ГОЛЕМАТА УДОЛНИЦА - 13 - Part 05
Отпарај, мајче, отпарај, конец од веленцето и со него да го бележиме патот за в дома... траrите прашина ќе ги покрие; патот водје ќе го излокаат... парај конец од веленцето за да знаеме по кој пат да се вратиме дома... - Грч му стегна грло и тој замолкна. Изгубено гледа во небото. Длабоко вдишува и вели: - Отпарај, мајче, отпарај конец од веленцето... за да го обележиме... - не доврши мисла. Старичката го прекина со остар глас:
- Тргни ја таа валкана рака и не смеј да погледнеш на веленцето! Се најде кој да бележи пат... го обележавте вие... и тие... - Не кажа кој. Во грлото и застана клетвата. Стана. Го нарами веленцето и без збор појде и не виде дека очекори отаде меѓата што пред неа ја беа испогазиле толпи искорнатици. Не гледа назад. Оди по правливиот пат, а тој без збор се довлече и шлапа покрај неа.
Чекорат полека. Еден до друг. Повремено старичката застанува да избрише пот и подлабоко да здивне и на грб да го донамести веленцето. Одат. Тој ненавикнат на бавен чекор, се обидува да и додржи од, ја додржува кога се сопнува, а таа со засркнат глас, со испрекинати зборови раскажува... раскажува... оддиплува дипли од тоа што беше нејзино вчера. Тој слуша и молчешкум, газејќи пред себе, ретко погледнува на старичката. Сонцето скоро се симна за еден остен. Горештината попушта.. Тој застана и седна. Го одрами шмајзерот и го потпре на колено.
Старичката, наведнувајќи се, го спушти на земја веленцето, избриша пот од лице и стои. Гледа на толпата луѓе собрани во шумата.. Тој извади тутyнќесе, од весник скина парче хартија, свитка цигара и запали. Вдишува длабоко и полека испушта смрдлив чад. Плука настрана. И пак влече и пак плука. Задржа поглед на синото небо и со подзамижани очи, тој праша:
- Велиш веленцето ти е даровно и на него си ги израснала и чедата и внуците? И дека и куќата си ја оставила отворена и жарот што тлееше во огништето си го покрила со пепел? Ќе тлеат жарчињата во спузата... Ќе тлеат и... ќе чекаат... Пули, шумата се празни. Стануваат луѓето и фаќаат пат. Ајде. ајде да станеме и да го фатиме патот што не чека. Ете, така, де, префрли си го веленцето на другото рамо за да не ти отрпне раката со која го носиш тој црн ѓум... А кога ќе ти речам да застанеш, подзастани колку здив да прибереш. А сега, ајде, да појлеме и ние и не свртувај се, не гледај зад тебе. Таму, зад нас, се е во чад и пламен... оди и не гледај зад тебе. И пак, велам, ако паднеш, своите или тyѓите ќе те предадат на земјата и ќе ти го украдат веленцето. И велиш ќе се вратиме дома, во старата куќа, ќе ги откриеме жарчињата и ќе го распалиме огништето?
Велиш дека тогаш ќе го постелиш веленцето на кое ти израснале чедата и внуците... И велиш, мајче, дека најстариот лежи под некоја карпа на Иван Планина? А знаеш ли која е таа планина? Погледни десно. Ете, таа што високо се извишува е Иван Планината... Таму го распарчила италјанската граната? А за двата внука ти рекле дека лани останале на Бел Камен и дека внуката ја виделе на Чарно легната врз автоматот? И велиш дека имала руса коса, големи сини очи, бело лице и блага насмевка?... Ех, мајче, тамy на Чарно многу црносаа и гламносаа во жив оган и вивнати пламење... И на Трескавец и на Аљавица и каде не по ридиштата на Грамос...
Човекот како да сака да и олесни на сопствената болка и на маката што ја влече со себе, ги повторува и ги преповторува зборовите на старичката и, тврдо газејќи напред, не свртува опул зад себе. Тој добро знае што станува таму. И ако пред него застане некој командир, кој како него сега талка по беспаќата на пригранината земја, ако застане пред него и му рече:
- “Назад, кучкин сине, назад! Назад на позиција!”, тогаш нему нема да му затрепери око - на лево круг и пак ќе продолжи по правливиот пат назад се до местото каде што ќе му биде наредено да погине. Осум години не одрами пушка и веќе навика му е да слуша и да извршува. На помлади години дури и не сакаше да размислува. Кој војник е војник што размислува?
