Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

The Great Decline

ГОЛЕМАТА УДОЛНИЦА - 13 - Part 02

Par Петре Наковски · Partie 18 sur 22 · Environ 21 minutes

Lire en English

- До пролетта на 1948 година Демократската армија на Грција да ја достигне бројката од шеесет илјади борци. Во реонот на Вичо - Грамос да се создаде резерва од петнаесет илјади борци и во текот на зимата да се тргне во заземање градови...

По партиска, а не по воена проценка и наредба, Маркос прво удри на гратчето Гревена. Изгyби. Иако пред тоа се обиде да му укаже на партиското раководство дека ДАГ не е способен да заземе утврдени позиции. Исто така настојчваше да докаже дека во одредениот период нема никакви можности да се зголеми бројот на борците на ДАГ и дека е самоубиство да се тргне на заземање градови. Не го послyшаа. Захаријадис остана на своето - да се создаде географски простор “Слободна Грција”.

Таму сакаше да ја смести владата што допрва требаше да ја формира, да созаде институции и потоа да бара меѓнародно признавање. И пак се потсети Маркос дека неговите укажувања не убедија никого од високите врвови. Захаријадис, исфрлувајќи ги на површина директните политички цели, ја наметна стратегијата на “регуларни судири” со владината војска. Маркос одолеваше на притисоците се до ноември 47-та.

Неговиот маневар со кој тој успеа да го одбегне директниот судир со владината војска, го спаси партизанското движење од целосен погром. Одредите ги разби и нареди во мали групи да тргнат на југ, додека противникот со целата своја сила - тргна на север. Таму наиде на празнини и кога се дозна дека партизанските групи стигнаа во “Тесалија, а во кои имаше најмногу такви кои не зборуваа и не пееја грчки, ами македонски, тогаш на врат на нос, противникот се сврте на југ.

И му јави на светот дека МарКос во своите одреди има странци кои не зборуваат грчки. Беше веќе доцна. Маркос своите луѓе ги врати на север. Битката ја доби со мали жртви, меѓутоа, стопати повеќе изгуби во битката за Гревена. Притисоците врз него да удри по градовите се повеќе растеа. Гусјас, Вландас, Барsотас, партиските генерали и најблиските соработници на Захаријадис, настојyваа, притискаа, кодошеа. Маркос удри на Коница. И изгуби. Трагично за ДАГ. По ова Маркос му напиша на највисокото партиско раководство:

“Зачувувањето на создадената регуларна армија што ја формиравме за да го отстраниме монархофашизмот, како што е одредено со партиските одлyки, го сакаме тоа или не, ќе не принудат да се држиме на духот на одбраната и да се залепиме за одредени непријателски позиции, со што ќе биде сиречена решителната партизанска активност со сите последици...

нашите одреди да водат борби со непријателот тамy каде нам ни одговара, а не таму каде тоа ќе го посака непријателот...” Захаријадис сакаше армија која ќе се бори против англоамериканскиот империјализам, како што имаше обичај да се изразува, но не без одредена причина; тој сакаше армија која исклучиво ќе се определи кон оние основи, кои Захаријадис уште како младинец ги беше донел од Москва... Тој јавно велеше:

- И кај нас, како и на меѓyнароден план се спротивставени и сyдрени две сили: империјализмот и монархофашизмот од едната страна и народната демократија и националната независност, од дрyга. Трета можност и “трета сила” тука нема не може да ја има...

Од ова гледиште не се разликуваше и ставот на грчката влада:

“Во Коница - пишуваа грчките владини весници - очигледно се спротивставија неколку стотици мажи на грчката раса.

Всyшност се сyдрија силите кои претставуваат мостобран на два спротивставени света - на Запад и Исток, кои тукушто ја почнаа вистинската битка...” По двете изгубени големи и добиени многу мали битки а пред се после честите теоретски изживувања и докажyвања на Захаријадис, Маркос и неговите најблиски соработници, во долгите ноќни разговори, водени по маршевите и битките, се прашуваа: дали оваа војна не ни е наметната? А во меѓyвреме Захаријадис патуваше во Белград,Тирана, Будимпешта, Букурешт, Софија, Прага, Варшава и сите тие негови патувања го водеа кон крајната цел: Москва. Таму тој бараше и добиваше.... ветувања.

