The Balkan Mega-ethnos: National Doctrines of Macedonia's Neighbours
ПОЛОЖБАТА НА СРБИЈА И НА СРПСКИОТ НАРОД - Part 01
ПОЛОЖБАТА НА СРБИЈА И НА СРПСКИОТ НАРОД
6. Многу неволји што го мачат српскиот народ изникнаа во околностите кои им се заеднички на сите југословенски народи.
Меѓутоа, српскиот народ го притискаат и други маки. Долгорочното заостанување на развојот на стопанството на Србија, не-регулираните државно-правни односи со Југославија и со покраините, како и геноцидот на Косово, се појавија на политичката сцена со здружена сила која ја чини ситуацијата напната, ако не и експлозивна. Овие три мачни прашања, кои произлегуваат од долгорочната политика кон Србија, со својата драматика му се закануваат не само на српскиот народ, туку и на стабилноста на сета Југославија. Заради тоа тие мораат да се најдат во средиштето на вниманието.
Не се потребни многу знаења и податоци за да се утврди долгогодишното заостанување на стопанството на Србија. Сепак, тоа е официјално направено дури во Планот 1981-1985, во кој е запишано дека во тоа раздобје ќе се преземаат мерки за запирање на тaквата тенденција. Таа обврска брзо падна во заборав. Петте години минаа во ново испитување дали Србија го губи чекорот во развојот. Меѓутоа, наодите аргументирано го потврдија она што и порано се знаеше, дека според релевантните показатели нејзиното стопанство постојано се движи под југословенскиот просек, со сe поголемо заостанување. Забавениот развој немаше доволно сила да ја совлада економската неразвиеност на делот на нејзината територија на кој живее 1,5 милиони население со национален доход по жител над 30% понизок од соодветниот доход во трите недоволно развиени републики.
Испитувањата не оставија ниту трошка сомнеж дека релативното заостанување на Србија првенствено настана поради помалите инвестиции по жител, а не поради помалата ефикасност на инвестициите. Според официјалните статистички податоци, ефикасноста во Србија во сиот повоен период била пониска само од онаа во Словенија и во Војводина, а во изминатата деценија (период 1973-1983) била највисока во Југославија. Поголемата ефикасност можела само делумно да ја надополни загубата на општествениот производ заради помалите инвестиции, но не можела да го спречи формирањето на вредноста на основните средства по жител на ниво од вкупно 80,5% од југословенскиот просек, што е дури помалку од Црна Гора и од Босна и Херцеговина, две републики што имаат статус на неразвиени.
Во текот на сиот повоен период, стопанството на Србија беше изложено на нееквивалентна размена. Актуелен пример на
таквата размена е ниската цена на електричната енергија која во големи количини им се испорачува на другите републики. Инструментите и мерките на тековната економска и кредитно-монетарна политика, а особено придонесот на фондот на федерацијата за развој на стопански недоволно развиените подрачја, во поново време се најважни чинители на нејзиното релативно заостанување. Ако кон тоа се додаде дека најразвиените републики, заради сиромаштво на средствата за акумулација на Србија, со својот капитал влегоа во нејзиното стопанство (земјоделството, прехранбената индустрија, трговијата и банкарството), се добива слика на едно подредено и запоставено стопанство во рамките на југословенскиот простор.
Доследната дискриминација на стопанството на Србија во повоениот период не може потполно да се разјасни без уважување на меѓунационалните односи меѓу двете војни, како што ги согледала и оценувала Комунистичката партија на Југославија. На тие погледи решавачки влијаела авторитативната Коминтерна, која во напорите да ги оствари своите стратешки и тактички замисли на меѓународен план, тежнеела кон разбивањето на Југославија. Наоѓајќи го своето идеолошко оправдување во соочувањето на српската “угнетувачка” нација со останатите “угнетени” народи, таквата политика е драстичен пример на повлекувањето на марксистичкото учење за класната поделеност на секоја нација пред политичкиот прагматизам, кој во настојувањето да ги користи меѓунационалните триења, го потиснал во заднина класниот интернационализам. Тоа донекаде објаснува зошто КПЈ не се потрудила со сопствени истражувања да дојде до вистината за економската природа на меѓунационалните односи. Оцената на тие односи, која се сведува на тоа дека политичката хегемонија на српската буржоазија следена и со соодветна економска доминација на Србија, всушност, е преземена од сепаратистички ориентираните граѓански партии. Ни пред ни по војната КПЈ не беше расположена со непосредни сознанија да ја утврди вистинскатра состојба...
