Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

A Century of Silence (1913-2013)

ОД ИСТОРИСКИТЕ ТАJНИ АРХИВИ - Part 02

By Стојан Кочов · Part 20 of 24 · About 21 minutes

Read in English

Jас молчам и занесено чекорам, но во еден миг го прашав: Вие секако често жалите по овоj живот?

Тоj се сврти кон мене со глава високо крената, со очи наполу замижани и подтворена уста, личеше на вистински маченик ми одговори:

Да, во тие валкани години и време на лаги и братоубиства, таква ми беше судбината моjа, но и на многу нашчи. Сега тука во Костур,човек е среќен ако има своj гроб. Тоа го доживеавме ние Костурчани…

Ти што мислиш моj приjателе: Дали човековиот ум може да се помири: ако е спречен од окупаторот, да нема право на соопствен гроб и да биде закопан пакраj предците?!

Боже, Боже, како да ме распарчи; ми потекоа мислите на моите прогонети блиски, а закопани: во Ташкент, Згозелец и Браjла.

Нешто, посакав да кажам, ама тоj продолжи:

Тука, а верувам да е така по цел свет на “мртов ден”, река од луѓе се слева накаj костурските гробишта и покраj студенилото в зиме, кое влегува во коски или летниот топол пекол. Се поздравуваме меѓусебно со традиционален за овоj ден поздрав:

Нека почиват во мир. Да им миросат коските и не ги делиме покоjните на:комити и комунисти.

Бог да им ги прости гревовите. И, така си заминувам и ги одминувам луѓето.

Нека им се живи наследниците за да имаат коj да ги споменува, можеби господ Бог ќе определи време кога ќе се дознае вистината: Чиjа болка од прободот на забиената кама, била поголема неподносливата болка.

Но, сега и од напатените луѓе, со години го следи потсмевот од луѓето кои му ги забележуваа неговите телесни мани, а не можеа ни да насетат со какви умствени способности е надарен;

целиот живот зад себе го слушаше потсмевот како тивко свиреше на своjата омилена окарина. Тоа го правеше за да подзаборави на љубената Кираца, кога по враќањето островот jа сретна во Костур, осамена во своjата стара к’шта.

Образите ѝ беа потемнети, вероjатно од лошото минато, носеjќи jа во себе тагата, болката и гордоста на семеjната старостогратска лоза по маjка ѝ Олга Ивановна Воронцова- Беличкова. Кирjана (но ние костурчани си jа викавме Кираца), а името го доби по дедо ѝ Киро Беличков, свештеник коj богослужбените студии ги завршл во Ленин град и таму се оженал за Олга Ивановна. Поп Киро, бил заклан од андартите на Павлос Мелас.

Но, љубовта наша со Кираца преставуваше бескраен сон, недоглед од многу сложени виножита и бои. Кираца му припаѓа на своjот кроток народ, на љуѓето и на обичниот свет.

Кога се врати и jа видов, на неjзиното лице речиси и да немаше шминка, но така беше уште поубава.

Таа честопати ми го поставуваше прашањето како и на коj начин станав толку млад Комита.

Големите љубови се ретки, како што се ретки и големите дела.

Каj костурчанките, кога чекореа радосни по оваа калдрмисана улица толку многу беше се развило чувството на подршка и љубов кон своjата сограѓанка, што секоjа го чувствуваше духовниот мир при своjата прошетка, при првата љубов и гордост...

Во Костур се родие наjлепите чупи... Костурска жена коjа беше врзана за домот, одговорна за ручекот, за децата, постарите луѓе, за испраната облека и прашината во распосланите гостински соби и вградените долапи. Метењето на широките поплочени дворови и буjните трендафили, ги нема, а сето тоа, денес е далеку и тагува по сè што остана во неjзините мисли.

Единствено нешто на што остана во мене што катаден мислев е на тебе.

Си заљубив едно чупче Костурчанче Падна моме се разболе Бело лице потемнело ох аман, аман Црни очи затворило...

