A Century of Silence (1913-2013)
ОД ИСТОРИСКИТЕ ТАJНИ АРХИВИ - Part 03
Тоа и ден - денес трае...
Но, сега ни останува грижата на совеста, ние да ги пронаjдиме коските на нашите предци. Уште се бориме со предрасудите на нашите соседи, но и со сопствените. Како сè уште да не сме сосема убедени дека постоиме и дека самите сме одговорни за своjот живот. А би требало денес, кога ги бараме коските и урнатините да сме посигурни во себе и во она што сакаме и каде сакаме. Тоj наш страв и несигурност ги чувствуваат сите што нè набљудуваат.
Чудни луѓе сме, честопати, пропуштаме; сè судбински да течи...
Талкаме прогонети и времето низ нашиве очи како да не е наше, како да не бележи ништо за нас, не не вброjува во историjата, а срцето не ни дава; туѓото да го нерече наше. Како што го прават освоjувачите и сега пред светотот велат дека Костур е нивни - ГРЧКИ.
Му се прекина мислата.
Ме опули во очи и чекаше одговор на сè што ми зборуваше. Jас, со некакво чувство на вина му велам:
Боледувам за сето што го зборуваш, но не би можел да ти одговорам веднаш. Сега би можел да ти кажам само она што ме мачи, дали ќе ги наjдеме коските?... И можеби, по оваа посета на коските од нашите татковци и браќа ќе го запамтиме овоj век и ќе им jа раскажуваме на нашите внуци...
Пак се одзва водачот наш - Крсто Крапов:
Толку сме обични што се разболуваме од обични болести, а времето и патилата, ќе го помниме наjмногу по злото, по горчливиот вкус, по оставените коски и гробови, по хероjската борба на нашите востаници и жртви за одбрана на Македониjа.
Наместо да се лекуваме од проколнатата зависност од поданството и братоjадството, со години ги исполнуваме наредбите на тугите богови, а тоа, значи си одбравме болести по желба. Тоа беше време на вистините и нашето робување со поданството и политката како луња пустошница, тугинците однесоа сè што можеа, зедоа кого зедоа и убиjа, дури мртов човек да беше. Не натераа да се клукаме еден со друг и сите повици беа преку црковното бронзено ѕвоно - камбана и за радост и погреб.
“Бираjќи богови - ние си jа избравме судбината”, како што рече Римскиот поет Вергилиjа.
Ќе го помниме по Илинденското востание и нашите дедовци, по Балканските воjни, по Првата светска воjна и нашите татковци, по Втората светска воjна, по хероjските Комити и комитскиот отпор, по Македонците во редовите на Елас кои пукаа во Комитите, по измачуваните наши таткови и браќа по голите острови, по Граѓанската воjна 1946 - 1949 година, по етничкото чистење, по вечното трагање на коските, ќе го памтиме по одземанието за навек нашата прадедова земjа и без право да можиме да се вратиме; затоа што не сме биле “Грци по род”.
Тоа беше златно време за грчките Еласитите и комунистите.
Тие со своjата пропаганда упееа, над сите поданици Македонци да извршат траjна “Идеолошка тетоважа”, коjа траеше долго дури и до Граѓанската воjна. Со таквата “идеолошка тетоважа” КПГ(1945 - 1949) грчките Комунисти, со Македонците поданици, правеа што сакаа... Тие со своjата стратегиjа успееа да убедат еден голем дел Македонци, дека во овоj момент во Костур и костурско, наjголемото зло биле македонските комитите. Тоа минато ме потсетува дека сите големи патила се всушност оние основни работи што сме ги правеле по налог на македонските идеолошките активисти во Елас, биле агитатори со цел да не ископачат.
