Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

A Century of Silence (1913-2013)

ФАКТИ И АРГУМЕНТИ ЗА ГРЧКАТА СТРАТЕГИJА СПРЕМА МАКЕДОНЦИТЕ - РЕЧЕНО ВО ГРЧКАТА - Part 04

By Стојан Кочов · Part 9 of 24 · About 21 minutes

Read in English

Сега одењето на нашите луѓе во Титовата армиjа, тие одат во друга држава и таму ќе се борат за интересите на jугословенската држава, ќе ги пратат на сремскиот фронт и каде ќе има потреба титовата армиjа. Размисли, не е така лесно за секогаш да му се сврти грб на родниот краj. Нашата борба треба да биде тука, оти поделбите околу идеологиjата, верата, полот и смртта, после неколку години ќе си го доведиме во прашање нашето заедничко потекло и цел живот потоа, не ќе може да се докаже нашата борба и грижа за овоj наш народ. Ние, токму од тие причин ќе не присилуваат туѓинците да се оттуѓуваме самите. Сега што? Ние стануваме заложници на обjективно тежок проблем и не треба да бидеме изненадени од жестокоста на грчкиот национализам и екстремизам. Ова ќе биде нова историска подела.

Чакаларо остана збунет и замислен. Ме гледаше веќе со недоверба. Тоj се мачеше да задржи нормален израз на лицето, ми рече:

- Овоj повик за нас Мекедонците има многу неjасни работи.

Можеби намерно го прават тоа КПГ и КПJ, за да го држат народот во страв, во покорност, а покорноста не убива како нациjа. Тие преку своите идеологии спрема нас Македонците умеат без куршум да го убиjат народот, да го омаловажат, да го обезвреднат националното, да го заплашат…

Тие ги повикуваат Македонците од Егеjскиот дел на Македониjа на сè општа мобилизациjа, на нови борци, а ние како првоборци и членови на ЕАМ и КПГ во редовите на ЕЛАС, ако сме сакале?

Но и ставовите на грчкото комунистичко движење стануваат сè по неприфатливи.

Сведоци сме дека од лани сме потчинети на соjузничката армиjа под аглиската команда за Блискиот исток. Нас Македонците никоj нè не праша како организациjа СНОВ, дали сакаме да служеме во соjузничката армиjа под англиската команда, или не, а знам дека сите сме за Црвената армиjа?

Му реков на Чакаларо:

- Време е да се прекине со опасното молчење за причините:

како и зошто почна злото? Што мислиш: Дали Темпо, со идеjата за Балканскиот Штаб, одигра важна (идеолошка) улога во отворањето и темпирањето на нови историски процеси во Македониjа, посебно каj Македонците под Грциjа?

Чакаларо ми рече:

- Тоj добро знае, како и Грците дека ние немавме автентична македонска визиjа и стратегиjа за историските процеси за Македонците под Грциjа.

Што се однесува на идеjата за создавање на Балканскиот Штаб, Грците, тоj политички потег на Темпо го оцениjа како “човек коj истрчал бос во трње”. Зарем тоj не знаел дека армиjата ЕЛАС, беше веќе под команда на англиската армиjа од Блискиот Исток?

Сега сите знаеме дека во маj раководството на ЕАМ и ЕЛАС, потпишале договор со емигранската влада коjа се наоѓала во Каиро на чело со Геогиос Папандреас. Целта му била да формираат заедничка влада, да би создале национално еденство. Но што е наjлошото; во тие разговори е договорено да се преземе акциjа за ликвидирање на македонските организации СНОФ, а ние Македонците да сме се слееле во организациjата ЕАМ. Значии, целта за оформувањето на организациjата им била да ги уништиме комитите и да го почнеме братоjаството.

Сега си припомнувам на средбата што jа имавме со Капетаниос на групата дивизии во Македониjа (Северна Грциjа) Маркос Вафиjадис И ти лично го молев повеќе од три часа да го разгледаме проблемот со новите регрутации на македонски борци во македонските одреди, бидеjќи селаните одбиваа да стапат во ЕЛАС.

