Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

A One-Way Ticket

ЗНАЧИ, СЕ БАРА ПОСЛЕДЕН ЧИН ЗА НАЦИОНАЛНО ПРОСТУВАЊЕ - СООЧУВАЊЕ СО ВИСТИНАТА - Part 02

Од Стојан Кочов · Дел 3 од 22 · Околу 19 минути

Читај на English

Едвард Кардел: кој одржал поздравен говор и кој беше подолг и од рефератот на Президијумот на АСНОМ ги изнел разликите во кои е можно опстојувањето на македонската државност. Во поголемиот дел од текстот на говорот како да се настојувало да се прикаже мекедонската импотентност во водењето на сопствена политика во самостојна Македонија. Во поздравниот говор посебно го нагласил опстојувањето на Македонија само во “јака Југославија” што било предуслов за “среќна Македонија без страв за својата слобода и независност”, дека “слободна и рамноправна Македонија тоа е најцврстиот столб на Југославија… нема слобода на ниеден наш народ без нашето единство.” (Нова Македонија, 3. 1. 1945, г. втора, бр. 28).

Светозар Вукмановиќ-Темпо, во својот говор во предизборниот говор во Куманово на 16 октомри 1945 година, како кандидат на кумановската околија, решително се спротиставил на сите оние кои обединувањето на Македонија го гледаа надвор од рамките на Југославија, или обединета Македонија под покровителство на големите сили. Според Темпо сите оние кои ја подржувале таа идеја биле истите оние личности кои биле одговорни за бугарската окупација на Македонија од 1941-1944 год.

Но, што се однесува до обединета Македонија, велика Британија, тогаш стоела на ставот дека не може да дојде до обединување или да опстојува самостојна и независна Македонија надвор од рамките на Југославија. Тој процес особено беше запрен на Второто заседание на АСНОМ, кога македонските национални елементи преставени од Павел Шатев, Петар Пирузе, Киро глигоров, Методи Андов-Ченто, потоа Шаќир Војвода, Панко Брашнаров, Михајло Апостолски, Лазар Соколов и други, се залагале за самостојна и независна Македонија. Тогаш тие национални стремежи на Македонците беа осудени од преставниците на Југославија на чело со Светозар Вукмановиќ - Темпо и Едвард Кардел. Имено, по Првото заседание на Асном и по формирањето на македонската држава, македонските раководители почнаа да живеат политички независно од Белград, а одреден број македонски политичари почнаа да прават обиди за трговска и економска соработка со Бугарија, Албанија и Грција, без да се консултира Белград. Откако Тито беше известен за тоа што се служува во Македонија, на Второто заседание на АСНОМ испрати свои претставници, кои ја осудија “сепаратистичката -шовинистичката” политика на македонските “националшовенисти.” По тоа заседание и по осудата на Ченто и другите беше одржан состанок во Белград на Централниот комитет на Комунистичката партија на Југославија и беше донесена одлука со “сепаратистичко - шовенистичките елементи” во Македонија да се расчистува еден по еден, постепено да се отстрануваат. И, како што е познато, целата работа се заврши до крајот на педесетите години и особено беше критично во времето на Инфорбирото кое во Македонија повеќе беше искористено за расжистување со националните елементи, отколку со приврзаниците на Резолуцијата. По ова Британците беа мирни. Нивниот коментар во документите е дека на Второто заседание на АСНОМ не било спомнато “контраверзното македонско прашање”, со заклучок дека Тито ги стави под контрола македонските елементи и дека повеќе нема да имаме никакви проблеми.” Види: интервју, д-р Т.

Чепреганов, од 23. 01. 2002, “Весник”.

Значи, македонскиот фактор го нема, и се е во склад со политиката на КПЈ која имала огромно влијание врз македонските комунисти во Вардаскиот дел на Македонија...

Значи, во ваквиот еволутивен историски процес, се роди и македонското движење со пројугословенска ориентација и го официјализира ставот: Обединета и независна Македонија НЕ!, туку обединување и на другите делови на Македонија (Пиринска и Егејска Македонија) во рамките на Југославија

(кон мајката земја).