Дали ние Македонците веруваjќи им на ЦК на КПМ/КПJ бевме убедени дека НОФ и АФЖ ќе можевме да jа обединевме Македониjа? Се покажа дека тоа не беше возможно, туку беше многу jасно дека веќе влеговме во ветерот на преселбите и нашиот живот го живееме жигосани со жигот на идеолошката тетоважа. По jасно кажано: Воjната за нас беше наjголемата глупост што дозволивме да ни се случи и ние Македонците од лавови во сопствената татковина по воjната се наjдовме во прогонство и во ситуациjа на уплашени мачки што бараjќи спас се качуваат на дрво, бегаjќи од разjарени кучиња.
Но, денес нее час по историjа.
Денес ги бараме коските на нашите. Злоделото е извршено токму туака:
* * * Еден есенски ден, во Штабот на Елас се подготвуваше;
фаќањето и нивното ликвидирање токму на оваа група коjа броела повеќе од 24 души комити од наjкомитското село Четирок, кои тргнале кон север. За сета акциjа беа информирани и Главниот командант на ЕЛАС за Костур и Костурско В. Химарос и Маjорот Ариjанос.
За обмислената акциjа беа добро информирани од офицерот на поранешната грчка армиjа, сега маjорот во редовите на Елас Баскакис, тоj им jа ображложи акциjата и конечниот исход од неа.
Убаво обмислена! Прекрасно!
Командантот на пешадискиот баталjон Аристотелис Ариjанос, почна да чекори, мрачен во селската соба каде беше стациониран пред неколку дена.
Значи, веќе сте ги одабрале кои и колку. Еласити ќе учествуваат во ликвидирањето на ова наjопасна група Комити, коjа бега накаj север и сега се крие во месноста Страшилово, а то е помеѓу селата Турjе и Бапчор.
Изборот вие добар што сте го направиле и добро е што сте ги изабрале сите тие што сега набргу се доjдени од редовите на Комитите и дали навистина се покаjни и во нив има нешто
(Грчко влиjание) и да можеме да им веруваме. Значи од нив сте барале, токму сега да се покажат дали навистина можат да бидат добри и верни граѓани на Грциjа или ќе живеат прикриени во нашите редови.
Тоа оставете го на мене, му одговори Баскакис.
И продолжи да му обjаснува во детали. Дека сите се од наjлутите Комитаџии, но тие тоа го сториjа за да спасат глава.
Стрелачкиот одред кои го сочинуваа само Македонци (поранешни Комити кои преминале во Елас и сега беа под влиjание и агитациjа од Македонци комунисти или Еласити, сега служеа во редовите на ЕЛАС).
Одред, по планот, беше одобрен и од главниот командант на ЕЛАС за Костурско (како да се убиjат Македонци со Македонци).
Крапов потврдува:
Итрина на командандниот Штаб; Ариjанос и Химарос беше, дека само што ќе завршат со поколот на нашите татковци и браќа и ќе тргнат да се вратат во базата треба одма да бидат ликвидирани само одбрани и верни Грци Еласити.
Така и се случи; Тие излегуjваjќи од шумата и влегоа во густиот папрад, бришеjќи си jа потта и дамките крв на своите ками и оружjе, а уште се слушаше крикот од неподносливата болка на искасапените Комити во тоj миг, се слушна шкрапања од активирање на автомати од правите Еласити - Грци. Не помина ни секунда, во нив, одекнаа неколку рафали од Еласити - Грци и екот траеше испомешан со офкање на убиените кои до пред секунда ги имаа испоколено нивните браќа кои бегаа од Еласитите.
Покосените паднаа, но не разбраа кои во нив пукаше.
Наjвероjатно во тоj миг помислиjа дека тие одмазнички биле убиени од мала заскитана група Комити (а и на народот така им беше соопштено) и им му се одмаздиле за извршеното злодело над нивните дваjсети четири Комити кои бегале кон север и барале спас од прогонот што бил организиран од единиците на Елас за ликвидациjа на Комитското ослоодително движение во Костур и Костурско.
Нашиот народ вели: Кога човек ќе поверува дека е сакан, станува суров, а незнае што го чека...