- Москва - им велеше на најблиските од партискиот врв - ќе ни помогне. Лично Сталин ми рече: вие само тргнеше, а ние ќе ви ја дадеме сета потребна помош... Чехословачка, дрyгари, ќе не снабдува со пушки и топови, а ќе ни даде и тенкови. Во Прага ми рекоа дека први ќе ја признаат нашата привремена влада.

Полска ќе не снабди со авиони. Другарите од Варшава готови се да примат наши пилоти за да се запознаат со авионите. Ние треба што побрзо во полето на Преспа да почнеме со изградба на аеродром. Yнгарија и Романија ќе ни праќаат храна, облека, лесно вооружување и муниција. Посебно Романија ќе не снабдува со мини и гранати. Албанија, Југославија и Бугарија ќе прифаќаат се што ќе доаѓа од спомнатите земји, потоа се ќе префрлуваат во нашите магацини што треба и нив забрзано да почнеме да ги градиме, најдобро да копаме тунели во планините. Исто така тие ќе ги прифаќаат нашите ранети и бегалците...

Маркос за ова случајно дозна, ама не се осмели да разговара за тоа со Захаријадис. Маркос слушна уште од Захаријадис дека ДАГ “и покрај тоа што е револуционерна армија, во техниката на водењето на војната е роб на буржоаски предубедувања кои во поголемиот дел својот корен го водат од ЕЛАС. А ЕЛАС како војска имаше одредени негативни страни што ги презеде од предвоената грчка буржоаска армија...” А Захаријадис, кој не учествуваше во движењето на отпорот во Грција, не можеше да ја проџвака улогата на ЕЛАС, бидејќи отпорот го водеше без него...

И токмy сега, стоејќи пред воената карта и, набрзина копајќи по спомените, додека зборуваше Захаријадис, Маркос јас сфати целата игра. А во неа тој беше страната што гyби.

Захаријадис за миг прекина, а потоа рече:

-Точно е дека ситуацијата е сериозна, ама тоа не значи дека е безизлезна. Направете план за противнапад...

Последните зборови за сите прозвучија како наредба. И за првпат, сите кои го познаваа, во неговиот тон и во движењето на раката, почувствуваа наредба и ... нов човек на чело на армијата...

Маркос, повлекувајќи се во својата земјанка, му даде знак на Кикицас за да го следи. Седнаа на клупата направена од делкан трупец. Запалија. На sидот матно светеше батериска светилка.

До нив допираа одгласи на трештење на артилериски гранати.

Тишината и мачниот молк го прекина sвонењето на полскиот телефон.

- На линија сто седмиот.

- Те слушам сто седми - тивко рече Маркос.

- Забележувам довлекување нови сили на мојот сектор.

Очекувам јуриш на противникот, генерале. Ваши наредби?

Маркос, држејќи ја слушалката со рамо, ја осветли картата и откако се загледа во линиите, рече:

- Сто седми, денес падна Клефтис. Сега, изгледа, на ред е Амуда. Знаеш ли што значи паѓањето на тој рид? Значи брз продор на противникот кон Алевица, во продолжение продор долж границата и затворање на северниот излез. Наредувам, сто седми, по секоја цена да го браниш твојот сектор. Наредувам:

по секоја цена! Отстапување нема.... Повикај ги сите команданти на единиците и пренеси им ја лично мојата наредба....- ја спушти слушалката. Откако му пренесе на Кикицас што рече сто седмиот, го праша:

- Се сеќаваш ли за планот што си го изложил пред еден месец на советувањето во Главниот штаб во врска со евентуалниот продор на југ, доколку се најдеме во тешка ситуација?...

Кикицас ја изгаси цигарата и рече:

- Во оваа ситуација тој предлог е веќе задоцнет и не постои никаква реална можност за негова реализација, па дури и за спомнување. Неговата евентyална реализација сега би значела тотално уништување на силите на ДАГ кои се наоѓаат на Северен Пинд. Јас, Маркос, сега очекyвам брзо напредување на Деветтата и Десеттата непријателска дивизија. - Стана, се доближа до воената карта. Треба да се очекува дека за неколку дена овие дивизии ќе стигнат на линијата Грамос - Ќафа - Арена. Ако веќе Петнаесеттата непријателска дивизија доведува нови сили на фронтот Буф-Амуда-Алевица, тогаш сосема се разјаснува нашата ситуација Едноставно ни претстои заокружување...

- Што предлагаш? - долго се загледа Маркос во лицето на Ќикицас.