Значи, Вардарскиот дел да се прогласи за “Пиемонт” на обединувањето во составот на СФРЈ. 5 Таквиот став го става во програмата и НОФ (организиран и оформен 1945 година од КПМ/КПЈ) и се вели: “Организирање на борбата на македонскиот народ за премостување на вештачкиот јаз помеѓу Македонците од сите делови на Македонија, а особено со Македонците од НР Македонија којшто претставува “Пиемонт” за целосно ослободување и обединување на макеонскиот народ.” На што не упатува таквиот јасен став на Југославија?!! Значи, дека сега тој исконски национален македонски набој, и идеал некој посака да го насочи на сосема попримамлива национална рана. Тој став, колку да беше реален и остварлив во таквите меѓународни состојби на Балканот, сега без никакво историско маскирање во анализите од многу автори е реално прикажан како невозможен.

Значи: Официјалниот став на Југославија беше:

“Југославија нема никакви претензии кон грчка Македонија и целата кампања (околу обединувањето) нема ништо задничко со неговото мислење...” Изјави Тито, на средбата одржана на 15 ноември 1944 година во Белград меѓу него и Анастасијадис, член на ПБ на ЦК на КПГ.

Но и Ранковиќ го покрена прашањето околу паролата на КПГ на Петиот пленум на ЦК на КПГ од јануари 1949 година, во текстот се соопштува новиот став на КПГ по македонското национално прашање: со кој на Македонците им го признава правото на саоопределување и државност, за формирање на македонска држава во рамките на Балканската федерација.

5 Од многу аналитичари се цени, дека по повеше години упорно градење на југословенското единство, по 1980 година, се јавува криза во југословенскиот “идентитет”, значи националниот идентитет на СФРЈ станува многу слаб за да биде прифатен за сите народи во СФРЈ. Македонија веше имаше поминато низ слични фази кога Бугарија и Грција не го признаваа постоењето на македонската нација, но сега се виде дека формирањето на нов национален идентитет не е лесно остварливо што го докажа и примерот со Југославија и со Македонија по осамостојуванието.

Ранковиќ рече: дека таквиот акт бил насочен против интегритетот на Југославија. Тоа го стори при посетата на делегацијата на КПГ предводена од членот на ЦК и министер за правда при ПДВ, Милтијадис Порфирогенис, кога допатувал во Скопје на 8 февруари и во Белград на 16 февруари 1949 година, но тоа било уште еднаш најостро поставено и во втората посета на Порфирогенис во Белград, април 1949 година.

Зарем, грев е да се праша: Зошто тој исконски национален македонски набој и идеал се што беше за обединета Македонија надвор од таквиот став, беше сотрен? Илјадници луѓе од кои најголем дел беа млади луѓе, чамеа по затворите само затоа што, како приврзаници или симпатизери на идеите за самостојна Македонија го “поткопувале суверенитетот и територијалниот интегритет на државата”, СФРЈ.

Но, што со улогата на НОФ (создадена од КПМ/КПЈ, па препорачана и покорена на КПГ) и зошто беше различна од таквите официјални ставови, па и од било која војна во светот?

Но, што е најстрашно за сите борци; по ликвидацијата на ДАГ, учесниците во Граѓанската војна (Македонците под Грција) не не’ дефинираа во македонската интегрална историјата: “Како патриоти што погинаа за својата татковина.” А грчката држава ги дефинира Грците како борци што учествуваа заедно со нас додека, вистината е во тоа што не командуваа во таа војна:

“Како големи патриоти беа тие Грци што не тераа да гинеме за нивната татковина” за Македонија да остане грчка”, како што свечено изјави генералот Маркос во Атина. 6 6 Кога Маркос Вафијадис (во 1948 година после борбите на грамос беше суспендиран од старна на Захаријадис и пратен во прогонство во градот Пенза СССР, тој голем генерал и стратег како што милуваше да се нарекува, кога се врати во грција од СССР, на аеродромот во Атина го пречека гералот на Владината војска г. Шакалотос. Значи беше пречекан како заслужен Грк.

На едно интервју со грчките новинари, на прашањето: “Која беше главнта придобивка од Граѓанската војна?” Тој одговори: “Искоренувањ на Славомакдонсвите од Северна Грција.” Ете, тој беше легендарниот генерал Маркос (тутунскиот работник) на кој му ги поверивме македонските борци за слободата и правата на македонскиот народ. Но, најпонижувачки и безочно е кога нашата историографија и по полавек тврди, дека ние Македонците во таа војна бевме военополитики фактор и таа војна беше продолжување на Илинденските идеали, цели и традиции за обединување на Македонија.

