Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

The Balkan Mega-ethnos: National Doctrines of Macedonia's Neighbours

С. СФЕТАС – К. КЕНТРОТИС СКОПЈЕ ВО ПОТРАГА ПО ИДЕНТИТЕТ И МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАВА - Part 01

Par Димитар Мирчев · Partie 39 sur 50 · Environ 18 minutes

Lire en English

С. СФЕТАС – К. КЕНТРОТИС СКОПЈЕ ВО ПОТРАГА ПО ИДЕНТИТЕТ И МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАВАЊЕ

-Критички осврт на изданието на МАНУ “Macedonia and its Relations with Greece”, Скопје 1993

257 – ИНСТИТУТ ЗА БАЛКАНСКИ СТУДИИ, СОЛУН, 1994 (ИЗВАДОЦИ, ПОСЛЕДНИТЕ 15 СТРАНИЦИ ОД БРОШУРАТА) Во тринаесеттата глава (The Establishment of the Macedonian State in Second World Wар, pp. 91-94) се наведува дека уште во првите денови на окупацијата Комунистичката партија на Македонија го организирала отпорот, кој во текот на 1943 и 1944 добил големи размери. Согласно со одлуките на Антифашистичкото Собрание за народно ослободување на Југославија (29 11 1943 во босанскиот град Јајце) за федерализа-ција на Југославија), на 2 август 1944 година, на првото заседание на Македонија (АСНОМ), било прогласено основањето на “Народна Република Македонија”.

Но, историските настани се развиваа поинаку. Познато е дека бугарската окупаторска војска во српскиот дел на Македонија беше пречекана како ослободителна и во првиот период на окупацијата дојде до израз едно силно бугарофилско чувство. Ниту комунистичките ставови за посебна “македонска нација” ниту идејата за југословенска федерација немаа сериозен одѕив меѓу словенското население. Комунистичка партија на “Македонија” немаше, затоа што одлуката на Комунистичката партија на Југославија од 1934 година за создавање “македонска” комунистичка партија не беше возможно да се оствари. Месните комунисти под раководство на М. Шаторов се отцепија од Комунистичката партија на Југославија и преминаа во Бугарската работничка партија (комунисти) со паролата “една држава, една партија”. Подоцнежното незадоволство спрема окупаторските власти се должеше на социјални (произволни, тешки оданочувања, презирање на месните сентименталности) а не на национални причини. Затоа не најде благопријатна почва развојот на движењето на отпорот на Тито во југословенска Македонија. Карактеристично е писмото на Тито од 16 јануари 1943 година до Месниот регионален

комитет за “Македонија” на Комунистичката партија на Југославија.

“Драги другари, од материјалот што ни го испративте се гледа дека недоволно и погрешно сте ги сфатиле карактерот и целта на денешната народно-ослободителна борба и поради таа причина направивте огромни грешки. Воопшто, јасно се гледа слабоста на партиската организација, која под влијание на кликата и на антипартиската активност на претходниот раководител (се подразбира Шаторов - наша забелешка) сe уште не успеа организациски да се зацврсти, да закрепне и политички да се осамостои. Главните карактеристики на партиската организација во Македонија се: недоволно и недоследно спроведување на политичката линија на нашата партија, неодлучност за нејзино спроведување, организациски грешки и слабости, лабав став спрема колебливите, туѓи, опортунистички и непартиски елементи внатре во партијата, ограничено поставување на прашањето за ослободување и независност на македонскиот народ, отсуство на врски со народните маси при активноста, толеранција спрема автономистичките тенденции од организациско-партиски карактер, како и спрема автономистичките тенденции од национален карактер...” (Види: С. Вукмановиќ-Темпо, Револуција која тече, У. 2. Загреб 1982, стр.371-372).

