Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

A Century of Silence (1913-2013)

ЕДНОВЕКОВНО МОЛЧЕЊЕ - Part 02

By Стојан Кочов · Part 2 of 24 · About 17 minutes

Read in English

По нивното напуштање, остануваат многу отворени прашања за македонската историjа!? Тоа беше време, како што велеше дедо ми, кога: “На мудриот повеќе му користат неприjателите отколку на лудиот приjателите.” Го гледам како се згрчува и од внатре го jаде некаква jанѕа, а каj мене роj од прашања:

Зошто мислиме дека порано луѓето биле посреќни, а животот по едноставен, зошто постоjано правиме реминисценции за добрите ввремиња? Зошто со тага ги разгледуваме старите фотографии и ги слушаме со восхит подвизите на нашите предци. Дали сакаме да промениме нешто од нашето минато!?

Значи, тоа беше време кое: животот на Македонците, посебно на костурчани им беше исполнет со гнев и со неизвесност. Кога се вратив во Костур- дома во овоа свето место, наjдов еден изурнат живот, а оставив убава жена и дете кои ги носев длабоко закопани во моето срце, како наjголемо богатсто.

Дедо ми велеше: “Не разделиjа и не поделиjа и ете денес, од секого ќе слушнеш глупави мисли и разни Богохулења, но мудриот костурчанец треба да ги премолчува и да си го чува огништето, а во него ќе има вечна топлина…” Му велам: - Ти си искрен човек…

Тоj, нестрпливо ми вели:

“Jас сум Комита и jа кажувам вистината, ако навистина бев дволичен, мислиш дека ќе го носев баш ова лице?” Ние Костурчаните, го изгубивме Костур за не цели десет години од 1940 до 1949 година, затоа што не постапивме мудро и одговорно, токму во тие судбоносни години се поделивме на Комити и Еласити и станавме луѓе без мерка спрема самите себеси; плашливи, предизвикувачи на неред, делувавме сурово, а требаше одамна, еднаш за секогаш, да се отргневме од нашето поданство и од тугинците да ни го наметнуваат своjот начин на стратегиjа и визиjа како безалтернативен избор… Тугинците, не процениjа дека им ги прифаќаме лагите, дека сме милосливи спрема нив, а тие сè повеќе со таквите лаги, нè хранеа и не силее во нашето братоjадство… Тие jа сакаа Македониjа без Македонците. Така веле андартите кога доjдоа 1903 година.

Го прашав:

Кажи ми jа вистината; какви луѓе беа Комитите?

Се двоумеше. Тажно и како жарчиња му гледаа очите.

Тишината беше долга како вечност, но тоj jа прекина и ми рече:

“Слушаj земjак, ако сме искрени и jасни пред идните генарации, треба конечно да создадеме здрав и отворен повик, со коj ќе ги обjасниме нашите корени дека се тука, во ова Костурска земjа и дека тие треба да го добиjат заслуженото право да се вратат на огништата од своите предци и да престанат да живеат по светот разочарани и гневни со болни спомени. Да го барат своето некаде далеку од оваа наша одземена македонска земjа. Тоа ќе биде наjтешкиот наш испит, но потомците треба да се вратат ДОМА! Тоа наше прогонство, беше еден планиран хаос, уреден на лажни вредности, паднат морал, духовна сиромаштиjа, загубени илузии и изневерени наши македонски идеали. Ме прашуваш, кои луѓе биле Комитите?

Сега ќе морам за сè да раскажам. од самиот почеток, да се разбудат многу стари, поминати времиња. Во такви болни и трогателни средби се сè оживува.

Комитите беа луѓе кои се решиле да се исправат пред своите стравови, сомнежи, прогони и немири, со своjата храброст да го трасираат и изодат патот кон слободата и да бидат самостоини режисери на сопствениот живод. Ние, македонските Комити, по се изгледа дека сме биле со родољубива визиjа, сме биле во вистинската борба за прв пат во историjата и затоа владетелите, по поделбата на Македониjа наjжестоко посакуваа да не уништат, а тоа го сториjа од како ни го организираа братоjадството.

Разменувавме погледи и наеднаш. Чувствуват чудна неприjатност. Неговиот гнев беше неизмерен. Ме загледаше во очи, рече:

Комитите беа бунтовници, луѓе што размислуваа со своjа глава.