Седма глава Таjнствениот пат до могилата на братоjадците - Страшилово Ден пред големиот празник “Голема Богородица”, во бранови трепери топлиот воздух и тишината предизвикува морничав немир, а во душата гнев и неспокоj. Дваесет минути стоеме и го чекаме водачот што Треба да не носи до самото место на “Братоjадската гробница”, но тоj кога доjде ни се обрати со зборовите: Местото таму е дивина; сега по пола век, дрвjата израснати се до небо, сè е изменето, дури нема ни патека. Но jас се решив да ве водам поради тоа што сакам да ги посетам коските на моjот брат.”, рече Крсто Крапов, кому устата му беше подгорена како ѓон, а со мака продолжува да раскажува толку страшни работи што сите останавме вчудовидени, чиниш како да сме тргнале во некаков неврат.

Планината Вичо - е нескротлива дивина. Дивата убавина, коjа плени со остриот врв, густата шума и со многуте извори. Вичо е густеж од високи буки, и чудниот врв од каде се гледа Костур како на дланка, но непомалку и Леринското поле. Тука имаат загинато многу македонски Илинденци и Турци, Комити и партизанани. Полна со гробови и херои од наjсмелите Македонци.

Само наjсмелите се искачуваале на Вичо и само тие можеле да се сретнат очи во очи; со мечките и волците, вели Крапов.

Се движиме како претепани коњи. Кога излеговме на гол мегдан. сонцето немилосрдно не камшикуваше по глава и грбот, а чекорот ни беше чуден, како нозете да ни беа врзани со рѓосани железни пранги. Газеjќи по острите камања во боjа на трева и мов. А околу нас во густата шума можеби не демнеа крволочки ѕверови.

Сè подивело, сè се изместило и зацарил стравот... Само лиотот ни се чудеше на нашата врева и смелост што неустрашиво навраќаме тука дури по пола век. Стоевме подзинати во побожна тишина и долго гледавме и слушавме разни шумови во дивината…

Со тагослив поглед и занемени минуваме по селатаа што изумреле. Газиме по затревените патишта и ги заобиколуваме урнатините. Фотографирањето и снимањето се само дел од звукот што jа нарушува тишината. Фотографиите се од отворени врати и прозорци и лет од некоjа преплашена птица, кацнува далеку на некое високо дрво и зачудено гледа во нас.

Плодните дрвца, веќе го исфрлиле плодот, паднал и затрулел по сувата трева. Секоj прави по некоjа фотографиjа; со желба за спомен и некому да jа покаже...

Тука народот што живееше под планината Вичо, Кукуљ, Рунѕел и се до дека ни пулат очите, се ископачени, ги нема и не се знае коj каде свил гнездо, далеку од овоj роден краj, вели Крапов и во еден миг, радосен извика:

Луѓе! Стигнавме, ене тука е големата братоjадска гробница.

Тука се коските на нашите; татковци и браќа!

А jас во себе си велам: Сполаjму на господ! Одваj пристигнавме со раскажани нишани од пред половина век, оставени во едно окрвавено писмо.

Водачот, ги читаше и пребаруваше по знаците оставени на дрвjата. Jас опиен од мирисот на здравецот, лавандата ме прави моите очи да светат небаре повторно прв пат да сум се заљубел во овие родни предели. Jас со носталгиjа се сеќавам на маjските рози во сите бои ме потсетуваат на моjата почината маjка, чиjа градина беше полна со рози.

Одевме повеќе од пет до шест часови, слушаjќи ги болните повици од едно историско сведоштво, за братоjадството, во оваа црна шума.

Кога се зарумени и далеку на исток блеснаа првите сончеви зрази високо над нас, во чистото сино небо, со мирен спокоен лет се поjави белокрилна птица. Чиниш посака да не поздрави, летот низ зелениот мирис на долината ѝ беше мирен. Леташе кон планинските врвови кон небесното синило. Тишина свемирска лази по патеките на муграта. Миг неповторлив.Чувствував дека постоjт моменти кога нашите срца поебно длабоко се врзуваат за секоj вид од природата.

