A Century of Silence (1913-2013)
ИЗЛОЖЕНИЕ
ИЗЛОЖЕНИЕ:
На сите грешки, злодеjства, и противнародни и противмакедонски дела, извршени од Грците на штета на нашиот народ во грчка Македониjа за време на тригодишната антифашистичка борба:
... 1) , 2)... д) Во овоj период беја извршени масовни екзекуции на 60 комитаџиjи коjи са избегали од Германците и доjдоа да се предадат на Пеjов. Но зашто сакаjа да се предадат на Пеjов (Македонската партизанска едина) ане на Грците, последните од омраза и фанатизам кам македонскиот народ убиха свите 6о души бегалци. Това не беше право нито законито, а Грците со своjата зверска поступка прекршиха свите наредби и закони на ЕЛАС и ПЕЕА и ги убиха без судење. Това собитиjе потресе целиот наш народ и неописуен страх притисна неговата душа.
Оваjа екзекуциjа на 60 души стана против параграф (член 113)
на воjните закани на ЕЛАС.
е) Исто во основа време по покана на 28 полк и Окружни комитет на грчката комунистичка партиjа (Периклис) и со обештанието што се предадат доброволно комитаџиjи од македонските села во костурско след обезоружаването им ќе бидат ослободени, деjствително неколко се прададоха на место да ги пуштат Грците ги затвориха во Лари село Изглибе (а неколко от них растрељаха).
ж) Исто во онова време беја конфискувани; волови, овци и друго на сите партизани коjи са следвали Пеjов.
з) Партизани од македонскиот батаљон “Гоце” поради това што се пееле песни против цар георгиос след како им беше забрането за будеште да пеjат такви песни беја заплашени со арестување од маjорот Аминдас...
љ) Секретарот на Костурско Периклис заjавил “Не се боjме од Тито, ќе почнеме да ви сечеме главите ако викате да живее Тито.” Кога беше арестувано бjурото на СНОФ, Окружниот комитет на грчката комунистичка партиjа започнала една бесна кампања против известни стари Македонци борци кадрови и особено против другарите: Лазо Ушенски, Паскал Митровски, Лазо поп Лазаров. Обвинехава ги за агенти на Ванчо Михаjлов и охраната со jугословенските Македонци; Деjан - член на ГШ. на Македониjа, покоjниот Кољо - политички комесар на првата македонска бригада и другарот Абас - член на ГШ на Македониjа.
... Овиjа се одношениjата на грчката комунистичка партиjа со нашиот народ.
Борбениот пат на егеjската бригада во редовите на Титовата армиjа.
Една вечер во земjанката на Грамос во 1947 година, покраj големиот оган комесарот на нашата чета Ване Шишков ни jа раскажа приказната што jа доживеал во борбите во вардарска Македониjа.
Тоj раскажуваше за макотрпниот пат на егеjската бригада, а дома беше оставил млада жена и деца.
Забележав како темните интелигентни очи, кружеjќи наоколу, запреа на моето лице. Тоj ме гледаше со блага насмевка, можеби затоа што бев наjмладиот во одредот.
- Нешто сакате да ми кажете, другар командире?
- Ништо, момче, jас ништо, чиниш му недостигаа зборови.
- Но, се разбира дека сакате нешто да ми кажете.
- Имам син, малку помлад од тебе и се прашувам зошто си и ти тука? Сам ли сакаше?
- Не реков. Jас сум со присилна мобилизациjа од нашите нофити.
По моjот одговор, долго вртеше со глава. Настана кратка тишина.
- Нешто не е во ред? - реков.
- Не, само така, се загледав во тебе ме отвлекуваа мислите од она што почнав да ви го раскажам дека живееме во политичко незрело општество.
Беа тоа, навистина лоши времиња. И тогаш с’ се одвиваше поинаку од она што претпоставувавме со одењето во Титовите партизани.
Тоj не знаеше за вина, убеден беше во неговата чесност.
Раскажуваше: Бригадата претстоjувала во касарните во Битола.
Беше необична измешаност и расфрленост на единиците што немаа распоред. Неполни два месеци грицкале семки.
Командирот Ване рече:
- Во еден од овие декемвриски денови се случи нешто одамна што се очекуваше. Гласовите доаѓаа оддалеку, небаре доаѓаа низ свирежот на ветерот на Леринското поле. Во вечерните часови пристигнаа една група бегалци; жени, деца и старци.
Вчера неколку села во Леринско ги нападнале еласовците и направиле пустош; убивале, силувале млади невести, палеле и ги протерувале преку границата.
