Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

The Great Decline

Front Matter - Part 03

Par Петре Наковски · Partie 3 sur 22 · Environ 23 minutes

Lire en English

- Се само врват и врват. Ноќе врвца патот со товарени коњи и мазги. Се слушаат гласови дека идната година, на пролет, голем бој ќе има на Грамос. Затоа врвца е патот. Велат дека од таму, од кaј Преспата, носат и префрлуваат оружје...

- А коњот мој, Киро, што се стори?

- Коњот? Кога те зедоа тебе, утредента го прибраа. Се слушна дека некој од партизанските големци го јава. Велат дека не можеа да го скротат. И мојот го зедоа. Мито Кривиот, ми рече дека го видел товарен со сандаци... Го водат од Преспа до Слимница и обратно...

- Да... - одолговлечено воздивна и рече: - А јaс Киро, утревечер ќе заминам...

- Што рече?

- Реков ќе заминам. Ќе им се придружам на луѓето кои за на Грамос ги тераат товарените коњи. Така незабележан ќе стигнам таму. Ќе одам да си го видам детето. Ми рекоа дека е во одредот на Јанулис, кого таму сите го знаат. Само да стигнам до Слимница. Таму ќе знаат каде е Јанулис. Јaс се распрашав.

Велат дека тој, Јанулис, со одредот се врти по тамошните села -Јановени, Мирославица, Тухули и влашките села Аетомилица и Грамошта. Таму ќе го најдам...

- Да не сакаш да си играш со главата? - предупредувачки забележа Киро.

- Јaс одлучив и нема враќање... Кога ќе си го видам детето, ќе ми олесни...

Утредента, на зајдисонце, Ѓорѓи нарами торба во којa Киревица му стави два пешника леб, сирење и неколку глави кромид и излезе надвор од селото. Знае каде поминува колоната.

Неколкупати има одено таму. Чека. Пред полноќ покрај него поминаа двајца со автомати и по кусо време се слушна шлапање на коњски копита. Пропушти дваесетина товарени добитоци п незабележан влезе во колоната, фаќајќи еден коњ за узда. Во мракот никој не го виде.

На разден го прегазија селото Калевишта и пред пладнето стигнаа во Пиљкати. Краток одмор и по тесниот дрвен мост јa преминаа надојдената и матна Бистрица, Застанаа на лединка.

Им рекоа да чекаат, а товарените коњи и мазги ги втераа во боровата шума. Тука ги растоварија и ги вратија. По истиот пат пладнето стигнаа во Калевишта. Ги распоредија по куќи и им рекоа да почиваат до квечерина. Ѓорѓи и педесетина мажи на негова возраст, ги одделија и ги сместија во училиштето. Им рекоа дека има наредба да останат. Пред зајдисонце, по истиот пат, колоната тргна за Преспа.

ГОЛЕМАТА УДОЛНИЦА – 3 Во земјанката - мирис на влага, машка пот и непрани алишта.

Испомешани и стуткани еден до друг, на вреќи наполнети со лисја, седат членовите на анкетната комисија на Обединетите нации и десетина припадници на Демократската армија на Грција. Меѓy нив и еден американски новинар со свој преведувач. Од кандилото обесено во ќошот, врз нивните лица паѓа бледа светлина. Остриот чад од цигарите свиткани од дебело дробен тутун истиснува солзи и тера на кашлање.

- Другарп борци - почна политичкиот комесар - господата се дојдени од Њyјорк, од Обединетите нации. Тие гп испитуваат причините за борбата што јa водиме. Се разбира во Атина им изнарекоа триста глупости, меѓy кои и тоа дека војнaтa во Грција е пренесена од надвор, поточно од Југославија и Албанија. Ние, како што знаете се борише за демократија и мир во земјата, а најмногу против англоамериканскиот империјализам. Знаете дека со интервенцијата на Англичаните во Атина и со потпишувањето на Договорот во Варкиза кога ЕЛАС мораше да го предаде оружјето, грчката реакција го почна белиот терор и прогот на демократите. Главно овие се причините за војнaта и тоа треба да им го кажете на господата.