Токму така, дедо ми велеше: На Грк и на бесна лисица, не му веруваj дека било кога не ќе те касни. Така и се случи, со нашите Македонци кои пребегаа во редовите на ЕЛАС, на сите нив им се стори дека тие се многу сакани од Грците во редовите на ЕЛАС, дури се разгалиjа со своето поданство толку многу, што се понашаа како свои на своето, веруваjќи во братскиот и комунистички однос?
На краj што не наjде: Кога Македонците сватиjа - се наjдоа надвур од Македониjа под Грциjа.
Од тоагаш, па можеби за некоj и денес не го протолкува овоj чин. Но, од тогаш многу повеќе се водевме според емоциите од колку според аргументите; по често се боревме идеологизирани во нивна корист, и си ги анатемисувавме нашите предци. Но ниту еден нофитин и афежитин не бил повикан да каже како и зошто го изгубивме Костур и родниот краj, токму кога цутеше комунистичкиот идеал (1941 - 1949). Сите иделогизирани активисти никоj не ги казнува, туку ги наградува и ги величи како верни борци на комунистичката партиjа.
Замолча и со солзи на очите jа раскажуваше целата вистина што му jа раскажа гробарот на братоjадците:
- Така беше тогаш; Македонците комунисти кои се наоѓа во редовите на Елас го имаа прифатено ставот дека треба да се ликвидираат Комитите: Македонците членови на комунистичкта партиjа и Елас, се наоѓаа под ропство на таа општа идеологиjа, кои сурово и нечовечки постапуваа со неистомислениците и оние што ги изразуваа македонските чувства и аспирации за самостоjна и независна македонска држава.
Краток извадок што запамтив од говорот Крапов:
...Комитата не се покорува. Знае да општествува. Горд е. Не посакува никогаш да биде неправеден. Трага по вистината. Го враќа и го помни и доброто и злото... Комитата пее, твори, сонува, вознемирува, знае неговата нова пролет во родниот град може да биде кратка болка.
Темпераментот на Комитата често е виорен, бунтовен, насилен, див. Тоj може да биде ведар, бескраен родољубец, но и чест трагичар...
Последните зборови му беа: Лагата беше претворена во вистина, а вистината во лага. Идеолозите беа маjстори за таква работа. Но, коj не го казнува злото, тоj е негов пропагатор.
На краj од приказната, сите молчевме како гроб.
Крапов натажен од нашата разделба, ме прегрна и долго плачеше во моите гради.
Кога се раздени и блесна првите сончеви зрази високо над нас, во чистото сино небо, со мирен спокоен лет се поjави белокрилна птица. Чиниш посака да не поздрави, летот низ зелениот мирис на долината ѝ беше мирен. Леташе кон планинските врвови кон небесното синило. Тишина свемирска лази по патеките на муграта. Миг неповторлив.Чувствував дека постоjт моменти кога нашите срца поебно длабоко се врзуваат за секоj вид од природата.
Во сите нас немир, сатански темници се роjат внатре, во нас, и ечат ѕвона тешки, камбани адски. Како се приближуваме, секавица подземна небаре го голта небото со своите пламени jазици. По патот - нерамница, покриен со и ипреплетени корење длабоко вжилени во неплодната земjа. Многу броjните чекори;
тивки, нежни, битисани, тапливи, старечки и несигурни, одваj чуjно го газиме патот, со болка, возбуда од она што ќе видиме во големата братоjадска гробница. Ќе пишува ли барем од кого се, чиj се. Секоj подзастанува, ама не го прекинува одот, потпрашува, а во себеси го одмерува ликот на тоj што тука му се коските: Таткото, дедото, братот, стрикото, братучедот, вуjкото, приjателот, селанецот и му го споменува името и чекори полн со недеж дека ги наjде коските.
Денес Грците и многу народи обележуваат победи. Ние што да обележиме? Трагедии, жртвите, егзодуси, масакрите,поробувањата или асимилациите. Никаде на оваа костурска земjа нема ниту наjмал споменик или помен на оние стотици илjади што се бореле и паднале за нивните идеолошки стратегии во туѓите армии. Урнатини, изгорени села,а селаните протерани дур до Ташкент...
