The Balkan Mega-ethnos: National Doctrines of Macedonia's Neighbours
БУГАРСКАТА ПОЛИТИКА СПРЕМА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
БУГАРСКАТА ПОЛИТИКА СПРЕМА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Препораки за развој на добрососедски односи по приемот на Бугарија во ЕУ и во контекст на проширување на ЕУ и НАТО во Западниот Балкан
Љубомир Иванов и др.
Фондација “Манфред Вернер”, Софија, јануари 2007/јануари 2008
Оваа кратка брошура е објавена на бугарски, на македонски и на англиски јазик во јануари 2008 година, во Софија. Авторот Љубомир Иванов е виш стручен соработник на Институтот за математика и информатика на Бугарската академија на науките (БАН) и едновремено Претседател на Фондацијата “Манфред Вернер” и на Атлантскиот клуб на Бугарија. Соработници има уште 25 главно поврзани со различни институти на БАН, потоа дипломати, експерти од министерства, од Народното собрание итн. Упатена е до надлежните бугарски институции. Освен текстот, брошурата ја содржи и Заедничката декларација на премиерите на РБ и РМ, И. Костов и Љ. Георгиевски од 1999 г., како и неколку страници различни сведоштва и цитати.
1. ОСНОВНИ ЕЛЕМЕНТИ
...тешко е да му се објасни на светот зошто речиси со сите (земји околу нас) имаме проблеми, а тие немаат толку меѓусебно. (Утрински весник – Скопје, 31.12. 2007 )
Како балканска земја членка на Европската Унија и НАТО, со непосредни граници со Западниот Балкан, Бугарија ја има посебната надлежност да гарантира (заедно со Грција) земјите кандидатки од регионот да ги постигнат современите европски стандарди за добрососедски односи, како и да се стави здрава и трајна основа на билатералните односи меѓу Бугарија и Република Македонија што е од интерес не само за граѓаните на Бугарија, туку и во не помал степен за граѓаните на Република
Македонија, а оттука и за балканскиот регион како модерен и просперитетен дел од обединета Европа.
Во последно време Бугарија презеде два извонредно важни зафата во таа насока, кои го обележаа крајот на една и почетокот на нова етапа во нејзините односи со Република Македонија.
Првиот чекор беа недвосмислените предупредувања кон Скопје од страна на претседателот Георги Прванов и министерот за надворешни работи Ивајло Калфин во 2006 година, дека дадениот кредит од безусловна бугарска поддршка за членство на Република Македонија во Европската Унија и НАТО веќе е исцрпен и понатаму бугарската подршка ќе биде резултат од желбата и успехот на Република Македонија да почне да применува нормална политика на добрососедство.
Вториот значаен чекор беше направен за време на посетата на претседателот Џорџ Буш на Софија во 2007 година, кога и претседателот Прванов и премиерот Станишев му обрнаа внимание на државниот главатар на САД на недобрососедската политика на Република Македонија.
По овие јасни политички пораки нагласени на највисоко ниво, потребно е да бидат конкретизирани и уточнети основните елементи на бугарската политика во однос на целиот спектар од специфични проблеми поврзани со развојот на билатералните односи меѓу Бугарија и Република Македонија во новите услови.
Овој реферат формулира некои можни почетни точки за една таква политика со предлог истите да бидат предмет на експертска анализа со доследни политички решенија и забрзана примена, а во некоја форма и предмет на отворена јавна дебата.
Основните бугарски акценти и визии во однос на повеќе прашања, поврзани со политиката на Бугарија кон Република Македонија, како и со релевантни аспекти на бугарските односи со трети земји, посебно со Грција, со Албанија, со Косово и со Србија, се формирани во разни историски моменти и соодветно
се производ на разни историски реалности заради што се и внатрешно противрешливи, а отука и го спречуваат секој можен обид за доследна и проактивна политика.
Овие акценти и визии на никој начин не ги одразуваат најновите реалности по 1 јануари 2007 година кога, покрај членството во НАТО, Бугарија е дел и од Европската Унија, додека Република Македонија уште не е. Во оваа пригода, сегашната анализа и препораките кои произлегуваат од неа, се базираат на ново разгледување и повторна оценка, барајќи во одредени аспекти и нови приоди.
