Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

The Great Decline

ГОЛЕМАТА УДОЛНИЦА - 13 - Part 06

Par Петре Наковски · Partie 22 sur 22 · Environ 14 minutes

Lire en English

Гледа наоколу и се обидува да ги долови ноќните шумови. И се чини дека до неа, покрај неа нема никого. На чекор или два, во тревата се одгласи штурче, најпрвин тивко, испрекинато, срамежливо... Престана, небаре наслушнува; засвири одново, кратко и, изгледа исплашено од светулката што неколкупати болсна со мешето крај патот - прекина. Се оsва чекор подалеку -продорно, довикливо, го наполни мракот со себе. Таа сврти глава и тогаш почувствува како трепери ноќниот воздух од далечните подмолни татнежи. Наслушнува. Шумат дрвјата во огромната пустелија што се шири околу неа. Во жешката августовска ноќ тивко поддувнува ветер. Колку нежно и ги допира образите. Во неа нешто како да живнува и се пробудува, нешто што е затрупано со урнатините на животот... “Господе, зарем умирам или полудувам?” - смирено и без уплав се прашува и дури сега почувствува дека ја болат колената од клечење. “Клечам? Пред кого? Зошто?” - се прашува и полека стана...

Под превезот на мрачнотијата луѓето заедно со стоката се редат во колони. И кога и шумата и ридовите се слеаја во едно, громовит глас ги поведе зад себе и сите тргнаа во мракот. Над нив, на огромното небо, во непроникнатата ноќна длабочина, небаре се размрдаа sвездите и полека, чекор по чекор тргнаа нал колоните...

Се разденува. Намуртена, бледорозова развиделина се спyшта ол кај Бела Вода и лениво се постелува отаде Преспанското Езеро. Крстовица го поправи веленцето, го префрли преку рамо, се наведна како да оди наспроти силни ветришта и појде по пустото правливо џаде. Оди право пред себе, газејќи по трагите на тие кои појдоа пред неа... Сега не свртува опуљ зад себе. Во ноќта што ја помина на лединката скраја од правливото џаде.

смртта,чиниш, помина покрај неа, се загледа во нејзините солзи и се врати таму, зад ридовите. кај езерото, во трските, во ширното поле на Мала Преспа.

Двете колони тенкови, едната од Лерин преку Псодери, а другата од Костур преку Габреш, се сретнаа на крстосницата подолу од селото Желево и се упатија кон Превалот каде владината пешадија веќе два часа води борба. Не се задржуваат.

Брзаат да излезат на рамнината во Раби и од таму да го фатат Пероо, теснецот меѓу двете езера и на овој начин на единиците кои се повлекуваат од Бела Вода и Бигла да им го затворат патот кон Албанија. Пред да влезат во Оровник, се слушнаа три силни експлозии. Полетаа во воздух трите мостови пред селото.

Потоа се стресе земјата и воздухот се наполни со чад. Минерите ги yништуваат магацините со оружје и храна вкопани во подножјата на ридовите меѓу Оровник и Попли. Противникот ги премести артилериските батерии на нови позиции, поблизу до Преспа и отвори оган по патеките по кои врват отстапниците и бегаат во Албанија. Во утринските часови од југ долетаа првите авиони и, летајќи еден зад друг, најпрвин ја напаѓаат Мисодагиста, а потоа во низок лет ги митралираат и ракетираат ридовите над Медово и Раби. Камиони префрлуваат пешадија до Штрково и таа веднаш влегува во борба. Два баталјона на ДАГ жестоко се бранат. Тенковите свртија лево и се втурнаа во полето во насока на Пероо. Противтенковските миини избувнуваат под тенковските гасеници. Запрен е напредокот.

Единниците на ДАГ кои се повлекуваат од Бела Вода им се придружyваат на бранителите во Раби, но пладнето добиваат бочен удар од владината војска која се проби од насоката Клештина - Раково - Герман. Повлекување. Оставајќи ги убиените и ранетите се повлекуваат кон Пероо по бришаниот простор. Противникот од сите орудија ги нема на нишан и ги бие. Се што уште може да трча, да оди и да се влече, се упатува кон високите и густи трски. Борците на ДАГ и многу од цивилното население, кои не успеаја да го преминат Пероо, тука бараат спас. Повеќето кои паѓаат, куршум добиваат во темето, плеќите, нозете. Полето послано со мртви и ранети. Нив ги сотруваат тенковските гасеници. Два тенка се пробија до теснецот. Силна експлозија го разнесе во воздух насипот што ги дели цвете преспански езера. Водите налудничаво поплавуваат дел од плажите и Преспанското поле. Ова го смири бесниот напад. Тенковите застануваа и по кратко време се повлекуваат се до патот што врви под селата. Авиони во формации, по три наизмечно, долетуваат од Рупишта и Кожани и во низок бришан лет го бомбардираат полето, трските, езерото. Се навалуваат на левото крило, свртуваат во полукрyг, ја бијат Сува Гора и се губат зад планината Врба. Така на секои пет-десет минути, а потоа долетуваат авиони од Лерин. Над Преспа се спуштаат од кај Бела Вода. Летаат во хоризонтална линија, така што го опфаќаат целото мало Преспанско Езеро и бијат.