Некоj од нашите, како улав, потрча до бегалците и со иста брзина повторно се врати во касарната држеjќи в рака автомат во готовност.
Цела ноќ, до разденот на денот да го совладаме. Тоj беше моjот соборец, водникот Павле Карамитрев. Бегалците му кажале дека неговата убава невеста Риса му jа силувале и на краj jа убиле и оставиjа незакопана и од злоба го убиле и тригодишното дете. Тоj се почувствува опустошен, умствено изморен, безволен, туѓ на самиот себеси, згнасен. Се обидуваше да си ги собере мислите околу нешто умно, интересно - но во главата не му влегуваше ништо. Се прашуваше: каков нов прекрасен живот би можел да се изгради? Таквото бегање нема оправдување. Го навасуваше гневот. Се губеше. Му се вртеше во глава, само за некаква одмазда.
Да, се сеќавам на тоа.
Водникот Павле Карамитров, викаше:
“Прости! Прости сме и страшливци. Продадени души! Го оставивме наjсветото: семеjството и родниот дом и не донесовте тука да грицкаме семки.” Го имаше опфатено тапа мачнотиjа. Ѕиркаше низ голем засек на еден прозорец и нишанеше да убие некоj од нашите главни команданти на бригадата. Викаше и ги грдеше командантите на бригадата.
Во еден миг истрелот беше ненадеен, немилосрден. Водникот Павле Карамитрев мавташе со долгите раце и се прашуваше:
“Коj ли ме уби?” После неколку дена, некаде пред Нова година во декември 1944 година, тргнале кон грчката граница, со намера да влезат во Грциjа од каj Леринскиот округ и да jа остварат нивната замисла-ослободување на делот од Егеjска на Македониjа.
Таа замисла им пропаднала бидеjќи биле стопирани со наредба на Главниот штаб на Македониjа, а наjвероjатно од Белград. Тоj нивни чекор Белград не го одобри и оттогаш се видело дека немаат никаква подршка од браќата во Вардаска Македониjа.
По овоj неуспех, на бригата им се даде нова задача и одма да се пресели на териториjата Гостивар - Тетово и само со една цел:
да ги прогонува и чисти балистичките банди на Џемо и Мефаил. Тие банди биле оформени уште за време на италjанската и германската окупациjа, а продолжуваа да деjствуваат и по повлекувањето на окупаторот, малтретираjќи го македонскиот народ во тие краишта. Оваа задача им била доверена бидеjќи единиците што дотогаш го котролирале тоj терен беа испратени на Сремскиот фронт. Бандитите на Џемо се движеле интензивно по планината Сува Гора и Шар Планина, како и околината на Кичево. Тие имаа полна поддршка од месното арнаутско население.
Командантот рече:
- Беше краj на месецот, околу 28 декември 1944 година.
Времето беше многу студено. По патот цело време врнеше снег, а ние тргнавме пешки преку демирхисарските планини и стигнавме некаде меѓу Охрид и Кичево. Местата ни беа непознати, а ние помалите раководители немавме никаква карта за да видиме каде поминуваме. По пат извршивме претреси на неколку арнаутски села и запленивме доста пушки и мунициjа.
Ми се чинеше дека се движиме по беспаќа. Целиот простор беше покриен со дебел слоj снег, што таа зима го имаше во изобилство. Една вечер стигнавме во Кичево. Студот ни навлегуваше во коски. Зимата, како никогаш порано, фрлаше снег. Едно луто време, дури лиотот не се движи. Земjата беше полна со некавки други чудовишта, а луѓето несреќни и осиромашени, без храна. Ни ние немавме, талкавме гладни.
Бевме многу слабо облечени, буквално во летна облека, односно коj што имаше. Моjата чета една вечер преноќи во Кичево во една кафеана коjа мирисаше на гнилеж и влага. Еден старец се гледа во нас и ни вели:
“Вие можеби сте мрднати штом сте дошле ваму. Ви велам, по селата нема ни жива душа од партизани, сите се испратени на Сремскиот фронт. Кого по ѓавола, барате во овие пустелии? Ви велам дека вашето доаѓање е глупаво и бесмислено. Борците, треба да си го бранат родниот краj, а не... Натаму има многу балисти кои сечат глави, за ништо ич”.
Утредента тргнавме за Гостивар каде што се сместивме во соколаната близу до реката Вардар. По десетина дена третиот баталjон се премести во селото Бањица, а моjата чета се смести во училиштето. Командир на четата беше Коста Самаровски, заменик Тодор од селото Буф.