Комесарот повлече од цигарата, испушти густа врвца чад и, обраќајќи им се на членовите на анкетната комисија рече:

- Господо, борците ви стојaт на располагање. Ве уверувам дека ништо нема да кријат и ќе јa кажуваат вистината и само вистината. За да не се добие впечаток дека јaс врз нив вршам некаков притисок, на разговорот нема да бидам присутен цело време.

Тој поздрави војнички и излезе.

Во земјанката завладеа тишина. Молчат и пушат.

- И велиш - му се обрати Боливиецот на еден од партизаните - дека ниту од Албанија, а уште помалку од Јyгославија не добивате оружје и храна и дека тие две држави воопшто не се замешани во оваа војнa?...

- Јaс ли? Па јaс ништо не реков. Ама ако мене ме прашуваш, тогаш јaс ќе ти кажам, дека тоа што ти го рече за Југославија и Албанија е лага. Ова го тврдам, бидејќи не видов. Зошто толку многу сте запнале околу Албанија и Југославија, а не прашувате зошто излеговме в планина?

- Грчката влада во Атина тврди дека војнaтa тука јa пренесоа соседите на Грција - Албанија и Југославија. Нас не интересира дали Албанија и Југославија ви даваат оружје, храна, облека...

- Што? Зарем не гледаш дека пушките и автоматите ни се стари англиски и германски? Зарем не гледаш дека сме парталковци?

Храна? Храна, пријателе, имаме толку колку што ни даваат селаните... нашите селани...

- А јaс тебе нешто да те прашам... - се огласи некој од ќошот.

- Прашај слободно, ама дојди поблиску - рече Боливиецот.

- Рековте дека сте дошле од Америка. Така ли?

- Од Њyјорк...

- Нека е од Њујорк... Некои велат дека таму во Њујорк, каде што се берат големците, донеле некое решение да ги иселат Македонците од нивните места. Дали тоа е вистина?

- А бре зошто го прашуваш него?!!! Мене прашај ме. Еве вака му доаѓа работата според тоа како што мене ми сечи умот. А мене вака ми сечи умот. Ако решат да ги иселат, тогаш ќе ги иселат. Ако решат да не ги иселат, тогаш нема да ги иселат. И уште вака ми сечи умот. Денес ако решат да ги иселат, утре можат да решат да ги доселат, значи да ги вратат. Па уште и вака ми сечи умот: нaјдобро е да гинат, а уште подобро да изгинат сите, а ако не, тогаш тоа што ќе успее да опстане живо во планињето, сaмо ќе пребегне во мајчината... А тоа, пак, што ќе остане тyкa, ќе мора да потпише дека ќе биде послушно и верно и тогаш ќе почне едно - крц, крц, крц... Ме разбра? А ако му се роди дете, како да нему се роди, зашто ќе му го одродат.

Ме разбра? Лајна ме разбра! Ако ние би имале толку разбирање од нештата и текнување за нештата, мислиш ќе прaвевме така, како што ни велеа и велат? Нели ти ми рече дека таму, отаде, имаш брат, значи војник на владината војска. И се биеш со него...А знаеш ли ти од кога ние тука во нашите места и ширум Македонијата еден со друг си ги ваѓаме очите? Мислиш дека тоа нам ни текна? Не! Тоа му текна на некој друг. Ете за пример. Дојдоа Италијанците и ни рекоа: сега ние ве ослободивме и можете слободно да си зборувате на вашиот јазик, да си пеете и да си играте. Нема да ви браниме. Ама нема и да ве браниме... Вие сами треба да се браните. А за да се браните, треба да имате со што. Ама немате. Е, штом немате, можеме ние да ви дадеме. И некои наши безмозговници, рекоа зошто да не. И зедоа пушки. Италијанците не издржа и потпишаа дека наташу не сакаат да водат војнa. И си отидоа. И тогаш ете ти го бугарскиот офицер Калчев роден во Костурско.

Прошета тој по костурските и некои лерински села и изнаприкажа приказни за тоа дека ние сме биле Бугари, та затоа треба да си го браниме нашето бугараштво. И работата се повтори. Зедоа луѓето пушки, се нарекоа комити. Вистина е, пееја гласно комитски и илинденски песни, ама куршум не фрлија. И што? Германецот си отиде, Гркот воспостави власт и еве ти на затоа што од Италијанците и од Калчев си зел пушка.

