A Century of Silence (1913-2013)
ФАКТИ И АРГУМЕНТИ - Part 01
ФАКТИ И АРГУМЕНТИ
1.Конференциjата на Jалта траела од 4 до 11 февруари 1945 година.
На неа присуствуваа претседателите Черчил, Сталин и Рузвелт, во присуство на министрите за надворешите работи. Грциjа е под сверата на влиjание на Англиjа и САД и договорот со Сталин на Jалта,беше гарант дека социjалистички систем во грциjа нема да се дозволи со Граѓанската воjна. Значи остануваше да се изврши етничко чистење на Македонците и со тоа што повеќе меѓународно да се легализира донесеното инородно население - Просвигите од мала Азиjа.
2. Каков беше ставот на англискиот амбасадор во Атина. Но и ставот владите на Велика Британиjа и САД.
Господинот П.А. Липер уште во ноември 1944 година се носеше со идеjата за раселување на 120,000 словенски -Македонците под Грциjа северно од грчката граница. Тоа му го предлагал на министерот за надворешни работи на Велика Британиjа Антони Идн во писмото од 24 ноември 1944 година со цел “Грциjа да нема било какво славjанско малцинство и заради тоа што ампутирањето на славjанската териториjа кон западна Македониjа и неjзиното анектирање во славjанската федерациjа е практично невозможно и би било истовремено економска катастрофа за Грциjа”. Види: ФО 371/43649 ХП 00201 Р. 20431/1009/67.
3. Маршал Тито jа даде за “Њуjорк таjмс” во Москва на 26 април 1945 година:
“Ако Македонците од грчките области изразат желба да се обединат со другите Македонци, Jугославиjа ќе ги почитува нивните желби”.
4. Перфидните игри на Захариjадис и Тито за создавањето на Граѓанската воjна.
(Москва - Белград- КПГ)
(Следните факти се клучни моменти во целата историjа на НОФ
- од воените архиви: СССР, Jгославиjа и КПГ)
На 20 март 1946 година Захариjадис jа напушти Атина и замина за Прага. Патувањето, едновремено, било искористено и за разговори со комунистичките лидери, од кои Захариjадис побарал подршка за вооружуваното деjствување од повеќе лидери на европските комунистички партии, но скоро од никого не добил одобрење, туку на тоа гледале како на незрел потез. Наjзначаjните лидери - Торез на Франциjа и Тољати на Италиjа му укажале “дека е опсано да се прибегнува кон оружjе. Посебно Георги Димитров, му укажал дека
“меѓународната ситуациjа не дозволува избувнување на нов вооружен конфликт, коj фактички би им овозмужил директно мешање на западните соjузници на БАЛКАНОТ” По посетата на Белград се состана со Тито коj му jа одобрил идеата и му jа дал подршката,но од Тито бил упатен Зхариjадис да jа посети Москва и од Сталин да бара одобрение за партизанско деjствувание во северна Грциjа. Тоа му го дозволуваше и договорот во Jалта. Да се буричка, а ништо да не може да се добие.
5. Зошто криjат уапсените? Кои ги формира увезените слогани
(НОФ и АФЖ) и со каква задача беа вратени во егеjска Македониjа? Со тие слогани, ние Македонците направивме политичко семjство, а од таквото семеjство на стратезите им беше многу полесно да делуват во омасовувањето на Македонците (Тоа што го потврдува и Вера-лидерот на АФЖ), а грчка власт безмилосно да ги гони Македонците (Види повеќе: Македонците низ пеколот на црвеното губилиште-Истражувањето на воено историско-политичка студиjа.од К.С.
2007г.)
Македонските организации НОФ и АФЖ, (Зошто? Грците немаа АФЖ? Иста таква организациjа за грчките жени)
формирани во Скопjе на 23 април 1945 година, под раководството на КПJ/КПМ (Тито, Колишевски) и им беше соопштено од Цветко Узуновски – Абас (7) организационен секретар на ЦК на КПМ и министер за внатрешни работи на НР македониjа. Тоj им соопшти: Дека Jугославиjа стана центер на револуциjата на Балканот и дека македонското прашање стана jугословенско прашање, поради што КПJ во Егеjска Македониjа ги формира овие партиски и политички организации НОФ, АФЖ и НОМС на кои сте вие на чело. Задача на овие организации е даму дадат jугословенска ориенттациjа на македонскиот народ во Егеjска Македониjа. Сега, Македонскиот народ и македонското движење се под раководството на КПJ. Македонскиот народ од Егеj ќе го наjде своето целосно воспоставување само во рамките на Федеративна Jугославиjа, а тоа на Егеjска Македониjа да се приклучи кон Jугославиjа. (АМ. Архив на Македониjа. Ф -
20/276, Ф - 20/196.)