Треба да констатираме дека македонската кауза се радува (наидува- ДМ) на повеќе внимание меѓу заинтересираните кругови и широката публика во Европа, Соединетите Држави и во Канада, а тоа има своето историско објаснување. Република Македонија во последните, скоро, дваесет години надградува аргументи и пиар-напори врз политиката применувана повеќе од четириесет години, за кое време бугарската држава молчеше и дефинитивно не правеше приврзаници на бугарската позиција надвор од нејзините граници. Друг фактор што го зголемува прифаќањето на аргументите на македонистичката кауза е сочувството, кое се шири во јавноста на овие земји кон малата постјугословенска република, третирана како дете, но и како жртва на победниците во Студената војна.
Но, доколку сега, во пред-присоединувачкиот период за Република Македонија, нејзините билатерални односи со Бугарија не се изградат врз коректна и здрава добрососедска основа, потоа Софија ќе располага со многу малку инструменти со кои ќе ја брани својата кауза додека можностите на Скопје ќе се зголемат. Дури и најсилните аргументи на Бугарија тогаш ќе бидат интелектуално и морално ранливи. Ако поранешното молчење и пасивност имале некакво објаснување, сега, кога условот за добрососедска политика од страна на секој кандидат за членство во НАТО и во Европската Унија е првостепенен критериум за пристап, секое наше молчење ќе се толкува и од нашите партнери во Алијансата и Европската Унија, а и во самата Република Македонија како да легитимира политики и
практики, кои ниедна земја која се почитува сама себе, не би ги примила како добрососедски.
Овој реферат ги разгледува, пред сe, специфичните проблематични моменти во односите помеќу Бугарија и Република Македонија, одбележувајќи макар и не толку потенцирано и други релевантни мерки, како што се заедничките инфраструктурни и други проекти (вклучувајчи ги тие од Европска Унија и од НАТО), бугарските инвестиции во економијата на Република Македонија, олеснувањата за добивање бугарско државјанство за лица од балканските земји со бугарско потекло и стимулирањето на нивниот пристап до бугарските високи училишта и сл., мерки кои несомнено ќе бидат погодни за решавање, но сами по себе не можат да ги решат проблемните моменти, за кои станува збор.
Овој реферат целосно е насочен кон бугарската политика спрема Република Македонија. Посебните активности и политики во однос на трети земји, кон ЕУ и кон НАТО се предлагаат само и доколку тие се суштински неопходни за постигнување на целите поврзани со Република Македонија.
1.1 Република Македонија
Македонската нација и држава се формирани во процесот на реализација и еволуција на српска политичка конструкција, објавена за првпат во 1889 година, поддржана со едно решение на Комунистичката интернационала во Москва, во 1934, и остварена помеѓу 1944 и 1991 година во делот на историско-географскиот регион Македонија (околу 36% од нејзината вкупна територија), познат како Вардарска Македонија, вклучен во територијата на Југославија и управуван од Комунистичката партија на Југославија. Оваа идеја прокламира дека бугарското население на Македонија, кое живеело во тие земји од VII век, нема ништо заедничко со бугарската држава и со бугарската нација, тврдење што противречи на историската вистина потврдена доминантно во светската наука.
Македонистичката доктрина беше наметната во Вардарска Македонија со специфичките методи и средства на една
тоталитарна комунистичка држава: терор и репресии врз луѓето кои се сметале Бугари (30.000 стрелани и 120.000 испраќани во логори и затвори); препишување на историјата преку образованието и медиумите; фалсификување автентични документарни свидетелства и артефакти, и преправање на историските споменици (натписи врз цркви, манастири и гробови и сл.).
Слични активности во една или во друга форма постојат и денес во современата македонска државност. Причина за тоа е изборот за понатамошниот развој на новоформираната македонска нација кој беше направен во услови на новата независна држава Република Македонија во почетокот на 90-те години на минатиот век. Едната можност (и денес актуелна) беше да се препознаат објективните параметри на овој развој, такви какви што се: самостојна државност во рамките и границите на Република Македонија (заедничка држава на етнички Македонци и Албанци); промени во етничката самосвест на голем дел од населението на Вардарска Македонија по 1944 година; многувековен историски развој на населението во денешните земји на Република Македонија како составен дел од бугарската народност; сочуваната бугарска етничка припадност на одреден дел од граѓаните на Република Македонија. Другата можност, за жал преферирана од политичката елита на новата држава, беше српско-југословенскиот проект, применуван без измени, секогаш врз антибугарска основа, веќе во поразлична средина и делумно со нови протагонисти и носители.
