ГЛАВА ЧЕТВРТА - Part 02
ГЛАВА ЧЕТВРТА
Вистините и контраверзите за Граѓанската војна во Грција (1945 - 1949)
Најголемите манипулации со Македонците од Егејска Македонија по Втората светска војна: од измама во измама
Сега во својата книга историчарот Ристо Кирјазовски потврдува дека: На 23 април 1945 година по иницијатива и раководство на КПЈ - КПМ во Скопје е оформена организацијата НОФ (Народноослободителен фронт) на Македонците од Егејската Македонија. Едновремено во состав на НОФ беа формирани женската организација АФЖ (Да напоменам-дека Грците немаа таква организација посебно за жените) и младинската организација НОМС.
1. Прашање: Дали овие македонски организации,самите ја создаваа иднита стратегија, односно ја предвидуваа својата иднина или ги исполнуваа предвидувањата на КПГ на чело со Захаријадис и КПМ?КПЈ на чело Тито!?, праша Митре Деловичин,инвалид со изгубената рака на Грамос.
И продолжи: Со формирањето на АФЖ, практички од македонскот традиционално семјество се направи политичко семејство.
Сувогорски, воздивна и рече: ЕТЕ ТОКМУ ТАКА: Дане се лажеме! Политичките игри се договараа во белград на по меѓу Тито и Захаријадис беше договорено за масовно турнување на македонците во масовна војна, што досега во светот не се имаше случено и токму тогаш.
-ЈАДИЦАТА БЕШЕ ФРЛЕНА; И СЕ ЗНАЕШЕ ДЕКА МАКЕДОНЧЕТО ЌЕ ЈА ЛАПНЕ!
ЗНАЧИ, СО ОФОРМУВАЊЕТО НА НОФ, НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА ВО ДЕЦЕНИЈАТА (1940 -1949) СЕ НАЈДОВМЕ ВО СТЕГИТЕ НА БИНАРНИТЕ ПОЛИТИКИ; ОД ПОЗИЦИЈА СО КОПНЕЖ ЗА “ОБЕДИНЕТА
МАКЕДОНИЈА” ДО ЧУВСТВО НА ГЛУВОСТ, ПРОГОНСТВА И ИСТРАЈНОСТ - НАДВОР ОД ПРАДЕДОВИТЕ ОГНИШТА.
Еден од наседнатите, стана возбуден, заскрипја силно пружините од расклатените кревети и праша:
Имаше ли НОФ визија каде оди!?
Сувогорски, смирено рече: “Во напишаната секторска истоија за егејците” не е објаснето: посебно политичките пораки за масовнота активност на жената и доземанието на децата, никогаш не беа јасни,работите.
Мислам, ќе треба од светот на претпоставките и имагинарното да се преселиме на фактите и доказите. Само така вистината ќе излезе на површина и неоспорните факти ќе ги замената претпоставките.
Треба да се каже и тоа, факт е дека токму по Втората светска војна и во текот на Граѓанската војна претежно доминираше македонското јазично население и скоро се говореше и се агитираше од НОФ и АФЖ на македонски јазик, а тоа влеваше надеж и се почитуваа националните права. Се организираа и школи за деца.
Протестниот глас на Македонецот беше сега замена за некогашниот ќотек и забрана од хорофилаците. Сето ова влеваше верба во КПГ и даваше верба дека се распаѓа системот на една држава во која Македонците беа најсурово измачувани.
Оваквата мамка на комунистите им успеа. Преку овие организации им беше целта дека по масовно ќе ја остварат тоталната мобилизација на македонското население кое живееше во еден компактен дел како во Кстурско, Леринско, Воденско, Гуменџе и Кукушко.
Но од исходот на настаните , јасно е едно; дека целта на стратезите им беше да направат од сторото традиционално македонско семејство - ПОЛИТИЧКО СЕМЕЈСТВО и со
таквата подела полесно да манипулираше населението. Направија таквата идеолошка матрица, да го да го стават во функција на обезмакедончувание на македонската куќа и македодонското семејство под контрола на КОМУНИСТИЧКАТА ИДЕОЛОГИЈА
Тоа може да се согледа, ако се отворат следните прашања:
1. Против кого се формирани овие македонски организации и нивните фронтови?
2. Кои беа отспротива на фронтовитот?
3. Која им беше cелта на борбаtа?
Ме прашувате дали тоа беше по директива на Тито и Колишевски ? Но и на Цветко Узунов-Абаз?
Значи, како што видовме предходните години, какви се конфликти доживеавме, а сега со оформувањето на НОФ и сите други организации, беше одреден “Патот на Слободата” агитирајќи туѓи цели со пропаганда на гол патриотизам.
Сувогорски, се поднамести и со благ опуљ кон сите почна:
- Но да почнам со ред. Моите сознања од долгогодишното истражувањето и анализата покажува: од таквата наша поданичка не контролираност - Ние Македонците под Грција им станавме предмет за одмаздување во нивните идеолошки ставови на КПГ и КПЈ, но и државната политика на Грција и Југославија. А да биде парадоксот поголем: Америка и Англија стоеја зад владата на Грција во однос на проблемот со нас Македонците, сега сакаа нас да не искористат против Грција која беше под сверата на влијание под нивна заштитаа, а ние немавме поим што се имаа договорено во Јалта на 5 мај 1944 година почнаа преговорите за поделба на Балканот на сфери на влијанија. Велика Британија стекна превласт во Грција, а Советскиот сојуз во Романија. Под притисок на Британците, на 20 мај 1944 година во Либан, КПГ, ЕАМ и ЕЛАС имаа потпишано спогодба со кралската влада по што се расформира
коалиционата влада (каква иронија!) сега ние ќе и победиме и ќе ја обединиме Македонија?!
Уште во далечната 1944 - 1945 година една мала група интелектуална елита (кои покасно ја сочинуваа организацијата НОФ, неместо добро да ги планира нашите животи, таа дозволи да биде изманипулирана од Југославија и нашата судбина им ја препушти на Грците и како резултат доживеавме геноцид и забрана да се вратиме на вековните огништа. Неопростива грешка е направена и сите тие се покажаа недораснати во тој историски момент. Сите тие преставници Југословени и Грци беа пресилни за нас Македонците и ние неможевме сами да се носиме со нив, само им служевме во нивна корист.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/wonders-talkachi-e-book-macedonian/25 на 29 октомври 2026