Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

A Century of Silence (1913-2013)

ЕДНОВЕКОВНО МОЛЧЕЊЕ - Part 01

By Стојан Кочов · Part 1 of 24 · About 22 minutes

Read in English

ЕДНОВЕКОВНО МОЛЧЕЊЕ

(1913 - 2013)

Стојан Кочов ЕДНОВЕКОВНО МОЛЧЕЊЕ

(1913 - 2013)

Risto Stefov Publications rstefov@hotmail.com Toronto, Canada All rights reserved. No part of this book may be reproduced or transmitted in any form or by any means, electronic or mechanical, including photocopying, recording or by any information storage and retrieval system without written consent from the author, except for the inclusion of brief and documented quotations in a review.

“Во мене се роди потребата да кажам: зошто го сакам светот, зошто му се восхитувам, зошто сум му благодарен...” Никифорос Вретакос Убавината и човечкиот дух, со кои се одликуваат делата на Никифорос, претендираат за една повисока правда и земjа за сите луѓе.

Враќање на корените и средба со човекот со уништеното семе.

1. Едно утро влегов во дворот на старата кафеана “Костурки мерак” што го носи името, кое ѝ го дал Хусеин Хусни - паша, а коj бил голем приjател на Али - паша Jанински. Тука го пиеле утринското кафе костурските големци и по имотните луѓе во градот.

Седнав под една “жална врба”, а на спроти мене, во аголот беше седнат еден старец, облечен во традиционална прастара костурска шаjачна носиjа, во ореова боjа, коjа на човека му го привлекува внимание. Но, она што посебно ми се допаѓаше, беше тоа што се придржуваше кон големата традициjа; носеше сребрено синџирче, врзано за часовникот и мало џепче од елекот.

Старецот не ќе беше повеќе од седумдесет години, нобелокосата глава-брадата, мустаќите и косата - го правеа постар. Беше висок, ковчест, со румено лице, вдлабнати образи и едно големо чело, над кое од двете страни му паѓаа бели прамени бели коси. Под широките веѓи гледаа мирно и милозливо две сини очи.

Свиреше на чуден, миниjатурен глинен инструмент, а за тоа -каков е и како се вика инструментот, разбрав подоцна од него самиот. Ми рече дека инструментоит се викал “Окарина” и дека го имал пронаjдено пред многу години во урнатините на неговата прадедова куќа, и дека датирала уште од многудамнешни векови. Дури и пред Ристоса…

Звуците беа привлечни посебно кога jа свиреше песната “Лено мори…” , “Заjди - заjди, jасно сонце...” Но, ме одушеви кога посмирено jа свиреше “Калеш бре Анѓо (Jагно):- Аjде слушаj, слушаj, клето бре Турче… Анама не бидувам…”, но наjтрогателна песна му беше: “Црна се чума задала, там долу Кострско…” Пискаше окарина како плач од претепана маjка; да плачи по своето изгубено чедо… Моите солзи, срцето ми го корнеа.

Сите гости, стоевме подзинати во една побожна тишина и долго слушавме, а почна да се збира народ - како плава!

Да, кога првата солза капна од моjот образ, во себеси си велам:

“Оваа музика доаѓа токму од разгорениот оган на македонско срце…” Милозливо го гледав и разменуваме погледи. Посакував да прашам:

“Коj е човекот и како се вика? Можеби е некоj од Костурските комити?!” - си реков.

Секогаш се возбудувам, кога ќе слушнам за некого, за кого велат дека е бил Комита (борец за Македониjа). Тогаш знам дека се работи за човек со големо срце, коj искрено и многу си го сака родниот Костур и Македониjа и посакава да се истера чумата.

Старите комите - Илинденците - на младиот комита му велеа:

“Прави го тоа со кое што ќе станеш достоен да бидеш среќен на своето…” Свирачот ме загледа со искрена загриженост на лицето и зачекори кон мене. Кога го загледав подобро во лицето, почнав збунето да зборувам, сам со себе. Лицето му беше згрчено и на неговите образи, се читаат сите “чкрапаници” што му ги правел џелатот, кога пред многу години ги преживеал на сувите острови.” Со овоj човек видов дека имаме наjголема блискост и наjголема радост се можни и за мене. Порано мислев дек само jас имам такви потреби.