На Крапов, одеднаш погледот му бега кон небото и се занесе во синилото. Од висините слуша како доаѓа страшен подмолен кикот. Коj ли ни се смее нам? Можеби горе се убиjците и од таму ги влечат конците на нашите судбини?!
Сите го слушаме тоj злобоjаден глас: “Коските се ваши, но планините се сега наши!” Сите молчевме. Како да jа прифативме судбината, но Крапов бунтовнички рече: Оваа земjа е натопена со крв и нам ни останува да ги забележиме во нашата идна историjа. Некоj мора да остане да ги собере спомените. Ако некоj не го стори тоа ќе се изгуби. Jас останав. Спомените се болни, jадовити, но се колнам дека до краj на моjот живот, ќе ги набележам за да еден ден идните генерации имаат своjа МАКЕДОНСКА ИСТОРИJА;
СО НАШИТЕ ЗНАJНИ И НЕЗНАJНИ JУНАЦИ.
Деветта глава Место крик пред скелетот на обесената маjка во името на револуциjата (1948), Џони (Ванчо, сега доjден на посета од Канада), син на Лина и Ламбро, спомнуваjќи си на некои моменти од сопственото минато ѝ се обраќа на саканата маjка:
Ти маjко, во писмата до татко ми му пишуваше: родот го растам во белата палата со жива ограда и широки порти. Во цветна градина и двор со поглед кон сонцето. Во нашата градина, виножито го напоjува бунарот и жедта на децата им jа гаси.
Те чекаме господару наш!
Сега Маjко, осамена, на овоа старо и високо дрво се ниша на бесилката твоjот скелет и со сенката му ги разладуваш корените. Забележувам Маjко, од твоите солзи; по татко и по нас децата твои, забележувам исушено блато...
Знам, тие што ти jачитаа смртната казна сe под земjа…!
* * * Крапов, приjде и клекна пред високото чаталесто дрво, загледан во скелетот што полека се нишаше, но и во синот на обесената - рече:
КОБНАТА 1948 година, спрема Македонскиот народ беше погрешен насочен морал кон една нациjа - македонски народ, со своите валкани цели, да изврши обездетуање на македонската куќа и со цел даго обезмакедончи македонското крепко и вековно семеjство, и со тоа на Македонците да им создаде политичко семеjство. Со тоа го распарчи и jа обездети македонската куќа. Но, наjсрамното е дека во таквата акциjа, учествуваа и македонските организации НОФ АФЖ, создадени во Jугославиjа на 23 април 1945 година. Таквиот акт, во човештото е срамен и геноциден - да им ги отстапи децата, на Партиjата во име на народот?!
ОВА НЕ СЕ ТРПИ!
Ова се случува само тука во Македониjа и тоа се прави од како доjде Гркот.
Тука во Македониjа под овоj окупатор, ние Македонците немаме можност да jа постигнме целта на животот и со тоа совршено да jа изразиме своjата животна задача и среќно семеjство.
Првиот геноциден зафат го направи Кралицата Фридерика, а по неа тоа го направиjа и Комунистите.
Но, чудно е дека едните и другите тоа го прaват со македонците поданици.
* * * Тоа беше време со премногу суети, егоизам, омраза, поданство и акт на насилство, вели синот Џони (Ванчо) на обсената маjка, коj по 65 години живот во Канада и Америка е доjден да ѝ го посети гробот што го нема, но има остатоци од неjзиниот скелет коj уште висат на високото чаталесто дрво кое послужело за бесилка за време на Граѓанската воjна (1945 -
1949).
Тоа беше веќе половината на март во четириесет и осма година;
течеа подготовките за собирање на децата, но жените на кои мажите им беа во Америка и Австралиjа немаа добиено изим, да ги оттуѓуваат своите деца.