8. Идеолошката офанзива со својот космополитизам (против македонската национална свест) страшно го разниша македонскиот староседелски корен.

Несфатливо е и ден-денес, како сме можеле и самите (учесниците во редовите на ЕЛАС) да учествуваме во уништувањето на една компактна целина, на пример, организирана од 64 костурски села, со повеќе од 9.800 вооружени македонски комити кои застанаа храбро и достоинствено против грцизмот и не сакаа да ја прифатат елинизацијата и да се откажат од националниот идентитет.

Наместо тоа да го валоризираме како национален отпор, во нашата историја го оцрнавме преку сите можни идеолошки етикетирања. Но, што е за чудо, во новиот поход, пак масовно ги ангажираме (од сите тие што останаа живи или нивните синови), но сега како добри синови на партијата...!

Појавата на комитите е неверојатен миг на македонската стварност, на место да имаме почит и достоинство спрема сопствениот народ, ние постојано влегуваме во политички игри со тие, кои најмногу го носеа гревот за уништувањето на костурските комити.

Ако земеме предвид, дека во светот, нема нација која срушила нешто што било создадено (автохтоно) од сопствениот народ, тогаш ние Македонците сме први! Токму за гревот на македонските костурски комити.

Но, треба да знаеме, дека комитите се тие кои ја доживееја најстрашната дискриминација од грчката држава што ја спроведуваше спрема Македонците, дури и пред да се родат, а од родната (сопствена) историјата се заборавени, па дури и непромислено анатемисани. Поделбите на “...фили” или “...мани”, кои во повеќето случаи вештачки се одржуваат (потикнувани од туѓинците) срамно и понижувачки зборува за нашиот народ. Состојбите беа уште пострашни, бидејќи тие потекнуваа од највисоките политичари (на НОФ, АФЖ и КПГ).

Политичарите, дури и во Граѓанската војна, негуваа штетни анахронизми во нашето национално опстојување и живеење, напаѓајќи ги своие политички противници-комитите. Дали тие беа свесни колку со тоа го оптоваруваа и го навредуваа својот сопствен народ, а посебно младите македонски поколенија (деца на комитите и децата на партизаните комунисти)? Дали беа свесни колку им ја заматуваа младата душа и нивната национална свест?!

9. Пред кои меѓународни институции НОФ и АФЖ беа признати како легитимни субјекти и од нив можеа да бараат (државничко-правна) заштита.

ЗНАЧИ: КОЦКАТА Е ФРЛЕНА. ХАОСОТ Е СОЗДАДЕН.

МИНАТОТО Е ПОНИШТЕНО. СТВАРНОСТА Е ИЗРАМНЕТА СО НАЈВИСОКИОТ СТЕПЕН НА СУРОВОСТА. ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА ГИ ОЧЕКУВАШЕ: НАЦИОНАЛЕН ПОРАЗ, СМРТ И ПРОГОНИ.

“Ставовите на посилниот секогаш се најдобри!” Лафонтен.

Ако ја проследиме горчливата вистина за македонските состојби, таа говори дека сме немоќни да се соочиме со вистината ни по пола век, а тоа е факт. Но, да ја проследиме акцијата на македонските организации:

Да се повикува народот на национално востание е доблест, но тоа може да биде и национална измама. Ако НОФ и АФЖ решија да го повикуваат македонскиот народ под Грција на сенароден фронот за спроведување на своите стратеши определби, се поставува прашањето: дали при тоа водеа сметка (имаа гаранции) дека (тие) не се легитимни пред светот и не ќе можеа да го постават македонското прашање; ниту пред Советот за безбедност, ниту пред Обединетите нации, туку пак требаше, тоа да го сторат Грција или Југославија? Дали не знаеја дека тие се строго контролирани и од сите балкански комунистички партии и ни оддалеку немаа да успеат да ги реализираат и валоризираат тие историски желби?!

За жал, нашето учество (1940-1950) никогаш во програмата на националната стратегија не постоеше како единство и достоинство, туку тоа беше само лично калемење и корист на поединци членови на комунистичките партии (КПГ или КПЈ).