Во која војска војниците ги учат да размислуваат? Војник - се знае: “разбирам” и “смеам ли да прашам”. Така, да слуша и да извршува - но не и да размислува - тоа му беше во крвта. Ама подоцна, кога созреа, најпрвин во партизанските одреди на ЕЛАС, потоа во Егејската бригада, па служејќи во Југословенската народна армија, а потоа и во народната милиција, размислуваше, а размислувањето понекогаш беше рамно и на неизвршување на наредба... Офицерски еполети на рамо немаше никогаш. Осум години обичен прост војник.
никогаш ненајаден и секогаш хранител на вошки. Илјада деветстотини триесет и седмата му ја облекоа грчката војничка униформа; го вежбаа, значи го учеа да убива, како во сите војски, велејќи му дека тоа е чесно и го убедуваа, како во сите војски, дека неговиот живот е највредното што го има и треба да го даде за “патридата”. Наредната година, триесет и осмата, нешто и згрешил на “патридата”, та затоа му ја соблекоа војничката униформа, му облекоа затвореничка. А зошто? Затоа што во единицата во која служеше имаше неколку “ендопји”, со кои си прикажуваше на мајчиниот јазик, на македонски, де.
Водникот кој потекнуваше од неговите места, едно двапати му прости и го потсети дека тоа е забрането. Знаеше дека е забрането, ама кога налутен од нешто опцу на тој свој мајчин јазик и малку поднапиен залеа в кафеана “Слушам кај шумат буките...”, додуша тивко, ама доволно гласно за да го слушнат некои, на шест месеци го пратија во казнена единица во еден од логорите на сувите острови во Егејското Море. Тие шест месеци му значеа многy. Запозна многу постари мажи од себе -неписмени и учени. И секој од нив на свој начин му ги објаснуваше кривовштините што ги прави државата (некои тоа го нарекуваа ненародниот систем) и му објаснуваа зошто народот е сиромашен, ненајаден и лошо облечен и дека сите треба да бидат еднакви, сите да имаат работа и плата. а не така како што е сега - ти работи, а некој друг да се богати и богато да живее. Зборовите: општество и пролетерска револуција тешко ги разбирапrе, ама се чини дека токмy во тоа неразбирање и несфаќање се криеше некаква таинствена моќ од која извираше убедувањето. Во простата и се уште неизвалкана душа на овој обичен македонски селанец, токму тие непознати зборови влеваа сигyрност и вера. Најмногу му се бендисуваше тоа дека во тоа ново општество на секој денот и ноќта праведно ќе му бидат распоредени: осум часови работа. осум часои спиење и осум часови учење и забава. А бидејќи не беше и толку мераклија за учење, последното го прифаќаше со мешани чувства. Освен ова се беше разбирливо. ама крајно и безпоговорно ја прифати вистината дека во тоа општество сите ќе бидат еднакви. “Што сакаш подобро од еднаквост? - си мислеше. - Има ли подобро од тоа да си еднаков на пример со еден генерал? Алал мy вера на тој што измислил такво општество. Баш убаво, мајката”. По шест месеци, тие кои го казнија, убедени дека е превоспитан, го вратија во единицата во која се најдоа и други како него – со вперен поглед во иднината и со главите полни со правди што одвај ги разбираа, ама воодушевено и во доверба ги проповедаа... Пролетта, илјада деветстотини и триесет и деветтата мy одрамија пушка, му ја пресоблекоа униформата и во своите селски излитени алишта стаса в село, дома. Беше Велигден. По Богослужбата, на средсело, на вигната, засвирија тапанџиите. Тој од паричникот извади илјадарка, плукна токму таму кајшто беше ликот на кралот, му ја залепи на чело на Дуро, стариот кларинетист и му рече:
- Бајрачето, свири го “бајрачето”!
Се фати прв на оро. Го поведе лесно, потскокливо, живо и колку што се разви ороводниот гердан, оледнаш пресекоа свирките. Астиномот застанат до тапанџиите, полека и одмерено удираше со камшикот на отворената лева дланка. А тој спушти нога подигната за следниот чекор во орото, се исправи. му затрепери десниот образ, веѓите му се намуртија.
Развеаното шамивче го собра в дланка и со одмерен и сигурен чекор појде на кај тапанџиите. Со налутен ама тивок тон рече:
- Продолжете да свирите...
