Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

The Balkan Mega-ethnos: National Doctrines of Macedonia's Neighbours

С. СФЕТАС – К. КЕНТРОТИС СКОПЈЕ ВО ПОТРАГА ПО ИДЕНТИТЕТ И МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАВА - Part 02

Par Димитар Мирчев · Partie 40 sur 50 · Environ 8 minutes

Lire en English

2. Едностраните изјави на функционери од една призната државна самобитност имаат задолжителна важност во меѓународното право. (Писмото од Министерот за надворешни работи на Поранешната Југословенска Република Македонија од 20 декември 1991, како и поднесувањето дополнителни податоци со друго писмо од министерот за надворешни работи на Поранешната Југословенска Република Македонија од 11 јануари 1992 година.);

3. Воопшто не ја определи смислата на “непријателска пропаганда”;

4. Ја смета задоволителна тезата дека Поранешната Југословенска Република Македонија, бидејќи се откажа од територијалните претензии за сметка на своите соседни држави преку соодветните дополнувања-измени на Уставот од 1991, употребата на името Македонија не може да подразбира територијална претензија спрема друга држава;

5. Не ја зема воопшто предвид грчката резервираност и спротиставување, ниту мислењата на разните групи малцинства од внатрешноста на Поранешната Југословенска Република Македонија.

По одлуката на државите-членки на Европската унија во Лисабон на 27 јуни 1992, со познатата негативна содржина на ставовите на Бившата Југословенска Република Македонија, нејзината експанзионистичка политика беше зајакната со

присвојувањето на амблемот на древните Грци-Македонци, сонцето од Вергина со шеснаесет краци, како официјално знаме на Републиката. Парламентот на Скопје во август 1992, и официјално го потврди овој амблем како знаме за новосоздадената Република. Во оваа книга воопшто не се зборува за тоа. Овој факт и настаните потоа покажуваат до некаде дека тој потег би можел да се протолкува како тактичен маневар од страна на државното раководство на Поранешната Република Македонија. Во некои преговори во иднина Скопје би можело да го симне тој симбол, факт кој би се толкувал од меѓународната заедница како огромно отстапување спрема грчките барања, но всушност би “се вратило” нешто кое во самата Република Скопје до ден-денес не се ни сметаше идентично со нејзиниот историски развој. (Види во врска со ова статии: А. Шолјаковски, “Државен симбол како меѓународен проблем.” И за знамето: Нова Македонија, 1,2,3/5.1993 г. Д. Малески, “Компромис за да ја постигнеме целта”, Нова Македонија, 19.1.1994 г.).

Ако се направи еден општ преглед на развојот на македонското прашање од 1950 година се до нашите денови ќе се формира следнава слика: Од почетокот на педесетите години “македонската” политика на Тито беше концентрирана врз две точки. Прво, кон одгледување и зацврстување на “македонскиот” идентитет на населението од југословенскиот дел на Македонија со цел да се неутрализира антагонистичкото влијание на Бугарија. Второ, кон стремежот за заштита на претпоставените “македонски” малцинства во соседните земји. Дури овие претензии кон тие малцинства беше основниот параметар на Титовиот период на управување со земјата во целиот развој на Федеративна Југославија.

Посебниот интереси на Белград и на скопската влада за “македонските” малцинства во соседните земји имаше за последица да се создадат повеќе спорни точки и затегнатост помеѓу Југославија и Бугарија, споредбено со нивото на односите што ги одржуваше Југославија со Грција. Дури тоновите меѓу Белград и Атина беа снижени доволно по потпишувањето, со учество и на Турција, на трилатералниот

Балкански договор (1953-54) за да се засили антисоветската политика на Југославија од страна на Запад.

Спротивно на централната влада во Белград, месните лидери на “Народна” а потоа “Социјалистичка Република Македонија” продолжија со острите тонови спрема Грција. Македонскиот дел на Грција беше станал неизбежно главен субјект на нивните експанзионистички аспирации. Нивниот стремеж се состоеше во тоа да ги истакнуваат прекумерно сите оние показателни податоци што карактеризираат една сплотена национална идеологија, како што историските корени, јазикот и црквата. Истовремено, требаше да го зајакнат соодветно и арсеналот на националната “македонска” идеологија со неопходно потребната “Голема идеја”.

Таа беше барана од историчарите на месната државичка главно во историската традиција и во културниот идентитет на соседните балкански народи, со цел да се зајакне “македонската” етногенеза во внатрешноста на земјата. Тоа се направи и преку присвојување и узурпирање на секој туѓ податок, и обратно, преку оспорување на потеклото на тие податоци. Историскиот мит, т.е. обединувањето на сите делови на Македонија, беше неопходно потребен и за зајакнување на “македонизмот” надвор и особено во земјите на Новиот свет, каде што присуството на луѓе по потекло од целиот географски простор на Македонија е посебно изразено.

Славофоните иселеници од Македонија станаа не само примачи на “Македонската голема идеја”, туку, пред сe нејзина основна потпора за да стане позната низ целиот свет. Благода-рение, главно, на тие славофонски заедници во странство, меѓународната заедница во текот на целиот период на повоената поларизација, одблизу се запозна со иредентистичките привиденија на Скопје.

Од крајот на шеесетите години во тие заедници започнаа да се забележуваат и силни националистички тенденции, кои повеќе пати многу се разликуваа од официјалната идеологија на метрополата Скопје. (Индикативно е дека симболот на сонцето од Вергина со шеснаесетте краци, беше станало веќе предмет на

експолоатација од страна на националистичките кругови на “Македонците” во Австралија. Види за ова: MACEDONIA. WEEKLY HERALD (KILMORE/VICTORIA), 15.9.1983.).