Значи: сме сакале со КПГ и КПЈ и сме ги прифатиле нивните правила, а колку ние како луѓе со поданижка душа бевме во состојба да ги контролираме се докажа преку исходот на настаните кои не доведоа до национален пораз и геноцид.

Тогаш (1945-1949) поради нашата ропска покорност (кон било кој), ја направи дефинитивно судбински се посплеткана ситуацијата, па дури и со нашето име во самата Европа.

Што значи, по Втората светска војна, кога луѓето веруваа дека повеќе нема да се дозволи да се случи такво крвопролевање ние, Македонците, ја доживеавме и со геноцид ја плативме високоризичната авантура преку разбеснетиот ритам на огнот, без македонска опција (а не можевме да имаме, бидејќи бевме под контрола на КПЈ и КПГ) и без присутност за националните интереси, така што бранејќи ја комунистичката идеологија, го изгубивме за навек идентитетот и дедовите огништа. Тоа во свеста на Македонецот остана како трајно сведоштво; - за една потресна големомаченичка легенда, и едно етничко чистење, кое набрзо по ликвидацијата на ДАГ се претвори во уште една незапаметена наша трагедија во која и самите сме сведоци.

Се поставува прашањето: како можело овие политички стратези да замислат такви апсурдни однесувања, кога во тоа време и на тој простор беше акумулиран голем историски фанатизам, акумулирани разни смртоносни идеологии! Значи Балканот и натаму остануваше најконфликтен регион во Европа, особено т.

н Западен Балкан во кого тлееја потенцијални кризни жаришта.

Но, што е за чудо, во тоа време истите тие стратези и политичари беа ангажирани со градење нови “цивилизации” во Сибир и на Голи Оток, а ние Македонците во овие 50 години, не оценивме колку овие политички водачи за нас сториле повеќе добро или зло?

Не! Сите молчевме како неми! Најдовме СПАС ВО МОЛЧЕЊЕТО. Особено по Балканскиот договор во 1953 година, кога се создаде ЅИД НА МОЛЧЕЊЕ, бидејќи истиот тој договор во февруари 1953 година се потпиша.

По таквата состојба, дали македонскиот народ требаше повторно да го бара исходот во војна, кога знаеме дека кај нашиот обичен човек, одвај имаше останато само една исконска желба: да остане Македонец, без разлика уште колку ќе трпи, само со цел да ја сочува својата земја, јазик и својот народ- чедата свои.

Токму со физичката поделба, туѓинците посакуваа да настане и тотална духовна поделба, а таа се одрази толку разорно, што ни донесе катастрофални последици по сите стратешките национални проблеми до геноцид на Македонците под Грција а се стави како проблем пред светот едно од најчувствителнити за нацијата; прашање - за името на целокупниот македонски етникум.

Таквата духовна поделба и негрижа за интегрално гледање на македонската судбина (низ матичната историја, литература, едукација и високите институции на Република Македонија), се покажа многу експлицитно низ историјата на минатиот век, па се до денденес, е таквото индифирентно гледање на судбината на Македонецот.

Аргументите што се истражувани во оваа студија, не се во прилог на напишаната историја за: “Егејците”. Тие сугерираат сосема поинаков критички однос кон историските настани, а не лицемерно однесување самите кон себе, затворајќи ги очите пред сопствената судбина. Нашата судбина е наша судбина и моравме да ја земеме во сопствени раце, оти сурово е кога луѓето не сакаат сами да господараат со својата судбина, тогаш како што вели нашиот народ судбината загосподарува со нив.

Ова мора јасно да се каже барем по 50 години, оти со години туѓинците не влечеа за нос! Аргументите говорат, дека навистина тоа се случи со нас Македонците под Грција.

Во светски рамки се вршат важни истражувања во проучувањето на миграционата проблематика, додека за нашите миграциони движења бевме присилени да молчиме а тоа беше со политичка умисла-преку идеологијата. Но, денес во светот се појавуваат нови трудови и студии се откриваат најсуровите и најсложните елементи за проектираните прогонства, но за жал, нашата наука на оваа проблематика, полавек остана глува. Како да не се случило ништо со Македонците под Грција и нивните одземени 28.000 деца, за време на Граѓанската војна, кои и до ден-денес да немаат право да се вратат.

Проблемот со одземените деца за време на Граѓанската војна во Грција, за нас Македонците претставува еден најтрагичните и најсериозните проблеми во македонската историја. Зошто?