Тогаш Маркос, дословно ми рече:

“Повеќе од одреди што ви беше дозволено, ништо повеќе, од тоа ништо и затоа што тогаш е направено, сега бараме да се исправи тоа и што побрзо треба да помините во редовите на ЕЛАС како редовни воjници и никаква одделна македонска воjска и да го лажете народот, тука е Грциjа!” Денес, сите jа гледаме и jа слушаме агитациjата на ЕАМ спрема Македонците, коjа не само што звучи како фраза, туку таа е чиста измама. Секоj Македонец со голем ужас се прашува: а што ќе стане со на нас ако се врати стариот режим во Грциjа?

Токму затоа ние толку години крвариме за да не се понови старото, туку во Грциjа и на балканот да заживеат човечки односи. Годините минуваа и политичката свест се менуваше со исто темпо со кое се менуваше политиката на ЕАМ и КПГ. Тие посакуваа од нас Македонците да направат партиски мулиња, врзани со две - три ортоми. Значи да зависиме од два фактора:

“од партиската ледина од коjа треба да пасиме и од должината на jажето кое ни дозволува да пасиме на определената дистанца.” Сега сосема му е jасно на секоj од нас Македонците, зошто Грците тоа го правеа со создавање на СНОВ и македонските одреди, тоа им било целта за да ги уништиме комитите за да не си ги валкаат раците они, а ние тоа го сторивме. Веруваjќи им бескраjно како на комунисти. Ние мислевме дека востаниjата се дигат за да се извршат револуционерни промени и бевме убедени дека пред Македонците, не само што треба да се отфрли фашистичкиот jарем, туку и jаремот на грчката анексиjа на Егеjска Македониjа.

Но, она што е наjбитно сега; во целиот тек на преговорите:

ПЕЕА (Политички комитет за национално ослободување на Грциjа) со грчката емигранска влада, во ниеден документ не се спомнати националните права на Македонците и не се признава дека во Грциjа живеат други нации. Ете од тоа се гледат и акциите на КПГ и ЕЛАС дека секоjдневно се против нас Македонците и се агитира за грчкиот карактер на Македониjа.

На Чакаларов (Н. П.) му реков:

- Тие што отидоа во редовите на Титовата армиjа не се предавници. И сите други што ќе отидат од редовите на ЕЛАС, но знам дека тоа ќе ни донесе големо зло. Да отстапи човек пред жестоката неправда не е предавство, туку во мигот треба ние Македонците да постапиме мудро, оти и едните и другите не посакуваат за да не разединат и тогаш ќе си jа направиме положбата уште по горка, оти надвор од ова наше родно место, никогаш нема да jа наjдеме правдата меѓу тугинците.

Се потсетувам на една стара народна приказна во коjа се вели:

“Земjата не му припаѓа никому, туку ние припаѓаме неjзе.” Треба ли многу разум за да се разбере длабоката филозофиjа на оваа приказна. Знам, од полувековното искуство, ако човек jа напушти своjата земjа, тоj веќе не и припаѓа неjзе.

* * * Неговата насмевка беше слободна, немаше што да се крие. При разговорот сите црти на лицето му беа во движење, и челото му беше живнато со многу подвижни брчки.

Неочекувано поверував дека чудо може да се случи. Останавме само неколкумина од нашите македонски - еласити, останатите заминаа поскришум некаде.