6. По формирањто на НОФ и АФЖ, членовите, од Колишевски добиjа нов урок.
Сега пак по директива на Тито, Колишевски , по постигнатата спогодба меѓу КПJ и КПГ, по извесено време, членовите на Главниот одбор на НОФ на чело со Паскал Митревски беа примени од секретарот на ЦК на КПМ Лазар Колишевски, коj им го рекол следното: Сега вие одите долу ( во егеjскиот дел на Македониjа). КПГ е вашиот раководител. Да имате верба во нив. Неjзината политика по македонското прашање е jасна.
Какво било прашање што ќе ви се поjави ќе го решавате со раководството на Партиjата. Внимаваjте, не одите како фракциjа во Партиjата, туку да се ставите под неjзино раководство. Борете се за зацврстување на борбеното единство со грчкиот народ, и борете се сите и со сите ваши сили против шовинизмот, сепаратизмот и локалистичките тенденции.
7. Осудените од КПГ, по враќањето од затворите на Сибир во Р.
Македониjа им беа признаени нивните деjаниjа, и кога бараа од советските органи да им дозволата да се вратат во Н.
Македониjа, им велеа дека тие: Jугословенки комунисти, а нас обичните воjници по враќањето во Македониjа,ни беше понудено да минеме низ затворот ИДРИЗОВО... Чудни игри и закони имаше идеолошката матрица,посебно стратешката опциjа (во тие години), по меѓу левите сили односно Тито и Захариjадис. Сето тоа остана во книгата: Предавството на Тито и неговата клика во Грциjа, но и во историjата на страдалниците Македонци... Зарем овие луѓе не носат грев со историски дименизии за злото што им го нанесоа на Македонците под Грциjа!? Зарем не беа со умисла формирани НОФ, АФЖ и НОМС од КПJ (Тито) и на КПМ (Колишевски) и диригирани да вршат масовизациjа на македонското население.
ПЕТ ГОДИНИ ВОJУВАВМЕ ЗА ТУЃИ ЦЕЛИ И ЗА ВОЗВРАТ НЕ ДОБИВМЕ НИШТО ОТСЕМ ПРОГОНСТВО Ние Македонците во единиците на ДАГ не имаше низ сите борби, се изложувавме на опасност во борбените деjствиjа, а на краj си го изгубивме и родниот краj, само затоа што несме биле Грци по род.
Сега, по повеќе од пола век,заборавивме зошто и од кого сме биле турнати во таа Граѓанска воjна 1946-1949 година.
Историjата молчи?!
Раковски Павле ќе запише: На 10 jануари 1955 година, во источен Сибир (Иркутска област) за издржување на казна во Исправителните трудови логори, беа фрлени во една општествена jама каде фрлаат општествени отпадоци од многу народи на Азиjа и Европа. Тука се наоѓат фанатисти од разни религиозни Секти, неприjатели на Советската власт... “П.Р.-Моите страданиjа” 174).Тоj по неговата смрт во Скопjе, искодошен од своите сострадалници, по неговата смрт не доби своj гроб во Македониjа, можеби затоа што напиша писмо до Врховниот суд на СССР и бараше да му одговорат:
Каква е неговата вина? Затоа што укажувал дека на сите погрешни стратешки ставови од КПМ/КПJ и КПГ, беа грешни спрема Македонците во сите пет години на Граѓанската воjна.
Судбинскиот пат што го минавме ние Македонците под Грциjа, водеjки не левите сили, на кои им верувавме и ги дававме нашите животи во времето од 1924 година до 1950 година.