Во еден миг, пред да ме прегрне, ми подаде рака, ме погледна таговно и ме праша:

“Да не си од нашчите? Од оние… Од последното чистилиште, што насила ве собра генерал Маркос (како што го нарекувавте:

“светлиот лик”- колонист од Пондиjа) во Граѓанската воjна, а потоа ве прогониjа, ве однесоа кон север?

- Повели седни, - реков покажуваjќи на столот каj мене. Му одговорив:

- Да! Jас сум од нив! Ти, знаеш да си го напуштиш домот, без оглед колку е тоj сиромашен и полн неспокоjство, не е лесно...

Спомените за домот болат, но еве, по толку години се вратив на корените и сакам да ги прибисоберам коските на татко ми и на брат ми. Тие беа комити, а jас во тоа време имав 13 години, но во 1947 година ме собраа насила маркосовите партизани и ме тераа да се борам за Комунизам, ама сè до сега не знам дали некоj го доживеал. По воjната сè до ден-денес талкам по светот. Воодушевен сум од вашата музика. Посебно ги сакам оние песни, што ги пееш, за кои ги пееjа моjата баба Дора и маjка ми Вана, тие што го направиjа и долго го чуваа нашето семеjно гнездо. За мене, коj се наjдов со илjадници наши, далеку од родниот Костур, спомените ми беа духовна храна.

Ете, повеќе од половина век си jа барам судбината, а тука нема ни деца, нема ни глас, нема смеа нема радост. Све е прогонето, сè е оутѓено и нивните стапалки остана како лузни по светот.

Костурчани заборавиjа да се смеат од срце.

Ме гледа, ама неговиот поглед му врви меѓу очите без да ме загледа во очи. Нешто поодоцна седнав на масата, храбреjќи се со помислата: Тоа што не го убива човекот, тоа го заjакнува и дека досега протече во совршен ред и го прашувам:

А ти, коj си?

Гласот, ѕвонливо му се слушаше и зборуваше убаво. Се смешкаше по начесто, зависно од тоа што го раскажуваше.

Тоj, ми одговори:

Добро е што си дошол. Инаку, како ќе се запознаеш самиот себе? Коj ли беше? Коj сме? Пола век во тугина jанѕа те jаде и се набљудуваш самиот себе и никогаш неможеш да се осознаеш. Тука во родниот Костур, обиди се да jа извршиш своjата должност како син на оваа земjа и веднаш ќе дознаеш колку вредиш кога ќе го напуштиш татковиот роден краj и зошто нашите предци толку се жртвуваа за своето прадедово парче земjа! Дедо ми велеше: “Лудоста е еден миг од животот, а каењето е цел век!” Мирно и сериозно, ми jа раскажуваше недовршената историjа на неговиот живот, но и на Костур и по опширно.

Ме прашуваш коj сум? Чудна е моjата приказна, толку е чудна што не може да jа разбере некоj, коj не бил во таквите логори.

Човек коj не ги запозна длабочините на подземниот свет, царството на омразата. Таквиот логор е само дното на животот.

Подземниот свет, е дно од наjголеми дна. Во логорот што не имаше нас, костурските комити, спаѓаше во логорите што беше сосема нешто надвор од човечкото. Во тоj логор секоj комита имаше нешто последно, нешто наjважно - тоа што му помагаше да преживува и грчевито за нешто да се зграпчи да не го изгуби животот. И да се држи упорно: преку лето и под пеколното сонце, зиме-под мразот, пред катадневниот глад и бесконечните понижувања од бездушни луѓе.

Опасно е да се биде во право онаму каде што мокниците грешат. Тоа го искусивме ние Комитите. Таму на голите острови немаше човечност...