Соработник, значи, на окупаторот. Кој го јаде ќотекот и Ристос го видел на јaве? Се знае... Попарата ни јa надроби некој друг, а ние, будалаците, сркаме та сркаме од неа... Така не фрлаа и не фрлаат на раздрум. И нас и нив не ставија под исто знаме...

само паролите други. Си оравме, бре, си сеевме, празници си празнувавме, бавчи садевме, селските работи си ги гледавме и што ѓавол ли ги спотера, та ургијата - лошотијата им влезе да ни доаѓаат в село та да не тепаат, да не пљачкаат? Едни дојди, други замини и тепање за зборување и тепање за пеење и тепање за име. Мене дури и волот ми го испотепаа. Рече астиномот - удрете и по волот, зашто нимниот вол грцки не рика. Ами како рикаат во Грција воловите и магарињата? Јa викни го политичкиот шо од сите нас заедно знае повеќе, да ни кажи како рикаат воловите и магарињата во Стара Грција, како што вели тој? Богами, државата претера... Тебе те прашувам -му се обрати на преведувачот - му пренесе ли што реков?

- А ти што ќе речеш ? - му се обрати Боливиецот на оној што седи спроти него.

- Е, сега најде кого да прашаш!

- А зошто да не?

- Затоа што тој пелтечи... Ха-ха-хааа!

- Ако, ако... Кажувај, ама полека и не се возбудувај. Не се возбудувај и зборот ќе ти тече како мед, а ние се ќе забележиме и ќе пренесеме... - го охрабри Боливиецот.

- Јaјaс пепепелтечам зазатоа што ми го корнра јaјaзпкот... Сосон и ред ни уништија... Сосонот...

- Овој само за сон зборува...

- Не се смеејте ре бубудалаци!...

- Не се возбудувај, зборувај, полека... продолжи...

- Јaскa не зборувам за тој сон ре будалаци, ами за сонот што си сакаме да си бидеме, велам како што се другите... Ние тука сите си се знаеме по нашите имиња и презимиња, а тие ни кладоа некои на - идис, -исис, -лос, со што и местото и сојот ни го испоганија. Надвор ќотекот, понижyвањето, стравот... И празниците ни ги уништија. Сакам да речам адетот наш старински и со некои неправославни имиња не тераат да ги крстиме нашите деца, а со тоа не прават да сме туѓи меѓy нас.

Те тераат детето да го крстиш Менелаос или Аристидис или Ираклис или чупето Андромахи, Антигони, Персефопи. И никој дома нема да ти влези зашто во семејстовото веќе не се слави именден. А именденот тоа нам ни е домашен празник од памтивек. Илија, Коле, Петре, Јaне, Ване, Крсте. Ете тоа се имиња што ги знае нашиот народ, а и другите народи си ги имаат и си ги слават, та им доаѓаат дома гости, се веселат, се радуваат... Ете, за пример јaс... Како што ми кажуваа мaјкa ми и баба ми, мене сакаа да ме крстат Митре. И отидоа кaј попот. А попот ја отвори книгата, преврте неколку листа и рече: -Митре... Митре... Не, не можете со такво име да го крстите детето. - Ами, попе, му вели баба, ние сакаме да си го чуваме името наше... Тоа ни е фамилијарно име. Цели колена си го славиме Митровден... - Знам, рече попот, ама не може... Имавте еднаш еден Митре... Знаете кој... И доста е... - Ама, попе, настојуваше баба, ние сакаме да си го ... - Сиктер од тука, реков, викна попот. - Да си го вратите името на оној комитаџија кого го анатемиса и државата и црквата ? Ако кажете каде сте закопале, тогаш заедно со астиномот ќе размислиме дали така ќе го крстиме... детето. А ако не кажете, тогаш ние по книгата ќе му клајме едно многу убаво и славно име, големо име што ќе се гордеете... - Море, по ѓаволите да одите! - му се истопори баба на попот - со тие ваши погани именишча. Невесто, и рече баба на мaјкa, да му речиш да кумот да не кандиса друго име, ами само Митре. - Астиномот го викна кумот во куќата на попот и со наредувачки глас му рече: - Ако детето го крстиш Митре, тогаш тебе ќе те прекрстам и на крст ќе ти јa истрижам главата. Детето ќе го крстиш Одисеас. Знаеш ли кој бил Одисеас, а? Кога ќе им речам на моите кои шетаат надвор, среде бел ден на сретсело да ти удрат едно дваесетина стапови по голи плеќи и гол гас, тогаш ќе научиш и цел живот ќе памтиш и на другите ќе им кажуваш. А ти, попе, ако сакаш и натаму да имаш брада, тогаш на сите кумови да им кажеш дека ќе крстат само по оваа книга. Ние не јa ослободивме Македонија за да ги крстите децата со некои таму негрчки имиња. Слободата на Македонија, за којa Грција истури реки крв ние јa гледаме и преку искоренувањето на немилозвучните имиња и презимиња, а имињата на шуми, ливади, чешми, патеки, ридови и таканатаму гледајте што поскоро да ги смените со слаткозвучни грчки имиња, зашто во спротивно цела недела сред село мечка оро ќе игра... Мaјкa и баба не го спомнуваа името Одисеас и дома и надвор ме викаа Мите, Митренце, Митре. А баба ми ме викаше и Прле на баба, затоа што газето не ми држеше и затоа што истиот ден кога јaс сум се родил, во ливадата, тетеравејќи се на слабникавите нозе, се залула и по неколку минути потрча младото прле - магаренцето.