Високо се издигнуваат водите, езерото клокоти, горат трските.

Некои се обиауваат да препливаат, ама не стигнуваат до брегот.

Во командниот пyнкт на Третата дивизија што пред малку е поставен на ритчето над селото Попли, остро заsвони телефонот. Командантот ја подигна слушалката и веднаш застана во став мирно.

- Да, да, господине генерале. Напредуваме. Веќе владееме со целиот простор од источната страна на езерото. Не, да, има само спорадичен, скоро поединечен отпор. Каде? Скриени се во трските и таму се бранат. Да, се разбира, до паѓањето на мракот ќе совладаме, а во текот на ноќта нашите единици ќе ја заземат таканаречената Африка, западно од езерото. Молам?

Прашувате како се држи нашата храбра авијација? Во полето и езерото го сее стравот, ужасот и катастрофата. Да, се е под наша контрола... Да, да, господине генерале... Денес е четиринаесетти август. Утре без борба ќе го прославиме празникот Голема Богородица. Да, благодарам. Господине генерале, ако ми дозволите, сакам да речам дека ова што тука сега се случува, веќе не е борба, ами чисто убиство, да не речам злосторство. Наредете да престане овој пекол... Езерото е црвено од крв... Да, се разбира, господие генерале. Јас како војник и старешина ќе си ја вршам мојата војничка должност, но како човек...

Зуе слушалката. Од другата страна на жицата занеме гласот...

Петнаесетти август. Во цела Грција се слави празникот Голема Богородица. Веста за големата победа во Атина стигна по радиоврска, но неа цела ноќ ја вестеа истрели со светлетчки куршуми кои се пренесуваат од рид до рид, од град до град, се Атина.

Селаните од околните села, кои не успеаја да избегаат отаде границата и заробените борци на ДАГ, натерани од владините војници, ги собираат убиените. Во августовската жега се шири реа. Попладнето од Лерин стигнаа булдожери и почнаа да копаат длабоки ровови во песокливата земја. Во нив еден врз друг ги фрлаат убиените борци на ДАГ, а потоа булдожерите ги посипуваат и грижливо ја израмнуваат земјата. Се добива впечаток дека тука е свежо изорана нива.

Во Раби чека колона војнички камиони. Од целото преспанско боиште и од другата страна на езерото, па се до кај што држи границата, со џипови и на носилки носат убиени и ранети владини војници. Убиените ги товараат во камионите и ги носат во Лерин. На гробиштата веќе се ископани гробовите. Во присуство на леринскиот владика и официјалните воени и цивилни власти, свечено, со труба и химна ги закопуваат.

Војнички фанфари и истрели од плотуни се слушаат по секое покривање на гробот. На крстот - име и презиме. Граѓанството со откриени глави стои собрано до самите гробишта. До нив и меѓy нив стојат и тие кои дезертираа, кои потклекнаа, поткажуваа и предаваа. Стојат неми, со рацете скрстени малку пониско од папокот. Камбаните бијат, а некои од граѓанството на балконите ги изнесоа радиоапаратите и ги развија знамињата. Низ цела Грција радиостаниците ја пренесуваат панихидата од атинската митрополија.

А тука во Преспа, е тивко во заодот на сонцето, во чии румени воздишки одблеснува штотуку смирената вода... Тука, на големото преспанско гробје, белобрад поп, чија сенка ја издолжува заодот, стои на земјата ишарана од гасениците на тенковите и булдожерите и со растреперен и скршен глас, шепоти:

“Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небеско.

Блажени се оние кои плачат, оти ќе се утешат” Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата. Блажени се гладните и жедните за правда, зашто тие ќе се наситат. Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани. Блажени се чистите по срце, оти тие ќе го видат Бога. Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји...” Попот прекина и тргна пред себе, газејќи по меката земја. Во Лерин бијат камбаните, а владиката, завршувајќи ја панихидата, рече:

“Блажени се оние кои ги исполнуваат заповедите Негови, за да имаат право на живот и да влезат во градот низ портите. А надвор се кучињата, врачевите, блудниците, крвниците, идолопоклониците и секој кој сака да лаже и лаже...” Граѓанството на војничките гробови положи цвеќе и венци и предводено од ѓупски свирачи, намуртено се растурува по своите домови.