Чуден беше погледот, што го впери комитата во мене. Беше тоа поглед полн со неизмерна тага и гнев, а едновремено и со историска вистина, мудрост и бескраjна желба да ми ги раскаже сите наши патила. Ми рече:

Jаска сум од исчезнатите Костурки комити, ама есче сум жив и клет. Jаска сум чоек без младост, без род. Чоек со уништена машкост. Евзон сум. Таква казна добив на сувиот остров

“Анафи” и потоа ми рекоа: Слободен си! Одиси во твоjот Костур, ама од твоето семе, нема никогаш да никне комитско племе ...

Немам веќе родители, немам љубов и смртта нека ме научат да jа заборавам, и тоа дека некогаш сум љубел и се борев за Македониjа. Сега и никоj не ме вика по името што ми го изговараа маjка ми и татко ми; сине Крсте, и сите од моjот род, туку сум прекрстен спрема законот обjавен во “Службен весеник Е. К, броj 332 од 21. 11. 1926 година во Ставрос.” Тоа го изусти и пак почна длабоко да размислува. Замолча...

Како да му секна мислата, само изусти Моите солзи срцето ми го корнат…

- Чуваj боже - му велам,- зарем таквиот ѕверски чин е можен?

Па тоа е ѕверство! Како можел тоа да го стори човечки ум?! Но, од каде толку акумулиран бес каj овие луѓе?! Ама навистина бес, што ги тера да бидат jадилуѓе. Знам, дека тоа се случуваше и во далечната 1904 година со грозните колежи во селата;

Загоричени и Зеленич.

Миг потоа, Крсто ме опули жаловито и ми рече; вели:

“Овоj инструмент го дава оригиналниот македонски звук, од него извира и пклачот и веселбата и тагувањата и величењата, а затоа моjата определба е траjна и на него свирам со години. Ми jа смирува осаменоста, а осаменоста за човека коj изгубил сè е постудена и од зимата.” Одеднаш свирачот се растрепери и како во него да живна враќање во дамнешното време, се присети: кога беше апсението и убиствата на костурските комити. Си припомна на баба му Вана, колку многу била тажна, расплакана и осамена… Се присети на големата врвица од Еласити и заробени Комити.

Колоната беше во недоглед на пат кон jуг, кон уништувањ; не водеа на векување, на пустите острови, а вековните прадедови живеалишта и куќите зад нас остануваа во пламен.

Се двоумеше, па ми вели:

Одевме несигурни. Никогаш никоj не знаеше коj и од каде ќе ти забоде нож в грб…

Уште тогаш го прифатив разочарувањето, но никогаш не jа загубив надежда. Во мене остануваше само едно нешто што ми даваше светлина - мислата дека ме чека нешто прекрасно;

средбата со љубената Кираца. Но, како што минуваше времето, судбината ми отвори други патишта, да се борам со катадневниот живот што ни го одредуваше еден проклет офицер што беше главен на логорот.

- Жив ви Господ, кажете ми каков беше тоj човек?

Според мене, еднаш реков, тоj човек и неговото однесување беше животинско. Животно што измачува. Зашто, освен човекот, непостои друго животно што измачува. Дедо ми велеше: “Животните те разбираат преку мирисот, а луѓето преку зборот”, ама овоj!?

Многу пати го загледував кога некого измачуваше, и од несвесните гримаси на лицето, ненадеjниот грч на месестото лице, често се тресеше и од внатрешниот напон ќе попушташе и болно му се искривуваше главата и во таквиот невролошки шок, го губеше и говорот. Завиваше како бесен и испаничен волк. Но, само тоj коj минува низ такво страдање и болка, знае колку комитата страдал и колкава му била болката. Ах, тоа вистинско страдање.

Тоj, не остави комита коj да не е плукнат. Плукаше, по секого.

Со тоа си го лечел гневот. Ама дали од клетва, или го казни господ Бог, подоцна доби хроничен лош здив на животно и не излечив. Миризот му го чувствувавме на голема далечина. Тоj, веке немаше плунка и како минуваше времето, не можеше да не плука, ама со мирисот нè убиваше. Диjагнозата му била дадена од еден врвен специjалист и гласеше: Таа била болест што ги напаѓаат плунковите жлезди од прекумерно плукање.

