Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

A Century of Silence (1913-2013)

ОД ИСТОРИСКИТЕ ТАJНИ АРХИВИ - Part 04

By Стојан Кочов · Part 22 of 24 · About 17 minutes

Read in English

вчера учителот Темелковски од селото Трсjе, ги спроведе сите деца во група сè до границата без никакви проблеми, а нивните маjки стапиjа во редовите на ДАГ, а тоа е за почит кон решениjата на НОФ, АФЖ и на КПГ. По ова ѝ упати неколку прашања: Сама ли си се решила на овоj гнасен чин или некоj те поучи и те стави на страната на многуте наши неприjатели на оваа наша Света воjна?! Тоа ли е, или нешто друго? Кажи jа вистината? Можеби е некоjа жена со коjа сте во врска? Сè што ќе ми кажеш, ќе биде во целосна доверба. Можеби ќе ни послужи во истрагата.

Лина Богданова, ги затвори очите, дотолчена од неjзините зборови ѝ одговори: Па вие сè живо ни мобилизиравте, сега и децата сакате да ни ги земете.

АФЖ - тката, студено jа загледа.

Глупаво е да зборуваш за такво нешто. Што треба ова да ти значи? Ги повторуваш зборовите на неприjателите. Им кимна со главата и блага насмевка на активистите и си заминаа.

Сотир Гаjдов, со рацете на колковите, стоеше простум и гледаше заедно со сите, потоа спуштаjќи jа главата, со родбинско движење jа повика сестра си Лина и jа замоли да се смири. Наjпосле при осунот, кога селските деца тргнаа како булук jагниња кон границата на Jугославиjа. Сите присутни се смириjа и ги впериjа погледите во Лина. Во нивните пози на разочарување и жалост се поjави нешто слично на надеж дека сепак децата на Лина нема да и ги земат.

4. Едно пролетно утро во логотот “Длабока jама”, во атарот на с. Бесвина, се слушна пласот на трубата. Логорашите беа сите на нозе, Ламбровица, молчеше и величествено како достоен воин, чекореше кон JАМКАТА, коjа висеше на едно чаталесто дабово дрво. Изненадувањето беше толку големо што зацари мртва тишина... Ламбровица загледана во бесилката, во себеси:

“О боже, ќе ме обесат!” Таа се сврти кон сонцето и извика: -Деца мои, за секогаш збогум!

Кога стивна гласот на трубата, се огласи воениот судиjа Караникас:

Смрт на фашизмот и на нашите неприjатели!

Десетта глава Вкусот на солената вода (Запис од македонската голгота)

Колку е тешко да те следам, татко!

Де не пуштиш ни глас за болката, а толку те болело!

Да не кажеш ниту збор за маките, За немошта, за грижите, за горчината - а толку пиштеле!

(Блаже Конески, од “Црни овен”,1993)

1. Кога мислам на татко, се храбрам; како тоj на Грците им велеше: Jас сум Македонец, господа, ништо друго отсем Македонец, одите по ѓаволите, ќе умра како таков, но тоа право никоj не може да ми го одземе. Се опули во мене со кренати рамена и уште еднаш на астиномот му вели:

“Ние сме си Македонци и ништо повеќе не сакам да ве слушам...” Ама и jас му изнареков: Пули вака, нас кирие Астиноме, не ни пречи вие шо сте Грци, оти вас току ве измачува, ние што сме!?

Минувам низ плоштадот, покраj излозите, денес е Први Маj, тукушто заврши парадата, улиците се празни. Погледнувам во телеграмата и читам: “Пристигнувам во 12 часот. Чекаj ме на станица. Брат ти Ѓорги. Стоп.” Надвор пролетна жештина. Во душата чувствувам трепет. На перонот вриjавец. Брат ми низ толпата луѓе се поткренува на прсти, ме бара, долго се гледаме, како да сакаме да се прашаме:

коj си ти, а коj сум jас.

Му приоѓам и го прегрнувам, а тоj ме крева в раце. Потоа, така прегрнати, си одиме во “прифатилиштето за егеjци.” Изминаа толку години, не знам за кого попрво да прашам. Со години чмаам за родната грутка, за болното посегање по нашето достоинство. Му посакувам добредоjде со полна чаша руjно вино, небаре како да посакувам да ми jа раскаже неговата болна приказна.