Комунистичката партија на “Македонија” беше основана од пратеникот на Тито во југословенска Македонија, Светозар Вукомановиќ-Темпо, со големи потешкотии, во февруари 1943 година, но без притоа да се промени ситуацијата. Само со капитулацијата на Италија (септември 1943) и поразот на Германија што се наѕираше, започна да се развива оружениот отпор. КПЈ ја пропагираше постарата теза на Комунистичката интернационална за постоење посебна “македонска нација” и за создавање “обединета Македонија” (која би се состоела од грчкиот, српскиот и од бугарскиот дел) и тоа во југословенската федерација. И во прогласот на АСНОМ и во другите текстови и јавни изјави од членови на Собранието, експанзионистичкиот дух силно се манифестираше. Обединувањето на сите делови на Македонија се истакнуваше како “оправдана и цврста” желба на свежиот дел на југословенската федерација. За остварување на

таа цел Скопје беше повикано да ја одигра улогата на “македонски штит”. После судирот на Тито со Коминформ (јуни 1948) и поразот на грчките комунисти во август 1949 година, југословенското раководство ги напушти привремено плановите за “конечно решение” на македонското прашање и се сконцентрираа на одгледување и зацврстување на новиот национален идентитет на словенското население во југословенска Македонија и на елиминирање на антагонистичките влијанија.

“Македонизирањето” не се оствари автоматски, туку тоа беше една процедура во текот на која југословенските челници во првата фаза започнаа со искоренување на сите бугарски организации кои се спротиставуваа на идејата на македонизмот, втемелен врз антибугарска основа, а на кои гледаа една нова форма на српско владеење во регионот.(Види во врска со тоа: Чрнушанов, како погоре стр.283-329).

Истовремено, многумина ветерани на ВМРО беа обвинети како бугаромани, приврзаници на Иван Михајлов и беа осудени на смрт или на казна затвор, затоа што се стремеа, согласно со обвинението, кон отцепување на Југословенска Македонија од Југословенската федерација и како независна држава би се ставила под покровителство на Големите сили, верувајќи при тоа дека на тој начин полесно ќе успее обединувањето на сите делови на Македонија во една обединета и независна држава. Меѓу жртвите се најде и претседателот на АСНОМ на федералната Социјалистичка Република Македонија Методија Ченто. (За овие судења во втората половина на четириесетите години и за настаните потоа, разобличувачка е неодамнешната книга на С. Ристески, “Судени за Македонија” (1945-1985), Скопје (издание на “Време”) 1993. За не-влегување на југослвенска Македонија во идната југословенска федерација во 1943 беше и денешниот претседател Киро Глигоров. Види за тоа: К. Палешутски, “NATIONAL PROBLEM IN THE ЈUGOSLAV FEDERATION), BULGARIA ACADEMY OF SCIENCES/INSTITUT FOR BALKAN STUDIES (SOFIA), NATIONAL PROBLEMS IN THE BALKANS, SOFIA 1992, o.96.20).

Истовремено, југословенските лидери поставија прашање за почитување на правата на претпоставените “македонски” малцинства во соседните земји. Честите повикувања на југословенски раководни личности на ова прашање јасно зборуваат за тоа дека режимот што го воспостави Тито никогаш не го издаде својот интерес за целокупна Македонија. Официјалната историографија и општествените науки во поранешната Федерална Социјалистичка Република Југословенска Македонија се мобилизираа во една операција на етногенеза кој неизбежно се сопна на историската традиција и културниот идентитет на повеќето соседни нации. Свежата национална идеологија на Скопје се потпре врз претпоставката на појавување “македонски народ” во сите три делови на истоимениот географски простор, од кои грчкиот и бугарскиот се неослободени области.

Во петнаесеттата (THE MACEDONIAN LANGUAGE IN THE BALKAN LANGUAGE ENVIROMMENT, о.105-111) и во шеснаесеттата глава (MACEDONIAN CULTURE, о.113-119) се зборува за морфолошките карактеристики на “македонскиот јазик”, за неговата афирмација во меѓународната наука и во литературната продукција по 1944 година.