Како старееше, така стануваше сè погрд. Имаше гради поголеми отколку што требало да имаат мажите, и тоа мажи со офицерски чин. Кога одеше, омлитавените цицки му се тресеа, посебно летото. Во големите горештини, несмасно му се подигаа и спуштаа и тоа не го многу загрижуваа, туку грижата му беше-како посебно да нанесе болка на друг.

Кога си ги спомнувам прошетките на “рибарската” улица и првите зборови од моjата Кираца: Вљубена сум - пеколно сум вљубена”, и тоа ме правеше да издржам и да се вратам во родниот Костур - ДОМА.

Еден ден сите затвореници носевме камења, бесмислено од едно место на друго и во еден миг тихо дочув глас: Крсто, внимаваj Цицкаракис доаѓа по нас.

Го здогледав како се движи мрзливо како трома мачка околу кеси полни со ѓубре.

Тежок беше каменот. Го носев долго. А сонцето печеше горе на небото.

И во еден миг, ми се истопори пред мене, jас бев многу гневен, оти знаев дека ги чита писмата што ми ги праќа моjата љубена Кираца, му велам: Душата ми гори за дома. Денес на сон jа видов моjата љубена Кираца, како трча кон мене и ми се фрли во прегратката… Да си ги видам синчето Дончо и Кираца. Со денови бев со наjлошите мисли. Во последното писмо ми пишуваше дека некоj катаден демне по детето, а таа го бара, а jас не знам ништо… Тоj сон ме мачи… А еден ден jа сонив како трча кон мене.

Таа не беше сама: краj неа трчаа повеќе жени и мали чупиња и по некоjа старица. Тоj сон го гледам ката ден.

Тоj ме гледа намуртено, jа разбушави косата со прекумерната дланка и разлутено бодждригна, се оскуражи, се натопори и се загна со една поздугана, да мава по мене. Кога ме удри по гревовите, бликна крвта, а jас од големата болка пискав како скопен пес, од очите ми светкаа сребрени искри и гаснеа како истурени ѕвезди. Ме удри така како во мене нешто се столчи, се преполови jаицето и нешто бликна истече. Истече семето, се разлеа по керпестиот крш… Пребледен, полека корнеjќи си jа косата, со лице изорано со нокти, но со бистар поглед, стоjам пред сите затвореници со своите срамови, неутешно велеjќи си:

“За никаде сум, веќе не сум маж… Не смеjте се!” А џелатот се смее и од устата му бликаат лиги, како на преаден волк.

Болката е неподнослива, цвилев ко пес, а главата ми ѕунаше, но ѕунењето не престануваше ни ноќе ни дење. Се будев со потполно здрвени раце. Без осет во нозете.Некаков невидлив извор на страдање бликнуваше во мене и траеше сè додека ми секнуваше и последниот глас со некакво измеслено оправдување: Можеби тоа го сакаше господ Бог!, а тоj злочест, над мене со омлитавените цицки, се кикоти и вика: Го скопив!

Му го уништив семето. Тоа проклето комитско семе… (како што го нарекуваше Владиката Каравангелис, а македонскиот народ го познаваше Каравангелис како човек Вади душа).

Кога за последно го здогледав, од големата уста му течеа лиги низ големите песиj заби како на одгладнат и стрвен крокодил.

Каj него беа разгорени убиствените страсти во таква мера; што човекот подивел, постанал ѕвер, коj нешто кине од моето тело.

Ми jа уништи гордоста, ми jа испогази гордоста на маж, ме понижи. Какво зло!!?? Каква цивилизирана ништожност каj човек на власта - човек со камено срце??!!

Во логорот,сите бевме немоќни пред страданиjата,а тие беа страшни и неподносливи.

