ЗАВРШНАТА РЕЧЕНИЦА
ЗАВРШНАТА РЕЧЕНИЦА
Сувогорски се исправи и рече: Овоа мие последното предавање. Но ние сите уште многу години во маглата ќе го бараме нашето минато. Војната и Сибир ме натоварија толку многу што не знам од кој пат да се вратам дома. Само сакам да им запалам свеќа на моите предци. Тој осети дека дека има мачнина во стомакот. Ги присобра растурените листови со своите белешки, се поздрави и си замина низ магловата квечерина, но по толку
предавања, никогаш не ги откри трагите кои водеа до неговата смрт.
Живееше со некака надеш можеби смртта ќе настапи пред да му мине стравот... Ете како реалноста и сегашноста ни станаа привремена категорија. Фаза за одбрана, фаза за смирување... Се разбира, историјата, посебно нашата, македонската (викана “Егејската”), знае да си поигрува со нашата судбина... вели СУВОГОРСКИ.
НЕПОБИТНИ ФАКТИ
ПРАКТИЧНО, НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ ПЕТ ГОДИНИ ОДЕВМЕ САМО ПО ТОЈ ПАТ, СТРОГО, КОНТРОЛИРАНИ И ПОД ТУЃА (МЕЃУНАРОДНА) ПРИСМОТРА. И НЕМАВМЕ ДРУГ ИЗБОР,ТУКУ САМО:
(Војната, конфликтите, суровостите, трагедиите и злосторствата што долго не се заборават.)
ФАКТ. БР. 1
На 5 мај 1949 година,Ф. Меклеан, се сретна со Тито во Белград. Маклеан по директива на британската влада побара од Тито гаранции за еден решителен пресврт на Југославија срема ДАГ, со возврат доделување на економска помош од западните земји. Тито на Маклеан му признал дека Југославија во минатото ја помагал ДАГ, но, потенцирал дека ситуацијата веќе е променета. Сепаак, не може да откаже давање на азил на бегалците од Грција, на кои сега не им дозволувал да се вратат во своите формации. Тито се обврзал дека во иднина на ниеден Грк бегалец нема да му се дозволи повторно да стапи во редовите на ДАГ и нема да им дава помош на партизаните. Тито побарал од Меклеан да не биде обелоденета оваа негова обврска, бидејќи едно такво нешто многу ќе ги изложи Британците да го одржат ветувањето, информирајќи ги само Американците. Ф. Меклеан бил шеф на Британската воена мисија во ВШ на НОВ И ПОЈ.
ФАКТ. БР. 2
ОФИЦИЈАЛНО ПРОГЛАСУВАЊЕ НА НОФ ЗА АГЕНТУРСКА ОРГАНИЗАЦИЈА И СО ТОА НИ ЈА СТАВИЈА ЈАМКАТА
На 20.06.1949 година на состанокот одржан во една пештера меѓу селата Орово и Нивици, Преспа, во реонот “Африка” на состанокот кој го отворил генералниот секретар на КПГ Никос Захаријадис, кој меѓу другото, го потврдил следното: “...НОФ е агентурска организација која ја пречеше реализацијата на
линијаа на КПГ и со тоа му нанесе штети и непријатности на демократското движење во земјата. Во земјата Македонија дејствува и уште има корени на трите агентури: на ОЗНА, на ЈА и на Колишевски, која ги контролира првите две агентури. Сите агенти на југословенските известителни служби даваа писмени обврски дека доследно ќе ја извршуваат агентурската работа...” види стр.175.
ФАКТ. БР. 3
Во педесетите години,грчките комунисти,настојуваа да ја сменат и азбуката на македонскиот јазик. Таквиот актив беше организиран во Полска. Да се прифати бугарската азбука тоа го организира новата организација - ИЛИНДЕН. Преставници беа и од ТАШКЕНТ.
Се покажа дека нашето македонско простумение, не го сакаше ни Тито, а најмалку Захаријадис.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/wonders-talkachi-e-book-macedonian/43 на 29 октомври 2026