Тие никогаш и не помислуваа да го напуштат Костур. Имаа доблест и храброст- гласно да го кажат тоа што го мислат:

Костур е наш! Македониjа е наша татковина. Ние, нема по светот да наjдеме друга Македониjа или Костур, тие се наша татковина на домородците! Тие дискутираа за идеи во интерес на Македонците. Македонските комунисти дискутираа за настани, а малите умови еласитите (поданиците), дискутираа за луѓето: коj е коj и на кого му е поданик.

Со своите очи ги гледав кога маршираа комитските чети.

Костурчани плачеа, кликаа над секоj своj успех, оти тоа го заслужуваа, оти им следуваше, оти заслужуваа, оти ние Македонците, таа можност не сме jа имале, за да го направиме тоа порано.

Да, уште повнимателно слушаа и гледаа во четите. Во тие времиња омразата на Каравангелис и Метаксовците што ги разделуваа Костурчани на “гркомани и паљовулгари”, сега веќе значително беше згасната, а луѓето одеа со повисоко кранати глави, од кога и да е порано.

Секоj извикуваше: Тука сме! Да jа видиме македонската воjска.

Горди сме за тоа што им припаѓаме!

Костур одекнуваше, биеjа камбаните од сите цркви, сиот народ;

Македонци, Евреи, Власи и другите и сите беа на улица. Само гркоманите ѕиркаа од прозоците уплашени од тропотот на македонското марширание.

Како да е сега, во овоj миг пред очи ми се, да минуваат низ улицата до плотадот.

Потоа следеше говорот на Паскал Добролиски, Васил Мањатски, Пандо Четирски, Лука Дреновски, Баj Кољо и други, началници на Главниот Штаб.

Во тоа време, вистинска реткост беше да се види македонска воjска, дури по Илинден, кога беа построени од Чакаларов, Пандо Кљашев, Лазар Поптраjков, Митре Влаот, а сега ги гледаш разjарени, радосни и горди, а не како до сега што служеле воjници во туги воjски и под туѓо знаме, а и под туѓи наредби, и како марионети игравме влечени од офицерите на окупаторот.

А насобраниот народ викаше:

“Овде сме! Оваа е Македониjа! Ние сме наjстароседелци на оваа грутка земjа” Тоа треба да го знае секоj поробувач... Сè е вистина! Македонците маршираа со кренати глави во родниот Костур. Ние, сме стоопани на оваа земjа, а Грците окупатори на оваа земjа, а укупатот без свои народ е ништо. Тоj неможе да пушти ни корен ни плод без свои корени. Факт е:дека во Македониjа си донесоа свои луѓе дури од Понтиjа, за да му покажат на светот дека тука има Грци!

Воjводите извикуваа:

Прв зеде збор Добролиски. Тоj громко извика: Ова е голем ден за Македониjа. Денес е Илинден и е ден на иднината, за афирмациjа на македонското национално битие! Неприjатели наши: помирете се со тоа! Доjде часот кога мора да им се рече доста! - на сите црни банди, доjдени од џенемот да сеат смрт по нашите села за освоjување на Македониjа.

Ние, ќе го браниме Костур до смрт! Во овоj миг сме сплотени сите Костурчани во едно тело, и нашето срце чука како едно -за Македониjа! И за нашиот роден град КОСТУР.

Крсто Крапов, jа изjари главата како стар воин и ми вели: “Тоа што го направиjа костурските комити, долго ќе го паметат генерациите. Тие беа храбри и горди синови на Македониjа.

Тие останаа верни на своите Илинденци; татковци и дедовци.

Моjот народ беше неписмен на своjот маjчин jазик. Не затоа што беше заостанат, туку затоа што нему се даваше можност да го учи соето писмо и да пишува на македонски. Но, нашата усна традициjа никогаш и никакви воjски не успеале да jа сотрат. Морничавите тажачки, на македонските маjки, денес одекнуваат до небото, од радост. А ние децата растевме со песните за аргатувањето, воjните, љубовта и печалбата. Немало Костурчанец, било каде и да е; да не jа запее и заигра песната, коjа му врие во крвта:

Мори чупи костурчанки, Раширете го орото, Раширете го орото, Да ви виме фустаните, Да ви виме фустаните, Чиj е фустан дамкалиjа Чиj е фустан дамкалиjа, Да се стора севдалиjа…

По фустанот на чупчето…

Стариот Крапов се возбуди, потпевнуваjќи jа песната. Вените на челото и вратовените му набабреа како да сакаше сè она насобрано со години во себе, да го исцеди.

Од искрена почит кон него, ми доаѓаше да извикам: “Свирачу што ќе пиеш!...” Во себеси си велам: “О, Исусе, се чувствувам изненадно и некакво олеснување.” Не знам дали да летнам од среќа. Ништо не било уништено, песната наша ечи во моjот роден Костур.

