A Century of Silence (1913-2013)
ЕДНОВЕКОВНО МОЛЧЕЊЕ ОД КОГА ДОJДЕ ГРКОТ. (1913 - - Part 02
* * * Слегувавме низ улиците по стрмните тротоари, лизгави, поплочени со полутркалести камчиња. Беше заjдисонце и чудно jа обои калдрмата со сите бои на виножитото, што каj човека се jавува силно чувство што го заплиснува и кога човек врви гази по калдермисаните улички, покраj езерото или околните брда.
Воздухот е полн со музика, поезиjа и секакваа уметност.
Пред нашите очи се речиси сите езерски убавини. Куќите буквално се извишуваат една врз друга, навечер, ако се гледа од брегот на езерото, сето тоа изгледа како некоjа огромна новогодишна елка со илjадници светилки кои се огледуваат во позлатеното езеро. Месечината кога ќе се наjде на врвот од полуостровот Горица, наликува на една голема огромна светилка што го зголемува сjаjот на сите варосани куќи што ги красат и ги откриваат местата на љубовта и историjата на Костур.
Но сега во ова време ретко да има своj македонски заумен живот. Единствено што знаев за Костур и за Костурска гимназиjа, црквите и рибарниите со прочуениот крап, но Крсто.
Поминаа многу години откако последен пат го видов Костур. И тогаш беше стар и убав град, тоа неможеше да се скрие. Костур е моjата лична голема рана. Боли секое сеќавање за местото каде си пораснал. Секогаш тоа тие наjубавото место на земjата.
Но, на балканот како што велат ветераните: “Животот е здодевен кога нема борба…” и така секоjпат ќе се наjде некоj коj има зла волjа да jа крши историjата, за да ги оправда своите постапки. Ние во овие воjни се исподеливме на хероj и злосторноци, а сега, нè има по светот, само не на татковото огниште. Зошто тука не нема? И се прашувам: коj сум jас. Тука сум роден, тука имав таткова куќа, гробови; тука ми се уништени коските на моите предци… Зошто? Боже, Боже, што сме загубиле! Кои ли бевме? Кои сме?
Чудно чувство ме опива. Се разлева светлина над западниот дел од градот пред да изгрее сонцето. Сеотвараат прозоците, се тргаа ролетнте и се чувствува домашен топол здив и сладок вкус од бабини питулици.
Како да сум во детска лулка ме заспива. Гласно се смеам, како да сум опиен.
Проголтувам пролетна воздишка од мирисот на одмакедончените домови. Волшебно чувство, ме прави гласно викам и пцуjам… Погледот ми го крадат доселениците во нашите домови. Срцето ми трепери, на лицето цветот ми овенува.
Боже! Пак ќе речам: Колку сум бил вљубен во домот на моите предци. Урнатините болат, опулот ми се заматува и морници и со морници ми опсипу телото. Куќата не е стара, ама е многу запуштена. Куќата е сре запуштена градина. На сите страни има испокршени садови, отпадоци, расрлна тули.
Ги шепотам сите мои предци и за секого посакувам да почива во мир.
Боже колку ги имало под рушевините од моjот род…
Така со години, секоj прогон отвараше нова страница, нова патека по тугите друмови и походи на своjата мечта и надеж.
Време е нашиот народ да се разбуди. Во нашата Македониjа да ги раскопа гробовите. Спите. Нашите мртви се неодмаздени, заборавени…. Кога ќе викнаат сите одеднаш, светот мора да чуе.
* * * Пролетта во Костур почнуваше со разлевањето на реката Белица. Помина половината на април и долготраjната зима што постоjано се навраќаше, наjпосле попушти и токму тогаш се врати дома Крсто Крапов, но неговото враќањето по половина век, сè му беше како во сон.
Костур, како и секое друго место, има своj реален живот.
Улиците се празни, само моите чекори го разбиваат чувството дека времето застанало.