Упорното повторување на предвоената оцена во текот на четири децении укажува на исклучително големата политичка и
економска заинтересираност да се оддржи таквата погрешна оцена. Нејзината смисла лежи во тоа на српскиот народ да му се всади чувство на историска вина со цел да се осуети неговиот отпор кон политичката и економската подреденост на која постојано беше изложуван.
На предвоената оцена заснована е и повоената политика кон стопанството на Србија, која што е доволно јасно декларирана во експозето за првиот петгодишен план. На Србија во тој план неосновано ѝ е определено, после Словенија, најбавно темпо на индустријализација. Во практиката таа политика започна со преселба на индустриските погони за производство на авиони, камиони и оружје во другите републики, за да продолжи со задолжителниот откуп, со сечењето на цените на товар на суровините и на земјоделските производи, со пониските инвестиции по жител во однос на југословенскиот просек и со придонесот за развој на неразвиените подрачја... Словенија и Хрватска стартуваа од највисоко ниво на развиеност, а остварија и најбрз развој. Со подобрувањето на нивната релативна положба јазот меѓу нив и останатиот дел на Југославија многу се продлабочи. Таквиот тек на настаните, кој отстапува од прокламираната политика за рамномерен развој, не би бил можен ако стопанскиот систем не беше пристрасен, ако тие две републики не беа во можност да наметнат решенија кои им одговараат на нивните економски интереси...
Економската подреденост на Србија не може целосно да се сфати без нејзината инфериорна положба која ги определи сите односи. За КПЈ економската хегемонија на српскиот народ меѓу двете војни не беше спорна, независно од тоа што индустријализацијата на Србија беше побавна од југословенскиот просек. На таа идеолошка платформа се формираа мислења и однесувања кои има пресудно влијание врз подоцнежните политички случувања и врз меѓунационалните односи. Словенците и Хрватите пред војната создадоа свои национални комунистички партии, а се стекнаа и со решавачко влијание на ЦК КПЈ. Нивните политички лидери станаа арбитри во сите политички прашања во текот и по војната. Овие две соседни републики делеа слична историска судбина, имаа иста религија и стремеж за што поголема
самостојност, а како најразвиени, и заеднички економски интереси, што беа доволни причини за трајна коалиција во настојувањето да остварат политичка доминација. Таа коалиција ја зацврсти долгогодишната соработка на Тито и Кардељ, двете најистакнати политички личности на повоена Југославија, кои уживаа неприкосновен авторитет во центрите на моќ. Кадровскиот монопол им дозволуваше битно да влијаат на составот на политичкиот врв на Југославија и на сите републики и покраини. На сите им е познат исклучително големиот придонес на Едвард Кардељ во подготовките и донесувањето на одлуките на АВНОЈ и на сите повоени устави. Тој беше во можност во темелот на општественото уредување да вградува и лични ставови, кои реално не можеа да бидат предмет на оспорување. Решителноста со која Словенија и Хрватска денес се спротивставуваат на секоја уставна промена покажува колку им одговара Уставот од 1974 година. Погледите на општествено уредување немаа никакви изгледи да бидат прифатени доколку беа поинакви од сфаќањата на двата политички авторитета, а не можеше ништо да се стори ни по нивната смрт, бидејќи со можноста за вето Уставот беше осигуран од какви било промени.
Имајќи го сето тоа предвид, не може да биде спорно дека Словенија и Хрватска ја втемелија политичката и економската доминација, со која ги остваруваат своите национални програми и економски аспирации.
Во такви услови, а под постојани обвинувања дека е “угнетувачки”, “унитаристички”, “централистички”, “пандурски”, српскиот народ не можеше да постигне рамноправност во Југославија, за чиешто создавање поднесе најголеми жртви. Реваншистичката политика кон Србите почна пред војната со тоа што се сметаше дека Комунистичката партија и не ѝ е потребна на “угнетувачката” нација. Во ЦК КПЈ Србите беа релативно малку застапени, а некои од нив, веројатно за да се одржат, се декларираа како припадници на други нации. Србија во текот на војната не беше во положба целосно рамноправно да учествува во донесувањето на одлуките кои ги прејудицираа идните меѓунационални односи и општественото уредување на Југославија. Антифашистичкото
собрание на Србија е основано во втората половина на 1944 година, подоцна отколку во другите републики, а Комунистичката партија на Србија дури по завршувањето на војната. За второто заседание на АВНОЈ делегатите се бирани од српските воени единици и од членовите на Врховниот штаб кои се затекнале на територијата на Босна и Херцеговина, за разлика од делегатите на некои други републики, кои на заседанието дојдоа од своите територии и кои зад себе имаа национални политички организации со изградени ставови и програми.