Во Гостивар и Тетово бригадата остана во месеците jануари, февруари и март 1945 година. Секоjа втора - трета вечер, таа или неjзин дел изведуваа акции против балистите кои крвно напаѓаа на нас.
Според информациите што ги добиваше штабот за поjавата и движењето на бандите на Џемо и Мефаил, а во зависност од оддалеченоста на местото, тргнувавме околу полноќ или порано, со цел да стигниме на одреденото место в зори.
Прикриени во темницата, одевме 3-4 и повеќе часа пешки низ Сува Гора, Шара или некое полско село, газеjќи низ снегот, го обиколувавме селото за кое имавме информациjа дека таму се криjат бандитите. Штом ќе се разденеше, ние напаѓавме.
Нашето тргнување во секоjа акциjа беше будно следено од приврзаниците на балистичките банди, кои имаа одлична организациjа. Нивните курири веднаш доставуваа информации.
Tака, уште пред нашето стигнување, Џемо и балистите се преместуваа.
Си намнисувам добро на една акциjа во едно арнаутско село, каде што многу рано, пред зори, стигнавме и го обиколивме, кога се раздени, неколку десетини влегоа во селото.
Месечината jа затскриjа облаци и мракот стана сè погуст.
Бандата на Џемо одеднаш припука со автоматско оружjе од една куќа, при што уби дваjца или повеќе наши борци од костурско, леринско и воденско, а потоа почнаа да бегаат. Удри една на една страна да се пробие, а нашите jа дочекаа со пукање. Се свртеа на друга страна и на краjот избегаа преку еден дол. Ние пукавме единствено со пушките, бидеjќи митралезите беа блокирани поради големиот студ. Бевме гладни и изѕемнати.
- Каков е овоj мирис?! - се прашувавме и се чудевме.
- На изгорено, на човечка крв! - извика Вангел Клапушевски.
На нешто многу чуден мирис и длабоко мириса ветрот, коj постоjано го менуваше правецот и од секаде го носи истиот мирис. Во една од неколкуте плевни дотлеjуваа изгорени човечки трупови кои балистите ги имаа убиени и запалени.
Мирисот беше веќе се по интензивен и загушувачки, речиси агресивен и отвратен. Стоиме заумени од нечовечкиот чин.
Кога дознав кои беа од нашите борци, изгубив свест, обидуваjќи се да се соземам и да останам стабилен на нозе.
Од тогаш, на моите костурчани ни лик им видов, ни гроб им знам.
- Веднаш тргнуваме! - нереди командантот Гоче. - И бидете што поблиску, во колоната еден до друг! Никоj да не се оддалечува премногу.
По борбите што ги водевме против балистите, нашата Прва ударна бригада на Македонците од Грциjа беше дислоцирана во Битола и Гевгелиjа. На тоа остро протестираше грчката влада, сметаjќи го тоj чин како акт на териториjални претензии спрема Грциjа. Како резултат на тоа, со специjална наредба бр. 236, испратена од Jосип Броз Тито на 2 април 1945 година Првата ударна Бригата беше присилно расформирана.
Сите борци бевме распоредени по единиците на Титовата армиjа во Н. Р. Македониjа, но само за неколку месеци, а потоа секоj ден натоварени во камиони - покриени со цирада, бевме транспортирани до границата со Грциjа и регрутирани во редовите ДАГ, но сега под команда на грчки офицери.
А тие, што го организираа бегството на баталjоните: од ЕЛАС во Титовата армиjа, од власта на Колишевски беа заштитени како “национални велечини” и назначени на високи функции во Н. Р. Македониjа, па дури некои доживотно останаа како општествени крлежи.
Под притисок на состоjбата во Грциjа и целта за ликвидирање на Костурските и другите комити, есента 1943 година создадена е СНОФ (6) (Славо - македонски народноослободителен фронт)
и партизански еденици СНОВ (Славо - македонски народноослободителна воjска).
Основачката конференциjа на СНОФ за Костурско се одржала на 24 декември, а за Леринско на 26 и 27 декември 1943 година.
На основачката конференциjа СНОФ се придржувале на упатствата и белешките од Темпо и на оснаова тоа jа граделе платформата за заедничката борба на македонскиот и грчки народ. Како основни поставки на платформата биле:
1. Борбеното единство на македонскиот и грчкиот народ во егеjскиот дел на Македониjа како услов за победоносната борба против фашистичкиот окупатор;
2. Мобилизациjа на македонските маси во единиците на ЕЛАС за оружена борба и разгром на окупаторите;
3. Политичка и оружена борба против: комитите, Калчев, Михаjлов и гестапо, кои со своjата автономистичка пропаганда сакале да го насочат македонскиот народ против грчкиот и обратно;
4. Бореjќи се заедно со грчкиот народ, во рамките на ЕАМ против окупаторот, македонскиот народ можел со помошна грчкиот народ да ги реализира своите национални стремежи и правото на самоопределување врз основа на принципите во Атланската повелба и сите други резолуции на големите соjузници. Со тоа се вели дека окружниот комитет на СНОФ и официjално го постави македонското национално прашање за прв пат пред Комунистичката партиjа на Грциjа.