- Напуштање на Грамос и префрлување во реонот на Вичо. Тоа е спасот за ДАГ. - Кикицас ова го рече мирно, чиниш се работеше за обично префрлување на мала единица заради нејзино преместување. Настана долга, мачна тишина.

Маркос се доближи, се загледа во неговите малечки очи, го фати за офицерскиот појас и со развлечен и возбуден глас го праша:

- Готов ли си да го образложиш планот и да го убедиш Захаријадис и неговите генерали - пријатели?

- Ако ме поддржиш, мислам дека ќе успеам...

ГОЛЕМАТА УДОЛНИЦА – 15 Во доцните вечерни часови, на осумнаесетти август, во просторната земјанка се собираа командантите на големите единици на ДАГ. Тоа е резервното седиште на Главниот штаб и на Централниот комитет на партијата. До него води козја патека што се губи во густата шума. Само наблизу поставените стражари, вооружени со автоматско оружје, навестуваа дека тука некаде има нешто важно и нешто поважно треба да се случи. На педесетина метри од влезот во земјанката, висок офицер на ДАГ, опкружен со вооружени подофицери, за миг ги задржува дојденците, кои ја кажуваа договорената парола и еден по еден ги пропушташе да продолжат по патеката. Пред самоти влез - уште една стража. Тука, под замаглената светлина на батериската светилка, ги проверуваа воените и офицерските книшки и потоа со тивко шушкање се подигнуваа гранките и ги пропуштаа дојденците во тунелот осветлен со две газиени ламби. На крајот од тесниот тунел, поширок влез. И тука двајца стражари. Без збор уште една проверка и може веќе да се влезе во земјанката. Подот послан со штици. Ѕидовите обложени со дебели делкани трупци. Таванот опкован со широки штици.

Висат две запалени електрични светилки. Од некаде одвај чујно допира брмчење на агрегат. На sидот, лево од влезот, голема воена топографска карта. Под челниот sид - долга маса. Од двете нејзини страни, поставени долги клупи од талпи. На десниот sид карта на која се набележани сите детали од последните минути на дејствијата на фронтот. Во десниот агол маса со неколку телефонски апарати. Врз нив залепен натпис со бројот на воената единица. Во земјанката е студеникаво, влажно и мириса на мувла. Дојдените команданти се поздравуваат, прегрнувајќи се, со очи и движења на рацете се прашуваат што треба да значи ваквото нагло собирање.

Наеднаш тишина. Сите присутни застанаа во став мирно. Влезе Захаријадис. Се поздравуваат со него војнички. Тој цврсто им стега рака, гледајќи ги право в очи, разменува по некој збор, се шегува, тивко се смее. По него - генералите и членови на Политбирото - Вландас, Барsотас, Гусјас. По неколку мигови влегува генерал Маркос, висок мустаклија, опашан со ремени и оптоварен со две офицерски торби. На десниот колк - пиштол.

Зад него - генерал Кикицас. И тој мустаклија и за неколку педи понизок од Маркос. Поздравите меѓу нив и командантите на бригадите се срдечни, можеби затоа што почесто се гледаат на позициите. во рововите и во бункерите.

Захаријадис седнува на клупата, близу воената карта. Потпре подбрадок на десната рака и со поцзамижаните очи, замислено гледа во лицата на командантите: облечени се во стари излитени чешки офицерски униформи. Лицата, дали од сонцето или поцрнати од барутот и топлиот ветар што го веат експлозиите на бомбите и гранатите... Лица загрижени, со нетрпение чекаат во длабока размисла. Кај некои забележува посивена коса иако од него некои се помлади десетина, па и петнаесетина години.

Кон големата воена карта пристапи генерал Кикицас. Се потпре на својот неотсапен крлук и почна:

- Заклучно со сознанијата што ги имаме добиено до пред еден час, другари команданти, положбата на фронтовите е следна.... -тој направи подолга пауза, редум погледна на присутните. -107-та бригада држи позиции на секторот Краставец - Чрно; 14-та бригада го држи секторот Пиргос Котили - Горуша -Синорите; 16-та бригада - Горна Арена - Црн Камен и 103-та бригада Ќафа - Скирца - Грамос. Долна Арена ја држи една двочета, а офицерската школа е ставена како резерва во Суфљака. На располагање имаме три батерии ридска артилерија. Истовремено противникот не бие со следните сили:

на секторот Алевица се 61-та, 45-та и 73-та од составот на петнаесеттата дивизија. Првата непријателска дивизија со 51-та, 77-та и 3-та планинска бригада го бие секторот Горуша -Пиргос Котили. На секторот Паљострунга - Греко напаѓаат 21-та, 22-та, 52-та и 53-та бригада од составот на Втората дивизија.

