Оваа песна е посветена во љубовно сеќавање на Дени Стојчевски- Хаџистојче (Хаџијоану), незаборавен херој од Лерин.
ДЕНИ СТОЈЧЕВСКИ (1925-1988)
Патси Сајдер-Аспасија Босота
Во Лерин, неизлечиво болната мајка-вдовица на Дени Стојчевски,
Без здив го повикуваше Дени, својот син.
Нејзината последна желба беше оваа:
Дени, нејзиниот син, сакаше да го види за последен пат.
Дени претходно беше жител на Македонија,
Подоцна емигрираше во Канада.
Дени, канадски државјанин, веднаш штом ја прими телеграмата,
Купи авионска карта за да ја види својата болна мајка.
На грчката граница му беше одбиен влезот во Грција.
Грчките службеници со лут тон му рекоа:
„Влезот за тебе е забранет.
Оваа минута врати се таму од каде што дојде...“
Дени беше роден во Лерин, Македонија под Грција.
Грците му го променија името.
Не успеаја да го променат ниту да го претворат во Грк,
Тој ги сакаше македонските адети и верувања уште од мало момче.
Мајката на Дени умре со тага,
Без да го види својот херој.
Кога Дени зборуваше за својата мајка вдовица,
Солзи му течеа по образите.
Уредник и продуцент на Македонските телевизиски и радио програми,
Тој носеше забава во домовите
На македонските емигранти во Канада.
Дени Стојчевски е незаборавен македонски херој.
Душата на Дени Стојчевски од височините сѐ уште плаче,
И’ вели на својата мајка:
„Од грчката влада ги барам човековите права
За македонските автохтони жители,
Македонците претрпеа доволно од 1913 година до денешен ден...“
16 мај 1998