Утрото еден жабуркосан, страшливец еласит ми вели:

“Даскеле, не сакам ниту еден од грчиштата да дознае за ова што ќе ти го кажам, оти нож ме чека. Тие нашчите цела ноќ се сушкаа и уште пред темни зори ги снема. По темнина, се смушнаа како сенки на чело со Чакаларо и неговите другари:

Никола Шалваринов, Димитар Шишковски и Сотир Андоновски. Тргнаа со задача да ги запознаат борците од одредот ‘Лазар Трповски’ и аку е потребно да бидат спремни да се одвоjат од редовите на одредот ‘Вичо’ и да се спремни да му се приклучат на Титовата воjска од Jугославиjа.” Во себеси реков: “Избувливоста jа има таа лоша страна што не дозволува со неа да се управува, тоа уште вчера го забележав каj Пеjов - самољубив, авторитетен, сака да раководи со сè, а се покажа дека со самиот себеси не може да владее. Тоj е должен сам да се раководи, тоа го бара народот од него и од сите нас во таквите моменти.” Се присетив на дедо Делjан кога велеше:

Сите оние кои непромислено ги издига над здравото размислување, си вообразуваат дека многу се вдахновени, меѓутоа, во основата на тоа нема ништо силно, сè она што е создадено без темел, бргу се урива. Тоа се однесуваше на сите нас Македонци кои не создадовме нешто наше автономно, туку доброволно влегуваме во ЕАМ и КПГ и во ЕЛАС, сега сме полни со гнев, но гневот нема поткрепа. Ова покажува дека со нашето доцнење ИДНИНАТА НИ ИЗБЕГА.

Следниот ден, дознавме дека стигнале во седиштето на организациjата СНОФ во селото Крчишта - Костурско. таму се сретнаа и со Лазо Димовски - Ошенски, Лазо Поп Лазаров и Паскал Митровски. Сега, туку речи беа сите личности кои раководеа со организациjата СНОФ и одредот “Лазо Трповски”.

От како влегоа во една поголема училница во селското училиште, седнаа на грубите столчиња, Чакаларо, веруваjќи дека заслужува многу повеќе привилегии од другите и очекува посебно внимање, зазеде воjнички став и рече:

- Другари, вчера бевме на митингот во селото Бапчор и таму беше изнесен ставот: дека Македонците од овоj наш краj, на Македонците кои досега не пристапиjа кон ЕЛАС, говорникот од Титовата воjска дословно рече: “Сите Македонци кои сакаат да се борат за ослободување и обединување на Македониjа, можат да стапат одма во редовите на нашата Титова армиjа. Но, исто така можат и сите тие што сега се во редовите на ЕЛАС да пристапат во нашата Титова армиjа”.

Суштината на прашањето е следното: како да постапиме ние што сме доброволци и првоборци во редовите на ЕЛАС?

Jас размислував и решив да ги напуштам редовите на ЕЛАС и да преминам во Титовата армиjа и со тоа да се борам на страната на Црвената армиjа. Еласитите, мислам дека повеќе не можат да ни диктираат услови.

Присутните слушаjќи вчудени, чиниш се зашеметиjа. Останаа вџашени. Се погледнуваа; изгледаа како да се плашеа еден од друг.

Настана молк божем беа в црква за време на молитва.

Последната поголема караница каj нив траеше три дена - три дена расправање, забележување, и секоj за себе.

Чакаларо продолжи:

- Ми се смачи да jа слушам реченицата: “Не е време за тоа.”

- Jас немам друго време освен моjата изгубена младост во ова време.

- Jас лично како Македонец, не сакам да се борам во таа соjузничка армиjа под команда на англичаните.

Еден од присутните стори ниет и рече:

- За самостоjна Македониjа одамна е заблуда , - и замолча.

Чакаларо му одговори:

- Значи, вие засекогаш сте се откажале од револуционерните идеали. Но ако една нациjа не е и не сака да биде назависна, дали тогаш ќе се наjде некоj што ќе сака да го положи своjот живот за туѓа земjа? На краj да ве прашам: дали ние се уште jа сакаме Македониjа или не?

Присутните се наjдоа збунети. На некои им се стори, како да не го разбраа Чакаларо.

- Вашите размислувања?