Είναι γνωστό ότι µε βάση τις κοµµουνιστικές αντιλήψεις, η αναγνώριση της ύπαρξης ενός συγκεκριµένου έθνους ισοδυναµεί στην πράξη µε την αναγνώριση του δικαιώµατος αυτοδιάθεσης του
έθνους αυτού.
Познато е дека на основа на комунистичките сознаниjа и разбирања, извршено е признавање на една конкретна националност коjа суштествува во пракса, а и со признавањето на правото и самоопределување на оваа националност.
Στη βάση αυτή, το ΚΚΕ (3ο Έκτακτο Συνέδριο [26/11 - 3/12/1924] ), υιοθέτησε τη σχετική απόφαση του 5ου Συνεδρίου της Κοµµουνιστικής ∆ιεθνούς (Μόσχα, 17/6 – 8/7/1924) και µιλούσε [το ΚΚΕ] για καταπιεζόµενες [από την Ελλάδα] εθνικές µειονότητες και για “ανεξάρτητη Μακεδονία και Θράκη”!!
На оваа основа, КПГ (3- от Вонред Конгрес (26/11- 3/12. 1924 г.), го прифати решението на 5- от Конгрес на Комунистичката Интернационала (Москва, 17/6 - 8/7. 1925 г. ) и дебарираше (КПГ) за угнетувањето (во Грциjа) на малцинствата и за Независна Македониjа и Тракиjа”!!
Τον ∆εκέµβριο του 1935 (6ο Συνέδριο), το ΚΚΕ επικύρωσε την απόφαση της ηγεσίας του [Απρίλιος 1935] για ‘αντικατάσταση’ (καιροσκοπική, ωστόσο, προσωρινού χαρακτήρα και µηδέποτε ουσιαστικώς εφαρµοσθείσα!...) του παραπάνω συνθήµατος µε το σύνθηµα “πλέρια ισοτιµία στις µειονότητες”…
Во декември 1935 (6- от Конгрес), КПГ го потврди донесенот решење на наjвисокото раководство на (Април 1935) за смена” (кое привремено беше такво и никогаш во суштина... не се реализира! Со погорната парола: Целосна рамноправност на малцинствата”...
Σε συνέντευξή του στην Αγγλίδα δηµοσιογράφο Elizabeth Barker το 1946 , ο Ζαχαριάδης είχε δηλώσει:
“… τα ζητήµατα των συνόρων του Βορρά έπρεπε να διευθετηθούν µε βάση την αυτοδιάθεση…
Во интервjуто што го дал на Англиската новинарка Елизабет (Elizabeth) Баркер во 1946, Захариjадис има изjавено:
Прашањата зе северните граници, треба да се уредат (регулираат) на основа самоопределуванието на населението.
Είναι σχεδόν βέβαιο πλέον ότι χωρίς την αποφασιστική (καθοριστικής σηµασίας) στήριξή του από τη Γιουγκοσλαβία, το ΚΚΕ δεν θα τολµούσε τότε να εξωθήσει τα πράγµατα ως την
εµφύλια ρήξη.
Не сомнено е веке дека без решавачкото (определено значење)
подршката од jугославиjа, КПГ не ќе се осмелеше, тогаш да ги постави прашањата и да доведе до граѓански конфлик.
Εξίσου βέβαιο φαίνεται ότι ο Τίτο δεν θα είχε παράσχει την στήριξη αυτή, αν προηγουµένως ο Ζαχαριάδης δεν είχε δηλώσει ρητά στο Βελιγράδι ότι το ΚΚΕ είναι σαφώς υπέρ της αυτοδιάθεσης των Σλαβοµακεδόνων, η οποία βεβαίως εξυπηρετούσε απολύτως τη µακροπρόθεσµη γιουγκοσλαβική πολιτική στο “Μακεδονικό”, δηλαδή την απόσχιση της Шελληνικής “Μακεδονίας του Αιγαίου” και τη συνένωσή της µε τη γιουγκοσλαβική Μακεδονία…
Исто така е несомнено дека Тито не ќе имаше мотив за подршка, па таквата парола (лозунг), аку Захариjадис му немаше изjавено- jасно и категорично на Белград дека КПГ е сосема со jасен став за Самоопределување на Славомакедонците и коjа изjава несомнено им служеше за поголемо унапредување на Jугословенската политика во однос на “Македонското прашање”, значи согласноста (Грчка), за,, Македонците од Егеjска Македониjа” да се обединат со jугословенската Македониjа.