Овие историски факти укажуваат дека во текот на војната Србија не беше формално, а особено не суштински во рамноправна положба кога се донесени одлуките од далекусежно значење за идното државно уредување. Тоа не значи дека Србите доброволно не би се одлучиле за федерализам како најпогодно уредување на повеќенационална заедница, туку се има предвид дека тие без претходни подготовки и без поддршка од своите политички организации се најдоа во ситуација во воени услови да прифатат решенија кои отвораа широки можности за нивно разбивање. Положбата на Србите мораше да биде благовремено разгледана и регулирана од аспект на нивниот национален интегритет и непречен културен развој, а не тоа исклучително прашање да остане отворено за решенија кои што ги погодуваат виталните интереси на српскиот народ...
(Овде се изоставени две страници, кои го екстензивираат оригиналниот текст- ДМ).
Србија со мирна совест и со чувство дека значајно го исполнила својот долг на солидарност можела да постави барање да се ослободи од придонесот кон фондот. Вистинските жртви за развојот на трите неразвиени републики и САП Косово ги поднесе само таа, плаќајќи помош на другите со сопствено заостанување. Со трите развиени подрачја тоа не беше случај. Примената на стапката на придонесот пропорционално на општествениот производ не се држеше до основното правило обврските да се одмеруваат според економската сила на обврзаните. Пропорционалната стапка ги поштеди Словенија,
Хрватска и Војводина од прогресивниот придонес, што им овозможи не само нормално да се развиваат, туку и да ја подобрат својата релативна положба наспроти југословенскиот просек. За Србија, меѓутоа, таквите стапки претставуваа огромно оптоварување. Нејзиното стопанство издвојуваше околу половина од нето акумулацијата за неразвиените подрачја, поради што сосема се доближи до стопански неразвиените републики.
И покрај тоа што со својот придонес го помогна развојот на неразвиените подрачја и го олесни товарот на развиените, Србија за своето заостанување не најде разбирање ниту од едните ниту од другите. Заедничкиот интерес нив ги упати на коалиција заради одржување на постојната состојба во која ги задоволуваат своите интереси на сметка на Србија. Антисрпската коалиција во случајот со стапката на придонесот настапи поотворено и со помалку политички такт откога било порано. Со неприкриен притисок на Србија ѝ е наметнато да ја прифати стапката на придонес во целина. Овој притисок е важен и како знак дека веќе традиционалната дискриминација кон Србија не ослабнала, ако и не се зголемила.
Имајќи предвид што сe се случуваше во повоениот период, таквиот притисок не претставува ништо ново. Нов би можел да биде решителниот отпор на Србија кон тој притисок. За жал, тоа не се случи. Отпор имаше малку повеќе од порано, но сепак сосема недоволно. Српските раководители не ги искористија ни сите правни средства, како што е можноста за употреба на ветото, кое единствено им преостанува во ситуација кога ќе се најдат осамени со своите оправдани барања, а се чини не ни помислуваа на соодветен одговор кој подразбира и отворање политичка криза ако не се може поинаку. Политичарите на Србија се покажаа неподготвени за историската задача што им ја наметна исклучително тешката констелација на односи во југословенската заедница. Историскиот момент од нив бараше решително да стават до знаење дека дошол крајот на повоената практика на смена на политичарите кои го поставуваа прашањето за рамноправноста на Србија, на практиката на дискриминација на економистите, социолозите, филозофите и писателите од Србија кои благовремено укажуваа на
општествено малигните појави и предупредуваа на последиците од погрешните решенија, како и на практиката на отстранување на способните стопанственици со што се разоружуваше стопанството на Србија во зајакнатата конкуренција на пазарот.
7. Односот кон економското заостанување на Србија покажува дека реваншистичката политика кон неа не слабееше со текот на времето. Напротив, хранета со сопствениот успех сe повеќе јакнеше за конечно да се искаже и во геноцид. Политички е неодржлива дискриминацијата кон граѓаните на Србија на кои поради паритетната застапеност на републиките помалку отколку на другите им беа достапни местата на сојузни функционери и делегати во Сојузното собрание, а гласот на гласачите од Србија вредеше помалку од оној од која било друга република или покраина.
