The Balkan Mega-ethnos: National Doctrines of Macedonia's Neighbours
ИДЕОЛОГИЈАТА НА СРПСКИОТ НАЦИОНАЛИЗАМ - Part 03
За какво национално угнетување може да се зборува ако “Србите ги израмнувале штотуку ослободените Македонци со себе, ги правеле припадници на еден голем народ (релативно голем), им дале учество во својата култура, ги подигнале од понизок степен на повисок. Србија во Македонија нашла една национално аморфна маса, на која ѝ понудила, не секогаш на чинија, да се израмни со победниците и да влезе во нивниот состав. Се потрудила да им даде соодветна култура. Принудувањето на Македонците да станат Срби, делумно претставуваше и фалсификат, но во исто време и шанса од повисок ред, едно национално издигнување.” (стр. 151-152.)...
Во сето ова, воопшто не смеат да се изгубат од вид меѓународно-правните и надворешно-политичките аспекти. “Како што се бореше Србија за Македонија верувајќи дека се бори за свои, дека ‘дома ќе дојдат’, како што рекол крал Никола, исто така таа претпоставка ја признале и сите меѓународни фактори како факт и врз нејзина основа ја доделија Македонија на Србија. Да ја немаше верата во националната идентичност на Србите и Македонците, големите сили никогаш немаше да дозволат соединување на Македонија и на Србија. Посебно немало тоа да го стори ниеден меѓународен форум, кога би му се кажало дека во Македонија нема ниеден Србин. А да не зборувам како би реагирало јавното мислење на тогашна Европа кое би ја блокирало секоја одлука во корист на Србија. Зашто никогаш не треба да се заборави дека Македонија е призната во Србија, а не во Југославија и дека како интегрален и неделив дел од Србија влегла во составот на Југославија.” (стр. 153.)
Југословенскиот комунистички режим целосно го пренебрегнува фактот дека Југославија е правен следбеник на Кралството Србија. Доколку Кралството Србија стекнало нешто противправно, не можело него да го внесе во југословенската држава, па секоја таква евнтуалност може да се оспорува со целосна извесност на исходот според елементарните принципи на меѓународното јавно право. “Да знаеле дека некогаш
воопшто во прашање ќе биде Југославија и приклучувањето на Македонија кон неа, тогашните големи сили, најверојатно, најрешително ќе се спротивставеле, па и на Србија ќе и ја одречеле Македонија. Прво Русија, потоа Италија, а најмногу Австрија. Русија никогаш не би ја дала Македонија на една верски измешана држава, туку на Бугарија.
Италија не би сакала да се зголемува Југославија која и е соперник. А Австрија со право би ја видела во Југославија својата пропаст. Таа дури сакала со Македонија да го сврти правецот на српството кон Егејот и да го одврати од Јадранот. И Франција знаеше само за Србија. И така натаму. Никогаш ќе ја немаше и НР Македонија, или, барем, ќе ја немаше волку, освен преку Србија. Ова мора секому да му биде јасно. Македонија ѝ е призната на Србија врз основа на етничкиот принцип... Во најмала рака ѝ е призната bona fides да се бори за своите сонародници и под својот покрив да ги прифаќа своите сонародници. Одеднаш денешниот режим во Југославија тврди дека тие не се Срби, дека Србија го лажела и го мамела светот, дека сакала да освои и да завладее туѓо.” (стр. 153-154.)
Во дваесетте години српска (точно, југословенска, но не комунистичка) управа, Македонија, заостаната и зафрлена провинција во турското вледеење, доживеа голем стопански развој, доби железница, патишта и индустрија. Градовите се европеизираа, општествените односи се цивилизираа, сузбиено е одметништвото и разбојништвото. “Населението на Македонија напредуваше и покрај војните, најмалку, за еден процент годишно, и тоа без прекин. Словенското население, дури, напредуваше многу повеќе.
Тие зазедоа многу имоти на Турција и на другите мухаџири кои ја напуштија земјата затоа што во неа дошла каурска управа. Србите принесуваа данок во крв за Македонија, а полза од тоа имаа други, затоа што Србите ги сметаа за свои, за родени Срби.” (стр. 155-156)...