Каj сите затвореници им се поjавиjа разни видови анксиозни растроjства. Панични растроjства се манифестираа со напади на вознемиреност и тоа им го уништуваше животот.Каj некоj што беа обседнати со бактерии или нечистотиjа се jави нагон постоjано да си ги миjат рацете.

Но, сите затворениците, беа обземени од таквото ѕверскиот чин, бегаа се затскриваа низ камењарот за да не ги сjаде jанѕа, додека му помине бесот на разулавениот командант Ѕимарас.

Што сторив jас? За да го видам пеколот! Боже моj, што строив jас?!?!??...

Потоа, не се сеќавам што се случи со мене. Мозокот, едноставно, ми се блокира. Останав вкочанет, со стиснати раце и со спуштена глава. Ноќтите го заривав во дланката, но не чувствував болка. Грлото ми се стисна и одеднаш сета моjа сила исчезна, сè ми беше матно - како низ магла се сеќавам.

Стравот ми го запира зборот уште пред даа заврши во маjата глава. Помислив Готов сум. Стравот ми го задушуваше последниот здив во мене.

Во тоj момент, целиот моj свет се урива, како куќа од карпи.

Зебалежав, како една солза ми падна на раката, како капка дожд. Потоа уште една и уште една. Големи очаjнички солзи ми се слеваат по образот, заматуваjќи ми го погледот и облеваjќи ми го лицето. Набргу плачам како мало дете и целото тело ми се тресе, а само тоа ми остана како привремено живеалиште на моjата страдна душа.

Ме обземаше страв, размислував;дали монструмите се раѓаат или се произведуваат од моќта на државата? Морници ме лазат кога на сон го гледам како ми се кикоти...

Лето е. Воздухот околу мене како да гореше. Успеав да бидам ладнокрвен, додека ноќта jа минав нурнат во депресиjа.

Изгубив дел од мене што никогаш не ќе можам да го повратам.

* * * Наjпосле еден млад наредник - од маjка роден, служеше во логорот, млад и убав, многу потресен, ме внесе во еден мал шатор ме остави и ми рече: Смири се, човеку, тоj што ти го направи ова е наjнесреќен мегу сите што сме тука на островот.

Нему не само родот твоj, туку и господ нема да му прости. Тие што нанесуваат болка не им простува човештвото. Не! Каква е оваа судбина, каква е оваа болка. Господе мили...

Дошло време да се умира - ќе се умира, додадов и се присетив на дедо ми кога велеше:

“Наjсреќен човек е оноj коj што на другите луѓе ги правил среќни,а човекот што не страдал не знае да простува.” Крварев и се тресев од некаков страв и гнев. Чувствував како ми згаснува сè во животот. Ме наваса некакво чувство, дека нема да го разберам утринското умирање. Ноќ е. Црна мугра е.

Ни светло, ни звук, а jас упорно во темницата ги слушам високите морски шлапови кои ми се присторува дека ќе ме однесат со сè шатор. Нема збор. Молчи зборот и збира лоши болештини во празнотиjата на камењарот.

Избувлив, немирно живнувам во ноќите. Нема нежен збор, како да се срушени грубостите на светот, и не можам да видам и незнам каде да се фатам. Молчат и моите раце, како да се предавам на смртта, а една мисла, незрела, не умна: “Коj ќе ми jа напише посмртницата? И дали верно ќе гласи… наодот?!” Во ноќта, при првиот морничав и немирен сон, истоштен заспивав со секнато офкање. Ете, си велам животот бил наjголемо чудо во таквите времиња. Во мигот кога ќе помислев дека нешто сум научил за животот, во тоj исти миг требаше да го заборавам, оти сето тоа ми раѓаше уште поголема болка.

Умирав, а животот поново желно ми се враќаше, но во некаква бескраjна и тивка празнина. Си jа спомнувам Кираца и неjзините долги руски плетенки,налик на млада пченица.Зората веќе беше ги прегнала своите црвени атови и од мислата ме раздели...

Ги затворав очите, ми се jавуваа разни мисли. Каде е границата на срамот и гревот што ми го направи овоj човек? Од каде таков насобран бес во него? Студенило ме облива и од гради ми корне од последните желби што многу тешки ми доаѓаа. Ме обли накаков човечки срам. Сега сум човек со уништен живот, уништена иднината.

