Кога би можел да напишам
две убави песни,
ќе им ги посветев на оние на кои им се восхитував—
на тие две убави цвеќиња.

Секое утро ги галев
пред да одам на работа,
а тие, како птица во лет,
ми даваа крилја.

И навечер, кога се враќав
со уморни крилја,
трчаа кон мене, ги прегрнував,
и летав од радост.

А кога ќе дојдеше пролетта
и ќе ги отвореа ливчињата,
пчелите грижливо кружеа околу нив
на своите проѕирни крилја.

Во убавото лето,
кога зановетот раѓа плод,
пред да дојде пладне,
и тие веќе беа расцутени.

Од двете цвеќиња
дојдоа уште две, исто толку убави—
поубави и од песни:
овие наши внучиња.