(Скратена- половина страница-ДМ)
8. Прогонот на српскиот народ од Косово е спектакуларно сведоштво на неговиот историски пораз. На српскиот народ во пролетта 1981 година му е објавена една навистина специјална, но отворена и тотална војна подготвувана во разни раздобја на административни, политички и државноправни промени. Водена со вешта примена на разни методи и тактики, со поделена улога, со активна, а не само пасивна и не многу прикриена поддршка на одделни политички центри во земјата – попогубна и од онаа која доаѓаше од соседството – таа војна, на која сe уште не ѝ се гледа право во очи и која не се нарекува со своето вистинско име, се одвива речиси пет години. Таа, значи, трае многу подолго од целата ослободителна војна во оваа земја, од 6 април 1941 до 9 мај 1945 година. Балистичкиот бунт на Косово и Метохија, пред самиот крај на војната, дигнат со содејство на нацистичките единици, во 1944-1945 година беше војнички разбиен, но се покажува дека не е политички победен. Неговиот сегашен вид, преправен во нова содржина, поуспешно се развива и се приближува кон победнички исход. Вистинска пресметка со неофашистичката агресија изостана; сите досега преземени мерки само го тргнаа од улиците искажувањето на таа агресија, а всушност јакнеа нејзините расистички побудени, неотповикливи цели, кои треба да се постигнат по секоја цена и
со сите средства. Дури и смислено драстичните казни за младите престапници беа изрекувани за да ја предизвикаат и да ја продлабочат меѓунационалната омраза.
Пет години долгата албанска војна на Косово ги увери нејзините предводници и следбеници дека се посилни одошто мислеле, дека уживаат поддршка по разни центри на моќ во самата земја, неспоредливо поголема отколку што ја имаат косовските Срби од Република Србија, или што ја има оваа република кај останатите републики во Југославија. Агресијата е толку охрабрена што и најофицијалните претставници на Покраината, како и нејзините научници се однесуваат не само арогантно, туку и цинично, прогласувајќи ги вистините за клевети, а уцените за свои законски права. Организираните политички сили на нашата земја, кои ја извршија револуцијата во речиси невозможни услови, под најмоќниот непријател во целиот овој век – наеднаш се покажуваат не само неефикасни, неслободни, туку речиси и незаинтересирани на отворената војна да ѝ се одговори единствено како што се мора: со решителна одбрана на својот народ и на својата територија. А кога ќе се порази агресијата, политичките пресметки веќе да не се вршат со апсења, со “диференцијации”, со лажни лојалности, туку со вистинска револуционерна борба, со отворени соочувања, со право за слободно изразување, па и со демонстрирање на спротивни мислења.
Физичкиот, политичкиот, правниот, културниот геноцид над српското население на Косово и Метохија е најтешкиот пораз во ослободителните војни што ги водела Србија од Орашец 1804, до востанието 1941 година. Одговорноста за тој пораз паѓа, пред сe, врз сe уште живото коминтерновско наследство во националната политика на Комунистичката партија на Југославија и следбеништвото на српските комунисти на таа политика, на прескапите идеолошки и политички заблуди, на незнаењето, недоследноста, или на веќе закоравените опортунизми на генерациите српски политичари по оваа војна, секогаш дефанзивни и секогаш со поголема грижа за тоа што мислат другите за нив и за нивните плашливи “поставувања” за положбата на Србија, отколку за објективните факти кои ја условуваат иднината на народот со кој раководат.
Рамноправните национални односи, за кои на Косово и Метохија најмногу војуваа токму српските борци – со една многу одредена политика, “развојно” спроведена, со испланирани постапки и со јасна цел – албанските националисти во политичкото раководство на Косово почнаа да ги преобразуваат во нивна спротивност.
Автономната област во погоден момент добива ранг на автономна покраина, потоа и статус на “конститутивен дел од федерацијата” со поголеми прерогативи од остатокот од Републиката на која само формално припаѓа. Натамошниот чекор за “ескалацијата” што се појави, како и албанизацијата на Косово и Метохија, подготвуван е, значи, најлегално. Исто така, и унификацијата на книжевниот јазик, на националното име, на знамето, на учебниците – според инструкциите од Тирана – беше сосема отворена, како, впрочем, и самата граница меѓу двете државни територии. Заговорите, кои обично тајно се коваат, на Косово се создаваа не само очигледно, туку и демонстративно. Затоа за многумина масовните безредија во 1981 година повеќе им изгледаа како истрчување, отколку како некаква нова појава, опасна и по целата земја, како што подоцна секоја вистина за прогонството на Србите од Косово се сметаше за “копање по цревата на Албанците”, а пишувањето на “белградскиот печат” за случувањата на самото место, се земаше речиси за поголем грев од сторените палежи, убиства, силувања, сквернавења – многу од нив до денес политички и кривично неидентификувани...
(Следуваат неколку страници со примери на насилства против Србите на Косово и за деструирање на српските споменици и традиции на Косово- ДМ).