Костурчанките, сега по светот, повеќе умираат од тагување по широките дворови, оставени и населени од гологасци надоjдени. Тие не умираат од тешките работи по фабриките на, туку само затоа што и ден и ноќ тагуваат по буините трендафили и Костурскиот босилок со опоjниот мирис…
Седнати на еден ѕид и го слушам Крсто Крапов. Тоj има убав и топол глас, но лицето му е згрчено, напрегнато и зло. Следеше долга напрегната пауза, наведна со омлитавено лице. Вриеjки од немоќен бес, ама неговите очи некаква невероjатна сила, чиниш му пламнаа, ми вели:
“Ех, моj приjателе, ние Македонците молчиме, како ништо лошо да се нема случено со нас.
Балканските воjни, односно 1912 - 1913 години се години на погром, години на национална катастрофа, посебно за нас Костурчани, а ние молчиме пред светот дека Грциjа е невиден окупатор и дека сите акции и закони што ги донесе против нас Македонците се геноцидни, а ние Македонците во нашата историjа не може да се наjде зборот окупатор, туку дословно пишува: Во Балканските воjни Македониjа била поделена и дека неjзините делови биле анектирани”!?
Молчевме и преживувавме, слушаjќи ги големите jавори пред влезот во Костур како шепотеа со божjи глес, далгите како свила го минуваа костурското езеро и не заспиваа…
Пули вака како било; тоа го видов со моите очи. Со Андартите и со Комитите, како измислена мамка: во дамнешно минато некоj убил некого од Илинденско семеjство. Па некоj од неговото семеjство убил друг од другото. И така поред. Тука во Костур и костурско, секое поколение губело по неколку момчиња во тие одмазди. Или, со илjадници ќе притворат и ќе ги пратат на сувите острови, а знаеш дека илjадници таму ги имаат оставено коските за ништо лошо сторено, но само затоа што сме Македонци. Молчењето можеби навистина во такви ситуации е злато, ама ми се чини дека генерацискиот молк за за злото сторено од Гркот (Андартино) е потврда што не се наjде Македонец гласно пред светот да каже што мисли: Што и зошто се правеле тие прогони со нас Македонците!?
Навистина по окупирањето на Македониjа, каj Македонецот се измешаа три вида на патриотизам. Сите jа наведнавме главата, се помиривме со заменетото робство од турско во грчко, но се надевавме дека Грците се христиjани и ќе бидат подобри од Турците… Jас си припомнувам, кога ги прашувавме нашите дедовци; зошто останале да живеат под грчкото робство, тие одговараа: “Ова е нашата татковина од памтивек, та и оваа стихиjа ќе помине како и се што поминало, и турците беа, па си отидоа!” Грчката окупациона власт тоа го оправдуваше и велеше:
“Одвреме - навреме треба да се предизвикува страв каj оние каj кои разумот не помага; но, ни лутењето не е корисно.” Едно е вистина дека, такви злосторства се преземаа особено спрема потомниците на Илинденските комити. Комитите беа борци за ослободување од турското робство, а сега во четириесеттите години сите тие луѓе се прогласени како борци против грчкото робство.
Постепено се поjавуваа сè поголеми напади на видни македонски семеjства, посакуваjќи да ги деградират и ограбат.
Ги повикуваа со погрдни зборови; извикуваjќи: “Излези, илинденско куче!” Нас Македонците не карактеризира длабокиот локален патриотизам. Селото е еден ентитет како што е и фамилиjата и нивната полузависност коjа љубоморно jа чуваат. Оваа самодоверба и локална лоjалност е природна последица на една наша променлива историjа. Ние носиме длабоко вродено чувство, имено лоjалноста кон духот на Македониjа.
Таквиот македонски патриотизам доjде до израз на 5 март 1943 година во Костур е свикано собрание од 48 члена кои имало претставници од разни села. На истото собрание било решено да се оформи организациjа под името “МАКЕДОНСКИ КОМИТЕТ” за Костурско само за самоодбрана, во коj членувале повеќе од 54-60 села. Им било дозволено дури да се наоружат, бидеjќи им требало да се заштитат во развластената Грциjа.
