ДИРИГИРАЊЕТО КАКО ДА СЕ ПОНАШАМЕ (ПОСЛУШНО) КОН КПГ И ДАГ КАЈ МНОГУ БОРЦИ НЕ С
ДИРИГИРАЊЕТО КАКО ДА СЕ ПОНАШАМЕ (ПОСЛУШНО) КОН КПГ И ДАГ КАЈ МНОГУ БОРЦИ НЕ СЕ ЗАБОРА
По отстапувањето на Тито егејските Македонци на Захаријадис, од Колишевски добија нов урок.
Сега пак по директива на Тито, Колишевски, по постигнатата спогодба меѓу КПЈ и КПГ, по извесено време, членовите на Главниот одбор на НОФ на чело со Паскал Митревски беа примени од секретарот на ЦК на КПМ Лазар Колишевски, кој им го рекол следното: “Сега вие одите долу (во егејскиот дел на Македонија). КПГ е вашиот раководител. Да имате верба во нив. Нејзината политика по македонското прашање е јасна. Какво било прашање што ќе ви се појави ќе го решавате со раководството на Партијата. Внимавајте, не одите како фракција во Партијата, туку да се ставите под нејзино раководство. Борете се за зацврстување на борбеното единство со грчкиот народ, и борете се сите и со сите ваши сили против шовинизмот, сепаратизмот и локалистичките тенденции.”
Македонските организации (НОФ и АФЖ) со ничкосан углед пред новиот господар Захаријадис - КПГ почнаа уште една однапред изгубена битка во еден типичен на тоа време -деклариран демократски централизам и тоталитаризам. Ете, како македонскиот народ, сега со новите препораките од оние кои до вчера што му пропагираа “Обединета Македонија” треба сега да продолжи да ги брани изгубените битки.
Што ова значеше за Македонците кои до вчера членуваа во НОФ, АФЖ и НОМС, кои од “бранители на национални борци -за македонската нација” по нечија наредба се трансформираа -преминале во “војници на ДАГ” - борци за социјализам во Грција.
И, што се случи? Зошто не се остварени суштинските стремежи на Македонците, а на фронтовите погинаа повеќе од 20 илјади Македонци? Кој е виновен за изневерените надежи? Како се пишуваше мрачното историското досие. Каков интерес имавме ние Македонците од Граѓанската војна?!
По овој чин, во т.н “Слободната територија” од која беше поголемиот дел во Македонија и дел во Епир, генерал Маркос почна со масовни мобилизации. Мобилизираните, се распоредуваа во воените единици дури и 10 до 20 во иста единица од исто село и во битките имаше случај да погинат повеќе борци од исто село, па дури од поблиски по род. Генерало Маркос, се понашаше како господар.
По отстапувањето на Тито, македонските лидери на НОФ и АФЖ беа со намера инсталирани во штабовите како “одговорни за Македонците во Штабовите на ДАГ - беа најголемите сејачи на илузии”, само за да не уверуваат дека само со жртви македонскиот народ ќе дојде до слобода.
Сега, НОФ и АФЖ на генерал Маркос, му служеа како сервис, а тоа не важеше за цела Грција. Последица на таквите мобилизации доведоа до жалосна положба и секој се прашуваше: зарем било можно само од едно село да загинат.
Дали ние Македонците во тој период на време имавме македонска револуционерна платформа?! Одговорот е НЕ!
И ете засадувајќи ја иднината, си го искорнавме минатото (вековното огниште). Судирите на интересите (давани и одземани слободи) го доведоа до разорување на македонското јадро.
Но, најтрагичното е што во “секторската историја за егејците” бродоломот (жртвите за туги интереси) го претворивме во тријуф и го нарекувавме цели 70 гидини револуција и со тоа им ги прикривавме сите зафати што не доведоа до ГЕНОЦИД.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/wonders-talkachi-e-book-macedonian/41 на 29 октомври 2026