Κι αν επιπλέον ληφθεί υπόψιν ότι οι Σλαβοµακεδόνες αποτελούσαν µέχρι και τα 3/5 [14.000 στις 25.000!!] του ∆ΣΕ (αρχές 1949), είναι πολύ δύσκολο να µην οδηγηθεί κανείς στο συµπέρασµα ότι άξονας και καταλύτης του Εµφυλίου υπήρξε η αξιοποίηση (εκµετάλλευση;)
από το ΚΚΕ του πόθου των Σλαβοµακεδόνων για την ‘εθνική
αποκατάστασή’ τους.
И ако, уште повеќе се земи предвид дека Славомакедонците преставуваа до некаде околу 3/5 (14. 000. на 25. 000) на ДАГ (Во почетокот 1949), е многу тешко да не се поведе некоj и да не доjде до заклучок дека ставот беше за нивното уништување, во Граѓанската воjна имаше големо искориствање од КПГ, но желбите на Славомакедонците останува; за Независна Македониjа и национално воспоставување.
Μετά τη ρήξη Τίτο – Στάλιν και τη ‘σύνταξη’ του ΚΚΕ µε τον δεύτερο, η 5η Ολοµέλεια (Αλβανία, 30 – 31 Ιανουαρίου 1949)
υποσχόταν, ως γνωστόν, στους Σλαβοµακεδόνες “πλήρη εθνική αποκατάσταση”· όχι, πλέον, στην αγκαλιά του Τίτο και της διευρυµένης “Μακεδονίας” του, αλλά αυτή τη φορά στα πλαίσια µιας [βουλγαρικής και πάλι εµπνεύσεως] ανεξάρτητης Μακεδονίας που θα συµπεριελάµβανε και τα 3 τµήµατα (ελληνικό, γιουγκοσλαβικό, βουλγαρικό) της Μακεδονίας, µιας κατασκευής
σαφώς αντι -Τιτικής.
По судирот Тито - Сталин и реакциjата на КПГ со вториот, и 5-тиот пленум (Албаниjа, 30- 31 jануари 1949) ветуваа, како е познато, на Славомакедонците Целосно национално воспоставување, но не веќе, во прегратките на ТИТО и со обединување со Н.Р Македониjа, туку овоj пат со во рамките на една (Бугариjа и пак со вдахновениjа) Слободна Македониjа коjа ќе ги содржи 3 - те делови (Грчкиот, Jугословенскиот, Бугарскиот) на Македониjа, една нова конструкциjа, точна анти ТИТОВА.
Петта глава Таjниот пламен на предците
1. Воjводата баj Кољо; висок, со широки рамења и гради, но со чувствително лице и благ поглед, одеше исправен, достоинствен и несекоjдневен тип на маж. Забележлив, со машка снага, со вдлабнатинка на лицето ранет од андарски куршум, изразена уста чиниш постоjано е иронично насмеасн, а зрачи со чудна и привлечна стаменост - вљубеник во Костурската - Корештанска природата. Знае само со неколку кратки зборови да ги одушеви своите комити, оти тие се негови.
Тоj само за нив живее и си го жртвува здравjето од своите последни години како костурски комита. Храбро и пожртвовано се бори за судбината на Македониjа и е историски обврзан, и живее само за слободата на Македониjа.
Баj Кољо, по завршувањето на костурската гимназиjа, во коjа беше пофалуван од директорорт Лазар Поп-Траjков, се оддаде на идеите за ослобдување на Македониjа, тоj стана револуционер, борец и човек идеалист, романтичар, вљубеник во револуционите идеи и заробеник сè до своjата смрт. Тоj со години по доваѓањето на Гркот, беше во жестока борба за обединување на неговите расштркани костурчани.
Баj Кољо велеше: Храброста е таа што не дозволува трпење и неправди, што го крева гласот и в лице ѝ jа кажува вистината на моќта. А тие пред баj Кољо беа андартите, еласитите нагиздени со модерно оружjе и потплатени од поробувачите кои без човечност се однесуваjа спрема нашиот голорак македонски народ.