Настапот на Чакаларо, сите го оцениjа како смел потег коj има политички карактер и jа менува од корен борбата на македонскиот народ. Настана пауза, сите молчеа, но Митревски имаjќи потреба да биде во центарот на вниманиеето, обидуваjќи се да го искорист исекого што го опкружува рече:

- Впрочем, обjаснувањето е jасно, но нетреба да го разгоруваме огнот. Ти Чакаларо дали си сигурен во целта? Од ова произлегува и нешто друго; да не се огорчуваме поради какви ситни и ништожни нешта. Те гледам тажен си, да не некоj jа искористил оваа состоjба и посака да те злоупо треби? Ние сите еласити доброволно се боревме и jа имавме прифатено минималната програма, а сега оваа е нешто сосема друго - тоа значи, ако стапиме во Титовата армиjа, ќе се бориме за максималната програма - обединета Македониjа. Тогаш, сите овие години во редовите на ЕЛАС и целото време што jа поддржувавме линиjата на Партиjа и се боревме со неjзините неприjатели, го браневме неjзиниот авторитет и токму таа КПГ не научи и ни jа изостри внатрешно - партиска борба.

Можеби не треба да зборувам за нешто што е таjна, како и сè друго тука што зборуваме, ама мислам дека треба многу да внимаваме...

Чакаларо се насмевна накриво со благ презир.

- Се покаjа што зборуваше? - праша.

Поп - Лазаров не се реши да го повтори прашањето, ама само низ заби изусти: “...па зар овоа не е егзодус коj ние Македонците го организираме, а земjата jа оставаме?” Го постави само, така нешто да каже. Тоj посака да се поправи, да каже нешто друго, но беше замолкнат од Митревски.

- Ти Поп - Лазаре, скуси го jазикот. Jас сум претседател и би требало да знаеш дека токму jас одговарам за револуциjата.

- Па, jас ништо не зборувам!

Се обидуваше да се насмевне: - Добро, тогаш кога би можел, да не молчиш или да кажеш барем нешто што би неочекува во иднина нас Македонците во една обединета Македониjа? Кажи, ти како визионер...

- Па, jас кажав, можеби не очекува наjлошто! Митревски беше познат како многу завидлив, спрема секоj, коj на некоj начин ќе успеваше да се истакне.

- А ти Ошенски, како стар идеолог на партиjата.

- Што да се прави? Засега ситуациjата е премногу тешка, - рече Лазо Дамовски - Ошемски со збаjатисан лик и продолжи:

- Ние Македонците влеговме во редовите на ЕАМ и КПГ, па сега во ЕЛАС, без да расудуваме, туку раководени од слепото верување кон комунистичките идеи. Ние сега, не сме во состоjба разумно да примаме и да ги оценуваме настаните.

Чакаларо го праша:

- Дали си сигурен дека не криеш нешто од мене? Доста ми е од овоа заобиколување на работите.

Jас сум социjалист - револуционер и на своите приjатели Грци, секогаш им велам: желбата на Егеjска Македониjа треба да е СОЕДИНУВАЊЕТО СО СЛОБОДНА МАКЕДОНИJА, согласно принципите на “Атланскта повелба” (5) и изjавите на Сталин, Рузвелт, Черчил... Заедничката борба на Македонците и Грците ќе помогне и ќе го отвори патот да се соединат Македонците во слободна Македониjа, а пак Грците да добиjат демократиjа и да го исфрлат туѓиот jарем и да го отворат патот за една наредна власт во Грциjа.

Но, добро паметам еднаш, еден Грк комунист, моj приjател во затворот Акронафплиjа ми вели:

Да, да знам дека меѓу вас Македонците има и надарени луѓе, кои не го добиваат тоа што им припаѓа. И jас сум вистински бунтовник, и сметам дека е оправдано тоа што вие Македонците посакувате со што може повеќе. Но, ако дозволувате, да ви поставам нешто што можеби, не сте го забележале. Вие како македонски комунисти, сте дозволиле да ги примите колонистите од Мала Азиjа, и со тоа сте го измениле етничкиот состав и вие станавте малцинство, а и ве навасаа во животот; сега тие сите на високи партиски функции:

нели е така? Па нели и вие како комунист треба да ги прашате дали сега тие сакаат во некаква обединета Македониjа? Ние штотуку воjувавме да ги истераме Германците. Европа сè уште не е средена, а, и овде во Грциjа имаме неволи со националистите, а сега и со колонистите, па така, иако jас со сета душа сум за рамноправност, а, можеби, и за општествена еднаквост за вас македонците. Таму некаде во иднина, кога за тоа ќе доjде време, зар не гледате дека сега не е време за тоа?