Голтнува од виното со благородна насмевка, чиниш му се отвори окрвавеното срце, а jас така зграгорен слушам како ми вели:

Пули вака, брату, ка стана со нас. Не фатие от селото надвур, еден саат пешки да одиш, неоти беше ношjа, дења ни jа свртиjа каливата. Овците блееа, се исплашиjа, ама кучињата шо лаење сториjа. Ама наjпоjќе; тоа големото наjубаво, кучето мурго, шо беше вразано во трлото до последно лаеше, како бесно, можеше да се слушне како го влече синџирот и како синџирот лизга во трлото. Некоj од воjниците со кондакот од пушката и со тупаници, жестоко маваше, чукаше на портата. А на околу;

прсти плева, од наоружани воиници. Нишанат на каj нас со вперени пушки и штикови. Кучето сè уште верно лае, со оноj верен животински грч, коj повеќе личеше на очаен човек. Го влече сиџирот до краj и смело скока до офицерот, што чукаше и извикуваше: Сите ќе ве заколам! Отворете!! А тоj, едно страшило; имаше густи и црни вежди личеше на колач.

Пиштолот го имаше извадено и сакаше да не отепа. А пулиме нашта племна шо беше од долната страна на гумното, веќе гореше, како голем коледарски оган.

И по малку време, кашчо бевме испотресени во каливата, низ цепотините ѕиркаме со татко, а се гледа цело место овртено и наеднаш пред нас брадести љуѓе шо ги викаме бурандари- грчката воjска.

Вратата а скршиjа и ме грабнаа пред нив, кошчу реку, целото место овртено и ме опитват: чие дете си, а тие све знае, и му кажуам: на Ристо Цигуловски. Пак ме опитват и право со пушките навртени накаj мене и праве претрес по каливата и трлото, а коа пуљам го носе и татко. Jаска врзан, татко врзан и не носе во селото Бапчор, а маве по нас со кондаците, со клоци, со тупаници, не тушкае по целпат и не однесое каj главно.тоj нагизден со тиа ширити седи како разгаштен и не опитва:

Кажите каj се крие, македонскиот одред “Вичо”?” И со еден камшик не фрасна по газот.

Љут како дива мачка, на татко му вели: Камо ти се поголемите синови, Ристо? Дур да зини татко, jаска му веља: излегое да се боре за човекови правдини, кирие, да и доиеме и ние нашите слободи, да си прикажваме на маjкин език, да имаме школjе, да имаме големци ко вас, ко љуѓе да имаме се... А бре брату се му изнарекув, ама коа почнаа да не буве со што д а стигне и не пикнае во еден темничав ќерал.

А пуљиме надвор, еден дож џурка. И така, дож денес, дож утредента, се истури господ од дож, а мене и на татко срцето ни пука за овците шо останаа сами. Татко нажален ми вели: “Леле, ние ленди, шо катара не наjде.

Плачи кутрио татко и тоj ми вели: Ѓорѓи а излаиниме работата, овците останае на гол мегдан, а време е да се обjагнат, го пуљам се нажали чоеко. Ама шо е прао е прао, добро му рече, ми вели татко. Цел народ треба да стани за тие правдини, а не да се крие под кошула... Во турцко беше друго, барем езикот си го прикажуваме. И утредента осуна, го врзве татко и мене за него и не носе за Костур, а коку шо стигнаме, пулиме ногу народ се пули во нас и не пикнае во евреjското сколjе. И кога на 12 март четирисет и седмата излезе боjнио суд во Костур да ни суди, не нападнае ногу, наjпоќе тие шо не фатие, демек сме сакале да праjме македонска држава, сме ги ранеле македонцките партизани, а пусти татко не уздржа и му рече во очи: абре кирие, пулиш ка живиме, ко робови, љуѓе сме, бараме да си прикажваме по наше, треба вие да се научите по наше, оти вие доjдоте каj нас, а не ние. И пуљам му скокна тоj судиjата, го удри татка по уста, му шкрши два-три заби, а мене ми зовре крфта, сакам да го бранам татка.