Стариот кларинетист, ѓуптинот Дуро, прашалнички покажа со глава на астиномот.
- Јас го платив орото, а не тој!
- Ако е до парите - тивко рече Дуро - ги враќам. - Доближа уста до неговото уво и му шепна: - Оној пезевенк, астиномот, ќе ми ја земе дозволата да свирам. Зборyвај со него.
Се сврте. Астиномот и натаму ритмички чдираше со камшикот на левата дланка. Во неговите очи - одблесок на предизвик.
Појде на кај него. Застана пред него, го праша на грчки:
- Ти ли, господине, си наредил да престане орото?
Молк. Вигната замолкна. Исчекување. Издив на страв...
- Господине - сега веќе со посмирен глас – господине астиноме денес е Велигден... Ако сакате и ако можете, славете го заедно со нас Христовото воскреснување и делете ја заедно со нас таа радост...
- А ако не? Тогаш што? - подсмешливо праша астиномот и посилно yдри со камшикот по дланката.
- Тогаш да си ги соберете пандурите и да ве нема од нашето село...
- Така ли? - праша астиномот. - А знаеш ли ти дека ние се знаеме за тебе? Знаеме, на пример, дека си комунист и дека секој ден зборуваш на тој забранет јазик, а тоа значи непочитyвање на законите и понижување на ликот на великиот и единствено умен и мудар Јоанис Метаксас. А освен тоа пред малкy го исплука ликот на кралот...
Тој сакаше нешто да рече, ама не успеа. Небаре како молскавица прелета пред неговите очи полицискиот камшик и на лицето почувствува пржење. Избезумен со глава го удри в лице и во истиот миг му го откина од рака камшикот и му врза два нишани од уво до уво.
Селаните долго го колнеа затоа што тој ден на Велигден сите беа претепани. А него го однесоа во Костур и по кратка постапка мy пресудија: за зборување на забранетиот јазик дома и на јавно место, за пцуење и напад на власта – заточеништво.
Потоа дојде октомври, илјада деветстотини четириесеттата.
Партијата повика: сите комунисти на фронт. Се јави меѓy првите. Го ослободија. Ја тука да гние и државата да троши - рече командантот на логорот - ја таму да загине, од една страна е исто, а од друга нека докаже колку ја сака татковината.
А тој ја сакаше татковината, ама не можеше да се разбере со командантот на логорот чија и која татковина. Отиде да ја брани татковината и стигна до Подградец. Ете и оттогаш тој не одрами пушка. До тогаш на раменици никогаш не му натежнаа еполети. Му тежеше само студеното железо, ременот и редениците му ги пресечуваа рамената и го подгрбавија... И кога се појави првиот костурски партизански батаљон “Лазо Трповски” во кој и борците и јазикот и командите беа македонски, тој го напушти ЕЛАС и му се придружи на македонскиот партизански одред. И се лутеше, пцуеше, жолчно се расправаше со другарите кога слушаше дека таму “горе” како што се велеше - големците се караа меѓу себе, се обвинуваа и се клеветеа, се распоредуваа на оваа или онаа страна. Тој остана и се држеше за онаа страна која одлучи да се бори за слободна и обединета Македонија. Со солзи в очи ги прегрнуваше партизаните од Вардарска Македонија кога тие стигнаа во Костурско. Неколку дена заедно сновеа, заедно пееја. заедно мечтаеја и борбени песни пееја за Македонија, ама остана лути многу разочаран кога виде дека командата на македонската војска од вардарско одби да ги прими младите Костурчани кои масовно сакаа да е се приклучат и се чудеше и се прашуваше и себе си и другите зошто некој не сака да се направи една македонска војска? Некој од командата им рекол дека партиите се разбрале и така како што се разбрале, така ќе биде. Сфати дека партиите сакаат ослободителната војна да се води само до таму до каде што зафаќа предвоената гранична линија и ако нема да се придржуваат на ова, тогаш ќе бидат осудени како автономисти и така би. А младинците се враќаа дома засрамени и насмеани. Прегрме војната, Егејската бригада по борбите со балистите ја расформираа надвор од Гостивар, борците ги растурија по разни служби и тој почна во себе да мисли дека дојде време по македонската земја веќе да не се копаат нови гробови. И секој ден од Егејот доаѓаа бегалци, стигнуваа лоши вести се појавуваше оружен отпор.
