The Balkan Mega-ethnos: National Doctrines of Macedonia's Neighbours
1. ЕТНОС, НАРОДНОСТ, НАЦИЈА
1. ЕТНОС, НАРОДНОСТ, НАЦИЈА
Пред да ја претставиме определбата на нацијата, неопходно е да ги изложиме определбите на етносот и народноста. Тоа се наложува, за да се избегнат терминолошките недоразбирања.
1.1. Етнос
Етносот е збирен термин за означување на секоја расна, племенска, јазична и етно-културна заедница и го претставува племенскиот (родовскиот) супстрат на нацијата. Етничкото самосознание се самоопределува низ потеклото.
1.2. Народност
Народноста е меѓусостојба, што го разграничува племето (родот) од нацијата. Народност е заедница на луѓе што не достигнала степен на национална консолидација, а е со сознание за заедничко потекло и културно наследство. Поимот “народност” е воведен од советската етнографија, за да се фиксира таа меѓусостојба. Во западната етнологија, терминот “народност” не се употребува. Поимите “етнос” и “народност” можат да се употребуваат како синоними.
1.3. Нација
Нацијата како поим никнува во Европа во времето на Просветителството и се развива по Француската револуција. Тој
поим се формира како противтежа на клерикално-аристократскиот поредок, спротивставувајќи му го демократското единство и рамноправното општествено учество на сите граѓани. Нема друг поим кој толку точно би одговорил на претставата за слободно општество. Во различни историски периоди во него се вклучуваат различни содржини и се произведени различни определби. Во формирањето на националната идеологија на различните земји, превладуваат главно две концепции на нацијата:
етничката концепција (етно-нација); социо-културната концепција (политичка нација).
1.3.1. Етничка нација (етно-нација)
Во основата на на етничката концепција стои “етносот” во тесната смисла на тој поим.
Познато е дека денес во светот има 200 нации, кои што во себе обединиле повеќе од 10.000 етноси. Освен тоа, во формирањето на современите нации, учествуваат претставници на речиси сите, до денес, познати многубројни племиња, етноси и раси, од кои некои веќе исчезнале. Ниту една нација во светот не може да претендира на етничка монолитност или етничка еднородност (чистост). Заради тоа, етничката концепција на нацијата треба да се разгледува како надмината етапа во историскиот развој на теоријата.
1.3.2. Социо-културна (политичка) нација
Според француските просветители, овој тип на нација претставува “општество на граѓани обединети од идеалот за општа државност”.
Ова разбирање на нацијата е втемелено во основата на државното уредување на повеќето земји во светот - Франција, САД, Швајцарија, Шпанија, Италија, Велика Британија, Австрија, а на Балканот - Грција и Турција. Затоа, сите граѓани на САД и на Франција се третираат како членови на американската и соодветно, на француската нација.
2. БУГАРСКАТА НАЦИЈА
За време на османлиското ропство, врз основата на “бугарската народност” се зародува и се формира “бугарското национално самосознание”. Тоа се изразува во стремежот за:
самостојна православна црква; независна бугарска држава.
На тој начин, етничкиот (народносниот) фактор и “православната религија” одигруваат определувачка улога во формирањето на бугарската нација.
Тоа е една од причините поради кои во долг временски период етничкото потекло, етничкото самосознание и христијанската вероисповед, кај нас се разгледуваат како определувачки белези на бугарската национална припадност. Речиси сите определби на нацијата кај нас по ослободувањето вклучуваат: “роден корен”, “бугарска крв”, “православна христијанска вера”, “бугарска вера”. Во границите на бугарската држава, како нејзини граѓани, остануваат да живеат - Турци, Татари, Цигани, Евреи, Арменци, Грци, Каракачани, Гагаузи, Власи, Аромани (Куцовласи или Цинцари) и др., за кои Левски пишува во своето писмо до чорбаџи Ганчо Милјов: “какви и да се за сите еднакво ќе биде…”.
Ова прашање има не само теориско туку и огромно практично значење за нашата земја.