Само тоа сакав да ви го кажам...

Дискусиjата на краjот, заврши, се изназборуваа за погрешната политика на грчката партиjа, но и не се сложиjа тоа да го сторат без да се размисли добро. Проjавиjа двоумење со изнесените ставови на Пеjов и побараа уште еднаш да се потврди од главниот штаб на НОВ и ПО на Jугославиjа, коj се наоѓаше во селото Шулин во голема Преспа - Jугославиjа.

Митревски и Ошенски, предложиjа неколкумина на чело со Чакаларо, во придружба на курири да заминат во Главниот штаб во селото Шулин, со цел уште еднаш да се прецизира прашањето за доброволното преминување и на активните наоружани Македонци во редовите на ЕЛАС. Но, според татковинскиот обичаj каj жителите од Корештата се барало да не се поаѓа на пат пред да изгрее сонцето, ама тоа било погазено и тие веднаш тргнале во полн состав: Наум Пеjов -Чакаларо, Никола Шалваринов, Спиро Лазевски, Ристо Jанкуловски, Благоj Даскалов и Кича Балева, кон Голема Преспа.

* * * Точно одгатнуваjќи ги нивните мисли, Деjан им рече:

- Според мене, постапивте сосем правилно. Штом го барате моето мислење можам слободно да ви кажам дека сте постапиле сосем патриотски.

Ние ќе ве примиме во нашите редови, затоа што е ваша слободна волjа да се борите во нашите редови. Но, сакам да jа знаете и нашата вистина: И во КПJ има членови со различни сфаќања. За нас поважно е националното чувство, како што гледа и каj вас е исто, но има и такви на кои предност им „Интернационализмот”, а националното чувство е непримерно за „вистински” комунист. Нас, Македонците, не можат да не сфатат соседните комунистички партии; ниту на Jугославиjа, ниту во Грциjа и ниту во Бугариjа дека македонскиот народ има други многу позначаjни проблеми - признавање дека сме посебен народ, а не дел од некоj друг соседен и неговото обединување по распарчувањето по Балканаските воjни, кога се бореа за ослободување од отоманското ропство, а попаднаа во други три ропства. Затоа, повиците за борба против фашистичкиот окупатор без jасна цел и иднината на народот во сите три делови на Македониjа не наидува на одѕив.

Вие знаете дека Комунистичката партиjа на Македониjа формирана во 1941 година, не jа постигна целта, таа брзо беше обезглавена и ставена под строга контрола на КПJ. Каj нас по поделбата на Македониjа се jавува еден чуден феномен на солидарност со поробувачите што повеќе да допринесуваме за нивните интереси отколку за ваши, со исклучок на Костурските комити во 1943 - 1944 година, кога беа ликвидирани пак од нас по налог на ЕЛАС - итите.

Ако ме разбравте, постапете онака, како што мислите дека е потребно.

Утредента Чакаларо, по средбта со Деjан, се чувствуваше посебно и поради многу работи, единствен. Секако тоа можеа да го разберат само некои луѓе. Тоj тоа го замислуваше за историски успех и беше уверен дека токму тоj пат на борбата води кон упсех. Чакаларо со групата се врати во Корештата за припрема на Македонските кои сакаа да заминат во Титовата армиjа, но сега сè се одвиваше поинаку од она што претпоставуваше и за што се подготвуваше.