Такви собири биле организирани и во други градови. Сега сите тие потомци на Илинденците се обружаа и решиjа да се одбранат од сите досегашни злосторници и со тоа им се чинеше дека “македонските денови на ропството се завршени”.
Во тоа време наjмногу луѓе отидоа комити а еласитите побрзаа да ги наклеветат и да ги наречат: “Фашисти”, “предавници”, “Охранити” и што е наjгрдо да велат за нив. Потоа jавно на организирани митинзи држеа долги и политички говори, им се мешаа умиштата, тепаа, разбиваа дуќани и куќи. Комитите со кренати раце кон небото, го повикуваа народот во одбрана.
Викаа: “Браќа, да се збратимиме! Браќа, да се сплотиме! Народе македонски, до кога ќе трпиш!” Тоа е наше исконско право да го браниме татковото огниште и своjот народ, а не да бегаме.
Господе, ги истрпивме Турците петсто години, сега ни ги донесе просфигите (маџирите), стопати полоши. Господе, душа немаме, душа си ни дал, луѓе сме до кога ќе треба да лееме македонска крв!? Напосле се измориjа, видоа дека правдата задоцнува да доjде, затворите се полнеа со чесни костурски селани.
Ова не се кажува на добро, велеа старите и непомина време, се наоружаа комитите со едни долги италjански малихерки и повеќе не им даваа на Грците да влегуваат во селата. Влегуваа во дворои и имаа наврено неколку на штикови. Се создаде еден страв и повеќе ниту намислуваа да грабнат некоjа жена или девоjка. Така полека комитите си jа вратиjа среќата и животот во селата. И како се развиваа работите, почнаа да си упатуваат ужасни клетви и се повикуваа на борби за живот или смрт.
После тоа народните пеjачи одеа по имотните селани; се собираа во големите гостински соби и ги пееjа со растегнатото пеење сите македонски песни и ора.
Се зборуваше дека просфигите (маџирите) им завидуваа токму на тие песни и ора, дури велеа дека токму таа завист беше една од наjглавните причини да соберат голема воjска и посакуваа да ги изгорат и да ги изгонат и да останат да господарат со сè то богатство што го нудеше оваа македонска земjа.
* * * Но, да му обjасниш некому дека Македонците навикнале да се делат на два логора кои меѓусебно се мразат е невозможно.
Комунистите лесно ветуваа светла иднина за сите, освен за себе, што навистина во тоj хаос мислеа дека се наjербапи и дека само тие наjдобро ќе се снаjдат во тоjа хаос.
Така поделените Македонци си го менуваат и името:
Комунисти и Комити, ама омразата спрема комунистите си остана како да се со андартите - грчки, а комитите како -фашисти, но комитата си остана верник.
Дедо ми, кога слушна дека Македонците стана комунисти и со Грците комунисти “браќа”, тоj изрече една поговорка. “А бре овие нашчи дечки шчо се кажуваат комунисти, зарем не знаат дека не се влегва во иста вреќа со пес”.
Велат дека несреќата никогаш не доаѓа сама. И така е како што велат. Си води таа со себе друшка некоjа. Или друга несреќа, или пакост некоjа, зло злокобно и страшно; за Македонците.
Кога Македонците, кои се декларираа како комунисти, грчката власт, почна и нив да ги прогонува и да ги клевети пред народот дека тие “комунистите се атеисти”, тие се “неверници, безбожни” и ги затвараше и нив по затворите. Ние, Македонците се мразевме по неколку основи. Имено, “верник” во комунизмот беше нешто многу опасно, па дури има прогонети костурчани и живеат во тугина па и денеденес се мразат по таа идеолошка припадност. Па дури и во Граѓанската воjна 1946 - 1949 година беше задолжително да бидеш атеист, а забрането да бидеш верник.
Омразата, беше наследена и сега се наследуваше од генерациjа во генерациjа, сè до ден - денес, дури и по прогонот, се мразиме. Чиниш гладни сме: за крв, за одмазда. Од одмазда.