А тука над преспанското гробје се слуша само плисокот на езерската вода, нема плачење, нема цвеќе и венци, не бијат камбаните во Оровник, Попли, Штрково, Медово, Раби, Герман, Нивици, Орово, Граждено, Винени, Лак, Буковик и Дреново. Северњакот носи далечен одзвук. Тоа камбаната отаде граница, во Долно Дупени, бие цело попладне и цела ноќ...

Тивко е и во тишината се слуша одвај чујниот и потулен глас на стариот поп:

“Блажени се гонетите заради правда, зашто нивно е царството небеско. Блажени сте вие кога ве срамат и прогонуваат и кога ќе говорат против вас секакви зборови... Вие сте солта на земјата...Вие сте светлината на светот...” Прекина. Воздивна и од неговото засипнато грло тешко се откина зборот “Амин”.

“Амин...” повтори мракот и ридиштата, “Амин”, повторија запустените села и од гранатите осакатените дрвја. Така му се пристори на стариот поп, зашто наоколу никој не плаче. Ваму -таму земјата езерска се вдлабнува, налегнува таа меѓу мртвите, ги пригушнува, ги пополнува празнините.

Денот согоре. Кога во квечерината на небото се појавија првите sвезди и бледо одблеснаа во езерската вода, на Свети Ахил затреперија пламенчиња на свеќи што ги запали нечија рака. Во долгите и покорни молитви на попот, тие треперат како долго очекуван одзвук на живот што се појави над ова мртвило.

Попот продолжи по патот за на кај Раби. Оди полека и без престанување го отпева опелото и кога дојде до “последное целование”, тогаш му затрепери гласот, чиниш самиот се преголтна... “Последное целование” - отпеа, но никој не се приближи до мртвото преспанско поле. Застана на угорнинката скраја од патот, се сврти кон полето - гробница, подигна раце кон небото и прошепоти:

- Блажени нека се гладните и жедните за правда, зашто тие ќе се наситат...

Трипати се пекрсти, клекна и неколкупати ја допре земјата со чело. Стана полека, сенким на неговите рамена се товарени сите тешкотии, маки, страдања и чемери на овој свет... Трипати пак се прекрсти стариот поп и велејќи “во вјеки веков”, тргна кон Герман...

Разбранетото езро кај Мала Преспа, чие сино огледало два дена го кршеа авионски бомби, топовски и минофрлачки гранати и го расечyваа илјади вжештени зрна, полека се смирyва и на брегот исфрлува трупови.

Ѓорѓи не yспеа да го премине Пероо, теснецот меѓy двете езера и остана во вителот на оганот. Тој успеа да се скрие во густите трски. Со раце ископа дол и се покри со песок. Од тука гледа како од обете страни на езерото и во самото езеро кипи дива, нагла, страстна, непомирлива, слепа, отворена и смртна, бесна и упорна како неразуздана стихија - борба за живот и како што се повеќе се разгорува омразата и пизмата. Едните ликуваа, другите со последниот истрел се бранеа, а кога го снемува и последниот куршум, тогаш и во рацете на девојките-борци болснува ножот, камата, штикот...

Дури утредента на пладнина се смирија водите. Од своето скривалиште тој гледа како ги собираат убиените п ранетите.

Квечерината, не подалеку од себе тој слушна тивко, изморено плачење. Ниско наведнат, тргна по гласот. Во трските, дополу легнато во водата, лежи момченце. На челото голем пивтосан струп, а на левото рамо рој муви. Го подигнува и полека го изнесува на суво. Му го мие рамото и со парче од кошулата му го преврзува. Момчето липти, преплашено гледа во очите на Ѓорѓи, трепери. Тој клекна на колена и во мигот кога сакаш да стане, малку понастрана, само десетина чекори од него, во трските виде легнато женско тело. Го остави детето и појле.

Иако лицето и беше подуено, жената изгледаше млада. На образите остатоци од убавината. Има издупчени гради и големи, широко отврени сини очи. На прстот прстен меновнк.