Врз основа на сe што се случи во меѓувреме, Костиќ смета дека ние, Србите, не можеме повеќе да ја негираме етничката посебност на Македонија и нивниот јазик доколку тие на тоа
инсистираат. “Ние не смееме да ги повторуваме грешките од минатото, да не ни се одмаздат повторно.” (стр. 157.) Македонците имаат право колективно да се идентификуваат како сакаат. “Ние, Србите, мораме да ја признаеме етничката посебност на Македонците во формата кој ним им годи, но во исто време мораме и сакаме да дозволиме секој во Македонија национално да се определи како што мисли самиот и како што чувствува најинтимно. Во тоа ќе биде разликата меѓу сегашната и идната состојба, разликата која и морално и политички треба да ни претставува чест. Зашто, денешното македонство, ова треба да се запамети, не е само слобода туку и тиранија. Ние ќе ја задржиме слободата, а ќе ја истребиме тиранијата, т.е. секој ќе може да каже и дека е дека не е ‘Македонец’ по народност. Тоа е вистинска слобода.” (стр. 157.)
Во оваа смисла Костиќ претпоставува дека словенското население во Македонија ќе се изјаснува како Македонци, Срби и Бугари, но не се впушта однапред во процена на процентите. “Големата грешка е што и порано не беа признати Бугарите во Македонија (за македонска народност тогаш не станувало збор, ниту можело да се претпостави дека националните Срби ќе ја создаваат; во тој поглед не е направена никаква грешка). Но, да беа признаени Бугарите, јас верувам дека таа народност немало да ја прифатат повеќе од една третина од жителите на Македонија и со време неа сосема ќе ја снемало. А оние кои слободно се декларирале како Срби, тоа ќе останеле и натаму.” (стр. 158.)
Освновните приниципи за кои се заложува Лазо Костиќ, овде се изразени во најјасна форма. “Ние не смееме повеќе никому да му забрануваме национално да се определува како што знае и умее, како што го учат срцето и умот. Но, мораме со сите сили да ги штитиме правата на оние лица кои се чувствуваат Срби така да се декларираат. Во тој поглед Македонците ќе наидат на бескомпромисниот став на Србите. Доколку Србите се само малцинство во Македонија, ние ќе мора да се задоволиме со нивната положба на малцинство. Македонците ќе мора да им го признаат правото на училишта, употребата на јазикот, слободното национално исповедување итн. Но, секое негирање или заташкување на Србите, а особено сузбивањето на нивната
националност, може да доведе до несакани последици. Македонците се трезвен народ кој тоа навреме ќе го согледа.” (стр. 158.)
Тие права на Србите под комунистичкиот режим им се брутално скратувани. “Токму поради поднесените жртви и неправдите кои му се наметнати, поради тоа што му се импортираат злостосртва кои тој не ги направил и, најпосле, поради својата природна мисија да го брани српството секаде каде што е загрозено и во опасност, српскиот народ нема никогаш да се согласи со решението кое важи денес. Тоа може да ја признае македонската националност и сите консеквенци од таа посебност (посебни училишта, посебен јазик итн.), но никогаш нема да се согласи да им се забрани на Србите во Македонија да се викаат Срби и да се чувствуваат српски. Тоа не може да го дозволи ниеден народ, нема да го дозволи и српскиот... Србите никогаш и во ниеден случај нема да се откажат од својот удел во Македонија и од своите права на неа. Тоа треба да му биде јасно на секого. Ако се случат три словенски националности во Македонија, не е невозможно да се изврши амалгамирање во тек на долг историски развој и една националност да надвладее. Но, до тоа време, секоја страна ќе ги фаворизира своите сонародници.” (стр. 158-159.)
Таквиот став подразбира дека Македонија има посебна државно-правна положба. Во случај на опстанок на Југославија мора да постои македонска федерална единица. Доколку пропадне Југославија, Македонија би требало да има посебен, автономен, статус во рамките на Србија, со широки надлежности и битна самостојност во однос на централната власт, со која би се гарантирале сите културни посебности и националниот идентитет, слободно формиран и негуван...
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/balkanskiot-megaetnikum/48 le 29 octobre 2026