“Вие сте Грци и нишчо друго”, вика ко бесен, а jаска му а врна на нашинцки, па татко нешчо сака да рече, ама му блика крф од устата, но со рака му кажва: само тоа не, одваj изговори. Ние сме си Македонци, му вели татко. Пули вака, му вељам jаска, нас кирие, не ни пречи вие што сте Грци, оти вас току ве измачува ние шо сме, а добро знаjш дека ние си живиме на ваа земjа од дедо пра -дедо, jаска и секоj умен чоек, ќе речи неоти ти велиме ние вие да станите Македонци, убао е секоj да си биди тоа шо го роди маjка му. И неjсе, не осуди на по десет години, и од тука околу 15 jули во камиони не носат за Солун и не носе прао до пампуро шо греди по суво и коа вjанаме на пампуро во тие вагоните не сметени ошче од турцко смрде, не ни даве вода, а за леп да не прикажваме, токму пак добро, туа е татко ми, ми дава кораж. Ми прикажва, пусти татко, по целио пат и коа на први август не пикнае во затворо “Павло Мелас” во Атина и ни дадое за осум дена jадење, а шо jадење: риби солени и троа леп, а времето беше ногу топло, и не соберве во камиони од затворо “Павле Мелас” и не носе на скелето, не растоварве и пак не товарве во пампуро шо оди по вода, ама не начукае долу во амбарите. Врзани jаска со татко се пулиме еден во друг, а вода нема и еден со еден се опитваме дека не носе? Не знаеме никоj, викаме, ама нишчо и така легнаме свите ко удрени од дамла, заспаме ко аjванчиња. Темница, виделце нема, а шчукаме врева, но ошче ношjа беше, вике: “Свите надвур”, и тогаш за прв пат видоме остров, земjа, а пекаме за вода, дури не можиме да проговориме, и излегоме, а ние со татко врзани и излегваме еден по еден, а тие со стапови не маве по дjа да стигне и не носе, ама сеа одиме по нози околу саат и черек и тамо пулиме чадари. Неjсе не собрае куп пред еден големец и ни вели да излезиме секоj башка и звеа да ни праве претрес, а капи не носеме, ама тие маве со стаповите и по главата, неоти те жале за нешчо. Не оставеа да имаш виличка, ноже, саат, цигари и пак да маве по нас, а ние свите викаме, ама коj те опитва. Пљачките и чеjлите и многу други шеи ни останае по патиштата. Едно време влегоме во чадорите, а за вода устата ни се лепи, но шчукаме, еден дека вели: “ето деа има бунар” и се втуриме свите ко овци; плиток беше, половина метро и звеме да пиеме. Црпи пиj, црпи пиj, а таа пуста вода солена и пиеме, а се на повеќе не тера, пиеш и пак ти се пие и кога не фати еден дрисник, шо да ти реча, цели ги фати, не остана чоек без да има дрисник, пусти греови наши, а за нужник имаше троа подолу едно ископано место и свите таму на гол мегдан, ама после коа зве една миризма, стана хаос, шо да ти прикажвам, оти чадарите беа на неколку чекори. Но, и не се срамиме, нишчо не не возбудуваше, ни стана наjлесно да живиме така, ич не се грижеме да го чуваме нашио живот, секогаш покорни пред корофилаците, пред нините големци.

Сега коа мислам на татко: како тоj осамен талка, бара по имањето, ама не можеш да му речеш нишчо, Jаска го викам:

татко бре, jаска сум Ѓорѓи. Тоj бега од мене, така испотен, дооден, се крсти и моли пред светичката Богородица; да не чува од полошо.