Во сите нас немир, сатански темници се роjат внатре, во нас, и ечат ѕвона тешки, камбани адски. Како се приближуваме, до гробницата небаре секавица подземна го голта небото со своите пламени jазици. По патот - нерамница, покриен со и ипреплетени корење длабоко вжилени во неплодната земjа.

Многу броjните чекори; тивки, нежни, битисани, тапливи, старечки и несигурни, одваj чуjно го газиме патот, со болка, возбуда од она што ќе видиме во големата “ братоjадска гробница”. Ќе пишува ли нешто за коските, барем од кого се, чиj се. Секоj подзастанува, ама не го прекинува одот, потпрашува, а во себеси го одмерува ликот на тоj што тука му се коските: Таткото, дедото, братот, стрикото, братучедот, вуjкото, приjателот, селанецот и му го споменува името и чекори полн со недеж дека ги наjде коските. А на некоj, одеднаш погледот му бега кон небото и се ѕвери во синилото.

Од висините слуша како доаѓа страшен подмолен кикот. Секоj од нас се прашува:

Коj ли е!? Што ни се случува? Можеби горе се убиjците и од таму ги влечат конците на нашите судбини?!

Сите го слушаме тоj злобоjаден глас: “Коските се ваши, но планините се сега наши!” Во еден миг наеднаш се наjдовме надвор од шумата и пред нас се поjави грмада камења...

Свежината на воздухот, сите го чувствувавме дека потта ни се стиши што ни течеше по вратот, но вниманието и понатаму ни беше целосно насочено кон месноста Страшилов вир.

Кога стигнавме до самото старо расчаталено дрво, месечината беше толку сjаjна, златните зраци не удриjа процирноста на водата во месноста “Страшилово” - “Страши вир”, а тоа ни потврдуваше дека стигнавме до гробвицата.

Прва работа што jа направивме беше да го истапчиме буjниот папрат, планинската трева и да налегниме, опиени од мирисот на искршениот папрат. Само што се испруживме, секоj по своjата желба, доjде Крапов и ми вели: “Под нас лежат коските на нашите татковци и браќа...” Уплашени сме сите и шепотиме во апсолутната нема состоjба, а еден кашлаjќи се прокоментира: “Тука ноќе е наjстрашно. Низ овоj густ папрат лиотот шета, нушка и ние како да сме му добродоjдени. Можеби оваа е божjа волjа дека и ние како нашите татковци, тука ќе умреме”, уплашено рече.

Водачот Крсто Крапов, не забележливо се сврте кон планината и продолжи:

Тука народот што живел под овие високи врвови; Вичо, Кукуљ и Рунѕел беше ставен меѓу нишан; едниот истрел удираше од горе - Еласитите, другиот од долу: воjводите и комитите во Костур.

Во тоа време лугето од овие села катадневно беа растрчани, развикани и расплакани. Се слушаа викотници до небо, лелеците и плачот при напуштање на родната грутка;

колнежите при напуштањето на своите домови кои гореа во високи пламени, оставаjќи сè што било спечалено со векови и заминуваа во неврат. Сега секоj што живеел тука во тоа лошо време, имаше своjа приказна. По толку години се помалку ги има, изумреа по светот заедно со своите приказни.

Крапов, зазеде чуден став, како на очаен овчар кои го изгуби стадото. Ги забриша солзите и продожи:

Ете, тука се случии наjкрвавата драма во оваа ледина. Токму тука ги заробиjа нашите Комити и им се приближиjа Еласитите (од редовите на Елас, кои беа избрани за да ги ликвидираат фатените Комити, а тие биле само Македонци кои беа претходно пребегани од Комитите во редовите на Елас) со блеснати штикови. Еласитите немаа наредба да ги убиjат со испукани рафали, туку живи ги фаќаа еден по еден и како уплашени jариња ги колеа... Тука на оваа лединка, породот и племето, ги расеjуваа гревовите, сништата нивни и наши. Тука, згасна сонцето на Костурчани, а месечината потемна, занеме и никоj на никого не се сеќава. Огнена меќава од крвта на овие наши браќа и татковци, пред очи денес ни согорува,вели Карпов, со насолзени очи и подолго замолча.