Терминот “македонскиот јазик” на нивото што се однесува на словенски јазичен идиом создава забуна. Вистински македонски јазик е јазикот на Старите Македонци, еден грчки дориски дијалект. Таканаречениот “македонски јазик” има како во поглед на морфологијата, така и во поглед на структурата многу заеднички карактеристики со бугарскиот, како на пример, отсуство на инфинитив, отсуство на падежи, употребата на неопределено време, членот, описното формирање на компаративите итн... Врз основа на овие факти таканаречениот “македонски јазик” би можел да се окарактеризира повеќе како бугарски идиом. (H.BRAUER, SLAVISCHE SPRACHWISSENSCHAFT, BERLIN 1961, Б’лгарска академија на науките (Институт за б’лгарски език. Единство на б’лгарски език в минатото и днес, /од бугарското списание Б’лгарски език, 1 /1978/ Софија, 1978).

По 1945 година направени се системски напори за дебугаризација на овој словенски идиом. Беше прифатена српската азбука, беше укината типичната бугарска буква “ъ”, навлегоа многу српски зборови (влада, улога, стварност, струка, спрат), наспроти фактот дека постоеја соодветните бугарски, иснструменталниот падеж на српскиот јазик како предмет на глаголите се изразува со предлогот “со” плус соодветниот збор, нешто кое е неприродно во овој идиом (на пример: управљам државом – управувам со државата), наставките на презимињата на – ова и – ев се престорија во –овски и-евски. (За влијанието на српскиот јазик види: N.REITER “DIE SERBISCHMAKEDONISCHE SYMBIOSE”, YUGOSLAWIEN, INTERNATIONSPROBELEME IN GESCHICHTE UND GENENWART. BEITRAGE, ZUM V. INTERNATIONALEN SUDOSTEUROPA – KONGRESS, GOTTINGEN 1984, o.178-195).

Исто така треба да се истанкне дека таканаречениот “македонски јазик” не е единствен и еднообразен, туку има многу јазични своебразности во зависност од регионот. Како основа за создавање литературен “македонски јазик” во Федералната Социјалистичка Република “Македонија” беа прифатени централните дијалекти на регионот, затоа што се сметаа дека се под најмало влијание од бугарскиот литературен јазик. Наспроти култивирањето на таканаречениот “македонски јазик” на литературно ниво после 1944 година и навлегувањето на многу српски зборови, тој и понатаму си останува еден сиромашен јазик.

Четиринаесеттата глава (THE REPUBLIK OF MACEDONIAFROM A MEMBER STATE OF THE YUGOSLAV FEDERATION TO A SOVEREING AND INDEPENDENNT STATE, о.95-104) се занимава со современиот вид на македонското прашање, односно со периодот што започнува во 1944 година, кога за првпат, како што се вели, “Македонците” ќе се здобијат со своја држава, и до денешните настани со отцепувањето на Поранешна Југословенска Република Македонија од југословенската федерација и нејзиниот пат кон независноста и нејзиното меѓународно признание.

Најглавните точки што се истакнуваат тука во однос на конкретниот повоен период се следниве: Во рамките на обединета Југославија “Социјалистичка Република Македонија” ќе стане позната во целиот свет и “македонскиот” народ ќе биде признат од меѓународната заедница.

Бидејќи стана невозможно останувањето на одделни републики во федералниот систем, нивните народи одлучија да се ослободат од таа рамка. “Социјалистичка Република Македонија” преку еден мирен и демократски процес пристапи кон сите дејствија кои конечно ѝ овозможија да се здобие со своја независност, и тоа спротивно на другите југословенски републики кои дури и денес се обидуваат низ воени судири да го прифатат новото.

Значајни елементи на ослободувањето на Републиката од југословенската федерација и нејзиното тргнување по патот на парламентарната демократија се референдумот, што се одржа на 8 септември 1991, за независност на Македонија, и уставот што беше изгласан на 17 ноември 1991 година.

Уставот, што е резултат на вековната борба на “македонскиот” народ за својата национална слобода, наполно одговара на општите принципи, како на меѓународното право, така и на одлуките на ООН и на КЕБС за демократско организирање на општеството, прифаќање на парламентарниот систем на управување, мирна коегзистенција со соседните држави, почитување на личните и колективните права на сите граѓани и посебно на малцинствата, заштита на културните, етничките, јазичните и верските специфичности на граѓаните на оваа република итн.