Миро на душата, ни гредеше од утре, прикажвам само со сонцето и ме тера да мисла за биjаницата шо а пиеме на трлото во горешчината, пиеш и те режи, ама со тоа само мозокот си го лажеме. Во бессоните ношjи само клепкаш и мислиш, думаш, кроеш, ама никако не излегува. Со татко не одделиjа, сега сум со Фоте Мечкаров. Тоj по нешчо ми кажва, а jаска го шчукам и не го шчукам, гладен сум. Еден ден, не помна коку беше месецот ми вели: Ѓорги, ти се jаде леб? Как не ми се jади му вељам, а тоj вели ела по мене. И отидоме во еден железен голем сандок полн со гноj, а беше ношjа и фатиме да jадиме комачиња леб, ама тие расипани беа мулосани, но коj пули ношjа и ние само jади, рупаj, грицкаj, оти беше ногу страшна гладоста, и jадеме. Коj знае коj ги фрлил. И едно време, фати да не боли стомак и jаска отиду по нужда, арно ама стражарите не оставае да одиш во секое време, и пуљам трча еден со една боздугана, а тоа беше ношjа и фати да ме тушка, да мава по мене. Jаска зве да бегам по чадорите и тоj ме тушкаше, ама даде господ му се испушчи од раците и зве по чадорите да ме бара. Сполаj му на господа, се крстам, инак ќе ме оставаше на местото.

Коку беше месецо ич не паметвам. Еден ден леб немаше, не извадие на работа, другио ден исто и така тоа продолжи до 7 дена без леб, а веќе не можеме да пулиме, по нужди па ич не може чоек да оди... Тоа беше ногу страшно нешчо, од гладост и жед за вода ни се олина снагата. Боси по кршо оди ако можиш, де! Аj маjката како да сме родени да трпиме понижувања и си вељам дали родо ни е таков или проколнати сме ние ко љуѓе.

Свите се редеме да чекаме манџа, давае по малку, народо гладен и туку што се приближаме до казано и коа фатвеа тиа чуварите со стаповите да не бие за нишчо, а не биее до дjа да стигне и на еден другар името не му го умам, му го извадие окото и тоj падна наземjа, а тоj корофилакот се уплаши, и ние свите скокнаме да му велиме: зошто го стори воа нешчо, ама сетне надоjдоа многу од ни, удри, удри и така ни jа истуриjа манџата и не вечераме нишчо. Пак еден ден доиде саато 12 и треба да одиме во чадорите, ама кога се врнаме наза, требаше да носиме камења за да не одиме празни, и jаска име кренато еден голем камен, а тие Грците шо беа затворени како крадливци и убиjци не носее нишчо, туку пред да стигниме ќе ти го земе со сила и сетне ти си крив. И го носев тоj камено и туку пуља еден прави ниет сака да ми го земе и ме турне, а jаска така падна шо виа четирите прсти ми се смачкае, ето, пули вака, на ваа рака шо ми е без прсти, а налет за камено, но целата работа беше, ако немаш камен нема ни вечера и така таа ношjа плаче од бољка, гладен па од мака се напив малку солена вода и дури сега ми се гнаси од тоj вкус, а крфта си тече. Тие лекарите шо бее од затворениците, ме опитве од шо така бре Ѓорго и сега не знам шо ми стана, ама ми се сврти тоj острово Ѓура и сум паднал. Потоа ме наjде полошо, не може да работам, а ме тушке, не ми верва, тоа беше страшна работа, ама по страшно беше да стоиш пред големците покорен како фатена ѕверка. Тие ни држеа говори како току пари дава државата за воа нешчо шо не превоспитуваат, како не научиjа да работаме, да го праjме тоа што е убаво и како ни дале можност да се преродиме со се шо го праj државата за нас. А прао да си кажа е тоа шо чоек можи да разбери едно нешчо добро, шо љуѓето ги запознаваш не по некаков ќар во живото, туку ете сите сме исти страдал-ници и на секоj душата му е чиста... Само манџата на свите ни стана одбивна, таа мирисаше на блувотини од мацки, а тоа ти греди да ги загубиш сати чоечки чувства љубов, приjателство, завист, човекољубие, милосрдие, се полека од чоекот исчезнува, ко се да е испарило под тоа силно сонце. Но имаше во затворо и шпиони. Беше еден, се викаше Стратос, и многу други и еден ден доjде еден натоварен пампур, од тие шо оде и греде по вода, и беше товарен со железо, цемент, вар и други нешча, полн до горе. Не собрае свите кашчо си беме во затворо и кладое две шчици; по една оиш во пампуро, по друга да гредиш на суво и почнаме да се товарваме, растоварваме, цел ден оиш и гредиш по тие шчиците, а тие чуварите маве со стаповите и само пулиш да не ти се замели умот и да не паднеш во морето, но тоа се стори кога еден од воденцко или од леринцките села беше, сега малку ми греди на умо, падна сосе врешче вар, госпо да го прости. Ами од дjа да знае да плива? Го извадие морнарите на сонце, така стоеше цел ден, додека не се собра цел роj муви да го jаде. Ама тоj шо беше капетан на пампурот не сожали и накаj пладнина го закопаме и со таа мана си отпочинаме малу.