Крвта што се лееше во тоа време, се разделуваше со граници на непроодливи луѓе и семеjства. Не можеше да се ожениш со девоjка од спротивното семеjство. Секаде е, а никогаш го немаше! Наjмалку во душата на Костручанецот... Коj го донел злото!? Умот му го распламтил и го направил братоубиец.
Никоj не се запрашал: КАДЕ ЗГРЕШИВ JАС?
Го гледам како сенки да му поминуваат пред очи, и раскажува, кажува такви патила, такви измами, такви потпикнати измислени зла што каj Македонецот расколот му се загнездил длабоко во напатената душа.
* * * Во тие години по поделата на Македониjа, Македонецот чиниш се научи да манипулира и со моќта на говорот и со моќта на молчењето...
Крапов замолча со зборовите:
“Доста изнареков, утре не чека долг пат, одиме во посета на наjголемата наша Братоjадската гробница”.
Боже, си велам, многукратно овоj човек, судбината жестоко го имала згмечено и сега видов колку сето тоа го боли кога рече:
Од прикривањето на нашата историjа, срам ме jади. Си ги прикриваме хероjте и жртвите. Му ги славите деjаниjата на колачите и им годиме со свечености, на сите оние кои дошле да не уништат. Стоjме на ред пред спомениците нивни, со наjубавиот мирислив - македонско Костурки трендафил. Од идеолошко и поданичко не знаење, срам да те изеде.
Е, jас сум таков. Никогаш не сум имал два профила. Но, се си има историска цена… Патот ги прегази коските на Македонците, кои гинеа за своjата слобода…
Тие беа рожби на Македониjа, на сите нас, ќе не печат како жива рана додека постоиме. Чуден е молкот наш. Молчиме да не jа засрамиме старата грчка цивилизациjа???
Повеќе од еден век: (Го изгубивме клучот за нашата научна иднина) и никоj не се сетил да jа пронаjде општата гробница и достоинствено да ги погреби коските на костурските комити уште од Чакаларовата чета, па се до Граѓанската воjна, кои се расфрлени низ окупираната Македониjа!
На секаде, каде не има по светот ги славиме Илинденците, а тоа се прави и во Република Македониjа, а за сè што се прави со години тука во окупирана Македониjа (Во историjата нарекувана Егеjска Македониjа, а неjзините чеда - Егеjци.) - во нашиот Костур, молчиме како народ кои сите се боревме заедно во Илинден, радоста и гордоста беше иста, а тука (и на секаде)
никоj не ни подава рака и да проговори пред светот за злоделата варварски што ги правеле и ги прават окупаторите на оваа света македонска земjа.
Турците, владееле со нас повеќе од 500 години, но не jа уништиле македонската култура, не го уништиле маjчиниот jазик, не ни го негираа името. Евлиjа Челебиjа во наследство ни ги остави цивилизациските траги за нашето минато и ни овозможува да се запознаеме со нашите длабоки корени. Тоj ги истражувал (не ги ништел) нашите економски, општествени, културни и политички карактеристики и не само што го запишал jазикот, туку ги запишал дури и нашите диjалекти. Тоj за нас Македонците беше “Божjи приjател”, а дали нешто такво можеме да посочиме од денешно време, отсем геноцидни зафати…
Неговата старст беше запалива. За миг помислив дека ќе ме зграпчи. Но, обземен со своите мисли, тон продолжи да зборува, рече дека нашио главен проблем со Комитите беше долготраjната расправа; со кого ќе го ослободиме Костур. И денес ќе бидам отворен:
Jаска, Крсто Крапов, ве повикувам:
Да jа спасиме Костурската култура од заборав и да си ги прибериме коските на нашите предци. Убеден сум, со сета љубов Костурчани сакаат да проговорат, само не се осмелуват бидеjќи се страшливи! Тоа е трагедиjа на Костурчани”.
Jа крена главата, толку смело, толку гордо со зборовите:
Премолчував во себе, тажен, не се осудував да ги опоменам дека сме загубени без незнаењето и стравот.