Што имаат запишано историчарите за овоа хероjство на овие наследници на Илинденците. Ништо!
Крапов, за богатото селото Четирок- Костурска околиjа,вели:
Четирок, за време на Турската Империjа се состоеше од 360 Македонци и 440 Турци. Со напуштањето на Турците, грчката држава на нивно место донесе околу 550 луѓе од Пондиjа и Мала азиjа.
Еден ден, а тоа беше: На 11 jануари 1944 година, преку ноќта воените единици од 9-та дивизиjа на ЕЛАС, под команда на полковниците Василиос Ганакас (Химарос) коj командуваше со воениот штаб на Пинд и маjорот Аристотелис Хутурас (Ариjанос) коj командуваеше со единиците на ЕЛАС од реонот Вич, го нападнаа селото Четирок - наречено jадрото на комитите.
Уште во влезот на селото, ги дочекавме со силен отпор. Грмеа пушките и митрелозите со вкрстен оган од локалната чета коjа броеше повеќе од 100 - 150 наоружани комити од селото Четирок и околните села, раководени од воjводите; Пандо Макриев (претседател на Костурскиот Македонски Комитет, Костандин Попантонов и Михаил Новачев и храбрите млади командири; Васил Делев, Коста Качаунов, Никола Попрошаров, Наум Шопов, Лазо Жабов, Сотир Мавров и други храбри и решителни комити, кои беа спремни да jа одбранат своjата имовина и своjата слобода за Македониjа, пред многу броjните Еласити.
Сите ние, бевме напоени од хероjството Воjводата Кољо Добролиски и неговиот наследник Трпо Георгиев. Трпо Георгиев роден 1883 во селото Четирок, член на ВМРО. Во одборот биле и Крсто Крстевски, Ристо Крашов Алиов, Вангел Бузов, Доне Попрашаров и Паскал Паскаличин.
По смртаа на Никола Допбролитски, му беше предложено на Кѕзо Димитров, но тоj истиот за овоа место го предлага Трпо Георгиев, така тоj станува воjвода на на териториjата Костенариjата и Костур.
Комитите со своjот решителен хероjски напад; jа разбиjа Еласитската единица во еден миг ги натераа Еласитите да се вдадат во панично повлекување кон планината Грамос.
Во таа нерамна борба, дваjца од комитите беа убиени, пет мина ранети, а 15 селани беа заробени.
Бесот на командантот Арjанос, катаден станувал сè поголем.
Тоj,по извесно време по втор пат со многу по голем броj Еласити, организира масовен покол на населението и палење на куќите.
По совладувањето на комитската чета, коjа го напушти селото, Еласитите имаа еден убиен и 14 ранети. Тие од големата омраза и бесот, спрема Македонското население; им ги опожариjа куките на многу од тие храбри луге кои се бореа да си ги заштитат животите и имотот на своите луѓе.
Во текот на борбата, на помош ни пристигнаа многу собраќа комити од соседните села; Тиквени, Изглибе, Добролишта, Мањак и Костур и брзо беа Еласитите поново прогонети во планина. Во тоа лута борба на самоодбрана, во гонението на Еласитите, храбро бореjќисе загина и синот Петре на прочуениот воjвода баj Кољо, а за кобната вест, Еласитите славеле и викале треба да ги заробиме сите комити ида ги убиеме. А наjмногу биле расположени отсем грчките пиокрвци и одредени Македонци за да jа покажат лоjалноста кон Грците, сите Македонци Еласити и членови на КПГ, се колнеле: “Ако ни нареди партиjата, ќе го направиме тоа!” Постарите Македонци говореа: “По поделата на Македониjа, каj Македонецот се измешаа од три вида на патриотизам. Сите jа наведнавме главата, се помиривме со заменетото робство од турско во грчко, но се надевавме дека Грците се христиjани и ќе бидат подобри од Турците... Jас си припомнувам, кога ги прашувавме нашите дедовци; зошто останале да живеат под грчкото робство, тие одговараа: “Ова е нашата татковина од памтивек, та и оваа стихиjа ќе помине како и се што поминало, и турците беа, па си отидоа!” Едно е вистина дека, такви злосторства преземаа особено спрема потомниците на Илинденските комити. Комитите беа борци за ослободување од турското робство, а сега во четириесеттите години сите тие луѓе се прогласени како борци против грчкото робство.