Раководството на КПГ, меѓутоа, уште во зачетокот ги имаше ограничено секакви инициjативи и ги имаше насочено против комитите. Затоа што во програмските начела на ЕАМ и на ПЕЕА и при спогодбата со избеганата влада и англиската мисиjа не ги признаваше правата на Македонците, ниту пак им помагаа на Македонците да создадат такви сили, туку ова сè беше со умисла против формирањето на комитите со македонските барања.
Раководствата на КПГ и ЕАМ, се до април 1944 година, го користеле СНОФ за свои политички и воени цели, пред се во пресметка со комитското движење и почетокот на маj 1944 година ги расформираа македонските организации СНОФ и СОВ, бидеjќи преставувале основна пречка во преговорите на КПГ со грчката владата во бегство и со граѓанските партии за формирање на коалициона владамза што била закажана средба во половината на маj 1944 година.
За време и по братоjадството, следеа обвинувања Македонските екстремни ЕЛАСити им се зака-нуваа: “Ќе ве уништиме комитски бугараши. Илинденски кучиња, затоа што сакате Костур и селата да им ги присоедините на Бугариjа.” Комитите бранеjќи се им одговараа: “Вие сте андарти - грчки кучиња. Одродени сте од нашиот народ. Уништивте и прекрстивте сè што е наше и црква и jазик и имиња и места и ора и песни, сè погрчивте. Ќе ве колни народот и господ ќе ве казни... Ние сме тие и ќе останеме чувари на нашето вековно простмење.” Македонските комунисти (КПГ) со своjата демагогиjа им одговараа: “Не, ние сме комунисти и овие Грци не се како оние андартите кои колеа и бесеа. Елате со нас. Ние сме македонска воjска и се бориме заедно со Грците за доброто на македонскиот и грчкиот народ.” Казната и едните и другите по завршувањето на братоjадствот ги стигна. Се откорнаа за навек.
Народот вели: “Тоj што не си го сака и почитува своето, тоj ќе биде искористен толку пати, колку им е потребен на туѓинците!” По овие настани што ни се случиjа во Костурско, од кога беа намамени многу комити и поминаа во редовите на СНОФ, на 10 октомври 1944 година, во Корештата се поjавиjа емисарите на чело со Темпо.
На кого наjмногу им пречеа МАКЕДОНСКИТЕ КОМИТИ и со каква цел беше формирана СНОФ и од кого?
На 2 и 3 август 1944 година централните комитети на КПГ и ЕАМ, и Глвниот штаб на ЕЛАС и КПГ, решиjа да ги расформираат македонските баталjони и повеќето од нив да ги распоредат (прекумандуваат) во длабината на Грциjа низ единиците на ЕЛАС и со тоа воопшто да не фигурираат македонски воени формации или било какви политички македонски организации. Таа вест Македонците ги вознемири и се создаде паника од разните гласини дека Грците со тоа сакаат да ги ликвидираат.
ЕЛАС и КПГ jа распуштиjа организациjата СНОФ и jа забраниjа. Таквото организирање на Македонците го забраниjа прифаќењето на доброволци од комитите во Костурскиот баталjот, односно создавање на македонска револуционерна воена сила. Сега, наместо тоа се jави братоjадството по меѓу (Македонците од Елас, КПГ, и Комитите).
НА 23 АПРИЛ 1945 ГОДИНА ВО СКОПJЕ, КОГА СЕ УШТЕ НЕ БЕШЕ ЗАВРШЕНА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОJНА, И КОГА ВО ГРЦИJА ДЕСНИЦАТА, СО ПОМОШ НА ВЕЛИКА БРИТАНИJА JА ВОСПОСТАВУВАШЕ СВОJАТА ВЛАСТ, ПРИМЕНУВАJЌИ ОСТРИ МЕРКИ ПРОТИВ ДВИЖЕЊЕТО НА ОТПОРОТ, ВО МАКЕДОНИJА ПОД ГРЦИJА, НАДВОР И НЕЗАВИСНО ОД КПГ И, СПРОТИВНО НА НЕJЗИНАТА ПОЛИТИКА, СТРАТЕГИJА И ТАКТИКА СЕ ПОJАВИJА ОРГАНИЗАЦИИТЕ НА КПМ, СКОJ, НОФ, А ВО СОСТАВ НА НОФ И МАСОВНИТЕ ПОЛИТИЧКИ ОРГАНИЗАЦИИ НА НОМС И АФЖ.