Паниката, коjа ги имаше обземено маjките, си го направи своето. Плачот и офкањата продолжииjа сè до доцна во ноќта.
Таа последна ноќ, никоj не знаеше што се криеше во душата на Лина Богданова. Тоj ден беше пристоjно облечена и оставаше впечаток на ревносна личност, сигурна во себеси. Таа му беше верна, приврзана и чесна на своjот Ламбро коj сега беше на печалба во Америка. Но, таа сега мораше да биде внимателна.
Еден старец го изгуби разумот, кога од раце, една АФЖ- итка, го истурка и од раце му ги зеде внуците, не му даде ниту да ги бакне. Го укори и му одговори:
Старче, оваа е ревулуциjа, така ние речено од одзгора.
Раководството, така нареди...
Лина гледа и ништо не збори, молчи и тешко воздивнува. Се тресе од некаква чудна jанѕа. Потта ѝ го натопи фустанот, челото по зачестено си го бриши, но одваj се задржува да не изгуби равнотежа и со голема мака рече:
Важно е, нашите мажи да кажат “да” или “не”, ги даваме децата или не ги даваме - им даваше одговор на АФЖ-тките.
Зарем има ли нешто посвето, зарем има ли нешто по мило, да ти биде чедото каj тебе, срцето дати не вене? Ве молиме... Како без да знае стопанот, моjот Ламбро, jас некому да му ги дадам децата и да шетам како улаjвеjка? Тогаш зошто ги родивме?...
За Партиjата? Тагата ѝ беше голема.
Слушна гласови: Во право е, викаа и молеа сите средновечни жени. Лина, тоа им го кажуваше отворено на сите АФЖ-тки и им велеше: Историjата покажува дека само на нас Македонците наjлошото ни го прават и ни ги разгоруваат тензиите...
Сведоштвата jасно покажуват со тоа сакаат да не ископач од нашите прадедови огништа. Извините доколку моите прашања ви се чинат дрски, ама такае... Подобро нека умрат со нас тука, отколку по островите или низ Европа. Jас единствено сакам децата што сум ги родила да ми останат дома. Овоа што го прават комуниститите и овие АФЖ-тките е систематски уништување на нашите корени. Богданова беше многу, многу огорчена на АФЖ-тките кога една од тие ѝ рече: Лино, што треба ова да значи? - студено jа гледаше.
Ние и комунистичката партиjа, се бориме за доброто утре.
Мислам дека ние Македонците треба да бидеме на прва линиjа и да дадеме сè од себе, со тоа ќе постигнеме слобода на македонскиот народ. Лина Богданова ѝ одговори: Мене и на сите овие луѓе со години не ми изгледаше така и не сакам да ги слушам тие приказни. Тоа траеше се доцна во ноќта.
А ноќта повторно ѝ се сони истиот сон. Како вратата повторно се отвори и некоj страшен човек полека се приближувал до неа.
Лина сакала да викне - но неможела. Во еден миг, скокнала од посетлата, во чудна состоjба меѓу сонот и jавето ѝ дошла АФЖ
- тката и долго jа уверувала дека треба тоа да го стори со гордост и jа запрашала:
Не веруваш во Партиjата!?
Лина и одговорила: Ние Македонците во оваа воjна, не знаеме до каде треба да одиме за да си го наjдеме местото на кое припаѓаме. Па и зошто да верувам? Да изигруваме победници и жртви. Да ви ги дадам децата Коj е тоj и каков е тоj народ што ги жртвува своите деца?!
Моите дедовци, баби и сите разумни луѓе одгледувале деца, а ние сега требало да им ги дадеме на Партиjата. Татко ми велеше: “Во нашиот напатен македонски народ - Детето е столб на семеjството, ако сакаме да опстанеме на овие наши предедови огништа!” - ѝ одговори Лина отсечно.
Вразуми се! викаше АФЖ-тката Донка Шоклева, по Лина.