Размислуваше да оди или не. Беше без работа, се хранеше од општинскиот казан. Се пријави во народната милиција. И тука најде работа. Му рекоа дека негова задача е да ја продолжи борбата против народниот непријател...
Чекори тој пред старичката, нешто мрмори и инаетливо ја гмечи под себе правливата патека спржена од летната жега.
Меѓy гранките на старите попатни дабје мигнува сонцето и само за краток миг в очи им паѓа спопаленото небо. В лице им чдри тешка, неподвижна и задушлива жега и во од им суши здив. Излегоа на височинка. Лево од патот, шума. Под дебелите и високи дабови и по целата долга и ширна ливада - споулавено раздвижена црневина луѓе и добиток. Над нив викотници и облак сива прашина. Надојдува и надотекува, се згустува, бучи, баботи, протура и рои толпата. ја исполнува ливадата и шyмата и по други беспаќа дотекуваат нови бранови жени и мажи натоварени само со тоа што во последен миг успеаја да дигнат од дома и тераат пред себе стока. Безредна, непрегледна и гневна е толпата, се турка, се превалува, расте, се збира и гмечи, се дроби, бранува, се згрчува и згуства, се згушува и здавува и вика та колни... Се згрвалија и луѓе и добиток кои лошото ги подбра и ги влече, ги турка се подлабоко во туѓо...
Некој на сет глас викна и со викот ја затера толпата, која уште повеќе се затрча по удолницата разврескана, расплакана, развикана и разулавена. Навалицата гази и толчи, се затркалува, затупотува, затуркува и никој не може да ја заузда. Врисок и плач на жени и дечиња кои грчевито се држат за мајкините поли. Зацвиска коњ и откинат од узда - разглавен и разуздан високо затрептува и зафрлува нозе, удира и гази...
И до каде што може во времињата да допре со паметењето, тој не си спомнува за ваква страшна и болна, кобна и тажна, ужасна и потресна глетка што сега се распостелува пред неговите очи.
Стои исправен и онемен; со крвјосани очи замаглен поглед спушта врз огромната црневина и чувствува дека го фаќа замрачување. Закатанета му е устата и сал му се присторува ли дека во него се клокоти, дека дури сега од него се откорнуваат долго закоренетите пароли кои ја гласеа и утврдуваа вербата во некое подобро утре...со кое растеше, зрееше и созреваше. Му велеа дека нему и на сите околу него и подалеку, животот ќе му биде замеден, а тој замелушен сал слушаше и замласкуваше со празна уста. Та можеби затоа безизлезно влета во виорот без да размислува за последиците. Послушноста, вербата и довербата во водачот и партијата - му беа патоказ. Од горе па надолу - го учеа - само еден е умен и само тој еден да мисли, а тој само да извршува. Се досега пред себе ја гледаше само онаа замислена прекрасна иднина која длабоко му ја беа вкорениле недоучените партиски секретари и ете, сега, со очај во очите, го гледа безизлезот. Збунет е и се чини дека допрва прогледа и согледа... И каде ли сега отиде таа беспрекорна и безусловна, непоколеблива, слепа, тврда. огромна и нескршлива верба?
Замаглено гледа на развиканата и расплакана бегалска толпа што како огромно црно платно налегна и ја покри целата ширина. И пак и одново му се присторyва дека некој таинствен глас на разумот, совеста и осудата допира до него некаде од срцевината на дебелите и многyвековни дабови што растат на оброчиштето одспротива и го прашува: ЗОШТО! ЧИЈ ГЛАС СИ СЛУШАЛ И ПОСЛУШАЛ?
Разголен, разголен, распартален и разјадосен е. Се чувствува испразнет, загубен и измамен. Во што да верува и во што да има надеж? Се изрони таа и чувствува пустош... Погреши ли? Ја погреши страната? Го погреши патот? Сега од неговата свест не се одлепуваат овие прашања; ги чуствува како отворена рана, како удар зад удар, а болката, маката и чемерот се пласти и напластyва. Боли изгубената надеж.... Зачмаен е, збогоросан, збобрен, се му згорчи, се му се зборави. Сега веќе не се плаши од докарок, тукy само од закорок. Стои на ритчето обезличен, разголен и обескуражен. И разбра дека веќе нема избав.
Пред него запустеници, а зад него запустување! Се е изгорено, пепел сторено... Занемен стои пред видикот што раздвижен и разовкан црнее во сончевата заодба.