Затоа што, тоа не се случило ни во најсуровите балкански војни, да се посегне по недолжното дете и да се вршат таквите миграции со политичка умисла (Одземените Македончиња, од своие родни огништа беа испратени со билет во еден правец, а Грчињата со повратен билет. По Граѓанската војна Грчињата се вратија, Македончињата остана раселени по светот. Како што стана и со нивните и татковци, мајки, браќа, сестри, дедовци и баби. И уште со невидена бруталност, во современата цивилизација да се спречува нивнотото враќање во родното место, на своите прадедовски историски корени. Тоа не ќе беше толку иронично, ако во тој судбински зафат и Македончињата како и Грчињата добиеја повратен билет.

Основната цел на ова иследување е да се дојде до што пореални погледи кон историската вистина и политичката умисла за 7 чедособирањето, реализирано од двете завојувани страни:

Владата на атинскиот режим во Атина, и Привремената 7 Според UNSCOB - A/754 - 1948, акцијата за собирање на децата и вршењето преселби на одредени села, беше со умисла на владата и кралицата Фредерика, да ги отсечи партизаните на ДАГ од изворите за снабдевање со продукти и да предизвика таква ситуација на неможна мобилизација. Таквата политика, се покажа дека беше успешна и на владата и даваше можност за поголема контрола во одредени реони во Грција.

А во истиот документ се вели дека: акцијата на КПГ за оѕемање на 28.000 деца од страна на партизаните на ДАГ, била дека децата се сметаа како човечка сила на воени ресурси. Во март 1949 година UNSCOB покрена многупати петиции за деца кои од раководството на ДАГ, беа вратени на бојното поле во единиците на ДАГ. Во 1948 година кога ги собраа децата, најверојатно очекуваа дека војната ќе продолжи повеќе години и така многу од оѕемените деца ќе мораат да се вратат за да војуваат во Грција.

демократска влада на партизаните (КПГ и ДАГ), кои војуваа во Граѓанската војна од 1945-1949 година.

Конфликтите меѓу овие завојувани страни, исклучиво беа класни (но и немногу јасните, токму во насока за ставовите на луѓето од врвот на КПГ: Маркос и Захаријадис, но и на КПМ/КПЈ) и идеолошките прашања за уредување на грчкото општество т.е. комунистите наводно водеа борба за социјализам, односно за глобалниот проект: Советизација на Балканот.

Но, во овој период на време од исклучителна важност е и улогата на организацијата НОФ и АФЖ, кои и служеја верно на комунистичката партија на Грција (според препораките на КПЈ). Таквата препорачлива приврзаност, КПГ ја искористи по “комунистически” до максимум и преку оваа организација, успеа да го организира и мобилизира Македонецот во Граѓанската војна. Но по ликвидацијата на ДАГ требаше да замине заедно со соборецот-Грк, надвор од своето родно место Грција во поранешните социјалистички републики и СССР. и овие илјадници, Македонци рамноправни борци во ДАГ дури и многу Македонци членови на КПГ, заминаа со билет во еден правец. Грците со исти гревови: борбата за социјализам во Грција, ем големи комунисти, се вратија на своите огништа, само затоа што им беше обезбеден повратен билет. Тоа е факт, се друго е во сферата на шпекулациите, дилемите, небулозите и фантазмагориите.

Секој разумен човек, оправдано си го поставува прашањето:

Какви последици имаше формирањето на НОФ 8 и АФЖ кај Македонците под Грција? Ако се знае дека еден дел од Македонците под Грција, сега, под влијание на македонската 8 На 23.04.1945 година, во Скопје, во просториите на ЦК на КПМ, формирана е организацијата НОФ (Народно Ослободителен Фронт) на Македонците под Грција. Во составот на оваа организација се формирани АФЖ и НОМС. Од формирањето се до т.н. “Братство и един-ство” помеѓу НОФ и КПГ, НОФ дејствуваше спрема директивите на КПМ/КПЈ, а по тоа помина под команда на КПГ се до ликвидацијата на ДАГ и нејзиното расформирање, а нејзиното раководство, беше интернирано во логорите на Сибир.