Остатокот од српскиот народ не само што постојано и со несмалено темпо ја напушта својата земја, туку, според сите сознанија, прогонет со зулум и со физички, морален и психолошки терор, се подготвува за својот конечен егзодус. За помалку од следните десетина години, ако работите битно не се сменат, Срби на Косово веќе нема да има, а “етнички чисто” Косово, таа недвосмислено искажана цел на големоалбанските
расисти, втемелена уште во програмите и акциите на Призренската лига од 1878-1881 година, ќе биде остварена во целост.
Петицијата на 2016 Срби од Косово Поле, поднесена до Сојузното собрание и до други органи во земјата, е законска последица на оваа состојба. Со никаква форумска оцена не може на српскиот народ да му се оспори правото со законски средства да се штити од насилството и од уништувањето. Ако таа заштита не може да ја оствари во Покраината, народот може и мора да ја бара во Републиката и во Федерацијата. Израз на граѓанска совест за тоа право е и посетата на граѓаните од Покраината на Сојузното собрание. Само од еден автономашко-сепаратистички и шовинистички аспект овие чекори на граѓаните можат да се осудуваат како неприфатливи и да се сметаат за непријателски...
Во согласност со етничкиот профил на Балканскиот Полуостров, етничката измешаност на многу балкански терени, и барањето за етнички чисто Косово, кое се спроведува во дело, не само што е директна и тешка закана на народите кои таму се затекнале во малцинство, туку, ако се оствари, започнатиот бран на експанзија ќе претставува реална и секојдневна закана на сите народи во Југославија.
Косово не е единственото подрачје во кое српскиот народ е под притисок на дискриминацијата. Апсолутно, а не само релативно, опаѓањето на бројот на Србите во Хрватска е доволен доказ за ова тврдење. Според пописот од 1948 година, во Хрватска имало 543.795 Срби, или 14,48 отсто. Според пописот од 1981 година, нивниот број се намалил на 531.502, што од вкупниот број на жители во Хрватска изнесува 11,5 отсто. За 33 мирнодопски години бројот на Србите во Хрватска опаднал дури и во однос на она повоено време, кога е извршен првиот попис и кога последиците од војната по бројот на српските жители беа добро познати.
Лика, Кордун и Банија останаа најнеразвиените подрачја во Хрватска, што силно ја поттикна емиграцијата на Србите во Србија, како и селидбите во другите краеви на Хрватска, каде
што Србите, како доселеничка, малцинска и инфериорна група, се мошне подложни на асимилација. Впрочем, и инаку српскиот народ во Хрватска е изложен на рафинирана и делотворна асимилациска политика. Составен дел на таа политика е забраната на сите српски задруженија и културни установи во Хрватска, кои имаа богата традиција од времето Австро-Унгарија и во меѓувоена Југославија, потоа наметнување на службениот јазик кој носи име на друг народ (хрватскиот), олицетворувајќи со тоа национална нерамноправност. Тој јазик, со уставна одредба, всушност, е задолжителен и за Србите во Хрватска, а националистички настроените хрватски јазичари со систематска и одлично организирана акција сe повеќе го оддалечуваат од јазиците во дугите републики кое се српскохрватско јазично подрачје, што придонесува за слабеењето на врските на Србите во Хрватска со останатите Срби. Ваквиот ефект подготвено се плаќа со кинење на јазичниот континуитет кај самите Хрвати и со отстранување на меѓународни термини скапоцени за комуникација со другите култури; особено во науката и техниката. Но, српскиот народ во Хрватска не е само културно отсечен од матицата, туку матицата нема можност ни приближно да се информира за неговата судбина, за економската и културната положба, онолку колку што некои нации во Југославија имаат врска со своите сонародници во другите земји. Интегритетот на српскиот народ и на неговата култура во цела Југославија се поставува како судбинско прашање на неговиот опстанок и развој.
Во општата слика се вклопува и судбината на српските установи создадени во војната и непосредно по војната. Во народноослободителната борба и непосредно по нејзиното завршување, националниот живот на Србите во Хрватска интензивно се развиваше во нивни посебни политички, културни и образовни институции. Така со начелна одлука на Извршниот одбор на ЗАВНОХ од 10 ноември 1943 година најнапред е основан, а на 12 јануари 1944 година во слободниот Оточец и конституиран, Српскиот клуб на советници на ЗАВНОХ како национално и политичко водство на српскиот народ во Хрватска. По завршувањето на војната, а на иницијатива на Српскиот клуб, на 30 септемви 1945 година во
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/balkanskiot-megaetnikum/43 le 29 octobre 2026