Во коријата што е скраја од кривулестото џаде, под широко разгранетите дабје ги легнуваат ранетите. Од другата страна на ридот се уште слегуваат преудолу борци на ДАГ. Едни со забрзан чекор, други трчаница. Во нивните очи умор и пцости.
Млад албански поручник, на лош грчки јазик, им наредува да скршнат десно. Вели дека таму е збирното место и секој да си ја најди својата единица. На полјанката до патот стојат десетина товарни камиони. Друг албански офицер им наредува во нив да го товарат оружјето. Тој вика и пцуе на албански кога некој не ги извршува неговите наредби, Едни во камионите, други во купови го фрлаат оружјето и се тргнуваат настрана. Со раце исчадени од барут, ги бришат солзите, сомнително се гледаат, талкаат еден друг, шепотат. Тешко, со срам се поднесува поразот. Беа готови на се, до последен да не ги напуштат бункерите што со месеци беа градени на сите височини на Вичо. Тие беа, ама други погрешија во есапењето. Намерно ли?
Наеднаш се слушна брмчење на мотоцикл и маж без офицерски ознаки, нареди:
- Другари! Секој во својата единица. Постројте се и тргнете по оној човек! Марш! - Тој покажа со рака и заедно со брмчењето на моторот, го снема.
На небото што пред квечерина гори во пурпур, стрвниците не престанyваат да кружат. Отаде планината го снема црвениот диск на сонцето. На лединката, отаде границата, под ведрото и оѕвездено небо. врволиката тивко потплачува, колне, пцуе, лелека, мачно изречува збор за помен. Од зад ридот огреа полна месечина. Крстовица виде парче незафатено место и се упати таму. Го одрами веленцето. Со плеќите се потпре на каменот од кој се уште зрачи топлина. Облак засени месечина и настана мрак. Покрај неа, во темницата, во која таа е небаре ништо и како да не постои, поминчваат непознати, натоварени, папсани, молчеливи, неми. Врват луѓето, врват, пред себе тераат добиток, се довикуваат, доенчиња заплачуваат, залипуваат старци. Жена се разбреа на сет глас, растура колнежи во црната темница и се дави во грчот на липањето...
Крстовица пред себе испружи раце, ги допре стапалата, а потоа земјата. Сеrа и е полесно да дише. Зема здив, ја брише потта од челото, потоа од лицето и одново се забрадува со црната шамија. Се загледува горе. Високо, таму во недостижното, мижуркаат sвезди. Повремено настанува кратка тишина и тогаш се слушаат глуви татнежи и одвај забележливи треперења на воздухот. Таа се навали на веленцето што го стави како возглавница и и се пристори дека е дома во глуво доба, крај своето огниште во кое сигурно се уште тлеат жарчињата што ги покри со спуза; и се пристори дека е во шарената гостинска одаја во која го распосла излитеното веленце и мисли на своите рожби и на челадта од рожбите свои кои израснаа на ова веленце. А сега, каде ли се сега? За најстариот знае, дека лежи под една карпа на Иван Планина. За вториот ин знае дека работи во некој рудник во Канада, за Коца, дека е испратена на заточение на островот Егина во Егејското Море, затоа што момчето и заминало со Егејската бригада... За двата внуци знае дека лани парчосани останаа на Грамос, а за внука си слyшна дека нешто жешо ја каснало за плеќи кога се повлекувала ол Негуш и останала да лежи во окрвавениот снег... Така и рекоа и таа се уште верува, дека внуката успеа да се исправи и дека се уште го држи патот што води кон Вичо... И со мислата пак се враќа на почетокот, се пронижува низ се што помина, а најмногу ја болат болките непреболени, болките недолечливи од кои срцето и е раскинато кога научи за Павле кој останал на Иван Планина. Тогаш и пратиле писмо со печат и царски знак, дека синот јуначки загинал на албанските планини, бранејќи ја грчката патрида против Италијанците.