Таа кобна мартовска ноќ 1948 година, откога се стиши вревата низ селските улици, Лина размислуваше како да ги спаси своите деца. Jа подзапали газjената лампа и седна покраj постелата на своите деца и го гледа и ги слуша отчукувањата на часовникот. “Три е часот”, си рече самата. Уште е темница. Да побегне во ноќта заедно сонив, ама не знае каде ќе наjде на некоjа стража и можеби ќе ги погубат? Какво време доjде, човек да не се плаши од смртта, туку од злото што не наjде…
Не е сигурна... Таа се сепнува. Прави таговни движења. Оди кон иконата на “Света Богородица” и се прекрстува, и jа моли за спасение. Во неjзината глава мислите и кружеjа по иста патека и таа издвои само две размисли: Зошто да не го направи тоа? и оваа стануваше доминантна над Зошто да го направам тоа?
Се доближува тивко до огништето.Осаменоста околу неа е апсолутен владетел, и остануваше единствено неjзината наjтемната страна: желбата што боли.
Го тргнува ѓумот полн со зовриена вода од триножецот и ги растргнува распламтените суварки. Таа внимателно прави чекор и подзастанува да земе здив. Ѓумот со зовриената вода престанува да клокоти, но Лина им се приближува на своите длабоко заспани деца.
Во еден миг сфати дека и неjзе и застана здивот. гледаше во децата, со насмевка коjа сè уште ѝ лебдеше на усните. Но насмевката исчезна Што се присети на АФЖ - тката. Ногите како да ѝ се пресекоа. Седна на пододот и добро ги погледна децата и почувствува како образите ѝ горат.
Остана со мислата: Не си го сакам животот без овие мои деца.
Ќе ми jа уништа љубовта. Неможам, нешто ме држи за раце и ме влече во една голема црна дупка. Ох, мои мили; само колку се добри и колку мирно спиjат.
Мислите неконтролирано ѝ се натрупуваат една за друга.
Нешто потсвесно и вели: “Но? Што чекаш? Само така ќе си го спасиш родот...” Сè што не поднесува да гледа, или да почитува каj другите е во неа животот на неjзиното срце е отворен, проѕирен живот на неjзината душа е друг свет, таjновитост... Маjка, да посегнува по своите деца? Но, од каде доаѓа тоа “задоволство?” таа слабост, тоа разнежување...
Пак подзастанува и се зашеметено се прашашу и се проверува:
“Ќе решам! Нема долго да трае... Болката нивна побргу ќе им мине отколку jас да ги изгубам?!? Не им ги давам децата на тие АФЖ - тките - голтарки. Од моите деца да прават воjници и да ги тераат со сила да се борат и убиваат за нивни интереси... Тие го убиjа моjот татко, затоа што бил поп.
Ами ако останат осакатени? Нека, барем ќе останат живи... Се мисли, се чуди, исчудувањето, како трн во здрава нога, непрестанува да клука. Се колебаше, ама само за миг заборава на сè.
Нема да мислам на наjлошото. Ќе ми останат покраj мене... а jас и пред стопанот ќе си останам верна и чесна спрема своjот род... Токму така: доследност и верност.
Ламбро, кога тргна за Америка, ми рече: “Лино, децата да ми ги растеш, а jас ќе спечалам пари и ќе се вратам... а сега овие голтари го прават фашист, американски шпион...” Завладеа малку неприjатна тишина. Лина ги затвори очите, собра сила и туку одденаш ѓумот го разлеа над нозете на своите деца. Но, кога го слушна болниот и уплав крик, таа падна над нив и остатокот од зовриената вода и се до истури над неjзе.
Крикна и таа со уште по болен глас и во себеси “можеби на сите ќе ни биде подобро ако сите сме мртва...
Децата уплашени се стискаа во неjзината прегратка, а таа немоќна, нежно и со солзи им ги бакнуваше изгорените нозе, таа во себеси “Коjзнае зошто ми изгледа дека, штом плачам, тоа значи дека се однесувам како што ѝ прилега на добра маjка. И дека нема зошто да се обвинувам. И децата нема зошто да ми се лутат, ќе ми останат покраj мене...” Те сакаме... секогаш ќе те сакаме... Очите им сjаjа со некаков страв, каков што никогаш не го ни замислуваа.