Врз основа на стручното мислење на Бадинтеровата арбитражна комисија (К. Иоану: Прашањето на признавањето на Скопје, Атина – Комотини 1992 г.) за југословенската криза, Поранешната Југословенска Република Македонија ги исполнува сите услови што беа поставени од страна на Европската унија на 16 12 1991. за признавање на југословенските републики. (Во заедничкиот став на

министрите за надворешни работи во последниот параграф конкретно се наведува следното: “...Заедницата и нејзините државичленки исто така бараат од југословенската република да преземе обврска, пред да биде призната, да даде уставни и политички граници дека нема никакви територијални претензии спрема соседна земја членка на Заедницата и да не врши непријателски пропагандни активности против соседна земја член на Заедницата, во кои спаѓаат и употребата на името што подразбира територијални претензии...”).

На крајот на оваа глава посебно се споменуваат две декларации што ги донесе Парламентот на Поранешната Југословенска Република Македонија. Првата декларација (3 јули 1992) се однесува на одлуката на земјите-членки на Европската унија од Лисабон на 27 јуни 1992, која бараше од оваа Република да избери такво име, кое нема да го содржи терминот “Македонија”, за да пристапи Европската унија кон нејзино признавање. Втората декларација (29 јули 1992) се однесува на одлуката на Република Скопје да поднесе молба за прием во ООН.

Пристапувајќи посебно кон констатациите и настаните што се наведуваат во конкретната глава, можат да се направат следниве забелешки:

Повикувањето во оваа книга на првите повоени многупартиски избори од ноември 1990 година е телеграфско. Се премолчуваат резултатите од изборите (Б. Тимовски / С.Стефановски: Избори 90. Политичките партии во Македонија, Скопје 1991), каде што неоспорен победник беше екстремната националистичка партија ВМРО-ДПМНЕ (Внатрешна македонска револуционерна организација-Демократска партија за македонско национално единство). И самото име, и нејзината политичка програма упатуваат на истоимената организација од крајот на 19-от век. Не е, впрочем, случајно што оваа партија во еден извештај на Стејт Департментот (PATTERNS OF GLOBAL TERRORISM: APRIL 1991, WASHINGTON o.18) од 1991, се смета како терористичка организација врз основа на активноста на старата ВМРО. Исто така, нејзиниот централен предизборен плакат ја претставуваше целата географска територија на

Македонија со свој лозунг: “Земи ја нејзината судбина во своите раце”. Уште во својот предизборен проглас категорично истакна: “ВМРО-ДПМНЕ смета дека деловите од македонската нација кои живеат под окупаторски режим во Грција, во Бугарија и во Албанија не претставуваат национално малцинство, туку се дел од поробените делови од македонската нација, бидејќи една нација која живее веќе десет векови во својата татковина не може да се оквалификува како национално малцинство. ВМРО-ДПМНЕ смета дека е непосредна потребата за духовно, политичко и економско обединување на македонскиот народ... и живо е заинтересирана за деловите на македонскиот народ кои живеат поробени во Грција, во Бугарија, во Србија и во Албанија... (Б. Тимовски/ С.Стефановски, како погоре, стр.137).

Индикативно е дека во текот на работата на Првата национална конференција на Партијата во Прилеп (6-7 април 1991) беше одлучено следната Конференција да се одржи во Солун, а потоа во Благоевград (Македонски Глас (ROCKDALE AUSTRALIA) бр.29, 23.4.1991). За референдумот постои една заткулисна игра која не е претставена во оваа глава. 68,32% од запишаните и 95,09% од гласачите се изјаснија “за сувереноста на автономна Македонија, со право да учествува во еден сојуз на суверени држави на Југославија”. Но, и во Поранешната Југословенска Република Македонија, и надвор беше нагласен првиот дел од прашањето на референдумот, т.е. Автономијата на “Република Македонија” што беше протолкувано како независност и беше сосема пренабрегнат вториот дел. Албанците од државичката не учествуваа на референдумот, па дури на 11 и 12 јануари 1992, тие организираа свој референдум, каде што со процент 99,86% бараа територијална и политичка автономија. (LE MONDE, 18.1.1992).