И јaс и тоа растевме здрави. Ми раскажуваше мaјкa, дека баба ми ме хранеше со магарешко млеко и така дома си имаа две прлиња. Кога наполнив пет години, на мојот врсник - прлето, му кладоа самар и заедно трчавме на селските магарешки натпревари... Зошто не се смеете, ре будалаци?... Сакам да речам дека сон е тоа што сакаме свои на свое да сме, значи да си имаме свое име и презиме, да си зборуваме и да пееме на свој јaзик и поради тоа да не бидеме тепани, осрамотувани и влечени по судови... Мирно да си спиеме без страв дека некој клечи под прозорецот или наслушкува со увото залепено за порта. Тоа тие, како да ти речам... Го гледаш небото полно со ѕвезди и си одбираш една, јa гледаш, јa гледаш и си мислиш дека е само твојa и си мислиш дека ќе ти донесе голема среќа.

Зарем поради тоа некој треба да те тепа? Па човек треба својa sвезда да си има, како што си има својa икона в црква, да си има својa светлина, како што, ете, ти си имаш својa жена... А бре својa боја да имаш, како што имаш свои очи и да не те тераат да гледаш така, како што сакаат тие, нели? Сонце, светлина и својa боја само сакаме, а тие и затоа не тепаат и најпогрдно не пцујaт.

Знаете, многу лошо пцујат. Добро, мaјкa, пцуеме и ние, ама за Богородица во нашиот јазик нема пцовка. А тие најмногу Богородица ја пцујат...Кој бре во светот пцуе Богородица и Христос? Само тие, Грците, а имаат најмногу цркви и попови.

Тие кога не тепаат, не тепаат до осакатување, а не до смрт.

Умрениот од ќотек ќе го исплачеш, ќе го пстажиш и ќе го закопаш и со времето болката ќе се залечи... ама осакатениот по цел ден го гледаш и по цел деп се плашиш за да не бидеш и ти сакат како него... И така... Кога ќе ми текне, тогаш јазикот ми се здрвува, тучки зборот ми застанува... А бре, толку страв ни пикнаа в жили и во дамарите, што сон дури и сега си немаме...

Се туку гледај на кaј прозорец, на кaј врата, па дури кришум погледнуваш и во оџакот, што знаеш, можеби на покрив е качен и од таму навали та начули уво, та слуша што им велат на дечките дедо и баба, што си прикажуваат и што си велат маж со жена в постела... Со прстот на бузите седнувавме крaј софра, со прстот на бузите си станувавме од софра. Дали баравме помош?

Од кого? Па јaс те опитвам, мaјкaтa, дали е ова мојa татковина?

Ако е, тогаш зошто не ме брани, како што јa бранеше татко ми?