Таа цела ноќ, молчев! Ме онемеа сведоштвата на Крапов, а и студениот ноќен воздух jа извлече топлината од нашите растреперени тела. Сè е облеано од месечевата светлина.

Глуво време, во нови пронаjдени гробишта. Судбина, време кога ни се множеа гробишта на гробишта. Време, кое катадневно, на живите ни ги дроби коските.

До краjот на ноќта, останав да бдеам сам да си го дотрошам од предтполнокното време до осунот. Само копнежот остана, да останам сам, но се уверив по ноќното бдеење, на неколку чекори од мене, сите го правеле исто; со наведнатаи глави клечеа. Кон осунот, одеднаш погледот ми бега кон небото и се ѕверам со часови во синилото. Од висините слушам како да ми надоаѓа еден подмолен кикот: Вашите мртви ги оставивте неодмаздени и заборавени.

Што ќе запише историчарот. Ништо!

Станав и тргнав натаму, небаре ме води некоjа невидлива и груба рака. Се прашувам:

Коj ли ни се смее нам?

Можеби зашто сме налегнале над коските од татковците и браќата, можеби пак е некоj од убиjците, од озгора ги влече конците на нашите судбини?!

Стоjам и размислувам, а во крвта ми вриjат вулкани и молни ми светат во коските и по некое непишано правило се вртиме во круг на нашите рани...

Jа запаметив ова ноќ, меѓу кориците од ноќта и денот, целото ноќедение jа мислев историjата и стигнав до затворените челични капии. Ги барав трагите од стапалките на татко ми, но не ги ненаjдов... Одамна завеани се и изрешетени со дождови од куршуми.

Ноќ е. Темнее месечината, осамени сме, и ако сме сите, немееме, никоj никого не разбира, никоj на никоо не се сеќава.

Сите коски се тука. Без лик, без облик на човечки скелет.

Се обидувам да jа соѕертам насмевката на татко ми. Стоjам со поглед вперен во коските над кои седам. Прво ги открив сите надиплени наслоjќи од дамнешните времиња стари. Ги намнисав како тие радости од дедството биле разлеани во животот кога растев во татковиот скут. Се обидувам, сега да jа замолчам солзата во десното око, коjа се токми да капни и удри во коските на дланка од раката на татко ми, и небере посакува да го праша: Татко, дали мене ме умиш? Зарем не ме умиш како растев во твоите раце, или ме заборави, оти те плашат морниците под кожата и треперењето на прстите во дланката твоjа?! Ти знаеш дека таа твоjа дланка ми беше наjверна заштита. Jас секогаш jа барав... И во оваа црна мугра, jас упорно jа наѕирам сенката на твоjата дланка. Таа твоjа дланка ми остана верна таткова покривка.

Зборовите ми секнаа. Се стаписав. Настапи Помрачување. Сè е измешано, сè е погрешно, во грешно време. Ка шчо вељат Костурчани Од ка доjде Гркот. Зборот молчи и збира болештини во празнотиjата на црните мугри.

Ближи разденување, во далечината гледам се раѓа крвjосано сонце.

Во тоj миг од скутот на една млада невеста коjа со нас тргнала на посета, а таа ти била правнука на комита. Детето заплакува за доење, а пред падот на солзата, дури каменот ги затвара клепките да не види ништо од расфрлените коски и нешто да забележи од полавековната судбинска историjа...

Што ќе запишат еден ден историчарите за овие луѓе? Ништо.

Никоj никаде не ќе биде спомнат.

Одненадеж се слушна силен рев. Ме штрекна мрачна мисла и немаше сомневање дека ни приоѓа голема мечка, затоа што оваа место било долги години неjзино врталиште...