Со други зборови, во услови на независност, утврдувањето посебна македонска нација продолжи не врз база на признавање и прифаќање на стварното историско минато на населението на Вардарска Македонија, туку врз претходната база на фалсификување на тоа минато и проектирање процеси, поврзани со одредена територија и одреден период (Вардарска Македонија во рамките на Југославија, 1944-1991 година) во други територии и други времиња. Доколку историјата на населението на Република Македонија има нешто заедничко со соседните земји, овој проект на препишувањето на историјата (назад до преродбата, средните векови, па дури до антиката) со
цел да се приспособи историската национална идентичност на населението на Република Македонија на денешната, директно ја погодува и, всушност, се обидува во некој степен да ја предефинира историската, а оттаму и современата национална идентичност на соседните народи и најмногу бугарската -нешто што нормално тие народи го сметаат за категорично неприфатливо.
Нова, важна околност во продолжение на стариот проект е дека неговите носители и промотори денес се не само политички и други средини кои се идејно-политички и биографски поврзани со бившата ју-номенклатура, туку се и нивните идејни опоненти, вклучувајќи ги и тие, кои биле репресирани како Бугари или бугарофили во минатото.
Самото име “Република Македонија”, подоцна, поради недоброседската политика на Скопје, создаде проблеми во употреба на името “Македонија” за другите позначајни делови на географскиот регион со исто име - Бугарска (Пиринска) и Грчка (Егејска) Македонија.
Во таа смисла, дадениот почетен кредит на доверба со безусловно признавање на новата независна држава во 1992 година од Бугарија беше инвестиција во корист на добрите односи меѓу двете земји, која, за жал, не наиде на реципроцитет. Во перспективата на изминатото време тогашното признавање без обврзување на новата држава со јасни стандарди за добрососедска политика, како да го поттикна продолжувањето на старата југомакедонска политика, наместо да ги стави билатералните односи на нова основа.
Овие односи денес во значаен степен се неискрени (скопски претставници зборуваат едно за време на посетите во Софија, а друго дома или пред трети страни), а имајќи го предвид значителното разминување меѓу јавното мислење во Бугарија и во Република Македонија, постои потенцијал за идно влошување, за кое не би требало да има место меѓу две европски земји, уште помалку помеѓу две (во перспектива) членки на ЕУ.
Затоа, со оглед на евентуалната покана за членство во НАТО во претстојниот преговарачки процес за присоединување на Република Македонија кон Европската Унија, Бугарија не може да не го побара следново − директно, и/или со користење на можностите, предлагани од технологијата на процесот на присо-единување, како и од бугарскиот статус на полноправен член:
1.1.1. Стриктно применување од страна на Република Македонија на заедничката Декларација од 22 февруари 1999 година, која ги истакнува фундаменталните принципи на добрососедските односи меѓу двете земји, со регистрирање и отворено посочување на сите констатирани прекршоци на Декларацијата. Строгиот мониторинг за нејзиното применување треба да стане составен дел од оценките на Бугарија и ЕУ за напредокот на Република Македонија во постигнувањето на задолжителните услови и стандарди (вклучително условот за водење политика на добрососедство) за членство во ЕУ и слично за НАТО.
Истакнувањето на проблемите поврзани со примената на Декларацијата од 1999 година во ЕУ, е поврзано со фактот дека нејзиното неисполнување предизвикува сериозни проблеми во билатералните односи, кои е недопустливо да постојат по членството на Република Македонија во ЕУ.
Во самото решение, кое препорачува почнување на преговорачкиот процес за присоединување на Република Македонија кон ЕУ треба, на барање на Бугарија, да биде ставено задолжението на Скопје стриктно да ја исполнува Декларацијата од 1999 година.