Белешка: Овоj чин (со формирањето во jугославиjа на македонските организации) е прв чекор во стратешкиот план кон прогонството на Македонците. Тоа го покажува истражувањето.
Во светото писмо се вели: “Светлината на врвот на планината не може да се скрие.” Моќта на туѓите политики и наjдобро чувана таjна во историjата на Граѓанската воjна. Тогаш и подоцна сè почести беа вестите дека според уверувањето на Американците и на Англичаните, Сталин во рамките на своjата експанзионистичка политика со што ќе му се се отвореа вратите за излез на Егеjското Море и за проширувањето кон Блискиот и Средниот исток и други. Сталин, според нив, можел тоа да го постигне на два начина: со советизациjа на Грциjа или со обединување на Македониjа и создавање на македонска држава, како самостоен субjект или во рамките на jугословенската федерациjа. Но на тоа на таквата идеjа строго се спротивставиjа САД и Велика Британиjа.
Отсекогаш како и сега, Велика Британиjа во 1943 година, посака да го стави под своjа контрола грчкото движење на отпорот (ЕАМ и ЕЛАС), преку склучениот договор од 5 jули 1943 година со коj ЕЛАС jа прифатила командата на соjузничкиот штаб за Средниот Исток, неуспехот на преговорите во Каиро на делегациjата на КПГ и ЕАМ со грчкта влада во бегство за постигнување политичко единство и формирање коалициона влада во август 1943 година, беше конкретно: разоружувањето и уништување на Македонските комити.
Во 1941 година Британскиот премиер Винстон Черчил и претседателот на САД Франклин Рузвелт се сретнаа на еден брод во Атлантикот, каде што jа формулираа и на 14 август jа потпишаа прочуената “Атланска повелба”, чии начела ги прифатиjа и Обединетите нации во своjата Декларациjа во 1945 година. Во повелбата меѓу другото се истакнува дека териториjалната промена мора да биде во согласност со слободно изразената волjа на народот, народите имаат право да си избираат за себе облик на владеење по волjа и тоа право треба да им се врати на сите, и се предупредува дека народите во светот мораат да се откажат од употреба на сила.
Понатака на стр 452 се вели: “И покраj тоа што раководството на КПГ и ЕАМ сè до април го користеле СНОФ за свои политички и воени цели, пред сè во пресметка со комитското движење (посебно во Костурско), при што биле постигнати значаjни резултати, кон краjот на април тоа го сменило своjот однос спрема фронотот. Имено, во почетокот на маj ПБ на ЦК на КПГ донело одлука за расформирање на СНОФ и неговите членови да влезат во редовите на ЕАМ.” Ние Македонците никогаш не разговаравме со високите органи на ЦК на КПГ, туку се расправавме со локалните грчки раководители во Костур, Лерин и Воден, кои беа делегирани од КПГ и ЕАМ. Ние Македонците, никогаш организирано не ги поставивме следните прашања кои имаа витално значение за опстанокот и зачувување на многувековната цивилизациjа на нашите предци. Ние Македонците, организирано пред грчката држава и меѓународната jавност не го поставивме проблемот на етничките промени со носењето на 640,000 маџири од Мала Азиjа. Не го поставивме проблемот за обврските што ги имаше Грциjа по поделбата на Македониjа; за грижата, правата и развоjот на Македонското домородно население.
Но, уште еден од посериозните историографи што вели. (Види:
“Н. М.” 20.08.1994 година). Кон половината на 1944 година состоjбата во Егеjска Македониjа за македонските комунисти станала неподнослива. Грчките комунисти, насочувани од англиската разузнавачка служба, преземале броjни мерки за да го задушат македонското народноослободително движење:
Забраниле примање на нови борци во македонските баталjони под изговор дека таа воjска била несигурна;
Го растуриле македонскиот национално-ослободителен фронт во Грциjа;
Кога со поголема група Македонци кои ги напуштиjа редовите на ЕЛАС и поминаа во редовите на Титовата армиjа, од штабот на ЕЛАС беа прогласени за дезертери. Сега раководена од КПJ/КПМ.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/ednovekovno-molchenie-1913-2013-e-book-macedonian-fi/12 on October 29, 2026