ЕЈ МАКЕДОНСКИ ЧОВЕКУ! ЗАРЕМ ТАКВИ БЕА МОЛЧАЛИВИ НАШЧИТЕ ПРЕДЦИ!?
ВИКНЕТЕ СИЛНО! ГО САКАМЕ КОСТУР, ЗАТОА ШТО ОД СЕКОГАШ БИЛ НАШ! А ТОА ГО ПОТВРДУДУВААТ ИСТОРИСКИТЕ ФАКТИ!
Ете што вели и еден гркоман близок соработник на Павлос Мелас (Микис Засе) а тоj е ИОНАС ДРАГУМИС што напишал до грчката влада 1903 година:
Ионас Драгумис кон грчката влада, во февруари 1903 година.
Пишува: Повеќето макдонци ќе востанат. Нив не ги интересира елинизмот. Ние ќе останеме малцинство на гол мегдан. Овие кутри (Македонци) ниту Бугариjа jа сакаат, ниту Грциjа, само едно; jа сакаат своjата слобода, затоа тие не се борат за да jа направат Македониjа бугарска, но сакаат да jа направат автономна држава. Значи Македониjа на Македонците.
(Тетратките на Илинден, дневникот на Ионас Драгумис -страница 19, издавач Пецива, година 2000).
Ме опули гордо, но жаловито и ми вели:
“Се чувствувам многу стар, како животот да ми се приближува кон краjот, ама сакам Македониjа и Костурчани да ги видам славни и доблесни на своjот град како кашите што мечтаеа нашите дедовци Илинденци!” Знам како беше уште во годините 1941 - 1944 години кога отидов во Костур да jа посетам гимназиjата во коjа учеше моjот дедо Доро и баба Jана. Денес сè е различно. И во Костур и во костурските села зjаат срушените ѕидови на црквите, запалените светци. Секоj од нас барем еднаш би си го поставил прашањето: Што би измениле ние во нашиот живот. Кога би се дала можност да се вратиме во минатото. Минатото: тоа беше време на лаги. Кога би можеле да почнеме од почеток, кои грешки би се обиделе да ги исправиме? Коjа болка, кои грижи на совеста, коjа тага би jа одбрале за да jа избришиме?
Дали би се осмелиле, навистина да му дадеме нова смисла на нашиот живот далеку од овоj град, од ова родно место?
За да погодиме што ќе стане со нас прогонетите?
Каде да одиме?
И со кого? Никоj не не сака такви талкачи, губитници, луѓе кои незнаат да си го одбранат своето. Дури и животните така лесно не го напуштат роден краj…
Глетката на вечниот Костур е прекрасна.
Трета глава Крикот од неподносливата болка по прободот на андарската кама
1. Хусеин Хусни - паша едно августовско утро ги прими дваjцата браќа бегови, Дервиш - беj и Селим - беj, синови на семоќниот Касим - беj коj беше почитуван од Али - паша jанински во Костур. Низ срдечниот и разгален разговор на браќата бегови им вели:
Знаете дека тука поминал апостол Павле и тоj им напишал писмо до Коритjаните, во кое им пишувал: “Без љубов jас сум ништо”. Интересна е мислата на овие искажани зборови, нели?
Апостол Павле минуваjќи низ Македониjа не се задржал многу, затоа што тука нашол вистински верници, па мисиjата jа продожил да види дали семето на христиjанството може да наjде плодна почва подалеку од Солун. Историските факти покажуваат дека тешко одела таа работа во Елада, па многубоштвото било доминантно уште цели пет века по мисиjата на светиот апостол Павле. Но тоа не е наjбитната работа, се чини пораката “Без љубов jас сум ништо” не фатила корен таму каj што апостол го фрлил семете.
Хусеин Хусни - паша, бил омилен од Костурчани, тоj бил близок и со рибарите, а од нив ги слушал наjомилете приказни.