Уставот на Поранешната Југословенска Република Македонија, и покрај дополнувањето - измените што беа извршени, продолжи да го чува својот иредентистички карактер. Главен акцент се става на спорните членови од Уставот од 1991 (3 и 49 со соодветните измени-дополнувања, 68 и 74), со цел да се оправда отсуството од спроведување непријателска пропаганда

и поставување територијални претензии од страна на Поранешната Југословенска Република Македонија.

Главна резултанта на експанзионистичките претензии на Поранешната Југословенска Република Македонија е во преамбулата на Уставот. Во неа има директно повикување” ... на државно-правните традиции на Крушевската Република (1903) и на историските одлуки на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (1944)...”. Одлуките го означија создавањето на “Народна Република Македонија” во рамките на Федеративна Југославија. Со овие одлуки јасно се прогласува слободата и обединувањето на сите “браќа Македонци” надвор од вештачки оформените граници на 20-от век на Балканот.

Индикативна е одломката од “Извештајот на Организациониот комитет на народното ослободување на Македонија” (АСНОМ) во врска со активностите од основањето до своето прво заседание (2 август 1944 г.)

“...Во овој момент, кога сите сили што се борат во Македонија се фрлени во битката против фашистичките окупатори, ги повикуваме и другите делови на македонскиот народ да учествуваат во големиот антифашистички фронт, бидејќи тоа е единствениот начин за да го добиеме правото на самоопределување и преодот што води кон обединување на целата македонска нација во една слободна заедница на слободни народи на Југославија. Борцитеослободители на Македонија свечено изјавуваат дека нема да жалат жртви и ќе дадат секаква помош за ослободување на другите два дела од нашиот народ и за сеопштото обединување на целиот македонски народ. Кога е познато дека борците-ослободители на Македонија се дел од Југославија на Тито, тогаш јасно се гледа колку голема може да биде нашата помош и колку решителен е нашиот стремеж за обединување на целиот наш народ...” (THE UNIVERSITY OF “CYRIL AND METHODIUS”, FACULTY OF PHILOSOPHY AND HISTORY, DOKUMENTS ON THE STRUGGLE OF THE MACEDONIAN PEOPLE FOR INDEPEMDENCE AND A NATION-STATE, VOL.2, SKOPЈE 1985, o.607.)

Исто така во Манифестот од Првото заседание на АСНОМ до народот на Македонија (2 август 1944) карактеристично се вели: “...Тргнувајќи од многувековните идеали на македонскиот народ, првото Македонско Народно Собрание го изразуваа пред целиот свет својот справедил и цврст стремеж ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ НА ЦЕЛИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД врз основа на правото за самоопределување. Тоа би ставило крај на угнетувањето на македонскиот народ во сите негови делови и ќе ги создаде предусловите за искрена солидарност и мир меѓу балканските народи...” (Исто: DOCUMENTS, VOL.2, o.635).

Овој елемент на експанзија не е суштински анулиран со делумните дополнувања-измените на членовите 3 и 49. Може, се разбира, дополнувањето на член 3 од Уставот, дека “Република Македонија нема никаква територијална претензија спрема соседните држави”, да претставува значаен напредок, но во суштина повеќе има симболичен карактер, штом ова дополнување е содржано така или инаку во обврските на државите (обврзно правило на меѓународното право –ЈUS COGENS да не предјавуваат територијални претензии со незаконски средства, како што е употреба на насилство или со прекршување на меѓународните конвенции).

Членот 3 во врска со членовите 68 и 74, кои исто така се однесуваат на промена на границата, се вклопуваат во логиката дека таа промена на границите се однесува на присоединување, а не на губење територија која ѝ припаѓа на поранешната југословенска република Македонија, штом, впрочем, нејзината територија согласно Уставот е “неделлива” и “неповредлива”. До денес, Поранешната Југословенска Република Македонија не се изјаснила околу официјално признавање на постоечката граница со Грција.

Повикувањето и на членот 49 од Уставот за малцинствата, односно дека “Републиката се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји...”, и дополнението-изменување од 6 јануари 1992, “дека Републиката нема да ги повредува суверените права и не ќе се меша во внатрешните работи на други држави” се исто така

основен лост за територијални претензии за сметка на соседните држави. Едностраното и самоволно прокламирање на Уставот за постоење “Македонци” во соседните земји, без такво нешто да е признато со меѓународни спогодби, е во суштина мешање во внатрешни работи на соседните земји со мотив заштитата на правата на, така-нареченото “македонско” малцинство и, следствено, споменатото дополнување – изменување е лишено од вредност и содржина.