Во процесот на преговорите Бугарија да ја запознае Европската Комисија со својата оценка за исполнувањето на Декларацијата, а доказите за нејзиното неисполнување во целина да бидат содржани во годишните извештаи на Европската Комисија за напредокот на Република Македонија во областа на исполнувањето на критериумите за членство, за да не се отвораат и/или затвораат преговарачки глави без да бидат исполнети соодветните услови.
Оценките треба да се однесуваат единствено на реалните активности на Република Македонија, а не на објавени добри намери (вината за неисполнување на такви намери им се припишува на “старите сили”, “српското влијание” итн. Се разбира, би било наивно да се мисли дека дури декларативните добри намери се нешто друго освен коњунктурен однос, сметан за потребен единствено до присоединувањето кон ЕУ и НАТО).
1.1.2. Престанок на малтретирањето на граѓаните на Република Македонија, кои се самоидентификуваат како Бугари. Ова малтретирање вклучува: часови сослушувања во полицијата на граѓани на Република Македонија без да се сторители на какви било прекршоци, освен дека некаде се објавиле за Бугари; отпуштање од работа; притисок врз јавни организации на Бугари и сл.
1.1.3. Рамноправност на Бугарите во Република Македонија (сите, кои јасно се самоидентификуваат како такви) со останатите етноси во склад со локалното национално законодавство, кое предвидува нивно набројување во преамбулата на Уставот на земјата; покрај наброените Албанци, Турци, Власи и Роми, и потоа додадените Срби и Бошњаци треба да најдат место и Бугарите, независно од нивниот број, официјално деклариран во Република Македонија.
Во таа смисла, битно е да се разгледа тезата дека денешните етнички Македонци (не-Бугари) и етничките Бугари во Република Македонија се “исти”, дека меѓу нив нема разлика; и нејзината сосема спротивна смисла: едни да подразбираат дека сите се Македонци (не-Бугари), додека другите да имаат предвид дека сите се Бугари (или според некои, најмалку во процес на “ребугаризација”).
И двете толкувања на оваа теза се неприфатливи доколку грубо се нарушува основниот принцип на етничкото самоопределување: секој сам се определува што е, што значи други да не определуваат наместо него, но и тој да не определува за друг. Бугарија мора строго да го исполнува овој принцип и на никој начин да не предизвикува толкувања што го
нарушуваат. Штом има Македонци кои се самоопределуваат како не-Бугари (се разбира дека тука станува збор само за потомци на македонски Бугари, не за Албанци, Власи, Турци и за другите етнички групи во Вардарска Македонија), не може друг да тврди дека Македонците и Бугарите се исто. Штом има Македонци кои се самоопределуваат како Бугари, не може друг да тврди дека Македонци е рамно на не-Бугари.
(Такви ставови е нормално да постојат во рамките на етничката самоидентификација на одделни лица, во рамките на слободата на граѓаните и невладините средини, но немаат место во државната позиција).
И двете толкувања не одговараат на современите реалности штом мнозинството од потомците на македонските Бугари во Република Македонија денес се самоидентификуваат како етнички Македонци (не-Бугари), како резултат од настанати промени во последниве шеесет години, од една страна, а од друга, факт е дека дел од населението ја чува својата бугарска етничка припадност. Јасно е дека првите и вторите нема начин да бидат едно исто, затоа што се разликуваат по својата етничка самоидентификација. Со други зборови, оваа теза е фактички невистинска. А доколку соодност меѓу двете заедници е видливо во корист на првата, одрекувањето на постојната разлика означува присоединување кон каузата на антибугарскиот македонизам и влијае, пред сe, на штета на Бугарите.
Затоа, задолжително е, и совршено нормално, согласно современите европски стандарди, етничките Бугари во Република Македонија да не бидат ставени во нерамноправна положба во споредба со другите етноси.
Таквата грижа од страна на Бугарија кон Бугарите, државјани на Република Македонија, е во склад со Декларацијата од 1999 година. Вреди да се одбележи дека во овој важен аспект Декларацијата суштински е асиметрична и ги исклучува активностите на Скопје во заштита на статусот на лица во Бугарија кои не се државјани на Република Македонија.
Што се однесува до евентуалниот број на бугарското малцинство во Република Македонија и стравот дека неговото официјално признавање би го покажало неговиот мал број, бугарската политика треба да се базира на реалностите такви какви што се. Нашиот досегашен однос на одбегнување на прашањето за признавањето на бугарското малцинство дозволува две можни толкувања.