Имаш ли ти одговор? Немаш? А јaс имам одговор, ама повеќе имам страв. А стравот каде тера? В шума. В планина. А шумата и планината ни станаа најдобрите заштитници, ме разбираш ли?

Многу ти кажав ама не знам дали барем малку ме разбра... Ме разбра? Ајде ти, кој преведуваш, прашај го дали ме разбра?...

- Вели дека те разбра.

- И ти и тој лајна разбравте. Кој имал и има за нас разбирање?

Многу него го боли нашата болка, нашите маки... Им рекле одите и чепкајте и тие чепкаат, не испрашуваат и распрашуваат, ама не за тоа низ што поминавме и зошто сме тука, туку дали некој од страна се меша... Ех!!!

- А ти, колку години имаш? - му се обрати Боливиецот на оној што седи во ќошот од земјанката.

- Јaс ли. Седумнаесет. А зошто?

- Па млад си за војyвaње.

- Ние тука сите сме млади. Меѓy нас нема постар од дваесет години. Еве, Циљка има осумнаесет, а Мита деветнаесет... Овој до мене, Тесалиецот, има дваесет години...

- Сите ли сте комунисти?

- Не. Во нашиот одред нема комунисти.

- А зошто си излегол в планина?

Момчето горко се насмевна и рече:

- Јaс имам вyјко во Америка. Кога заврши војнaтa со Германците, тој почна да праќа пакети. Во еден од пакетите најдовме црвено палто од чоја. Како да беше порачано за мене.

Го носев кога одев да ги пасам овците. Јaс бев селско овчарче.

Честопати ме пресретнуваа де полицајци де војници и ме испрашуваа дали во шумите има партизани и дали им носам леб.

Им велев дека не знам. Додека зборуваа со мене, ме гледаа намќоречки. Потоа ме тепаа. Со тупаници, со клоци, со стапови.

Кога ги прашував зошто ме тепате, тие ми велеа затоа што носам црвено пaлто, значи штом носам црвено, сум комунист.

Ги спотерав овците на кaј селото, палтото го обесив на една врба и му јa спраштив во шумата, кaј партизаните.

- Доброволец, значи.

- Аха...

- А од кои места на Грција потекнувате?

- Па скоро сите сме од Македонија. Овој е од Тесалијa, а овој од Епир. Во одредот имаме само четворица Грци.

Пладнето членовите на анкетната комисија, еден Полјак, двајца Украинци и еден Боливиец заминаа за Костyр. Американскиот новинар со својот преведувач, на половина пат до Костур, сврте лево.

- Не одиме по нив? - праша преведувачот.

- Не. Ќе одиме во ова село - тој со прстот покажа на картата. - Најблиску ни е. А утре во некое друго. Поинтересни ми се разговорите со обичните селани.

Политичкиот комесар, кој одвреме навреме влегуваше во земјанката и внимателно го слушаше разговорот на борците на ДАГ со членовите на анкетната комисија, го построи одредот и, покажувајќи на Јани, рече :

- Зошто, бре ти, си запнал - та куќата, та жената, та децата, та овците, та амбарите, берикетот, пљачкањето, апсаните, судовите, тепањето, стрижењето, пцуењето и што ли уште не?

Зошто, бре, не си му рекол дека ние се бориме за национална независност на Грција и против англоамериканскиот империјализам, а?

- Му реков, како не му реков? Се му рекоц другар комесар...

- Му реков, му реков, шипинки си му рекол, ама во тоа што му рече нема ништо идејно, револуционерно. Разбра ли?

- Револуционерно како што разбираш ти, можеби нема, ама тој мене ме праша зошто јaс излегов во планините и шумите и јaс му кажав...

- Молк! - викна комесарот. - А заклетвата? Заклетвата, песу?!

Заклетвата што си јa дал? Заборави ли како гласи? И тебе и сите вас ќе ве потсетам: Јaс, чедо на народот на Грција и борец на Демократската армија на Грција, се колнам дека ќе се борам со пушка в рака, ќе јa пролеам мојaтa крв и ќе го дадам мојот живот за да го истерам од мојaтa татковина и последниот странски окупатор. За да уништам секаква трага од фашизмот.