Секторот Ликорахи - Петра Мука го напаѓа 10-та дивизија со 35-та и 37-та бригада. Секторот Ставрос – кота 2520, тоа е Грамос, го бие Деветтата дивизија со 41-та, 42-та и 36-та бригада и секторот Коница - Дољани Осмата дивизија со 75-та и 76-та бригада. На овие сили треба да се додадат девет баталјони на националната гарда, поголем број единици на жандармеријата и територијалната одбрана, а да не зборувам за военото воздухопловство, тенковите и борните коли што на сите нам добро ни е познато... за жал, ги немаме. Како што гледате, ние скоро сме во обрач...

Прекина, се искашла во дланката, со погледот ја измери целата карта и продолжи:

- Ако сакаме да ги споредиме силите на непријателските бригади со нашите, треба да истакнеме дека односот е еден спрема десет. На пример силата на еден наш баталјон во просек не е поголема од 250 мажи...

- И жени - дофрли некој.

- Да. И жени... Значи од гледна точка на аналогијата, непријателската војска, мораме тоа отворено да го истакнеме и признаеме, има огромна воена надмоќ над нашата, се разбира, без да го сметаме тука военото воздухопловство, артилеријата и тенковите, кои, како што реков и пред малку, воопшто ги немаме и поради нив трпиме најголеми загуби... По една обопштена проценка, односот во оружје е 1 спрема 50.

Главниот штаб на ДАГ оцени - тој покажа на картата на која беа исцртани црвени и сини линии кои ги означуваа позициите на двете војски - како што гледате, натамошното опстојување на лозициите што ги држиме е невозможно. Просто тоа би значело самоубиство. Јас, другари команданти, морам да кажам, дека на едно советување што се одржа во нашиот Главен штаб, меѓу другото го поставив и прашањето: што да правиме ако дојдеме во ситуација да бидеме потиснати од Пинд? И предложив тогаш да ги разбиеме нашите бригади на мали единици и да се пробиеме во позадината на непријателот. Замислете, седум до осум илјади наши борци да се најдат зад грбот на непријателот?!... Што би правел тој? Би продолжил ли да ги освојува карпите и ридиштата на Пинд? Како би се извлекол од тука со сета своја артилерија и механизација и огромниот број натрупана војска? Да, тогаш, другари команданти, на почетокот на непријателската офанзива, тоа беше можно. Сега би било самоубиство... Тогаш проценките од некои другари беа други.

Тие сметаа дека карпите и ридовите на Пинд се неразрушливи тврдини и сега, како што гледате, имаме нова ситуација која ни налага нови проценки и нови решенија... Оттука, Главниот штаб заедно со Политбирото на партијата внимателно, најодговорно и во детали ја проанализира целтата ситуација и заклучи: повлекување на сите наши единици од реонот на Грамос...

Прекина и погледна на командантите. На нивните лица - загриженост. Врвот на стапчето, со кое генералот ги покажуваше на картата позициите на двете војски, се задржа на крајниот северен дел од тесниот простор, на кој беа концентрирани силите на ДАГ. Удри на кота 1435, северозападно од Алевица и продолжи:

