. Само треба да засучиме ракави, ако поинаку не реши народната власт и партијата...
Лазо намрштено погледна кон Киро и веднаш потоа го префрли погледот на Кузе:
- Јас ли, Кузе, треба да мислам за овие работи или народниот одбор? Добро рече даскалот, како рековте, учителот, нели? Добро рече... Една ексормиси (Екcормиcи (грчки) – акција.) и да се покрие покривот... Јаc уште утре ќе јавам горе, па ако треба и до кендрикито катодигиси (Кендpикито катодигиси (лошо изговорено на грчки) – централното раководство.) дека со сопствени сили пак ќе го отвориме училиштето... Па нели, Кузе, така пишува и во апофасито (Апофасито (македонизирано – грчки) – одлука, решение.) на демокрацката влада сами да најдеме сили? Така или не, Кузе? Така, и пази повнимателно да ги читаш книгите што ги добивме од горе. И да не заборавам да ти кажам, Кузе. Уште денес ќе седнеш и ќе направиш една поголема ектеси (Ектеси – извештај.) во која подробно ќе опишеш како монархофашистите пратија пет аероплана, не, десет и како удрија и како убија седум дечки. И пред да го затвориш, да ми го дадеш јаc да го видам и да се потпишам и јаc. Така да напишеш, дека удрија по дечките. А штом тие горе ќе дознаат за ова, ќе го кажат на радио, ќе напишат во ефимеридите (Ефимериди – весници.) за да знае цел свет дека монархофашистите со аеропланите што им ги дадоа американските и англиските империјалисти ни ги убиваат дечките и дека тоа е голема срамота за светот, а камоли за кралот Георгиос и кралицата Фридерики. Тие кренаа рака на деца... Есхос! (Есхос – срамота.) - викна Лазо и плукна под нозе.
Поп Васил лесно се искашла, а тоа беше знак дека сакаше некого да прекине. Веднаш потоа подигна рака. Сите во селото знаеја што значи тоа. И тогаш се прекинуваа гласовите. Само за миг ја држеше да лебди во воздухот и ги токмеше прстите. И тогаш се сечеше кашлица, наполу се прекинуваше воздишката, секнуваше гласот. Така и сега - подигнатата рака значеше дека поп Васил сака да каже нешто важно или нешто поважно да
соопшти или некого за нешто да прекори. Но овојпат тој питомо ги погледна сите и тивко рече:
- Не, Лазо... Тие не удрија овојпат по децата... Друг пат можеби пожестоко ќе удрат по децата, ама некни не удрија по децата... Удрија тие овојпат по писмото и по словото наше...
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/i-kamenot-e-zamia/11 le 29 octobre 2026