Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Wanderers

КПМ, МЕЃУ КПЈ И КПГ, ГИ ЖРТВУВАШЕ МАКЕДОНЦИТЕ ЛЕГАЛИЗИРАЈЌИ ЈА ГРЧКАТА ДОМИНАЦ

Од Стојан Кочов · Дел 27 од 46 · Околу 3 минути

Читај на English Читај на English Читај на Македонски

КПМ, МЕЃУ КПЈ И КПГ, ГИ ЖРТВУВАШЕ МАКЕДОНЦИТЕ ЛЕГАЛИЗИРАЈЌИ ЈА ГРЧКАТА ДОМИНАЦИЈА ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

НОФ како елита формирана од КПМ/КПЈ досега ја исполнуваше нивната програма, а од сега исклучиво ќе ја исполнува само програмата на КПГ, со која ќе и ја обезбедува нејзината моќ, како на семоќен господар над Македонците и совршено така стана. По извршените тотални мобилизации над Македонците, КПГ ја измисли категоријата “Одговорни за Славомакедонците” и како сатисфакција сите членови на НОФ во редовите на ДАГ ги поставуваше за такви одговорни. Сега, како основна задача од КПГ на НОФ и беше наложено со приоритет; од Македонците да направи идеолошки војници за полесно да ги приклучи во катастрофалното сценарио на Граѓанската војна. Сега верноста на НОФИТИТЕ се мереше со (само)жртвувањето и важеше паролата “Ола гиа тон агона, ола гиа ти ники!” (Се за борбата, се за слободата!”)

Всушност, се покажа дека ролјите на НОФИТИТЕ биле изигрувани, а не играни. На НОФИТИТЕ им се чинеше дека играат јуначки ролји, тоа го пренесуваа и на обичниот човек, кој се до 1945 година македонскиот народ под Грција имаше цврсто духовно и национално единство. Постарите Македонци и нивните деца живееа со исти дух: да го негуваат македонскиот национален идентитет и да бидат единствени. Тој наш обичен човек, сега верувајќи на тие наши НОФИТИ во паролата: “Сега е моментот”, се покажа повеќе од херој, но на крај беше оставен по светот. Во “името на народот!”, тој збор беше задолжителен дел од политичкиот вокабулар, мотив и алиби за многубројните идеолошки превирања и воени цели.

Тоа се случи за прв пат во историјата на војувањето и денес секој си го поставува тоа прашање:

“Зарем било возможно, само од едно село да загинат толку многу луѓе во единиците на ДАГ?” Нема село што не даде од 60 до 100 жртви! Тоа се случи, а на Македонците им останаа необјаснети ни херојскиот македонски воин низ историјата на ДАГ, ни национално - политичките импликации, ни што за нас значеше робувањето на НОФ кон КПЈ и КПГ.

Третиот временски период на НОФ е кога по 23 декември 1947 година се до ликвидацијата на ДАГ, кога НОФ ја прифати програмата на ПДВ (Привремената демократска влада) по националното прашање: “Признавање на целосна рамноправност на националните малцинства и на нивните слободни национални активности” (види: АЕ: 179/47).

НОФ потпирајќи се кон КПЈ или кон КПГ, напуштајќи ја едната или другата и безрезервно спроведувајќи ја нејзината политика, придонесе да ја изгуби својата самостојност. Трагајќи по таа нишка на судбината наша, ни покажува колку била препуштена во туѓи раце на одредени личности, кои навистина низ целиот тој период за нас Македонците ни ја пишуваа црната страница на црвената книшка, во отсуство на македонскиот фактор. Сега, КПГ измисли нов поредок, своја филозофија за сите НОФИТИ: “...за сега треба да се успие нивната будност, да се пројави грижа и внимание кон нив...” Сето тоа се правеше со умисла, преку колективното замолчување на свеста над Македонците. Стратешки беше отстранувано тимското ангажирање на колективниот ум и уништуван преку манипулациите, што значи Граѓанската војна, беше прерасната во полигон на кој од една страна големите сили си ги одмеруваа силите и оружјето, а комунистичките партии своите идеологии над обичниот голорак македонски човек.

Овој долг период на неизвесност, претставуваше еден облик на