Ама Крстовица не се осмели да го праша човекот кој и го читал писмото што носело царски знак - зошто триесет и шестата него, сега јyнакот од Иван Планина, заради едно “добро утро” изречено на македонски, шест месеци прележа на еден од камените и суви острови во Егејско Море? И зошто ли тогаш му дале рицинус и го посрамотиле? И кога пак на грчки и го читале писмото за двајцата внуци кои лани останале меѓy карпите на Клефтис во Грамос, дека и тие јуначки отстоиле за славата на Грција, тогаш нејзиното срце не дознало гордост, не почувствувало достоинство, туку се згрчило во непреболот и во навредата затоа што тие, имајќи своја земја, свои корени натопени со крвта на толку други јунаци, во писмата и пушувале оти загинале како Грци за Грција, а неа затоа што не го знае грчкиот јазик и в црква не го разбира попот грчки и не знае на грчки да мy се моли на Бога, ја презираа. И кога Крсто не и се вратил од војната во Мала Азија, и тогаш и читале дека тој, Ставрос, славно паднал во Али Веран за величието, за славата и честа на Големата Мајка Грција. А кога пред тоа му ја облекле униформата, го нарекле “незнамитис”, затоа што на секое прашање поставено nа грчки, не знаејќи го грчкиот, одговарал “не знам”. Загинал “незнамитисот” во тyѓа земја, а нејзе и испратиле писмо со печат и царски знак... И така мајкините и бабините најсакани гинеле за славата на Грција и вределе за Грција само тогаш, кога знаеле да пукаат, да убиваат други, да отстојyваат, со својата крв да ја величаат Грција.
Секогаш така со нив, со “незнамитите”, кои биле сакани и величени само тогаш кога гласно свирела воената труба и најгромко удирале воените барабани. И тогаш им го земале зборот. А тоа било време кога им било забрането на својот јазик да ја искажуваат болката и жалта кон умрените и на умрените на крст да им го пишуваат нивното родовско презиме. И Господ, по силата на законот, не признавал други молитви освен оние изречени на грчки. А Господ единствен семоќен преку устата на сегрчкиот патријарх на едни им велел да се радуваат, а на други да страдаат во молчење и да се хранат не со добрината и љубовта Божја, ами со горчината на пониженоста... Така во тие времиња се славел еден христијански Бог, но на сите не им било дозволено на свој јазик да испраќаат молитви кон Него и да го величаат името Негово.
А таму кадешто секоја недела и секои празник гласно биеле црквените камбани - молитвите биле неми, зборувале само очите, се молеле челата, образите, метаниите ниски, ниски до самоти земја допирана со чело, одвај забележливите движења на усните. Знаеле гласно да речат “Амин”, а тивко. нечујно “Христос воскресе” и за “многу години”... И кога од боиштата добивале писменца со лоши вести, тогаш престанувале да се плашат од рицинусот, од камшикот, од сyвиот остров на Егејот;
пчштале писоци и лелеци на свој јазик зашто само така најдлабоко, најболно, најпотресно, за олеснување на болката и за долг спомен на покојниот, ја искажувале својата болка. Така трипати Крстовица одјареми страв и многупати и на празник и во делник и на веселба и на закоп и на разбуд, редше гласно...
Пред бојот со Италијанците во оние вечерни училишта, со мака успеале да и ги наyчат на грчки првите редови на “Оче наш” ама набрзо потоа стигнала лошата вест и ете и таа молитва не и помогнала иако и попот и yчителот ја убедувале оти Господ Бог сака само молитви шепотени на грчки... Во нејзиното паметење нема место за доброто ниту за лошото...
Седи Крстовица потпрена врз студениот камен и низ солзите се се мачи да продре во далечината во која низ замаглината на солзите се појавува нејзината куќа. Во неа веќе ги снема вечната топлина и светлината, добрината и тажниот поглед на Богородица прел која секој ден и ноќ без престан гореше маслениче. Сега угасна и тоа. Умре вечната и тивка убавина што се глелаше од високиот чардак. Вплетена во него се исуши лозата. Висат од жегата исушените гроздови... Во дворот изгоре старата јаболкница. Од под нејзините стреа засекогаш одлетаа ластовиците и ветерот презаситен со чад, далеку го однесе мирисот на џунџулето и босилокот што толку многу ги имаше во дворот... Пусто... Запустено... Подига таа раце и со дланките си ги допира образите. И брише, та брише солзи... Во еден миг почувствува дека заслабнува и дека во неа нешто почна да се крши. Заплака - тивко, без треперење, без гласно липање, ама од сесрце. Откако се изнаплака, почувстува дека во неа влегува некакво олеснување, небаре долго очекувано смирување... Се обидува да стане, ама и покрај целиот напор, останува да клечи.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/golemata-udolnitsa/21 le 29 octobre 2026