Посебно се зборува за заштитата на личните и на колективните права на разните малцински групи во Република Скопје – особено во некои членови на Уставот од 1991. Индикативно е систематското повикување во оваа книга на улогата на меѓународните организации (ООН, КЕБС, Совет на Европа итн.). Очигледен е напорот да се прикаже дека Поранешната Југословенска Република Македонија се движи во рамките на меѓународната законитост применувајќи ги точно прописите што произлегуваат од нејзините меѓународни обврски и особено дека таа е сосема согласна со последните сфаќања за заштита на малцинствата и почитување на човековите права.

Но, сепак обвиненијата од страна на малцинските групи во таа Република против практиката што се применува од државните власти на Скопје на нивна сметка, се секојдневни и врз трајна основа. Индикативно за целата ситуација во секторот на малцинствата е писмото што го испрати претседателот на албанската Партија за демократски просперотет во Поранешната Југословенска Република Македонија, Невзат Халили, до претседателот на Републиката Киро Глигоров на 18 јуни 1993: “...Во Собранието на Македонија одлуките се донесуваат мнозински, врз национална основа и антидемократски, без да се постигне национален консензус по суштински национални прашања. Изборниот закон ни создава проблеми. Тој е многу неповолен за Албанците, ако се земаат во предвид изборните окрузи и бројот на гласачите што соодветствуваат на еден пратеник. За еден пратеник Албанец, соодветствуваат околу 8000 гласачи, додека за еден Македонец само 3500 гласачи...” Во сите градови на Македонија, регионите носат само македонски имиња а не имиња што ги употребуваат жителите на регионите, дури и во градови каде што Албанците

изнесуваат 80% или 50% од населението, како на пример, Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Струга, Крушево, како и во повеќето делови на градот Скопје. Во ниту еден град нема албански културни центри ниту албански имиња. Постои само еден албанско-турски театар наспроти осумте професионални македонски театри. Претставувањето на Албанците во училиштата за средно образование е нешто повеќе од симболично. Во ниту еден суд од која било инстанција нема Албанец-претседател, а истото се случува и со медицинските центри...” (Нова Македонија, 19.6.1993 г.).

Бадентеровата арбитражна комисија беше предводена од заедничкиот став на државите-членки на Европската унија на 28 август 1991, а пак нејзините компетенции беа одредени во заедничкиот став на државите-членки на Европската унија од 3 септември 1991 година. На почетокот дури беше усогласено да биде составена од пет члена, а на нејзино чело да биде претседателот на уставниот суд на Франција Р. Бадентер, додека два од петте нејзини членови да бидат посочени од Федералното Претседателство на Југославија. На крај во нејзиниот состав влегоа само претседателите на уставните судови на Белгија, на Германија, на Италија и на Шпанија. Начинот на работа на оваа комисија имаше некои значајни карактеристики:

а) Не ги одреди јасно прашањата на својата дијагностичка јурисдикција;

б) Од заинтересираните страни немаше обврска за нивно сообразување со нејзините одлуки;

в) Комисијата не направи, согласно со прифатената тактика, никакво истражување на самото место, ниту пак распит на сведоци;

г) Таа се потпре исклучително и само на двата, гореспоменати, текста на Европската унија и испрати само едно прашање кон заинтересираните страни во врска со секоја претпоставка што ја поставуваше текстот на Европската унија за да се признаат одделните југословенски Републики;

д) Комисијата, всушност, не разреши никаков спор, останувајќи во политичките рамки на текстовите што имаше за последица уште повеќе да се комплицира ситуацијата.

При доставување на своето стручно мислење бр.6 од 11 јануари 1992, за Поранешната Југословенска Република Македонија, Арбитражната комисија беше на мислење дека:

1. Уставните прописи обврзуваат на меѓународен план признавање една држава-кандидат;