Комунистите се прашуваа: што понатаму? Зарем малку се овие причини кои предизвикуваат гнев каj Македонците? Но, ние токму тагаш не му се спротивставивме, туку продолживме да пропагираме дека треба да им се верува на ЕЛАС-итите, на комунистите…
Постепено се поjавуваа сè поголеми напади на видни македонски семеjства, посакуваjќи да ги деградират и ограбат.
Ги повикуваа со погрдни зборови; извикуваjќи: “Излези, илинденско куче!”. Што постепено Македонците остануваа со дилема дали да се потчината на КПГ и ЕАМ или да се заштитат сами и да се борат за своите права.
Нас Македонците не карактеризира длабокиот локален патриотизам. Селото е еден ентитет како што е и фамилиjата и нивната полузависност коjа љубоморно jа чуваат. Оваа самодоверба и локална лоjалност е природна последица на една наша променлива историjа. Ние носиме длабоко вродено чувство, имено лоjалноста кон духот на Македониjа.
Таквиот македонски патриотизам доjде до израз на 5 март 1943 година во Костур е свикано собрание од 48 члена кои имало претставници од разни села. На истото собрание било решено да се оформи организациjа под името “МАКЕДОНСКИ КОМИТЕТ” за Костурско само за самоодбрана, во коj членувале повеќе од 54-60 села. Им било дозволено дури да се наоружат, бидеjќи им требало да се заштитат во развластената Грциjа, сè друго е ИЗМАМА.
* * * Баj Кољо, едно утро jа облече своjата комитска руба, што специjално му jа сошил терзиjата Нумо Шиклев од дебел шаjак што го красеше како стар есенски даб. Jа стави капата и ги префрли коланите со нанижани патрони и сабjата со сребрена рачка, горд, опиен, од миризбата на пушкиниот прав, се присетуваше на солзите со децении што се сливаа по стрмните падини на костурските села и капка по капка беа докапчувани во бистрите води на Бистрица, продолжуваjќи го свjот пат таму некаде во Корештата.
Така натокмен, jавната на бел коњ со начулени уши, воjводата фрли поглед над градот Костур. Срона солза радосница и како да сакаше да каже: “Значи, ова е нашето време. Лузна по лузна ете сега сум jа кралот на Костур!?” Се насмевна и рече: “Ех, моj Костур, доживеав сега jас да те палам, jас да те гасам...
Овде сме!
Ова е Македониjа. Ние Македонците сме стопани на нашето, а тоа треба да го знае секоj Грк.” Со едно чувство во него живо и печално, трогнат од морници по телото, го бодна коњот и тргна напред пред построените комити. Им се обрати како наjстар командант: “Ние сме синови на и риме и Костур ќе го браниме до смрт. Ако некои од моите комити, спомни некакво повлекување, jас сум тоj што ќе му скршам ‘рбетот...” Сега костурчани беа во надежи дека само ветриштата на воjните можат да го донесат наjголемото зло на човештвото, но тие достоинството го бранеа татковинското, посакуваа да го забораваат братоjадството. Уморно овие македонски патриоти се обидуваа да им докажат на сите дека тие се етнос во една териториjа како костурско, со jазик и култура и дека сега комитите се прва македонска воjска.
Ние воjводите треба да jа водиме оваа македонска воjска, така што и птиците на прокобата да не можат да му го пресечат патот. Оваа воjска, ќе се бори до последната капка крв и ќе ги следи крвавите настани од црните банди кои во воена сила сеат страв и ужас со цел да се заграби што поголемо богатство и да се изгонат Македонците од своето огниште... Тоа нека го знае светот зашто се бориме, - велеше главниот воjвода Паскал Добролитски.
Попладне во една пространа ливада меѓу селата Бобишта и Олишта ги поставивме шаторите и комитите, изморени, се расплакаа по долгиот похот, а неколку чети комити ги имаа поседнато конаците на манастирот “Свети Врач” - Олитски.
