Планинарот со својата атлетска убавина
И со своето златно срце
Тргнува рано наутро
За својата утринска прошетка кон планините.
На рамениците го носи зелениот ранец полн со храна
И шише со освежителна вода.
Кучето Ласи трча весело,
Оди пред него.

Патот нагоре
Е премногу тесен и заморен.
Благ ветер ги милува нивните лица
А птиците ги пречекуваат пеејќи.

Нагоре на џиновската снежно-бела карпа
Седат за да појадуваат.
Од шишето пијат освежителна вода.
Го слават Господа.

Планинарот го гледа Господ право во очите.
Погледот му е чист.
Природата е неговиот живот.
Природата е неговиот одмор.

Од височините ја колне злобата на светот.
Неговиот глас одекнува.
Пеперутките слетуваат да си одморат,
Пеперутките одмораат на рамото на планинарот.

Во љубовно сеќавање на нашиот незаборавен татко
АВРААМ БОСОТА (1908-1987)