За да јa обезбедам и бранам националната независност и територијалниот интегритет на мојaтa татковина. За да јa обезбедам и бранам демократијата, честа, трудот, имотот и напредокот на мојот народ.... Се колнам дека ќе бидам пример на добро однесување кон мојот народ... - Комесарот се засркна, силно се искашла и скоро со зарипнат глас рече: - Еве го крaјот на заклетвата што никогаш не смеете да јa заборавите: - дека мој идеал е слободна и демократска Грција, напредокот и среќата на мојот народ и во служба на овој идеал го ставам оружјето и мојот живот...

Џипот со завивање јa фаќа острата угорнина. Кога го превалија ридот и се спуштија прудолу, наидоа на надојдена суводолица.

Застанаа. Со стап јa измерија длабочината и одлучија да ја поминат матната. И пак остра угорнина се до првите плевни.

Немаат покрив. Изгорени се. Изгорени се и сите куќи се до сретсело. Стои само црквата со урната камбанарија. Камбаната, пукната и со откинато парче и без срце, лежи покрај sидот.

Застанаа. Слегоа од џипот.

- Се чини дека во селото нема жива душа...- рече новинарот.

- Погледни онаму, чади - покажа преведувачот.

- Одиме да видиме.

Висока авлија sидана со камен. Едното крило од дебелата дабова порта искршено со секира. Во дворот висока череша и на самоти врв - гавран. Загледан е некаде пред себе, подига клун и грачи.

- Иш, иш, проклетнику, не коби... - слушнаа женски старечки глас.

Влегоа. Преведувачот поздрави на грчки. Старичката се сврте и исчекувачки ги погледна.

- Не разбира - рече преведувачот и поздрави на македокски: - Добар ден, мaјче...

- Добар ден и добро дојдовте, Кои сте вие?

- Јaскa - нашинец, а човекот е Американец...

- Американец? Ами шо бара? Шо му треба?

- Можиме да влезиме ?

Старичката им подаде рака и ги внесе дома. Дворот поплочен.

Куќата стара, sидана со делкан камен. Одајата чиста, а подот послан со шарена рачно ткаена черга. Лево и десно од неа послани дебели црвени веленциња. Во огништето разигран пламен.

- Многу, многу добро и многу пријатно - рече на англиски новинарот. - Прашај јa каде ги купила овие убави црвени килими?

- Шо вели? - праша старичката.

- Вели дека е многу лепо и опитва де и купи веленцињата.

-Ами, бре чендо, сама ги имам ткаено. Само тие ми останаа. Ги имав скриено во друга јaмa, та... Шо вели?

- Те опитва со кого живееш...

-Јaскa? Сама, бре чендо. Од Јановден сум сама. Тогаш по туа помина аскеро, а људјето избегае о шумата. Шо вели?

- Те опитва зошто избегаа во шумата.

- Затоа шо дојде аскеро. Се плаше људјето од аскеро и за тоо таму о шумата се крие. Шо вели?

- Те опитва зошто и ти не избега,

- Ами јaскa не стигна да избегам и така си остана сама о селто.

Влезе аскеро и ги фати сите патишта. Де да бегам?... Пулиш туа аскер, таму аскер, туа пушки, таму пушки, туа бам, таму бам...

де да бегам? Шо вели?

- Те опитва дали имаш некого.

- Јaскa? Имам, бре чендо, имам. Два синови и чупа. И дванаесет мнученишча. Шо вели?

- Те опитва каде се.

- Чупата со дечките се крие о шумата. Шо вели?

- Те опитва каде е син ти.

- О Америка...

- О, јa Америка?! - вчудовидено, радосно и со широка насмевка рече новинарот. - Америка, о јa, Америка? - тој не престана да се насмевнува и без престан да се удира по градите . О јес, јa, Америка...

Америка - единствениот збор што сега двајцата го разбраа: тој со радост, а таа со тага и проколнување. За пеа - тоа е синот и снаата и внуките кои ги знае само од многубројните фотографии.

- Америка, Америка, пуста да остане... таму е син ми - рече тивко и низ липтеж. - Син ми, Митре... Шо вели?

- Опитва во кој град живее син ти?