Покраj будноста во самите единици и раководството на ГШ на ЕЛАС, упати остро писмо до ГШ. на партизаните на Jугославиjа и бараше да ги врати сите дезертери на чело со Чакаларо.

Кога дознал капетан Маркос, со старата омраза кон Македонците; се намршти и ги повикал сите штабови веднаш да донесат решание и да испратат елитни единци за прогонување и фаќање.

Тоj рекол:

- Сега, мрачно продолжи - Jас би ги гонел како тоа го правам и со Германците. Тоа е многу сериозно прашање. Тие можат да се разбунтуваат во нашите редови и ние ќе понесеме големи загуби.

Чакаларов, за да jа закрепне своjта чета и себе, се засолниле каj планината Врба и таму си дал неколку дена одмор. Годишното време му го дозволуваше тоа, зашто било краj на летото. Таму, душевно се опуштиле и направиле богата гозба со печени jагниња на жар. Во тоj логор, тие се чувствуваа надвор од опасноста на еласитите.

По неколку дена, една утрина, стигнаа вестите. Уште од зори бучеа радиjата, известуваа за бегството на групата еласити во Титовата армиjа на чело со Пеjов.

По радиото монотониот глас, зарипнат, невероjатен, секои пет минути махинално jа повторуваше веста. Престануваше и одново почнуваше, секогаш со екот на застрашување. Не се променуваше, не опаѓаше, никогаш не додаваше ништо, само истото го повторуваше:

“Се молат сите жители на костурките села, во колку дознаат ка се криjат дезертерите на чело со Пеjо, да ги приjавите во одборите на ЕАМ или во командата на ЕЛАС.” Потоа, неколку пати jа повторуваше директивата од Добривоjе Радосавлевиќ - Орце (Србин, Политички советник во Федералната македонска влада), адресирана до: сите политички работници и единици на НОВ на Македониjа кои преминуваат на грчка териториjа, во коjа се истакнуваше: “Од наша страна и од страна на ЕЛАС и ЕАМ се преземени сите мерки да се отстранат сите нездрави поjави кои се поjавиле во последно време во Костурскиот и Леринскиот краj - случаjот со преминот на борците од ЕЛАС во нашите единици - кои нанесуваат штета и зло на зедничката борба и заедничките односи на ЕЛАС и Народноослободителната воjска на Jугославиjа. Исто така се превземени и мерки да се отстранат сите грешки и каj нашите единици и единиците на ЕЛАС.

Исто така одговорните треба да ги казнуваат сите престапи, бидеjќи не може да се допушти неодговорно и неказнето да се рушат братските и соjузничките односи меѓу НОВ на Jугославиjа и ЕЛАС.”

7 jули 1944 година.

На Балканот се определиjа сфери на влиjаниjа. Велика Британиjа стекна превласт во Грциjа, а Советскиот соjуз во Романиjа.

Под притисок на Британците, на 20 маj 1944 година во Либан, КПГ, ЕАМ и ЕЛАС имаа потпишано спогодба со кралската влада по што се расформира коалиционата влада.

Комунистите Македониjа на своjата конференциjа одржана на 25 jуни 1944 година еднодушно се определиjа за откажување на договорот во Либан, како и за тоа: НОД да примени револуционерна тактика што ќе jа потпре врз сопствените сили и врз НОВ на jугословенскате народи. Во раководството на КПГ се издифернцираа две групи: едната беше за прифаќање на договорот, а другата, за негово откажување.

Групата коjа што се залагаше за прифаќање на Договорот надвладеа. За таквата определба многу придонесе и ставот на Советската воена мисиjа на чело со полковникот Григори Попов коjа на 28 jуни 1944 година пристигна на слободната териториjа. Тоj, познаваjќи jа тоталитарната организациjата и начинот на коj Сталин jа имаше сменето руската еднопартиска диктатура во тоталитарен режим, а револуционерните комунистички партии по целиот свет во тоталитарни движења, беше преку ликвидирање на фракциите, напуштање на внатрешно - партискта демократиjа и трасформирањето на националните партии во ограноци на Коминтерната раководени од Москва. Москва, беше апсолутна цетрализациjа на управувањето, каj сите комунистички партии.

