По шесто одделение
Мислите ни беа во селското шеталиште
Во неделната облека
Да украдеме по некој поглед
Девојките, рака под рака
Едната во црвено, другата во сино
Не знаевме дали нѐ маѓепсуваат
Или ни се потсмеваат
По толку многу прошетки
Девојките веќе не нѐ маѓепсуваа
Нѐ маѓепсуваше мирисот од фурната
И по џебовите баравме драхми
И како лисицата
Пред зеленото грозје
Ги свртевме мислите на друго
На леб и сирење
Тогаш Вангелис ми вели
„Девојките се превисоки за нас“
„Имаш ли драхма или две
Да купиме малку леб?“
„Јас ќе го купам лебот“, реков
„Ти најди малку сирење“
И јадевме сосема скришно
За другите деца да не ни го земат
И така секоја недела
Сирење од дуќанот на Бате Кузис
И бел, мек леб
Од дворот на Парафцис
Колку беше убав животот