Следејќи го генерално начинот на воспитување на повоените генерации, и во Поранешната Југословенска Република Македонија, и во странство, лесно може да се констатира постоењето на две оски околу кои се врти догмата на “македонската” национална идеологија. Првата оска го содржи присвојувањето на културното наследство од целиот географски простор на Македонија и на Старите Македонци. Преку постојаното оспорување на грчкоста на Старите Македонци (Види: Училишни помагала од Скопје во врска со стариот период. Б. Драшковиќ - И. Малек. Историја за 5-то одделение, Скопје 1987, стр.71,74. С.Младеновски, Историја за 1 клас, Скопје, 1992, стр. 129-134,148,158) и на нивниот јазик и со приложување карти кои јасно ја разделуваат Македонија од грчкото тело во текот на историјата, се култивира, на посреден начин, идентификација на жителите на Поранешната Југословенска Република Македонија со Старите Македонци, со географската територија со која тие владееја, а исто така и со нивните постигнувања. Врз основа на втората оска на “македонската” национална идеологија, повоените генерации во Република Скопје се воспитуваат со чувството дека Македонија е делумно ослободена, односно во формата на бивша “С.Р.Македонија” и сега “Република Македонија”.

Останатите делови на Македонија кои им припаѓаат на Грција, на Бугарија и на Албанија остануваат поробени и ќе треба да бидат ослободени во иднина. (Драшковиќ-Малек, како погоре, стр.55, 67, 73, 77, 86, 94, 109, 112, 114. Младеновски, како погоре, стр.212).

Во целиот овој повоен период, всушност, не престана воопшто пропагандната активност од страна на официјалните и неофицијалните кругови на Република Скопје и во внатрешноста и во странство. Оваа иредентистичка политика се спроведува или директно, со официјални изјави на политичкси лидери, или индиректно, со распространување карти со обединета Македонија, но и со летоци, календари и воопшто со

публикации со агресивен дух спрема Грција, со кои се оспоруваат грчкото културно наследство и грчките симболи.

Во текот на целиот овој временски период, Поранешната Југословенска Република Македонија настапува со полна злоупотреба на македонското име. Користејќи ја секоја шанса, таа од географска дефиниција го претвори во национален термин на една држава, чија главна карактеристика е унишувачкото присуство на националните, јазичните и верските малцинства, кои не се идентификуваат наполно со словенската култура и со “македонската” иредентистичка идеологија. Согласно последниот попис на населението, (Детални податоци за пописот од 1991 г. во Скопје, види: Становништво, 3-4/1990, 1-2/1991, Београд, стр.300-301 STATISTICAL OFFICE OF MACEDONIA: BASIC STATISTISTICAL DATA FOR THE POPULATON< SKOPЈE< DECEMBER 1991, o. 14-16) кој се спроведе во Република Скопје на 31 март 1991 , прва националност по големина е онаа на Албанците, кој достигна до 21,1% од вкупниот број жители (427.313 луѓе, од вкупно 2.033.964). Политичките и духовните лидери на Албанците, пак, енергично ги негираат овие официјални податоци и зборуваат за процент, кој се движи од 35% до 40% (околу 800.000) (M. ANDRELEVITCH, “RESURGENT NATIONALISM IN MACEDONIA”, REPORT ON EASTER EUROPE, VOL.2, No. 20, 17.5.1991, o.27). Од друга страна голем број Албанци не учествуваа во пописот од 1991, затоа што не се согласуваа со начинот на неговото спроведување.

Во официјалните податоци од пописот од 1991 (Во пописот од 1991, не се наведува конкретно постоењето на други малцински групи, како Грци, Бугари и други) се наведува постоењето и на други малцински групи, како Турци со 4,7% (97.416), Роми (Цигани) со 2,73% (55.577) и Срби (Иако Србите се четврта по големина малцинска група врз основа на официјалните податоци на пописот од 1991, тие не се споменуваат во преамбулата на Уставот од 1991, меѓу националностите кои уживаат исти права со “Македонците”) со 2,17% (44.159).

Резимирајќи го сето ова што е изнесено погоре, може да се извлечат следните констатации:

1. Само денешниот грчки дел од Македонија може да се смета како репрезентативен на древна историска Македонија;

2. Никаква “македонско-словенска етногенеза” не е извршена ниту во средновековието како последица на мешање на Старите Македонци со Словените и основањето “македонско-словенска држава”, ниту во 19-от и 20-от век, како последица на стремежите за диференцијација на славофоните од Македонија од Бугарите, Грците и од Србите;

3. Таканаречената “македонска нација” е творба на Комунистичката интернационала и на Титова Југославија. Преку оваа вештачка националност, Југославија ги отфрли бугарските претензии врз југословенскиот дел од Македонија и го пропагираше својот експанзионизам врз целокупна Македонија;

4. Иако во поговорот на книгата се истакнува потребата Грција да стане инкарнатор на новата европска политика на Балканот и односите меѓу Атина и Скопје да не бидат под влијание на историските стереотипи од минатото, сепак, целта на книгата е да се убеди меѓународното јавно мнение за неговите историски права, врз основа на “славното минато” на “македонскиот” народ, неговиот посебен национален идентитет и неговото право за посебна државна самобитност. Врз основа на оваа “историска психоза” на Скопје, не би било неосновано гледиштето дека дури и во случај на изнаоѓање политичко регулирање на спорот меѓу Атина и Скопје, за кое во последните години се прават обиди во рамките на Европската Унија и на ООН, тешко е да се постигне согласност меѓу историчарите од балканските земји за историските аспекти на македонското прашање.