The Balkan Mega-ethnos: National Doctrines of Macedonia's Neighbours
3. ГРЧКИОТ КАРАКТЕР НА СЛАВОФОНИТЕ
3. ГРЧКИОТ КАРАКТЕР НА СЛАВОФОНИТЕ
Во текот на периодот кој е обелажан со силно грчко-бугарско ривалство, се направени разни статистики по однос на етничкиот состав на населението во Македонија. Податоците имаат значајни отстапувања, со оглед на тоа што статистичките
информации се базираат врз разни критериуми и се ставени во служба на државните аспирации на нивните автори.
Македонија во Отоманската империја административно беше поделена на два вилаета, Солунскиот и Битолскиот. Генералниот инспектор на вилаетите се наоѓаше во Солун. Во текот на годините пред Балканските војни, тоа место го држеше Хилми Паша. Резултатите од пописот извршен под Хилми Паша до 1904 година сечинат доста блиски до реалноста. Во нив се појавуваат следните бројки:
Грци Бугари
Солунски вилает Битолски вилает ВКУПНО:
373.227 261.283 634.510
207.317 178.412 385.729
Во разговор со францускиот писател Пајарис, Хилми Паша во врска со славофоните изјавил: “Моето лично мислење, како и мислењето на мојата Влада, е дека тие лица се Грци. Нашите државјани ги класираме во функција на црквата и училиштето во кои одат. Тие самите велат дека се Грци доколку врз нив не се врши силен притисок” (8). Во 1871 година, рускиот историчар Голубински исто така пишува:
“Овие, таканаречени Грци, чувствуваат многу поголема омраза кон сe што може да се смета за бугарско или словенско и многу подлабок презир одошто оној на вистинските Грци”. (9) Еден меморандум упатен до француската влада во 1903 година од страна на жителите на Битолскиот регион, во тој поглед е уште поелоквентен од кој било друг извор: “Ние зборуваме грчки, бугарски и албански; но заради тоа не сме помалку Грци и никој не би можел да го оспори тој факт”. (10)
Разгледувањето на образовниот систем на Грците во Македонија дава дополнителен доказ за грчкиот карактер на славофоните и на жителите во тој регион воопшто. Во Битолскиот регион, само во градот Битола постоеле 284 грчки училишта од кои едно средно, едно општо образовно, еден
женски лицеј, еден лицеј за момчиња, еден семинар, една академија и 14 основни училишта. Во Крушево постоело средно училиште со три класа, лицеј за девојки, друг за момчиња, четири основни училишта и едно породилиште. Основни училишта, лицеи за девојки, установи за средно образование и породилишта постоеле и во Магарево, Трново, Милошишта, Нижеполе, Гопеши, Белиште, Брусник, Лавци, Духово, Струмица, Гевгелија и Мелник.
Во некои случаи, Грците можеле да го изгубат својот јазик во контактот со негрчкото население со кое биле принудени да живеат, но тие никогаш не ја изгубиле својата национална свест. Всушност, дури да се ширело на словенски или влашки јазик, грчкото образование би успеало да ја сочува таа свест.
Регионот приклучен кон Грција по балканските војни го опфаќаше најголемиот дел од Солунскиот и од Битолскиот вилает.
Во тек од 10 до 15 години (1913-1925), големите движења на населението до кои дојде во грчка Македонија видливо го променија етничкиот состав на регионот. За време на војните од 1912 до 1919, десетици илјади Бугари го напуштија регионот се до конечното заминување на 53 илјади Бугари, врз основа на спогодбата за доброволна размена на населението меѓу Грција и Бугарија. Единствено славофоните во Западна Македонија, кои во голема мера имаа грчка свест, избраа да останат во Грција.
Во статистичките податоци на Друштвото на народите се дадени следните бројки за грчка Македонија во 1926 (по размената на населението меѓу Грција и Турција):
Грци Муслимани Бугари Други (посебно Евреи) В К У П Н 0:
1.341.000 88,8 % 2.000.000 0,1 % 77.000 5,1 % 91.000 6,0 % 1.511.000
Во периодот меѓу двете војни, грчките влади ја водеа следната политика: во 1924, во рамките на Друштвото на народите,
Грција и Бугарија потпишаа протокол - познат под името “Протокол Калфов – Политис” - со кој Грција го призна славофонското население останато на нејзината територија како бугарско. Тоа предизвика општо незадоволство во земјата – Србија реагираше откажувајќи се од Грчко-српскиот договор за сојузништво од 1913 - па грчкиот парламент одби да го ратификува тој протокол.
Тогаш Друштвото на народите ја ослободи Грција од обврските што ги беше прифатила.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/balkanskiot-megaetnikum/35 le 29 octobre 2026