Вие сте мои и никому не ве давам - им повторуваше бакнуваjќи им ги раните, кои дури кога распука осунот, под раните им се jави крв и болката се повеќе почна да им ги пече раните.
Но, наjтешко беше кога при осунот ги слушаше разните гласови на активистите:
“Пакосна жено, какво зло ти сториле тие твои деца па така постапи”, а таа во себси “Jас не ги убив. Тие ќе бидат живи. Тие ќе бидат мои!” Во еден миг на вратата се поjави братот на Лина, Сотир Гаjдов.
Тоj, го впери погледот, загледуваjќи се подлабоко во постелата на попарените деца и успеа да забележи ужас во нивните расплакани очи. Потоа седна спроти сестраси и посакуваше лично од неjа да jа чуе вистината. Лина го гледаше со широко отворени очи, а тоj и ѝ се обрати со зборовите: Сестро каj ти беа очите? Што се случи? Леле ужас!
Лина обидуваjќи се да го скрие стравот и болката кои и предизвикуваа длабок маjчин израз, му рече: Не знам, дали добро се понашам... можеби сè ќе уништам. Наеднаш изгледаше како дете, беше збунета и засрамена. Оваj му одговори: Брате, мислам дека ќе ме разбереш; како би било, кога тебе би ти зеле нешто што многу го сакаш, а пред очи гледаш дека ќе го изгубиш за навек? Ти се колнам во господ... Ако ми ги земеа децата ќе поулавев... Можеби згрешив... Бев избезумена и децата никому не ги давам. Тие се мои на маæот ми Ламбро, коj ми остави аманет да не ги давам никому. Имаше сила, упорност, повеќе од сите жени во селото. И натаму не знаеше како да се изрази, даму обjасни сè на своjот брат.
Ех, моj брате, одамна нашите животи не се во рацете на нашиот бог, туку во рацета на прогонувачите. На кого да ги дадам децата на тие комунистите што го заклаа во трапот нашиот стар татко Глигор Гаjдов и го наjдовме растргнат од лиотот, затоа што беше поп. Затоа што никому не направил зло, туку бил свештено лице и се молеше за сите луѓе а со тоа му служеше на Бога?
Сестро, што всушност сакаш да ми кажеш? Jас дознав дека си се сопнала и ти се истури ѓумот со зовриена вода. Зарем тоа не е така? Таа мрачно го гледа и со неконтролиран израз на лицето како на уплашена ѕверка му вели: Jас деца никому не давам...
Цела ноќ бдеам над нив.
Одново се слушна плач, но не толку силен, колку што беше при попарувањето. Вуjкото Сотир со родбинско сожалување ги гледаше своите невини внуци: Елена и Ване.
Една жена облечена во униформа налудничаво доаѓаше по скалите и влезе во собата.
На вратата се поjави АФЖ - тката со дваjца активисти кои jа припремаа утрешната акциjа за собирање на децата да тргнат кон Jугославиjа а маjките за на фронт во единиците на ДАГ.
Откако влезе АФЖ- тката Донка и трепна со очите заслепена од распламтените цепаници во огништето.
АФЖ - тката, се потргна од Лина за да jа гледа и зеде став на загрижен организатортор на светата борба и одговорна пред партиjата и генерал Маркос. На Лина и се обрати: Ние и комунистичката партиjа, се бориме за доброто утре. Мислам дека ние Македонците треба да бидеме на прва линиjа и да дадеме сè од себе, со тоа ќе постигнеме слобода на македонскиот народ. Само тоа ние гаранциjа и ни покажува дека нашите луѓе се оддани во оваа света воjна. На пример:
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/ednovekovno-molchenie-1913-2013-e-book-macedonian-fi/21 on October 29, 2026