- Тука, другари, треба да се пробие обрачот. Низ теснецот меѓу Алевица и границата треба да поминат нашите сили. Зошто токму тука и зошто повлекување на Вичо? Тука - тој и натаму го држеше врвот на стапчето на ридот Гинова карши селото Калевишта - затоа што во реонот на Алевица противникот нема формирано позадина. Во текот на ноќта имаме можност со сите единици да преминеме во реонот на Вичо што ние го контролираме. И зошто токму на Вичо? Затоа што таму месното население е на наша страна. Илјади негови синови и ќерки денес се борат а Грамос. Таму со наше крајно ангажирање и со помошта на тоа население во најкратко време ќе можеме да ги прегрупираме и да ги снабдиме со оружје нашите сили и да почнеме нови акции. Маневарот, да не речам повлекувањето, ќе се изврши ноќта на 20 спрема 21 август. - Тој погледна на часовникот. - Значи точно по два дена, сметајќи од овој миг. Во текот на овој временски период мораме да ги извршиме сите неопходни подготовки. За оваа цел Политбирото и Главниот штаб имаат донесено и соодветна одлука и наредба. Додека вие, другари команданти, доаѓавте тука, на вашите заменици им се дадени наредби да ги зајакнат одбранбените дејствија на позициите на кои скоро без прекин и со големи сили напаѓа непријателот. Формиран е специјален одред кој веќе го врши извидувањето на непријателските позиции во реонот на Алевица - Гинова. Истовремено, нашите единици посебно треба да го зголемат отпорот на линијата Грамос - Скирца - Ќафа -Суфљакас - Скала - Чрно - Краставец со цел противникот да се задржи, поправо да се спречи колку е можно подолго време да ги заземе овие планински врвови. Значи на непријателот да му се одземе иницијативата да се вдаде во јуриш и да ги гони нашите единици, а да се добие впечаток дека ние одиме во јуриш. Според наредбата на Главниот штаб распоредот на силите и редоследот според кој ќе се повлекуваат единиците изгледа вака: уште во текот на оваа ноќ, 103-та и 16-та бригада, оставајќи на позиција по една чета со цел да дава што посилен отпор без да ја жали муницијата, просто да пука со непрекинат оган, офицерската школа на Главниот штаб и артилеријата на 670-та единица под една команда да се концентрира во реонот на селото Слимница и шумата Белца. Утре, во мугрите, акцијата за концентрација мора да е завршена. Цел ден овие единици остануваат во овој простор неподвижни и без врева. Не смеат да бидат забележани ниту од авиони, ниту од евентуални непријателски набљудувачи. Се мора да се одвива во строга тајна. Секој обид за бегство најстрого да се казни тивко и само со ладно оружје. Утревечер, во 20 часот и триесет минути, ќе тргнат во акција за пробивање на непријателскиот обрач, тука, во Гинова, кота 1435 и по пробивот, без никаква задршка, трчаница и само трчаница во насока Калевишта - Ревани - Шак

- Ново Село – Крчишта - Лабаница - Смрдеш. На 21 август, во утринските часови челото на колоната мора да се најде на ридиштата на селата Лабаница - Косинец, каде ќе се поврзи со единиците на 18-та бригада од Bичо, чие командно место се наоѓа на врвот Орлово. Исто така во текот на оваа ноќ, 107-та бригада и телата на артилеријата на Штабот на Западна Македонија и по можност и 14-та бригада под општа команда да се концентрираат во реонот Гинова - Пиљкати - Краставец -Чрно, да обезбедат силна одбрана на линијата Гинова -Слепецумено - Краставец - Чрно и тоа се до 21 часот на 20 август. Со сила на една чета поддржана со целото тешко оружје на бригадата и едно пододделение на артилеријата утре во 20 часот и 30 минути да преземе ноќен напад во насока Стеницка и да продолжи се до утринските часови на 21 август. Кога челото на првата фаланга ќе помине покрај караулата на ридот Гинова, останатите единици да се повлечат од своите одбранбени позиции и веднаш да формираат фаланга која ќе продолжи, држејќu се за опашот на првата фаланга. Во рана зора на 21 август да заземе одбранбени позиции на ридиштата во околината на Гошово - Бошковец - црквата Свети Јован Теолог

(кота 1017)...

Генералот Кикицас прекина за миг, се загледа во картата и, неколкупати покажувајќи со стапчето каде се наоѓаат ридиштата, тој продолжи:

- Потоа да се поврзи со единиците на 18-та бригада. Во случај непријателот да преземе дејствија од Фалцата (Стените), фалангата да продолжи, држејќи се за единиците на првата фаланга. Четиринаесеттата бригада, во исто време, во текот на ноќта да тргне во насока на Пиргос - село Виделушче со крајна цел да се префрли на планината Сињачка, газејќu го полето јужно од Костур.

Кикицас зборуваше тивко, но убедливо и секој изговорен збор присутните го сфаќаа како наредба. Во кратката тишина што настана, се слушаше шушкањето на моливите по хартијата.

Командантите, секој за својот сектор запишуваа, потпирајќи ги тетратките на колена. Тие ги запишуваа сите податоци и макаршто до педа ги знаеја секторите на кои дејствуваа, имињата на местата ги проверуваа на своите карти.