Следеше тишина. Но во него, некаков немир пак почна да раскажува:

Си намнисувам на маките што ги минав на островите; на сè.

Моите наjубави години ги поминав на тие пусти острови, далеку од родниот Костур, љубената (Кира) Кираца и моето синче Дончо.

Си намнисувам на последните зборови од Кираца. Ми jа стискаше раката и последните зборови ѝ беа: Крсто остануваш сам… Бараj го синчето… Таков аманет ми остави. Кога jа прашав Кираца: Колку години ме чекаш? Имав да ѝ кажам уште неколку збора, ама останаа во мене, не можев...

Таа, насолзена ми одговори: Триесет шест години , пет месеци и 12 дена…

“Сега jа нема. Патетичноста, често ме наведува на разговор со болката, со сетилата и немирите на тивките пулсеви и тактови, на говорот и мислењето. Хоризонтите на тие чести замисли се невидливи, недофатни, далечни. Таа беше силна жена!” Мислам дека таква несреќа ни била на сите Македонци; целата вечност зjапаме во голите острови и по туѓите земjи. Срцето ми чука во ушите. Си спомнувам низ времето на бизарниот нагон на смеење. Веднаш потоа добивав патетична желба да плачам.

Ах, тоj пес, требаше пред да се вратам, не да го убиjам, туку да го плукнам, тоа сега ме мачи зашто толку многу се гадам кога си го спомнувам! Подобро, од островот да не се враќав жив…

Спомнуваjќи си го здивот и далгите на езерото наше, на Костурските рибари и на волшебниот игровит кавал, на живописот и залезот на сонцето и миризот од пржениот крап, и сега ми исцедува солза... кога си jа намнисував љубената Кираца и си потпевнувам песната:

Си заљубив едно моме костурчанче…

Oх, аман, аман…

Падна моме се разболе Бело лице потемнело, ох, аман, аман…

Црни очи затворило… ох, аман, аман…

Го загледав како срона солза. Се уверив дека солзите се наjдобри преведувачи на нашите длабоко скриени чувства.

Тоj се исправи, ги избриша солзите ги протри очите, ги собра усните како да сака да крикне и рече:

“Што ли сум му направил на господ Бог, за да ме заколни толку лошо… По добро ќе беше тоj ѕвер; да ми jа одземаше душата!” Беше тоа еднакво на чудо. Како да му попуштил синџирот со коj му бил врзан jазикот, тоj прозборе во буjца од грлести тонови и блик од солзи:

Грчиштата ми го уништиjа семето. Ми го лишиjа правото да можам да имам потомок, да бидам дел од моjот народ, од човечкиот род во иднина. Тоа во суштина им беше целта, да не убиjат сите домордци. Ме убиле на наjподол начин, само душата моjа, за сèто тоа знае…

Со години на островот, но и по враќањето дома во Костур, долги години ми се повторуваше истиот сон коj еднаш го сонував на островот, тогаш: Толку се уплашив без точно да знам- зошто и од што да се плашам. И, така си седев во шаторов неподвижен, скаменет, без живот, без душа, не знаеjќи ни каj да погледам, ни накаj да се помрднам... Го сонував со години, човекот што ме скопи... рече воздбудено и болно и продолжи:

“Од тогаш, сè до денес катаденувам со мисла и надежта дека еден ден, моjот род ќе им се одмазди за сето нанесено зло на овоj моj род... Но, за тоа родот наш, ниту говори, ниту му кажува на светот”…

Така повторуваше Крсто Крапов и гледаше во мене скомросан, со избледените очи.

Во себеси си велам: таквиот човек што чува таjни почнува да се чувствува изолиран и незаштитен од никого па каj него се формира убедување дека било коjа власт е загрозувачки фактор за неговиот живот.

Ме опули охрабрено и ми вели:

Jас никогаш не сум бил од оние што сешто криjат во себе, па потоа, се полни со омраза, бес и немоќ. Кога имав нешто да кажам, кажував. Кога немав што да кажам, молчев. Но, каj нас, Костурчани, се поjави една одлика; се поделивме на Комити и Комунисти (луѓе - заљубени во ропството). Такви не имаше во Костур, во Америка, Австралиjа и Канада, во Ташкент и Европа, наjмногу не има во Белград, Софиjа, Атина… Никогаш не можеше некоj да не мрази толку, колку што ние можевме да се мразиме самите себе. Па дури и кога гледаме дека таа самоомраза има разурнувачки последици по нас, ние продолжуваме да се мразиме, и не застануваме на тоа, туку ги повикуваме и другите кои ни се приjатели по идеолошка линиjа; да ни се придружат, и да ни помогнат заедно да го мразиме своjот по род, сè додека постои нешто што уште може да се мрази. Како Комити или како Комунисти… Тоа, добро го научивме од Костурскиот владика Каравангелис. Тоа го правевме свесно иаку знаевме од предците дека Турците тука биле пет века во Македониjа, немале време за таква ука да ни дадат, а господовото чедо крвникот Каравангелис, набрзо не оспособи за таквото братоjадство… И, на краj не прекрстиjа и ни дадоа ново име и презиме, па тоа не натера и самите да се заборавивме и да воjуваме против вековното наследство и своjата судбина и од коj прадедо и дедо ни беше семето…

Стресот на Македонецот од грчките сурови закони,катадневно и непрестаjно надвиснуваше како воденичарски камен, смачкуваше цели семеjства и со години не изгонува од своите прадедови огништа. Прогонети во туѓина,сенката на осаменоста ги следи,ги уништуава.

Ете, тоа не снаjде од кога не окупира ГРКОТ!

Гласот му стануваше сè по продорен и низ тие мисли му истекуваа болките; низ видливото и невидливото време, но тоа не го прави само да си jа олесни душата, туку во него нешто не откриено вриеше, се бунтуваше и сакаше многу да му каже на светот…

Очите му беа чудни, а многу светли, како две бистри изворчиња.

Стоjам и слушам; нанижани патила од пред повеќе од половина век. Навистина, тешко се издржува кога се молчи. Особено за некои многу важни историски мигови, кои по желбата на тугинците сме ги премолчивме низ нашата историjа. И си намнисувам, кога дедо ми велеше: Еднаш за секогаш треба да се победи стравот, а победата над стравот е почеток на мудроста…

Колку сум задоцнил?

Сведнав глава. Каква и да е неговата приказна, ми беше многу жал за него: така заборавив на моите проблеми. Да! Но, зарем само jас? Зарем само Костурчани!?

Но, ипак и по половина век, човек може да jа сфати несреќата само до извесен степен. Кога ќе го помине тоj степен, (а ние одамна го минавме), несреќата го уништува човекот (му ги уништува прадедовите корени) или го остава рамнодушен, односно ќе стане рамнодушен како нас Костурчани.

Тоа беше време, кога љубовта беше толку кратка, а заборавот е толку бескраен, време кое Грците; не тераа да jа преферираме лагата пред вистината.

А Можеби, и за тоа што ништо не е потешко да се зборува за своите патила… Кога го загледав, видов колку е jадосан.

Се запрашав, дали е чесно да се предизвикува страдање на други, дури и кога човековите наjдлабоки желби неизбежно водат кон тоа?

Не забележав дека во моите очи, имаше солзи додека го слушав.

Тоj, одмавна со рака, ме опули жаловито и ми дообjасни, додека гласот му се прекинуваше и ми рече: “Плачи, испразни го отровот од душата и остави му jа намерата да го доjадува цел живот...” На краjот нема да ги паметиме навредите од неприjателите, туку повеќе ме нагризува: тишината од нашите браќа Костурчани и сите Македонци кои свиле гнездо по светот и си го оттугиле родниот краj, но и сите ние судбински кои си останавме тука, да опстоиме на татковинското…

Но, наjмногу страдаат оние, а ќе страдаат - сè до гроба, сите оние што се далеку од оваа прататкова земjа, коj во младешките години оставиле дел од љубовта тука. Кога пролетта беше време на љубов, а на среќните беќари цел живот им беше умот во пролетта.

Сега, на сите преживеани, во нивната осаменост и носталгиjа;

љубовта вечно им гори во душата и посакуваат да jа запеат наjпеаната песна што jа пееле костурските лепи чупи и заљубените беќари: Твоите очи Лено мори…

Од толпата се слушна глас на расположени Костурчани:

О Крсто! Аjде да jа викнеме онаа нашчата.

КРЕНА МАРТИНАТА Крена мартината, мори мамо, фати планината.

Тана- на- на- на- на, танана- на-на, оjду на Локвата.

Таму се собрале, мори мамо, от пет села деци, аj от пет села деци, мила мамо, от три села чупи.

Чупите д’мбенски и чупите смрдецки не се теку лепи, Гласо му се крена, мори мила мамо, многу на далеку, до Солуна града.

Лепите деци, мамо мори.