Ама, ќе пукнам од мака… Боже, боже! Каква несреќа! Срцето ми трепереше и долго, долго размислував како ќе ѝ кажам на моjата љубена Кираца, коjа ме чека долги години да го зголемиме родот наш.

Свирачот замолкна огорчен. Ме натажи. Видов: солзи му навираат во очите. Со тешка болка ми продолжи:

“Ми остануваа уште само неколку месеци да бидам на островот и потоа да се вратам и да го продолжиме семеjниот живот во родниот Костур со моjата љубена Кираца, и синчето Дончо…” Се замисли за миг, несвесно погледна во своjот полов дел, ама лузните веќе не се гледаа. Следеше долга тишина. Се гледавме во очи, без да проговориме ни збор.

Во еден миг, младиот воjвода Крсте Крапов, ми вели: Никогаш не може човек да знае и да го сфати каков беше животот на тоj пусти остров Анафи. Всушност, ако не го преживее самиот.

Многу е тешко, тоа што го доживеав таму и самиот да го обjаснам. Летата беа не подносливи. Но и зимите беа ужасни:

студот ни ги штипеше образите, им jа затегнуваше кожата, ни ги глодаше ушите. Секоj чекор беше смртоносен, ако нагазиш на подзамрзнат камен.

Од тоj пекол не може човек сè да запамти. Има и такви моменти кои просто не сакам ни да ги споменам зашто… Моjот живот беше толку безначаен што едвам и дека мислев на него, па сепак помислата на исчезнувањето на друг начин, ме правеше бесмислен…

Долго ми раскажуваше за логорскиот живот: за тоа дека од тогаш никоj не му се доближи, со никого не се сврзал, никоj не сакаше и не бил способен своjот живот да го дели со него. Но, откако jа изгубил и своjата љубена Кираца, сега честопати го опкружува воздухот на осаменоста. Некоjа нема атмосвера.

Животот тече околу него, а тоj се чувствува немоќен да воспостави контакт и никаква желба и копнеж не можеа да му помогнат. Тоа беше еден од наjважните белези на неговиот живот.

Цело време седам скаменет, како статуа, и не можем да им поверувам сопствени очи и уши? По две и пол децении -случаjни средби без ниту еден разменет збор во моjот преубав Костур да ги слушам наjубавите македонски песни од стариот инструмент на моите предци, а и да ги чуjам наjболните сеќавање од човекот коj умираше за Костур и Македониjа.

Како во бунило почнуват да ги враќам моите младешки спомени. Помнењето, фала му на бога, уште добро ме држи, и ние разговаравме до полнок, па дури и се напивме.

Неприjатен молк.

А тоj тажно и ладно ме гледа со своите избледени, граорести очи и ми вели:

Вие, можеби не се сеќавате на тие денови?

Чудно е тоа што боли…

Ех, моj приjателе, си се вратил на корените - ДОМА,каj спомените што наjмногу болат. Значи; потомците почнаа да се враќаат ДОМА.

Костурчани се луѓе со затворено срце, опседнати со себе и своето семеjство, скептични кон светлата иднина и оттаму имуни на грозоморните изненадувања. Воjните од 1940 - 1949 година: Втората светска воjна и Граѓанската воjна не не заобиколиjа, туку не распарчиjа. Сега не веруваме во “големите вистини” ниту во “големите луѓе”. Повеќе, никоj никому не би требало да му jа продава тезата за “братство и единство”, туку за почитување на разликите. Додека сме живи ние напатените, нема Грците да ги сметаме за “браќа”.

Да, нашиот роден град Костур е град коj остави многу човечки судбинини отворени. И пак замолча.

Тоj полека jа подигна главата, како што тоа го прават луѓето кога ќе почувствуваат дека некоj ги следи, погледа наокулу и во мене. Му возвратив полека на погледот и си реков во себе: “О, Исусе, какво понижување!” Ми го кажа она што наjмалку не очекував да го чуjам. Во грлото нешто го стегна, па едваj изусти.