- Двете чети - продолжи генералот - на 670-та единица под заедничка команда, на кои веднаш да им се обезбеди голема количина минуција и поддржани од голем број митралези и минофрлачи, да обезбедат силен отпор во текот на целиот ден и ноќ на 20 и 21 и без оглед на жртвите да ја бранат линијата Грамос - Скирца - Кафа - Суфљакас - Скала. Не успеа ли да ја задржат оваа линија, непријателот ќе успее со брз продор долж границата да го затвори обрачот и за последиците нема потреба да објаснувам... Потоа ноќта, на 21 август, двете чети да преминат во заднината на непријателот и да почнат партизанска војна.... Ова е во главни црти суштината на наредбата на Главниот штаб на ДАГ и редоследот на изведувањето на маневарот... - рече Кикицас, ја отвори табакерата, запали цигара и се повлече до масата покрај која седеше Маркос. Во тој момент стана Барsотас и му се обрати на Кикицас:

- Командата на Главниот штаб реши...

Кикицас, гмечејќи ја цигарата со дебелата петица на поткованата чизма, тивко, но доволно гласно за да слушнат сите, рече отсечно:

- И јас сум член на командата и ништо друго не ми е познато што реши таа освен ова што пред малку го изнесов...

- Командата - продолжи Барsотас, преправајќи се дека не го слушна гласот на Кикицас - командата реши, ти, Кикицас, утревечер да заминеш за Вичо. Командата оцени дека ти најдобро ќе ги организираш сите подготовки за успешно прифаќање на единиците што ќе преминат од Грамос...

Кикицас со дланката испегла мустаки и кратко праша:

- Во која смисла? - во неговиот глас сите почувствуваа навреда.

- Прво - прифати Барsотас - во таа смисла, што ти добро го познаваш теренот и располагаш со способности да организираш еден таков потфат кој бара преземање сериозни чекори за да се спречи евентуалното праќање бојска од Костур, која би можела да ја пресече колоната... Значи, треба да се помисли како да се обезбеди преминот, а ридот Фалцата да не го заземе противникот, нели?

- Па тоа и за обичен војник е сфатливо и не разбирам зошто токму мене ми се упатуваат такви поучувања или инструкции...

- дофрли Кикицас со тон во кој сега изразито ја искажа својата навреда. Погледна на присутните и откако забележа дека никој не го поддржува, праша: - Имаш ли нешто позначајно да ми кажеш?

- Се разбира дека имам и не гледам потреба да се лутиш... - одврати Барsотас.

- Другар Захаријадис - веќе налутено му се обрати Кикицас. - Зарем е потребно да ме потсетува на тоа што пред малку го образложив и ...

Захаријадис без да му обрне внимание, рече:

- Продолжи, Барsотас...

- Значи треба да ги определиш местата каде единиците ќе се снабдат со оружје и муниција и да поведеш сметка да има доволно храна за сите... За сите... – последните зборови ги искажа развлечено и потврдно.

- Дали ова треба да значи - се вмеша Кикицас – дека сето тоа токму јас треба да го обезбедам? - И не чекајќи одговор, продолжи: - Да потсетам: не некој друг, туку јас бев тој, кој го проучи и образложи целиот план за маневарот. И тој, кој ги предвиде и изнесе сите можни мерки, пак сум јас. За ова знае Маркос колку време сме разговарале пред да бидете вие -направи мала пауза - пред да бидете вие запознати. Затоа, токму затоа, сметам дека таквите укажувања што ми се упатуваат крајно се несериозни, а одлуката на Главниот штаб јас да не командувам со текот на операцијата, туку прв да го напуштам Грамос и да заминам за Вичо, во најмала рака, другари, е навредлива и потценувачка...

- Смири се - го прекина Захаријадис. Во неговиот глас имаше смирувачки, но и заканувачки тон. Познат беше по тоа, што секогаш знаеше да се појави тогаш, кога почнуваше да врие. -Не дозволувај со тебе да завладеат емоциите. Тоа сега на сите нам најмалку ни треба. Нам сега пред се ни треба ладнокрвност и одлучност. И треба да знаеш дека ако така одлучи Главниот штаб тоа не значи дека ти со тоа си потценет. Напротив... -Захаријадис зборуваше се потивко. На овој начин ги тераше соговорниците и присутните напрегнато да го слушаат.

Кикицас, се уште притиснат од сомнежот што се појави кај него, нервозно праша:

-А кој ќе командува со операцијата?

- Јас, Ѓорѓи, ќе командувам - рече Маркос.

Видливо изненаден, Кикицас смирено погледна на Маркос и по подолго молчење, праша:

- Има ли други наредби?

- Нема - рече Маркос и стана. Полека се упати кон Кикицас.