Едното е дека наспроти зголемениот број лица, кои добиле бугарско државјанство, таму практично нема такво малцинство, а станува збор за некакви “криптобугари” чиј број ќе се намалува со смената на генерациите. Другата се базира на претставата дека Бугари во Република Македонија има, дека тие се повеќе од малцинство; дека таму се одвива, наводно, сеопфатен процес на “ребугаризација” кој во непосредна иднина ќе ги врати вардарците на патот на историскиот континуитет, карактеристичен за соседна Пиринска Македонија. Очигледно, овие две оценки имаат различни насоки, се базираат на прифаќањето одделни случаи како општи, а не врз објективни репрезентативни податоци за процесите, и во секој случај со нивното визирање на некакви претпоставени идни реалности не се придонесува за реализмот на актуелната политика.
Неоправдан е стравот дека признавањето на бугарското малцинство би го “капсулирало” одделно од помногубројната категорија жители (можеби двесте илјади според некои условни експертски проценки) на Република Македонија кои имаат дуалистичка етничка самосвест на Македонци и Бугари истовремено.
Истакнатите Бугари во Република Македонија повеќе пати изјавувале дека чувствуваат потреба од покатегорична и активна поддршка од страна на Бугарија. Несомнено важен елемент од таква поддршка би била грижата за бугарското малцинство, чие признавање, позабележливо присуство и активност, и во крајна мера самоувереност, би го зајакнало, а не ослабело и бугарското кај оние, кои се самоопределуваат истовремено како Бугари и како Македонци. (За споредба, вреди да се одбележи дека тие што се самоидентификуваат како
етнички Македонци, не-Бугари, во Бугарија, не се плашат од никакво “капсулирање” во своето одграничување од Бугарите, и нивната кауза е добро претставена и популаризирана пред меѓународната заедница.)
1.1.4. Коригирање на учебниците по историја кои целосно ја фалсификуваат историјата и содржат навредливи квалификации за бугарската држава и нација, кои граничат со отворен расизам.
На бугарско барање, во учебниците, официјално одобрени од надлежните органи на Република Македонија изрично да биде истакната бугарската народносна припадност (утврдена од светската историска наука) на истакнати фигури од нашата општа историја како Св. Климент Охридски, Цар Самуил, браќата Миладиновци, Гоце Делчев.
Образовниот систем (од основното училиште до универзитетот) е основен инструмент за создавање силни и масовни антибугарски ставови меѓу населението на Република Македонија (убедувањето дека Бугарија е окупатор, асимилатор, разделител на македонскиот етнос), ставови на кои политиката на Република Македонија останува постојан заложник независно од политичките промени и смени на власта.
Битно е да се подвлече дека отстранувањето на фалсификатите од учебниците и престанувањето на антибугарската медиумска пропаганда не би ја лишило Република Македонија од темелите за нејзиното постоење. Државата мора да продолжи да постои врз основа на денешните реалности без да ги проектира ретроспективно за изградување на некое неостварено минато, да постои признавајќи ги бугарските историски реалности. Точно така како што Бугарија може да ги признава денешните реалности без да го пренесува минатото во сегашноста.
1.1.5. Возобновување на уништените или фалсификувани натписи во цркви, манастири, икони, фрески, чешми, мостови и сл., во склад со постоечките меѓународни стандарди во таа област.
1.1.6. Помош за возобновувањето, односно отстранувањето на пречките за возобновување на 471 бугарски воени гробишта -едно особено болно прашање за Бугарија.
1.2. Албанија и Косово
1.3. Грција
(Овде следуваат две и половина страници текст, кој се однесува на наводното постоење на бугарско малцинство во Албанија, на Косово и донекаде во Грција, при што се апелира (без оглед на нивниот број) на признавање, позиционирање според стандардите на ЕУ и активирање на бугарската политика преку образование, помош, стипендии итн; интересно е што се смета дека благодарение на нивното историско памтење Грците - исто како и Албанците - биле свесни за бугарскиот етнички карактер на Вардарска Македонија во минатото и за неговата еволуција во последните децении.)
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/balkanskiot-megaetnikum/27 le 29 octobre 2026