Така скаменет, стои и водачот Крапов, молчи. Си велам можеби затоа што по цел пат раскажуваше толку страшни работи што сите бевме вчудоневидени.

Но, знам дека тоj неможе да молчи пред едно такво проклетство, зашто колку неприjатно би било да се сетиш, толку е неприjатно да не можеш да спиеш над коските и заборавиш, а сето наjстрашно е запишано на овие нивни коски.

Таму се напишани наjстрашните работи. Дури чиj бил и ножот удавен во крв. Зарем може да се заборави блескот на ножот, шурканието на крвта, на ископаните очи, на исечените делови од телата на предците, браќата, на поданството наше, на чекање ред пред колачот и да ги гледаш неговите окрвавени раце, на мирисот на крвта. Лелеци, стенкања, Овкања, повици за помош.

Како да се заборави на крвникот - касапот Мите со изгрченото лице, напрегнато од злотокоба, си игра со ножот, како да сечи зрели лубеници. Гази над крфта и ненаситно фучи од бесот што го опфати големата ИДЕОЛОШКА ИЗМАМА.

* * * Воjната беше распламтена на сите страни, така jа запамтив.

Не знам, што ќе запиши еден истражувач за сите нас и овие наши луѓе. Ништо. Зарем, никаде не ќе бидат спомнати!?

Добро го паметам и кога Костур и костурско мирисаше на смрт, грчките комунисти во тоа време ни нудеа “Братство и единство”, а тоа повеќе небеше во интерес на мирот, туку во моќта...

Сè беше во името на народот. Еласитите со премногу егоизам, омраза, лаги и насилство спрема Комитите. Недоличното однесување, а за физички пресметки и да не зборуваме. Значи, се можело! На видело беше: моарализам и аморализам.

Еласитите - Левиот блок со интегративниот проект “Братството и единството” продолжуваше Братоjдаството без разлика да ли тоа нам на Македонците ни се допаѓаше. Важно за Грците, беше да бидеме дел од таквиот проект, се додека не станеме тугинци во нашата Костурска земjа... Времето покажа дека триковите на Сjантос ( КПГ) и Темпо (КПJ/КПМ) им беа успешни во нашето БРАТОJДСТВО.

Само, македонските комити, беа горди и свесни за своjата историjа и револуционерна борба на своите Илинденци и за тоа немаа резерви кон бранењето на Костур се до смрт. Друга татковина тие немаа. Македонците што изиграваа комунисти, се наjдоа како талкачи по светот, бидеjќи не биле “Грци по род”.

Водачот Крапов, пушеше цигари и зборуваше без прекин. беше преполн со прашања за нашето минато, за луѓето кои живееле и земjата jа обработувале, jа сечеле шумата, ги коселе ливадите, ги паселе многу броjните стада овци и понекогаш од сè срце се смееле додека му кажував како многу од нас живееме во тугина.

Од посетата на братоjадската гробница во џепот на елекот, ми остана еден пожолтен лист и на него сум запишал: Зашто ние Македонците сме, секоj против секого!? Зашто сите против сите сме?!

Се ништиме. Лелекаме. И пиштиме. Денес jа наjдовме гробницата, од нивните коски прочитавме и дознавме сè. Jа наjдовме по повеќе од пола век ги надовме коските, по кои пекавме пола век.

Но, тука ги нема луѓето од тоа време. Луѓето од овие села кои катадневно беа растрчани, развикани и расплакани. Луѓето на кои гласот и плачот им се слушаше до небо. Лелеците и плачот при напуштање на родната грутка; колнечите при напуштањето на своите домови кои гореа во високи пламени., оставаjќи сè што било спечалено со векови и заминуваа во неврат.

Одненадеж се слушна силен рев. Ме штрекна мрачна мисла и немаше сомневање дека ни приоѓа голема мечка, затоа што оваа место било долги години неjзино врталиште...

Осма глава Плачот на трубата пред могилата на братоjадците.