Во недоапица, битката наjжестоко почна кога одеднаш се поjавиjа многуброjните Еласити кои напаѓаа од неколку страни викаjќи:
Предаjте! Сите ќе ве убиеме, фашисти! Вие се борите заедно со фашистите!
- Вие од кои сте, та ние сме фашисти. Еласитката Нуша Криенкова си jа поднамести црвената шамиjа, оклу врат и отсечно му одговори: “Комунисти! Од славната воjска на ЕЛАС” За необичната приказна на баj Кољо никогаш не ќе дознаев ако не jа слушнев од Нуша Криенкава, коjа на 13 септемри, во десет часот на вечер, токму таа со своjата воена единица Еласити го заробиjа жив и му имале пресудено да не го убиjат со куршум, туку пред очите на многу Еласити и заробени Комити да го фрлат во “Д'мбенското дуло”, да го турне проудулу во понорот на карпестиот подземен дел. Таквата умирачка jа посакувале Грците, а таа била една од наjжестоките за таквите jунаци кои посакувале да бидат команданти на градот Костур.
Грците, го познавале воjводата од битките што ги воделе против неговата наjголема воена единица во Костурско коjа со години била под негова команда.
Кога тоj заповедал во битките, од другата страна противниците забележувале дека тоj покажувал восхитувачка храброст, со каква што се карактеризирал и во битката за бранење на Шестеварското родно село. Кога се jавувал на првата линиjа на битката комитите гледале како првиот воjвода потскокнува под силниот оган на куршумите.
Тоа е тоj! Баj Кољо! Неустрашивиот, викаа комитите: Гледате како стои, како да никнал од земjа!
Баj Кољо велеше: Судбината на Македониjа е историска обврска наше, а не на тугинците!
Сакам да бидеме како нашите Илинденци: Чакаларовци, Кљашевци, Поп - Траjковци, ама сакам заедно сите и да останеме живи и да jа видиме Македониjа слободна!
* * * Во тоj миг труба повика и сите еласити ги нарамиjа пушките и тргнавме низ длабоките клисури на планината “Мали - мади” во некаков строj, пред штиковите на Еласитите. Одевме еден по друг, еден за друг: еласити, комити, селани кон дулото (8)
Дмбенско и како пристигнувавме, така и наседнувавме околу тоа страшно земjино црно грло, небаре прилегаше на крокодилска отворена гладна муцка... Се искачувавме молкум.
Неколку време не проговори ни збор. Некоj од комитите прошепоти: Можеби не носат да нè фрлат во “Д’мбенското дуло”.
Да видам, да не верувам - рече баj Кољо, но мртвата тишина коjа смрачуваше, чиниш се приближувавме кон наjстрашното губилиште.
Баj Кољо одеше пред мене, без ништо да каже, тоj е воин, обучен да се брани и напаѓа, а jас и колоната заробени комити молкома го следиме.
Кога се приближивме,чув злобна сме и ги видов Еласитите со лица искривени од бес и презир.
Морничавото отпочнување на еласитската игра jа започна главниот командант Баскакис и неговите потчинети команданти во наjекстремните националистички единици, како Пауџиите (9): Булукас, Папуљас, Папас, Капапрукас, Сотириjадис Коларас, Периклис, Лефтерис пострашно од она што го вршеле нацистите над Евреите.
Еден висок, со месесто лице, со подзамижани очи, непотстриган
- плетикоса и густи веѓи се истрча до пред устата на дулото.
Неговиот садизам бил необичен, маченик. Целиот се тресе, некоjа жеравица му ги пече градите и главата jа му jа стега.
Велат, таков е џелатот, кога го фаќала крвта, се до пред првата жртва.
Пред мачењето на жртвата, бил секогаш расмеан и од устата му истекуваше лигава плунка. По него стана и Мито, коj беше страв и трепет, со продорни мали очи и четинава побелена коса.
Во тоj миг, стана и главниот командант Баскакис, намирисан со ливанто, а повеќе мирисаше на скисната пот и крв.Тие, луѓе еднакво претеруваат и во среќа и во несреќа.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/ednovekovno-molchenie-1913-2013-e-book-macedonian-fi/16 on October 29, 2026