Беше почитуван и им се обраќал на Костурчани на jазикот нивни; Море ленди људи, шчо сакате добро да ви сторам? Знам времињата се тешки, ама кога сме во можност, должни сме да им помагаме на семеjствата, приjателите и на соседите. Треба да ги следите добрините на предците. Така се живеело со векови”.
Тоj, бил запамтен како човек, коj имал многу разбирање за нивните проблеми и никогаш не им го забранувал македонскиот jазик, туку се повеќе се трудел да научи што подобро да зборува на македонски со обичните луѓе.
Тоj бил запаметен по тоа што покраj аманот имаше изградено Караван Сараj во коj преспиваа тие што пристигнуваа од Епир, градот Jанина и патуваа за Стамбол. Од тука тргнувала колоната од коњи и луѓе на долгиот пат за Солун. Од тука се развлекуваше во недоглед од Костур до пресеката на Клисура.
Така со векови се следеа трагите на предците. На долгиот пат, каj тие луѓе имаше и колежи и грабежи од разн, ама така било, но тие биле богати и оставаа тука многу турски лири и разна стока.
Покраj аманот, била изградена и бањата. Ѕидините кои се уште се надѕираат се гледа каменот коjшто бил вграден и уште е мазен, а тоа го правеле специjалисти- каменоклесачи и ќошковите се толку jарки што човек ќе помилси дека се лиени во калапи. Сега портите се урнати и до бањата, е подигната голема зграда во коjа еден популарен доjденец од Пондиjа држи рестурант и соби за ноќевање. Ене, пред зградата има широка веранда од коjа се отвараат величествените панорами на Костурската природа.
* * * Надалеку се раскажувало и тоа многу одамна. Еден ден Хусеин Хусни - паша организарал прием на поголем броj, високи офицери. Тоj со своjата строгост во еден миг jа подигнал раката да замолчат офицерите кои ги имаше покането на свечен ручек во чест на задушувањето на Илинденското востание, бидеjќи тоj сакаше со пиење на кафето да им jа раскаже случката.
Хусеин - паша рече:
Костурскиот митрополит Каравангелис коj знае по коj пат да покаже дека да носиш мантиjа не значи и да го сакаш Бога, ниту пак да бидеш негов пратеник на земjата. Владиката Каравангелис дури го покажа спротивното, односно дека се здружил со ѓаволот.
Jас, на времето во воената академиjа, кога започнав да учам да се борам со меч, го победив своjот учител. Тоj со бес го фрли штитот и почна да плаче. Jас од почит го сожалив. Но сега, сакам да ви раскажам за бесот и омразата на jужните христиjани и точно се однесува на владиката костурски Германос Каравангелис. Костурчани, што ќе речат Црниот Ангел, пардон - Вангел и бегаат од него, оти тоj бил човекот коj за Костурчани jа отворил вратара за влез на Македонците во ПЕКОЛОТ.
Сакам да го дообjаснам, затоа што на нашиот турски jазик Кара
- е Црн човек. Можеби е некоj од наша семка, ама подобро да докаже дека неша нее… Овоj е нешто повеќе од црн Ѓавол- човек полн со злоба.
Вие сите знаете; на 20 jули 1903 година во цела Македониjа како и во Костур беше прогласено Илинденското востание.
Одеднаш кога се разбудиле Костурчани ги видоа сите планини наоколу црни. Мравjалник од комити, но ги победивме и сега ние затоа славиме. Тие беа сите чесни чеда на Македониjа. Не знам дали знаете дека во Костур пред повеќе години, а тоа е некаде од 1875 година работеше македонската гимназиjа под раководство на сега покоjниот, но храбар воjвода Лазо Поп - Траjков.
Нам, на Турската власт не ни пречеа, на против ние се радувавме што ќе имаме повеќе учени луѓе. Нели разумно е тоа? Вие знаете дека од Македониjа, од овоj измачен народ, беше нашиот славен Ата Турк.