По ослободувањето на Бугарија, за нашиот народ не се карактеристични појавите на етнички конфликт и ксенофобија. По силата на етничката концепција на нацијата, овие наши сонародници можат под определени услови да се исклучат од составот на бугарската нација.
Денес ние ја разгледуваме бугарската нација како историски создадена, опстојувачка, саморазвојна заедница, што никнала и функционира на територија која претставува единствен политички, економски, социјален и духовен простор.
Овој простор вклучува материјални и духовни вредности кои се производ на специфичната колективна самобитност на нејзините членови, независно од нивното етничко, религиозно, расно итн. потекло. Таа постојано се развива, преминувајќи во нови квалитетни состојби.
Членови на бугарската нација се сите нејзини граѓани:
независно од нивното етничко и расно потекло; независно од класната или слоевска припадност; независно од вероисповедта; независно од политичките погледи; оние кои ја признаваат Бугарија за своја земја и таткови-на; оние кои го чуваат и им го пренесуваат на поколенијата духот на бугарската историска судбина; оние кои го владеат бугарскиот јазик до степен да учествуваат рамноправно и еднакво во работите на нацијата; оние кои не се стремат кон туѓ национален идентитет. Разбирањето на нацијата како “социо-културна или политичка” заедница, стои во основата на современото бугарско државно уредување.
Во нашиот устав е јасно и категорично подвлечено дека Бугарија е еднонационална држава, што се карактеризира со етничка, религиозна и јазична разнообразност, која што придонесува за стабилноста на општеството и игра улога на силен обединувачки фактор.
Во член 167 бугарското државно знаме е наречено “национално знаме”. Под тоа знаме се вредуваат сите бугарски државјани, независно од своето етничко самосознание и вероисповед.
Согласно со чл.116, “државните служители се извршители на волјата и интересите на нацијата”. Во уставот се зборува за “национална сигурност”, а претседателот како државен водител “го олицетворува единството на нацијата”.
Овој приод не значи дека ние се откажуваме од чувањето и развивањето на нашите односи со Бугарите што живеат во
други земји, со кои што нe врзуваат роднински, историски и културни врски.
Во условите на развој на интеграциските процеси во Европа, постои теориска можност нацијата да ја надживее сегашната класична форма на државата. Една држава може да биде уништена со сила, но не и нацијата. Тоа се должи на исклучителната сила на опстојување на националниот идентитет, кој:
ја подложува на сериозно преиспитување духовната енергија и генетската моќ на нацијата во тешки моменти за неа; благотворно ги усвојува туѓите национални вредности и на тој начин го збогатува сопствениот вредносен систем; ја раѓа националната демократија, која е најтрајна од сите форми на политичка легитимност.
2.1. Бугарското национално самосознание (идентитет)
Националното самосознание се изразува низ културниот идентитет на нацијата. Тој претставува траен систем на вредности (културни, материјални, интелектуални и емоционални), што ја карактеризираат нацијата како социо-културна заедница.
Денес, субјект на бугарскиот национален идентитет не се класата, религијата или политичката партија самите по себе, туку оној дел од нацијата, кој што во секоја етапа од нејзиниот историски развој е способен да се обедини врз извесен број темелни идеи, принципи, вредности, интереси и идеали. Нивната севкупност го определува националниот идентитет и неговата практична реализација.
2.2 Националното единство
Прашањето на националното единство е сложено. За решавање на овој проблем во различните држави во светот се користат разни политички пристапи. Најважните од нив се:
Слевање. Тоа е доброволен и временски продолжителен процес, во кој се обединуваат два или повеќе етноси и култури.
Како пример можеме да го посочиме слевањето меѓу Траките, Прабугарите и Словените, како резултат на што се образувала бугарската народност.
Интеграција. Претставува процес на национално соединување на различни етнички групи, со запазување на нивниот етнички и културен идентитет.
Тој процес цели кон:
Надминување на сите чисто етнички елементи на расцепување на нацијата; Гарантирање еднакви права и можности на сите граѓани, независно од нивните разлики според расата, етничкото потекло, верата и јазикот.