Набабрени од крв се одлепуваат пијавиците. Бранот плиска и небаре го гали мртвото тело, удира полека, се враќа и одново ја заплискува неа, непознатата. До неа автомат. Ѓорѓи го откопча шаржерот. Празен. Во нејзината стегната дланка, чудно подвиткана под левата града, му се пристори дека нешто се крие. Ја отвори и во неа најде два патрона. Изгледа, кутрата, помисли Ѓорѓи, не успеа да ги испука. Можеби ќе и го спасеа животот. Тој уште малку остана покрај девојката и потоа се врати кај момчето. Тоа легнато меѓу трските, како исплашено врапче гледа во спепеленото небо. Ѓорѓи го подигна и го однесе до врбјакот што расте скраја од езерото. Тука накрши гранки, ги собра под мишка и појде кај девојката. Ја довлече на суво. Со раце копа во песокот. Ја покри и врз купчето една по една ги стави зелените гранки. Од сите страни стави камења. Клечејќи, се прекрсти. Се врати кај момчето. Легна покрај него и чека да падне мракот. Кога на небото се покажа српот на месечината, тој го подигна момчето и, држејќи го во своите прегратки, тргна низ огромната гробница и кога само миг, без да го прекине растреперениот чекор, погледна кон небото, тогаш му се пристори дека и ѕвездите патуваат со него...

Ова не е крајот...

ЗА АВТОРОТ...

Петре Наковски – романсиер и преведувач, е роден на 17 јули 19З7 година во с. Крчишта, Костурско, Егејска Македонија.

Педагошки лицеј завршил во Полска, а Филолошки факултет воп Скопје. Докторирал на Институтот за политички науки на Вроцлавскиот универзитет во Полска. Бил новинар во весниците “Вечер” и “Нова Македонија”. Работел во Министерството за надворешни работи. Прв амбасадор на Република Македонија во Република Полска.

Член на ДПМ од 1989 година.

Автор е на повеќе раскази објавени во македонската периодика, како и на книгите: “Постела за чемерните” (роман, 1985), “Македонски деца во Полска 1948-1968” (докторски труд), “И каменот е земја” (роман,1988).

0д Полски на македонски има преведено и објавено 40 литературни дела и поголем број песни и раскази од македонски автори на полски јазик.

Добитник е на наградите “Златно перо”, Наградата на полските автори, а е одликуван со Златен медал за заслуги за полската култура и Златен орден на командоријата.

ДРУГИ ИЗДАНИЈА НА МАКАBЕЈ Нisтоriа еsт...

Џон Шеј МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА: борба за дефинирање нова балканска нација Стојан Киселиновски МАКЕДОНСКИ ДЕЈЦИ (ХХ век)

Современа македонска проза Марина Димитриевска Мелина, врати се (роман, А5/200 стр.)

Бранко Бјадов Кучешка зима (раскази, А5/ 90 стр.)

Ивица Дамњаноски Кадешто тетлите не пеат (роман, А5/ 88 стр.)

Мето Јовановски Продавница за љубопитите (роман, Б6/286 стр.)

Современа македонска поезоја Тодор Чаловски Глас крепител (А5/89 стр.)

Веле Смилевски Педесет писни (А5/69 стр.)

Славе Ѓорѓо Димоски Зборови и вода (А5/104 стр.)

Тихо Најдовски Студена зона (А5/104 стр.)

Емил Калешковски Ру (А5/92 стр.)

Ивица Антевски Облаци или пена за бричење (А5/88 стр.)

Радован Павловски Штит ( А5/78 стр.)

Вера Чорниј Мешкова Зорница (А5/72 стр.)

Тихо Најдовски Образот на денот (А5/62 стр.)

Александра Димитрова Вежби за правилно дишење Борјан Витанов Пасха Олег Демитиенко Задоцнети дождови Линдита Ахмети Син Сон Сашо Цветановски Берлинскиот sид Крсте Костески Две поеми Тихо Најдовски Сенка на изгревот (А5/359 стр.)

Стојче Балкански Злост и слово (А5/200 стр.)

Фахри Али Делба на осаменоста (Б6/ 80 стр.)

Современа балканска проза Костас Валетас Нови раскази (А5/94 стр.)

Владо Даверов Небесни ангели (А5/154 стр.)

Балкански поети Васко Попа Далеку во нас (А5/130 стр.) - лектира за средно образ.

Новица Тадиќ Кобење на ноќта (А5/128 стр.)

Лучијан Блага Метафизичка тага (А5/112 стр.)

Назим Хикмет Огнен чемер (А5/88 стр.)

Пофалба на мудроста Моника Стојчовска Бранови на брегот (А6/315 стр.)

Човек, простор, време Проф. д-р Елена Џајковски Глауком Проф. д-р Димитар Димитриев Антракс Доц. д-р Горан Кондов Заболувања на дојката (Б5/416 стр.)

Доц. д-р Горан Кондов Прирачник за заболувањата на дојката

(46 стр.)

Наташа Хвеглич Божилак (патеписи од 12 држави, 300 стр.

колор)

www.мaкavеј.сом.мк