1. Осунот го дочекавме налегнати над коските од нашите браќа и татковци. Денес е Христиjанскиот голем празник: “Голема Богородица”, и сите Костурски села, со невидеа почит го слават на 15 август - катагодина и до сега не се памети дека некоjа година да е заборавен. Крапов се чувствуваше вкочането. Што ли треба да правам сега? Се запраша уплашено. И така цела ноќ, црни мисли го разjадуваа, покуша да стане и да прошета гордо низ папратот, ама баш како тие старите Илинденци кога остануваа на пусиjа по цела ноќ. Ох, моjот живот како бунтовник не им одговара на многу луѓе, ќе речеше тоj низ насмевка.

Таков беше и моралните вредности во животот му беа многу значаjни. Неговата наjголема цел беше да биде корисен за своjот народ. Се интересираше за науката и за историjата на Македониjа и Македонците и многу сака да полемизира за историjата и за злото што му е нанесено на македонскиот народ.

Човек со него може да разговара за сè. Дури и за вербата во бесмртноста и велеше: Еден ден животот му е доделен на мудрецот, а глупавиот не ќе знае што да прави ни со вечноста.

Низ неговите дамари, чиниш тече крвотокот на македонската историjа, го памтеше сето она зло што му го нанел Гркот. Сите велеа дека, тоj е многу храбар и способен да jа открие вистината за Костур и Костурчани и да ни раскаже точно, што навистина се случи во тие катарни години, а од тогаш до сега, се сè прикрило, го нагриза времето.

Како се раѓаше денот, така расте плимата во Крсто Крапов. Му наjдоаѓаат случките како океаните бесни бури и му го преплавуваат секоj дамар, секоjа пора, клетка, нерв, мисла, сета мозочна кора. А и во секои од нас, се коти некаков немир, како да сме тугинци во своjата земjа.

Седевме склупчени на истапчениот (изгазен) папрат и со мислите што денот по осунот не наjдеме.

По куса пауза водачот, коj сето време клечеше или шеташе низ папратот и зборуваше одлучно како да диктира, конечно го сврте погледот кон мене и ми вели:

Тоа што се случи тука во историjата не е забележано, а ниту го знаеме другото лице на историjата. Знаеме само дека за оние кои тргнаме по патот на моќта, немаше враќање. Тие вечно ќе им останат робови на своjот избор, и ако навистина го оствариле своjот сон сè додека не ги напушти, тие ќе потонат во длабока депресиjа. А кои биле тие? И зошто тие се однесува така? Тие биле дел од Костурските Комити, кои пребегнале од редовите на македонските комитите во редовите на ЕЛАС. Тоа го сториле за тоа што комунистичката партиjа и Еласитите ценеле дека наjголемо зло во Грциjа биле Македонските комити и против нив се оргтанизирале многу потери за нивното ликвидирање, а тоа беа и овие наши наjмили што сега им ги наjдовме коските.

Еден есенски ден, во Штабот на Елас се подготвуваше;

фаќањето и нивното ликвидирање токму оваа група коjа броела повеќе од 24 души комити кои тргнале кон север. За сета акциjа беа информирани и Главниот командант на ЕЛАС за Костур и Костурско В. Химарос и Маjорот Ариjанос.

За обмислената акциjа беа добро информирани од офицерот на поранешната грчка армиjа, сега маjорот во редовите на Елас Баскакис, тоj им jа ображложи акциjата и конечниот исход од неа.

Убаво обмислена! Прекрасно!

Краj могилата седев и плачев слушаjќи го говорот на Крсто Крапов.

Кога му се доближив на водачот Крсто Крапов, му реков: Ме опфаќа неописив страв. Се плашам од физичките маки. Стравот од преживениот живот, од смртаа коjа неколку пати минуваше покраjмене...

