Greek Occupied Macedonia (1913-1989)
1. БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ И ПРВИТЕ МИГРАЦИОНИ ДВИЖЕЊА ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈ
1. БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ И ПРВИТЕ МИГРАЦИОНИ ДВИЖЕЊА ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА
Првите посериозни етнички промени во егејскиот дел на Македонија се појавиле уште во текот на Првата балканска војна. Грчката војска уште во текот на Првата балканска војна ја окупирала денешна југо-западна Македонија (Кожани, Костур, Лерин), дел од централна Егејска Македонија и градот Солун. Паралелно со воените операции, грчките војски почнале еден вистински воен поход против турското и другото муслиманско население што живеело во егејскиот дел на Македонија. Речиси сите турски села биле изгорени, населението било тероризирано или убиено и голем број Турци, избезумени, барале заштита во Солун или неповратно заминале за Турција. Само во Правешката каза, на пример, каде што живееле 20.000 Турци, во секое село биле убиени од еден до дваесет души со што се принудувало турското и другото муслиманско население да емигрира од Македонија. (Анкета на Балканигъ, Аоклагъ на Карначевата комисия по вопнитъ презъ 1912-1913, София, 1914, стр. 3.)
Во периодот на Првата балканска војна и македонското население било поставено под силен политички, економски и психолошки притисок од страна на грчките војски. Во Костурска околија, на пример, Грците ги советувале Македонците да се декларираат за Грци, да го прифатат грчкиот јазик зашто во спротивно “...животот нема да им биде лесен” (Documents relatifs oux actions antibulgares des pouvoir Serbes et grecs en Macedonine ou coure de l’anne 1912-1913, Sofia, p. 257.) Истовремено биле опљачкани и македонските имоти, и биле палени училиштата, архивите, книгите итн. (Пак таму, стр. 24.)
Со Втората балканска војна размерите на оваа политика на геноцид пораснаа и добија антимакедонски карактер. “Имајќи полно сознание за значењето на новата војна која ќе ја решаваше судбината на нацијата, пишувал М. Маркезинис, стапивме во неа ... со поголема омраза и фанатизам”. (M. Markezinis, Politiki istoria tis neoteras Elados, Athina, 1968, tom. 3, p. 272.) Меѓу грчките војници, селани со ниско интелектуално ниво, кружеле слики како грчкиот војник го јаде челото на противникот. На тој начин ѕверските склоности на грчките војници беа ослободени и лишени од секакво воено достоинство и морал. Се што беше македонско беше разрушено со ретка свирепост, а Македонците – наречени Бугари – беа сметани за животни. Злосторствата на грчките војски (палењето на градовите и селата, јавните и колективните силувања, масовните убиства), земале такви размери што пред грчкото воено злосторство почнало да се колеба дури и мајчинското чувство. “Многу мајки, констатирале членовите на Карнагиевата комисија, ги губеле децата, оставајќи по некогаш едно, со надеж дека ќе го спасат другото” (Анкета на Балканитъ, стр. 26.) Злосторствата на грчката војска ги обелодениа и писмата на грчките војници што паднале во рацете на бугарската војска. “Ние ги изгоревме селата како ни беше заповедено, ги убиваме младите...”, се вели во едно писмо. “Тоа што правиме ... е неопишиво. Тоа е една касапница и Господ знае до каде ќе стигнеме...” се вели во едно друго писмо. (Пак таму, стр. 32.) Во периодот на Балканските војни грчките војски запалиле 160 населени места, разурнале расцутени градови (Кукуш), а 16.000 Македонци барале спас во Бугарија. Сите овие злосторства грчката војска не ги правела од војничка потреба, туку реализирала и конкретизирала на теренот една претходно нацртана политика за демакедонизација на егејскиот дел на Македонија. “Нема сомневање, пишувале членовите на Карнагиевата комисија, дека едно пространство од 140 км населено од Бугари (Македонци м.б.) беше наполно уништено и речиси сите села изгорени. И не може да се каже дека тоа станало од воена потреба. Грците беа побројни од своите непријатели” (Станува збор за Алзасија и Лоренија, Ердеј (или Трансилванија), Карпатска Украина, Војводина, Корушка, Косово, Истра , Јужен Тирол, Западна Тракија, Бесарабија и Северна Буковина, Шљонск и Поморје.) И покрај воениот терор во текот на Балканските војни, сепак македонското население остана да живее и понатаму како најкомпактно и најбројно население во егејскиот дел на Македонија.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/egeiskiot-del-na-makedonija/6 on October 29, 2026