- Ами, не знам, бре чендо... - Замислено смршти веѓи, истри чело, подзамижа очи, аман никако да и текне во кој град живее синот. Таа се поднамести и, полека станувајќи, рече: - Чекај да видам...

Слезе во јaмaтa и од таму се врати носејќи во престилка куп хартии и пликови. Седна на истото место и почна еден по еден да ги отвора пликовите и писмата да ги оддиплува пред очите на двајцата мажи. За миг прекина, се загледа во преведувачот и го праша:

- Знаеш да пееш? - Му подаде плик.

- Тоа писмо не го знам. Да го опитам него. - Тој го зеде пликот, го доближа до очи и му го подаде на Американецот

- О, Детроит!!! - радосно извика тој. - Детроит е мој град! - рече на англиски, а потоа се обиде и на грчки.

- Шо вели?

- Вели дека Детроит е негов град, дека таму е роден, дека таму има кyќa и дека му живее фамилијата...

- Ами и син ми там е...Опитај го дали го знае? Шо вели? Не? Не го знае? Е, кажи му, кога ќе си оди о, ка се вели таму де живи?

- Детроит...

- Кога ќе си оди таму о Детроит, кажи му да го побара син ми, Митре. Да се распраша за него, да го најди и да му кажи дека јaскa се добро... само, ете, ка шо пулиш, дел од к’шчата ми изгоре, све шо беше дома е испокрадено... Шо вели?

-Ами ти, бре жено, знаеш ли колку голем град е тој Детроит?

Како меѓy стотици илјади луѓе, тој ќе го најди син ти? -налутено и подвикна преведувачот.

- Можеби има илјади лјудје, ама нема илјади фурнаџии. Син ми има својa фурна. Кaј фурнаџиите нека се распраша. Фурнаџија со фурнаџија се знаат... Шо вели?

- Те опитва од кога син ти е во Детроит?

- Одамна. Кога замина имаше само дваесет години. И кажи му да му кажи на син ми дека и воловојте и овците ми ги звее и дека јaскa остана угул сама...шо да правам? Така дојде времето... лошо време... лошо... многу лошо... Белки ќе се смири, па тогаш ќе си се приберат људјето... Шо вели?

- Те опитва да не си видела војскa да доаѓа тука од Југославија и од Албанија?

- Шо е тоа?

-Аскер, аскер од Србија и од Албанија да не помина по тука.

Тоа те опитва...

- Српски и арнаутски аскер дали дојде тука? Не. А дали сум видела аскер? Сум видела. Кажи му дека јaскa виду многу аскер о нашче места... Шо вели?

- Те опитва чиј аскер?

-Ами од дете го памтам турцкио аскер... Сетне, беа нашче, комитите и по востањето гредее по нашче места грцки андари и беа полоши од Турците... Тие сакае со зор да не праве Грци.

Колее, палее, тепае, поганее, поткупвае, правее кодоши и шпиуни... Сетне си ојде турцкиот аскер, дојде грцки аскер... По него дојдоа Френците и донесоа чрни. Ете, таму о тој рид имае кладено топои и од таму фрлае таму на таа планина, а чрните сетне пеш одее до таму и се врнвае осакатени. Ами, да знаеш, макаршто се чрни, крвта му е чрвена... Дојдое и ангилези и сетне имаше само грцки аскер. Кога удри Италија нашчо место го биеје со топои и аропланите фрлае бумби. Местото го изорае и го изгорее. Сите нас големците на грцкио аскер не собрае и не кладое ангарија да прајме. Копаме патишча, носеме леб, сандуци со фишеци и бумби... Топојте ги влечеме со волојте...

До Морава Планина одеме. Е, тaјa таму е Морава Планина. А пулиш? Преку неа и понатаму од неа фтаса грцкио аскер. Наши м’жи, кои беа аскерлии и се биеје таму со Италијанците. Ни кажвае дека го поминае Корча град и до Подградец фтасае...

Далеку го истерае Италијанецо. Добро, ама не знам шо му би и почна грцкио аскер да се врнва и така дојдоа италијанцки скерлии, а по ними и германцки. И па почна бој о кој многу наши м’жи и деци се биеје со аскеро италијанцки и германцки.