Но, од кога доjде Каравангелис за владика во Костур, тоj многупати, ме посетуваше и ме молеше со наша заповед да jа затвориме гимназиjата, оти таа била гнездо на комитите. Но, стопати му реков, дека такво нешто да стори турската власт би било срамота пред европа и тоа ќе биде нецивилизиран чин. Си заминуваше незадоволен и бесен. Од омразата, лицето на свсештеникот му изгледаше како на гладен свер.
Еден ден ми вели: “Таа гимназиjа ќе jа отвориме на грчки jазик…” Мене ме удри една смеа и му велам: “Абре владико? Кого ќе учиш во таа гимназиjа, кога тука во Костур нема Грци!
Така лут, jа искриви муцката, си jа прибра мантиjата и ќулафката и си замина, па дури ни кафето не си го испи. Си велем; што поп ќе биде овоj Каравангелис?...
Сега по нашата победа над илинденските востаници, тоj го искористи гневот наш спрема комитите, влегол самоволно во гимназиjата и растурил сè пред него. Мебел, прибор, клупи, сите средства за учење, географски карти, библиотеката коjа имаше од цел свет книги; на англиски, руски, турски и старовизантиски, сликите на егзархот Jосиф. Направил голема катастрофа, такашто оваа гимназиjа од тогаш и не проработила.
Jас во тоj ден имав угледни гости, тие задно со мене и сиот штабни состав потрчавме да видеме, а надвор пред гимназиjата плева од луѓе.
Ѕирнав низ ходниците и ништо не разбрав, но кога влеговме во библиотеката реков: Што ли по ѓаволите се случува овде?
Владиката jа фрлил камилафката и jа слекол црната мантиjа коjа сега сосема преобразено и тоj сега не беше добродушен ни срдечен. Од неговата уста исфрлуваше фрази, се плеткаа псости излегуваjќи од неговата уста како лути змии.
Стреперив сиот, ми се пристори како да личеше на некоj од таjните служби на Грциjа. Збунето го прашав:
Ти ли си владико?
Пред да ме здогледа или да го здогледам, сетив студенило околу срцето кога видов како jа раскинуваше сликата на егзархот Jосиф и како jа парчи светата книга што беше напишана на кирилично писмо. По вторпат видов маж да плаче, а уште повеќе ме насмеа кога видов поп да плаче. Знам дека солзите се желба за нежност, ама каj овоj извалкан поп, имаше само бес и никаква нежност. Но, си велам владиката плачи можеби за да ме разнежи и со тоа сака да си ги ублажи проблемите или пак посакува да ме наведе да превземам одговорност за проблемите со кои тоj самиот не може да се сложи. Но, се уверив дека тоа беше задоцнето плачење.
Ме зачуди со неговата омраза како викаше: “Тоj народ мора да го снема. Тоj jазик и тоа кирилично писмо ми jа дразни душата, не можам, ќе здохнам…” Не дотрпев, му велам: Не, господине владико! Па зарем не знаеш дека тоj што е против кириличното писмо (кирилцата) е антицивилизаторски чекор, и сето тоа е во служба на освоjувачка политика. Ние, тука сме пет века и ниту помисливме на таков суров начин.
Тебе изгледа фанатизмот те ослепува и неможеш да ги разбере Македонците, но посбно Костурчани дека каj нив е неописива моќта на силното чувство на припадност!
Лицето му беше без израз, како расото црно, дишењето му беше забрзано и плитко, забите стегнати и искривени. Очите му беа раширени и крвави.
Го прашав:
Па зошто тоа толку те мачи тебе? Не, тоа не смееш да го правиш Владико! Ти не ли си Христово чедо!?
Тоj ми одговори со бликнати одмазнички солзи:
Jас имам задача и сакам да спречам да доjде до поново отварање.
Му одговорив: Тешко е да се биде Бог Владико, над поповите и Владиците кои со веков сториле сè за своjот народ, а ти за миг им го рушиш…
Еден од моите аѓутанти ми вели:
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/ednovekovno-molchenie-1913-2013-e-book-macedonian-fi/4 on October 29, 2026