Советскиот граѓанин Григори Попов, сега висок претставник и ополномоштен од советската партиска власт, му преостануваше само да рече:

- Ето директива... Так сказал товариш Сталин!

- Конечно на 17 август 1944 година ЦК на КПГ донесе решение да го прифати Договорот и да учествува во коалиционата влада на чело со Гергиос Папандреу.

На тоj состанок Стринго - член ПБ на ЦК и само додал:

- ЦК не еднаш ги предупредуваше Гоче и Пеjов дека нивната позициjа, нивното однесување нема да им донесе добро.

Ние пак им велиме на славомакедонските комунисти: потчинете се на Партиjата и во тоj случаj вам ќе ви бидат зачувани животите. Не сакате? Ако пак не сакате, во тоj случаj, марш по ѓаволите. По ова следеа ракоплескања.

Лето господово на 2 август илjада деветстотини четириесет и четврта година.

Муграта се лачеше од езерото и ветрот лелееше занесни звуци.

Таа година Еласитите и сите неприjатели го сотреа Костур и Костурско.

Крапов, замолча, а погледот сè уште му беше вперен во врвот на славната планина Вичо. Небаре сакаше да покаже од каj доjде злото. Потоа одмавна со главата и одеднаш неговите усни ги прекри прекрасна насмевка и продолжи уште по живо да раскажува, како сето тоа да било вчера:

“Таа ноќ во секоjа куќа се зборуваше за Грците. Селаните си го спомнуваа андарското време; колежите, грабежите и многуте застрашувачки работи што се случувале од кога доjде Гркот”.

Тогаш, во андарското, никоj не можеше да го обjасни бесот на критjанските андарти (1904) на чело со владиката Каравангелис и Павлос Мелас (Микис Зевас, со потекло од Епир), иаку уште Македониjа беше под турска власт.

Во некрологот се вели: Загина хероjски на 18 октомри 1904 с.

Статица Костурско. Последните зборови му биле: БУГАРИН ДА НЕ ОСТАНЕ НИ ЕДЕН ЖИВ.

Белешка за разлика од Каравитас, коj вели: Нас Македонците не ни требат, нас ни треба Македониjа.

* * * Крапов, со уште поголема жештина да обjснува:

“Понекогаш животот може да сплете приказна повозбудлива од онаа во филмовите. Се навраќам на она болно време од пред половина век не само за да ве потсетам, туку и за да го поврзам токму тоа време и тие длабоко врежени антимакедонски поjави што го одбележаа со крв и солзи.

Ситуациjата во овоj наш краj претставуваше еден маѓепсан круг. Токму во четириесеттите години пак се сретнаа; сега потомците на Илинедеските комити и грчки андарти од 1903-1910 година. Но сега во Македониjа под Грциjа имаше настанато комплетна промена со населението на грчките бегалци од турска Тракиjа и Анадолиjа. Тие, од 1918-1924 година, грчката држава за да им угоди на овие емигранти, големи поседи им беа поделени и како остаток од општинските пасишта и тие полека станува господари.

Џони рече:

- Гледате, ние Македонците имаме толку многу различни господари, коj и да доjде ние им велиме (ги доближи двете раце, направи задоволна насмевка со мал поклон), ‘Калос ористе’.

Ете сега и они се вмешани со еласитите, пак против нас;

човекот против човекот со нашата добрина. Насекаде гледаш убиства, заемно нанесување на нечесноста, факели подметнати под домовите. Сите тие луѓе како да ги уништи гневот и чиниш нема да им имаат душите одмор. Потомците на андартите, сега наоѓаа заштита во сопствените зла и оноj што е ега сакаше да биде храбар, може само ако е гневен; вреден само ако чувствува страсна желба да учествува во нечиjа “смрт во пустина”.

Крапов рече: