Пеам за македонскиот селанец.
Имам голема почит кон него.
Во животот многу претрпе од грчките власти
но никогаш не ја загуби верата во Бога.
Кога посетив едно македонско село
почувствував присуство на Господ.
Селанецот носи вера во срцето
а неговиот дар е добродетелта.
Порано селанецот одеше со наведната глава
затоа што Грците го потценуваа.
Македонскиот селанец што живее во слободна Канада
оди со гордост и ја благословува Канада.
Македонскиот селанец
ќе стане познат на Балканот и по целиот свет.
Ќе ја разнесе светлината на македонската цивилизација
што ја чуваше во себе како бесценето богатство.