Пред мртовецот сати мачеа, арно ама така со години ставаше со нас, фатие каj луѓето да се поjавуве разни болести офтика, стомачни болести заедно со церевата, но повеќето љуѓе поулавуваа и пулиме почна да греди еден поп да ни кажва за сати господови заповеди, а гладни, и еден ден беше Божик и доjде пак да ни кажва и вели шо вели тоj попот, ама стана ко постран, се наљути и избега, кога му рекоме: пули вака бре дедо попе, ти пулиш шо jадиме и каква вода пиеме, му велиме, зар по твоjата религиjа така вели господ? Фати го човеко за ништо и донеси го тука на островот, затоа шо го родила друга маjка, само да не биде Грк. И свите до еден му велиме: Дедо Попе, ти ако си господово чедо, треба да jа кажуваш вистината: шчо си е нашчо, нашчо ќе си остане... и само така... и поjќе ни збор да има, а попо ме пули ко звен (парилизиран).

Шо велиш ти за воа нешчо, како тоа може да биди по тие твои книги човечко, а? Аjде кажи! Се наљути и му jави на власта. И едно рано утро пулиме сме свртени по целио остров со боjни пампури и готови да не униште, оти тоj му кажа на власта дека правиме револуциjа и шо друго не му рекол? Дека сме биле закоравени комити и не примаме никакви господови заповеди.

И коа пулиме на самио остров да ти имало ошче наши на други места, многу народ, па ти имало и комунисти наши и Грци, па ти имало крадачи, убиjци, па коа пулиме тере на каj нас и една голема група жени и ги донесое сати во една голема падина, ама никаде го нема татко и ка немаше вода пулиме доста љуѓе го изгубиле умот од с’ти тие маки. Потоа, не тераа за нив да праjме големи авлии ко трла со високи стисови и таму изумреа ги оставие коските. Но за воа деа да може да се раскаже, чоек треба да напише цели книги.

Доjде време да се пушча од затворот ко инвалид, а тоа беше во педесетите години и си греде дома, а селото изгорено, се е срамнето со земjата, нема љуѓе, и коа пуља долу во каливjето татко талка, бара по имањето, ама не можеш да му речиш нишчо. Jаска го викам: татко бре, jаска сум Ѓорги. Тоj бега од мене, така испокинат, дооден бега...

Ете така, брату, стана со нас. Гарците, не испашкаа и се распрчкаме.

Ме загледа в очи и ми рече:

Плачиш, знам, ти е жал за татко, за дома, за каливjето, трлата, ливаѓето, бавчите, нивите. А незнам дали знаеш дека гробиштата ги изораа и Грците решиjа да нема од нас никаков белек…

Прифатилиште за Егеjците “Чаjр” Маj 1963 година.

СТО ГОДИНИ МОЛЧЕЊЕ Авторот Стоjан КОЧОВ ќе забележи: што реклле слободоумните луѓе:

“Злосторниците никогаш не можат да бидат револуционери, се когаш се реакционери.” Владимир Нобаков

“Во мене се роди потребата да кажам: зошто го сакам светот, зошто му се восхитувам, зошто сум му благодарен...” Никифорос Вретакос Продолжува: Убавината и човечкиот дух, со кои се одликуваат неговите дела претендираат за една повисока правда и земjа за сите луѓе.

КОJ НИ ГО ОРГАНИЗИРА БРАТОJАДСТВОТО? КАКО И ЗОШТО ГО ИЗГУБИВМЕ КОСТУР ВО (1940- 1950)? ТОА Е СМРТ НА ЕДЕН ДЕЛ ОД НАЦИJАТА, А НЕ САМО НА КОСТУРЧАНИ. ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНА ВЕК, СИТЕ ПРОГОНЕТИ ЧЕКАМЕ ОДГОВОР:ЧИJА Е ВИНАТА?