Написите на бездушните грчки политичари, во старите и денешните книги
Го опишуваа и сѐ уште го опишуваат истребувањето на македонскиот етникум.
Смртна омраза кон македонскиот народ
Се чудам како немаат страв од Господа!

Македонскиот народ е чувствителен народ.
За својата слобода се бореа со Турците.
Бездушните грчки политичари по поделбата на Македонија во 1913 година
Решиле македонската душа да не постои на македонска земја.

Секоја македонска душа
Има да ни раскаже трагична приказна.
Измачената македонска душа
Со крв и солзи ја наводнува земјата на своите предци.

Бездушните политичари треба да бидат строго казнети
За нивните неправди
Истребувањето на македонскиот етникум е голема грешка
И во македонската душа остави најдлабока рана.

Македонскиот народ што живее под грчка власт преживеа
Причината е благословот на Спасителот.
Денес Македонците кои живеат во Македонија окупирана од Грција
Од грчките власти бараат човекови права, училишта,
Практикување на нивната култура, религија и македонски цркви.

Живееме во цивилизирано доба
Каде што силата не е пожелна
Човековите права му носат мир и сигурност на човечкиот живот.
Работете напорно за нив.

Грчкото население е добро
Тие се жртви на нивните бездушни политичари.
Бездушните грчки политичари
Треба да го сменат својот правец и да се свртат кон светлината.