Енаш те опулве, мори мила мамо и те опиjанве.

Аj енаш шом запее, мила мамо, умо ти го креве.

Сите, беа фатени на орото и продолжиjа до длабоката ноќ со песната, коjа ечеше до Вичо планина:

Шчо си толку Лено мори, гаjлелиjа…

Втора глава Величествените панорами на Костур.

(Ене оттуа шчо убао се глендат прадедовите огништа, а ги пулис откарши лепите дрвени чардаци? Кеку лепо е да глендаш на каj нив и да се ендриш, како на нешчо свое шчо го миљваш..., - ми рече и седна до мене, Крсто Крапов.)

1. Утрото осамна и блесна сета убавина на Костурското езеро, коjа го одзема здивот. Костурската зора е тврдо сива и бурна.

Доаѓа ненадеjно и тоа некако од небото. Како дожд, како плисок светлина, а можеби ми се причинува така од моите насолзени очи. Незнам. Секое утро се нурнувам во понесоницата. Одам по старините цркви и барам траги од предците, тие биле побожни, кротки и необично трудољубиви луѓе, кои му служеле на Бога. Одам по нивните стапки и ги чувствувам; им jа мерам големината и строjноста нивна. Домот наш нема врата, нема прозорец, поплочената патека сега густо затревена, само куп рушевини под голото небо. Некогаш, тука се пиело вино, а и улиците остареа без деца.

Боже! Колку сум вљубен во домот на моите предци! Ете во овоj двор маjка ми, со баба ми Jанка ме исчуваа. Маjка ми умре во Полска и таму е закопана, а баба ми Jанка тука во Костур умре, но гробот не ѝ го знам…? Гробовите не им ги знам, ниту на маjка, ни на татко. Тоj погина на Италjанскиот фронт, за интересите на грчкиот цар.

Без да се воздржам, ми паднува солза, по неа и друга…, а во мене мислата ме притиска и боли, ако не кажам дека во оваа куќа, дедо ми раскажуваше за Илинденците, за нашата гордост.

Тука играв и растев. Ене го староро дрво; дуњата - мирисот на детството. Кога се родив, тука баба ми jа има закапоно моjата папочната врка, под корените на овоа разгрането дрво, а сега стоjам како “Тугинец во своjата земjа”, несум на своето, туку само веjќа на ветрот и уште разбеснети силни бури ме биjат, ме одвеjуваат на сите страни… Стоjам окован пред урнатините на моjата дома, коjа jа напуштив во мачна прелага, се борам, пребаравам низ ова жестока казна, а за сè носам удрен печат на моите коски и се уште талкам по светот… Тука сите мои спомени се изгорен.

Оттука, во една темнина, Маркосовите партизани насилно ме мобилизираа и не ми дозволиjа да се збогувам, заминав без збогум… Плачот на моите блиски, со години вие сè по засилено по мене. Ме занемува, опулот ми згаснува… Сега, сега!?

Ме бодна чудна болка. Jас веќе се разнишав, чекорот го измешав и се фатив за ѕидините. Ми надоjде лошо. Вистинита е сурова, вистина е дека сум во татковиот двор; вистината е човечки принцип кога ќе се сретнеш со она што ти припаѓа.

Господе, даjми трпење! Сега не ми припаѓа ништо, само болката, само спомените и пепелта. Ама…?!

Костурчани велат: Од каj ќе се напиеш првпат вода, таму ти останува душата...

Ех, од љубовта и од надежта за средба со своето, не се бега…

* * * Првото прашање што му го упатив на Крапов е:

- Има ли историски докази дека Костур до грчката окупациjа во

1912-1913 година бил грчки!?

Крсто Крапов, застана простум, jа крена раката и jа движеше по работ на краjните контури на градот Костур, и ми обjаснува дел од нашата забранета историjа:

Костур е еден од наjубавите градови во Македониjа, сега под Грчка власт, град со своjата спокоjна и идилична природа, но и со наjбогатата и долгата историjа.

Костур е град, коj има византиска архитектура и со голем броj на византиски и повизантиски знаменитости, односно и наjмногу остатоци од изградбата на нашиот голем силен цар Самоил.

Да, ние сме Самоилови наследници. Дури тоа го покажува нашиот лик. Речиси и да не постои сериозен научник што не верува во процветот на Самоилоото царство. Пот ми се слева низ сите дамари, кога слушам Костур бил грчки, а сега, дури и колонистите удавени во пропагандата; велат дека биле потомци на Цар Самоила и сега од Карамани (Пондии) кои, се декла-рираат како Македонци!?