држава што се создаде во рамките на Југославија и на нејзиното раководство (КПМ/КПЈ), се спротистави на ставот и практиката на КПГ спрема македонскотот прашање, се одделија од неа и побараа да им се признае правото на самоопределување, а друг дел продолжи да го следи ставот на грчките комунисти за македонското прашање, кој на Македонците им ги признаваше малцинските права во рамките на грчката држава. Со тоа Македонците се поделија на два табора: едни со КПГ, а други со КПМ/КПЈ, со крајна стратешка цел (во неа на мошне успешен начин беа обмислени и исконструирани формите и содржините преку кои тие добиваа и соодветна конкретизација во практиката токму на тлото на Македонија под Грција) на туѓинците им беше да го натераат НОФ во почетокот се повеќе да располага со судбината на Макеонците под Грција, а потоа да ги распоредуваат и регрутираат како што сакаат.

Формирањето на организацијата НОФ, по иницијатива на КПЈ односно КПМ, надвор и независно од КПГ е спротивно на нејзиниот став за македонското прашање и за формата на водење на борбата, оти тоа предизвика поделба во македонското национално-ослободително движење кај Македонците под Грција, со непомирливи и трагични последици. Разногласијата, судирите, сомневањата и предрасудите беа толку остри што и по т. н. обединување на КПГ со НОФ во ноември 1946 година (така го прикажува нашата историографија), а вистината следна: Со решение на КПГ преку бирото за областа Македонија е наредено безусловно обединување на воените единици кои беа офомени од НОФ и од КПГ и тоа без никакви отстапки во корист на НОФ. Искористувајќи го ова решение, командантот на Главниот штаб Маркос Вафијадис во втората половина на септември 1946 година, на македонското раководство на НОФ ултимативно му ги сопшти следните услови:

Безусловно да се расформираат македонските единици на НОФ, а неговите борци (на НОФ) да се вклучат во единиците на КПГ.

КПГ си го задржува правото во штабовите на воените единици да поставува “добри команданти”, во кои ќе има полна доверба.

Ете како се стави НОФ под раководствто на КПГ, и сите барања на КПГ не беа елиминирани, односно тие продолжија во целиот тек на Граѓанската војна и по неа, па и до денденешни денови и затоа НОФ не беше никаков воено политички факор како што е прикажуван во нашата историографија за “ Егејците”. Тоа е факт, и тоа беше реализирано низ целиот период на Граѓанската војана.

Таквиот напромислен или намерен чин (организиран од КПМ/КПЈ), трагично го платија луѓето од Македонија под Грција, оти тие беа соочени токму со “македонскиот синдром” според многу дамнешниот модел на владиката Карвангелис - за самоуништување.

Дали НОФ и АФЖ, кои до вчера (од 23. 4. 1945-1946) го повикуваа македонскиот народ во борбата што ја имаше свои национални белези и стремежи, а тоа беше спротивно на “грчките национални интереси” на КПГ, ЕАМ и ЕЛАС, а по 1946 до 1949 година, сосема нешто друго - покорно и беспрекорна (сервилна) соработка. Има ли некој документ? За што и за какви отстапки се договориле, или уште не треба да знае, за сето тоа македонскиот народ? Каква национална цел имаше НОФ? (Види: Прилози-Оценките на Генералниот секретар на КПГ, Н. Захаријадис, по ликвидацијата на ДАГ).

Но најтрагичното е што никаде ги нема за својата одговорност спрема Македонците под Грција кои ги организираа и ги раководеја од периодот на формиранието (23 април 1945 - 11 септември 1946) КПМ/КПЈ.

Дали ние Македонците, смееме да ја заборавиме историјата, и да носиме некаква вина, наводно дека сме ја изгубиле револуцијата!? Како што не учеа и инсистираа половинавек, па дури и сега, во: клима на комформизам, а се знае минатото никогаш целосно не умира.

Во ова полувековно време зошто тие што треба да зборуваат, беа и се уште се замолчени, а тие што требаше да молчат зборуваа?

Но, се потврди, дека потхранувањето на историските несреќи им е од полза само на оние кои уште сакаат “мали” и “големи” Македонци.

Немоста и доколку не кажеме дека сме биле жртви, ќе биде голем историски грев на македонската наука и со тоа само ќе им ги потхрануваме злонамерните и геноцидни зафати на туѓинците, зашто се е на видело, што не снајде, и е напишано, но не од нас Македонците.