Бугарија, по традиција, се придржува кон политиката на интеграција.
Интеграцијата придонесува за изградба на нацијата како социо-културна заедница. Тоа значи дека нејзините членови заемно се прифаќаат како сонародници кои имаат општи интереси и општ национален идентитет.
Интеграцијата го потврдува фактот дека постојните етнички, религиозни и други групи население, кај нас не се појавиле по пат на анексија на туѓи земји, туку низ населување во нашата држава и како резултат на религиозна (исламизација) и културна асимилација од османлиските поробувачи. Тие групи претставуваат неразделен дел од бугарската нација и се рамноправни граѓани на бугарската држава.
Во исто време, делови од Бугарија заедно со населението остануваат во соседните држави, како резултат на анексии по војните. Затоа, Бугарија е повикана да ги заштитува правата на своите сонародници и да вложува несмалени грижи за
сочувување и развивање на нивното бугарско сознание и култура.
Асимилација. Се засновува на идејата за примат на доминантната етничка група и нејзината култура, со цел да се постигне хомогеност во државата. Се постигнува доброволно или преку насилство врз етничките групи, со цел да се откажат од својата етничка припадност и култура.
На асимилација е подложено бугарското население во Вардарска Македонија, во Бугарското Поморавје од Србија, како и во Егејска Македонија и во Беломорска Тракија од Грција а во Источна Тракија од Турција.
Сегрегација. Во нејзината основа стои идејата за претежност на доминантната етничка група и култура кон други помали групи. Се изразува во изолирање на овие помали групи во определени реони или гета. Оваа политика и ден денес продолжува да се применува во редица држави.
2.3. Бугарската нација и прашањето на националните малцинства
Етничките групи што составуваат една нација, можат да бидат поставени во различна положба - од толерантен однос кон нив до состојба на обесправеност и потиснатост.
Кај социо-културната нација, уставно е уредено дека “сите граѓани на државата се членови на нацијата”, независно од своето етничко потекло и се еднакви пред законите на државата како и заштитени со нејзиниот устав.
Советот на Европа предлага рамковна конвенција за заштита на националните малцинства. Во неа се предвидува разработка на националното законодавство така за да се заштитат правата на човекот, вклучувајќи ги и оние на оделни национални групи. Во тој документ не е формулиран поимот “национално малцинство”. Затоа, неговите одредби даваат можност секоја држава сама да определи во своето законодавство како ќе ги заштитува правата на претставниците на други национални
групи. Конвенцијата не предвидува признавање колективни права. Таа не се остварува непосредно, туку преку националното законодавство на секоја земја.
Чл.2 од Уставот ја определува Република Бугарија како “унитарна држава”, во која “не се дозволуваат автономни територијални единици”.
Чл. 36 од Уставот го обезбедува правото на секој човек да го употребува својот јазик, ако бугарскиот јазик не му е мајчин, а други одредби ги обезбедуваат останатите индивидуални граѓански и човечки права.
2.4. Бугарската нација и наднационалните управувачки структури на обединета Европа
Изградувањето на обединета Европа создава претпоставки за обликување наднационални управувачки структури. Досегашниот и идниот проектиран развој на европските интеграциски процеси дава основа да се мисли дека нема да се ограничуваат правата и сопството на оделните нации, а ќе се експонираат уште посилно националното присуство и националниот идентитет како израз на единство во многуобразноста.
Советот на Европа, неговиот Комитет на министри за надворешни работи и Консултативното собрание со претставниците на парламентите на земјите членки, Комисијата за правата на човекот, Европскиот суд и другите органи на соработка, не само што не ги ограничуваат националните права на државите, туку и содејствуваат во нивното гарантирање и развој.
Бугарија е членка на Советот на Европа од 1992 година. Тоа е важен акт што ќе помогне поарно да ги заштитуваме своите национални интереси. Нашето вклучување во Европската унија и НАТО ќе ги зголеми можностите за остварување на тие интереси.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/balkanskiot-megaetnikum/19 le 29 octobre 2026