Jаска се викам Крсто Крапов. Бев наjмладиот комитски воjвода.

Татко ми Доне Крапов е закопан во братоjадската гробница, а по лошата вест, на маjка ми Вана Крапова ѝ се распарчи срцето.

Ниту знам каде е ниту, коj jа закопа. Сега, за тоа време никоj ништо не кажува.

Ние Македонците во тие години - од кога доjде Гркот, не мислевме на проблемите што ни се чинеа далечни, сега сме полни со грижи кога не jавнаа маките нанесени од прогоните, ги чувствуваме многу болно и станаа сè по нерешливи.

Но, сега по малку ми треперат рацете додека мислам на сето тоа. Да, jас од Краповото семе, а името Крапов, прадедо ми Григор, бил рибар и фаќал големи крапови, костурски прочуени риби. Така го завикале уште Турците и многу го почитувале…

Сега живем сам. Наполно сам. Останав без род, а тоа е наjнечовечка казна… Никогаш никому не му зборувам. Не примам ништо. Не давам ништо. Живеам, но не сакам да си го намнисувам минатото.

Ги рашири дланките и прстите. Почна да си ги истегнуваше образите, истуркуваjќи ги борите од челото, ги затегнуваше очните капаците од избледените очи, а jас чувствував наплив на емоции: возбудува, восхитува за ради тоа, што се сретнав токму со таков човек, коj ќе ми го раскаже минатото без неметливост, сосема искрено!

И ден - денес не можам да си простан, зошто го прашав:

- Дали некогаш си се обидел да се самоубиеш за време на суровите преживувања на островот?

Ми одговори восторжено, со некаков воjнички став:

Не! Никогаш! Љубовта за мене ми остана како бескраен сон, недоглед од многу сложени виножитни бои. Таа ми припаѓаше само мене, а ние на своjот народ, на овоj костурски род…

Како занесен, почнав да ги толкувам неговите зборови. Се вратив во реалноста. Тоj замолча. Го чекаше моjот одговор. Се почувствува разочаран. Жал ми е… Ова е веќе премногу што го чув. И му реков: “Минатото не зближи!”.Тоj го постави показалецот на слепоочницата и ми рече:

Костур наш, како да бил даруван од бога - да биде светилка на комитскиот пат… Тоj духовен извор и виор, исконски и библиски опстоjувал, се ѕидал и градел од нашите предци, а сега е туѓ, им го утуѓиме…

И ден-денес ме jади jанџа, како и зошто дозволивме да ни го организираат братоjадството!?

Тугинците ни ги организираа духовите на поделбата и не поделиjа на компромисни (Еласити, Комунисти) и безкомпромисни Македонци (сите родољбци-чеда на Илинденските комити).

Страшно бевме заљубени во робството… И, сега, таквите навраќања, ми го згрутчуваа умот…

Костур и Костурските села личеа на една опожарена шума, каде македонските Еласити, Комунисти бегале од огнот бараjќи спас во армиjата на Тито, додека комитите го бранеа Костур и Костурските села. Македонските Еласити и комунисти, сепак и понатаму глумеа интернационалисти, често ги напаѓаа комитите паради националисти и им ги опожарува нимните к’шти.

А тоа ме потсетува на приказната: “Кога од големиот пожар бегале големите и силни ѕверки, само малото колибри, со малку водичка во клунчето летало токму кон шумата. На опомените на попаметните” дека е лудост тоа што го прави, дека обидот е залуден и невозможен, птичката одговорила дека го прави токму тоа што е реално - ни помалку ни повеќе, туку токму она што треба, сака и може да го стори за да jа запре несреќата што се прави над Кoстурчани. А тоа го правеа и Комитите и останаа сами да го бранат Костур. Да, токму така и со нашите Македонци - Еласити и Комунисти, но има и такви кои не сакат да си признаат дека со напуштање на родното место не се брани татковина.