Ми одговори со сигурност: Секоj што ги познава границите на страдањето е ослободен од стравот, како тоj да има сигурен лек против таквиот стравот. Крапов, чувствуваjќи се како воjник коj паднал покосен на земjа, потстана и се сврти кон мене посакуваjќи да jа смени темата и да ме смири и ми вели:

“Коjзнае колку наши луѓе беа заклани тука, таа проклета ноќ?”, вели и продолжи: Дури и птиците што сега излетуваат од старите гнезда мирисаат на крв. Овоа парче земjа е натопена со македонска крв, од нашите искасапени татковци и браќа. Од сите оние кои се бореа за сопствената национална слобода; за спас на честа, за името и родот македонски, а историjата досега нема речено ништо, туку само во историjата што jа пишувале Комунистите и Еласитите сме анатемисани затоа што сме биле против нивната идеологиjа: не сме биле ИНТЕРНАЦИОНАЛИСТИ, туку сме биле наjљути следбеници на Илинденските Комити.

Ете денес таква е историjа на комунистите (само тука, и тамо по некоj домородец), но историjата што jа напишале грчките власти, нас Македонците во општо и не нема, сè е грчо, сè е во границите на Мегали ЕЛАДА.

Ние денес што славиме? Илинден? Дали е ова Македониjа од оние историски денови или е можеби на лик на голема наша гробница? Тука, жестоко е удрено по човекот!

Да, моjата Македониjа памти, ама се плашам на своjата стогодишница од прогонот на моите предци почнува да страда и земjата по нас. Цел еден век, по светот станавме говорници полни со национална патетика, можеби затоа што во душава секоj од нас носи тежина коjа е потешка од каменот земен од оваа обезмакедончена земjа, а еден ден ќе препукне и ќе одекне во целиот свет како длабоко празно македонско ехо.

Тешко се живее под идеолошкиот притисок, кога сите jа знаеме таjната; како се убивани Костурските комити. Со таква таjна, тешко се живее, сеќавањата болат, па некои не издржуваат да молчат, и го откриваат тоа што го чувале како таjна на нашите едновековни болки. Повеќето изигрувавме чесни членови на КПГ и интернационалисти, но далеку далеку од родниот Костур.

Да, токму од тука, од костурско започна македонската крв да jа облева родната Македониjа. Тука беа воjводите, кога мунициjата им завршуваше, почнуваа борба гради в гради, со ножеви, сабjи и баjонети и камења. Воjводите: Чакаларов од Смрдеш, Коле од Мокрени, Коте од Рулjа, Митре Влаот и Коле од Кономлади, Костадинов од кастенариjата, Кршаков од Косинец, Гелев од Трсjе, Кочо и Трпче од Турjе, Коле од Добролиште, Алексо од Екши-Су, Пандо од Баница, Лазар Поп

- Траjков, Кузо учителот од Блаца, Христов од Прилеп, Петров од Жупаншта (за коj се испеани многу песни), полковникот Jанков од Загоричани, тука се и многу броjните цркви и во нив комитите даваа заклетва за ова Македониjа...

Му потврдив и му реков:

Ние Македонците долго време во воjната живеевме во светот на ЛАГАТА, но и по воjната останавме да живееме во светот на тагата - ТАЛКАЧИ.

Како да сме отпадок на светот.

Крапов, потстана и со повисок тон ми вели:

Оваа е наша земjа и ние треба да имаме верба и љубов во оваа земjа, а сите знаеме дека гркот уште од пред сто години, таа љубов кон родна прадедова земjа посака да jа уништи во нашите души.

Поjдовме низ тешки денови, многу искушениjа. Бевме поразувани. Мрцварени, негирани, оспорувани и навредувани.

Полни сме со длабоки лузни, со навреди: Вие сте Комити, а Вие сте: Еласити и гркомани.

Каj нас Македонците; сите тие Еласити, Комунисти Царисти, попови и даскали, отровот на неслогата што со итрина го всадиjа во нашиот ум бришеше, секакво размислување. Лагата е претворена во вистина, а вистината во лага. А всушност, сите jа сакаа Македониjа, а не Македонците. Луѓе не им требаше, тие си донесоа навреме од Пондиjа.