Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

A Century of Silence (1913-2013)

ЗАБЕЛЕШКИ

By Стојан Кочов · Part 24 of 24 · About 4 minutes

Read in English

ЗАБЕЛЕШКИ:

1. Андарти- припадници на грчките одреди што се бореле за приклучување на македонија кон Грција, особено активни во периодот на Илинденското востание и по него, сé до окупарањето на еден дел од Македонија под грција.

2. Павлос мелас (правото име му е Микис Зезас), роден во Месалија на 29 март 1870 година. Потеклото му е од Епир. За неговите подвизи и улогата што одигра во борбите со Македонците - Комитите, тој во 1904 беше назначен за водаж на борбата во западна Македонија со центар во Костур.

3. На 25 октомври 1903 година, капетан Коте заедно со Ване Кизов од село Габреш и поп Ставре од Псодери во Митрополитијата на градот Костур, во една валкана торба му ја донесоа отсечената глава на Лазар Поп Трајков за поголема сума златни турски лири. По ова Владиката Каравангелис се погрижи преку турските власти главата да биде закачена на уќуматската порта во Костур и таа остана сé до последните денови на октомври.

4. Метаксас Иоанис (1871- 1940) - грчки генерал и политичар.

Началник на грчкиот генералштаб во 1915 година. Од 1926 година е еден од водачите на Ројалисти Стичкото движење. На 4 август 1936 година, како министер - претседател, го распушти Парламентот и воведе монархистичка диктатура и воведе забрана на македонскиот јазик.

5. Во 1941 година Британскиот премиер Вистон Черчил и председателот на САД франклин Рузвелт се сретнаа на еден брод во Атлантикот, каде што ја фолмулираа и на 14 август ја потпишаа прочуената “Атланска повелба”, чии начела ги прифатија и Обединетите нации во својата Декларација во 1945 година. Во повелбата меѓу другото се истакнува дека територијалната промена мора да биде во согласност со слободното изразената волја на народодт, народите имаат право да си избираат за себе облик на владеење по волја и тоа право треба да им се врати на сите, и се предупредува дека народите во светот мораат да се откажат од употреба на сила.

6. Во суштина биле формирани две организации: СНОФ за Костурско, формирана во октомнври 1943 година во с. Д’мбени И СНОФ (Која беше формирана од ЕАМ со умисла да се бори и да ги придобие костурските комити. Организацијата беше строго контролирана од ЕАМ и ЕЛАС) во Леринско, формирана во ноември истата година во с. Белкамен. Настојувањата организацијата СНОФ да претставува една организацона целина за сите Македонци од егејскиот дел на Македонија, како и барањата организацијата да не дејствува самостојно, односно надвор од рамките на ЕАМ, биле подржани од КПГ. Треба да се знае и тоа дека во јануари 1944 година од КПГ било дозволено и формирање на воена Славвијаномакедонска народноослободителна војска СНОВ под директно раководство на ЕАМ и ЕЛАС.

7. Цветко Узуновски - Абас, одговорен за ОЗНА, според него на Пленумот на ЦК КПМ одржан во текот на летните месеци 1945 година, предложил да се заземе фронтален став спрема групата кои скршнале во партијата и фракционерството. Во таа група биле: Ченто, Венко Марковски, Апостолски, Киро Глигоров, Лазар Соколов, Петре Пирузе, Благој Хаџи Панзов, помагани од Димитар Влахов.

8. “Дуло” - подземна стрмна длабока дупка, со неизмерна длабочина во планината Мали- Мади, т. н. Д’мбенско дуло.

9. ПАО - Пауџидес (Сегрчка ослободителна организација) која ја сочинуваа поранешни полициски началници и офицери на поранешната грчка армија (ЕС) и други разни националистички антинародни елементи. Организацијата ПАО во соработка со военоокупационите власти се обидуваше во редовите на ЕЛАС да инфилтрира свои офицери и агенти со задача да ги ликвидираат партизаните Еласисти, комунисти. Такви инфилтрирани офицери како Кирцидакис, Зисис и Мандаропулос беа осудени и физички ликвидирани кон крајот на април 1943 година.

Василис Барџиотас, висок дејател на КИТ и политички комесар на ДАГ. “Борбата на Демократската Армија на Грција", стр,

128.

10. (Моја забелешка: навистина КИТ и IIB си го задржаа објеќањето пред светот и се изборија по војната да ги врати, но само децата “Грци по род". Оттогаш половина век, се слуша само лелекот на макеоднските родители и на тие деца и се прашуваат: зошто не се погрижи оваа КШГ за Македончињата да ги врати. Зошто заборавила дека на илјадници од ни:

нивните тактовци и мајки ги имаат оставено коските на Грамос, борејќи се, за и само за интересите Ha КШ??!!)

11. Партизанскиот весник (ДАГ) “Ексормиси" излегуваше на секој петнаесет дена. Се уредуваше и се печатеше во планината Грамос.

12. На 16. 06. 1949 година. Извршниот одбор на АФЖ на жените Македонки од Е. Македонија усвои резолуција за активирање на жените Македонки во одбрана на фронтовската линија Вичо.

13. “Оној што го контролира минатото, ја контролира иднината.

Оној што ја контролира сегашноста, го контролира минатото" Џорџ Орвел: 1984.