“ЗОШТО НЕ НА СОЛУН ” - Part 02
Ако и малку ја анализираме таквата неповолна ситуација, посебно, од национален интерес, никој умен не би го дигнал на оружје македонскиот народ кој се наоѓаше во една најфлуидна (неизнасилена, но менлива) ситуација, а тоа го стори само НОФ диригиран од КПМ/КПЈ. За Македонците, Граѓанската војна, беше време без логика, посебно прогласувањето на НОФ Народноослободителен фронт, а тоа значеше мобилизација на целокупниот македонски потенцијал под Грција. ЗОШТО?!!
Како ќе стигневме до успех?
И ден-денес, секој страдалец си го поставува прашањето ЗОШТО?!
ЗНАЧИ, НОФ БЕШЕ ОФОРМЕН И ОРГАНИЗИРАН ОД КПЈ/КПМ, И СЕ ПОКАЖА ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ СТАНАА ЖРТВИ ЗА ТУЃИ ИНТЕРЕСИ Прво: на 23 април 1945 година во Скопје во ЦК на КПМ, биле формирани организациите за Македонија под Грција НОФ, АФЖ и НОМС раководени од КПМ/КПЈ, се до ноември 1946 година. Програмската цел им беше извојување на националните права и правото на самоопределување на Македонците под Грција. (Види: Кирјазовски Ристо, 1966/181 и Раковски Павле,
1990/199).
Но и историчарот Лазар Лазаров, (1998/62), не упатува на извештаите испратени до француската влада на 26 септември 1945 година од страна на францускиот генерален конзул во Солун Жерар Раул Дувал, во кои вели:
“...Седиштето на организацијата НОФ се наоѓа во Скопје, на југословенската територија... посе ми се чини дека пропагандата на НОФ на Славофоните е остварување на идејата за автономна Македонија, а југословенската влада ја контролира ова организација и ја гледа грчка Македонија како сопствен дел на југословенската територија...” (стр.62).
Иторичарот Ванче Стојчев (види: фељтон “Силите што го спречија обединувањето на Македонија” (Н. М. од 8. 9. 2001), потврдува: “...Во Скопје на 23 април 1945 година по иницијатива на КПМ било конституирано основачко биро на Народно-ослободителниот фронт (НОФ за Егејска Македонија).
Со ова биро раководел ЦК на КПМ. Основна задача на оваа македонска организација била да застане на чело и да ја предводи борбата на македонскиот народ во егејскиот дел на Македонија. Во составот на НОФ биле формирани НОМС и АФЖ и сите нивни членови биле префрлени во егејскиот дел на Македонија. Покрај монархофашистичките и британските сили, присуството на НОФ го отфрлиле и ЦК и КПГ и ЕАМ кои тоа го прогласиле како загрозување на територијалниот интегритет на Грција. НОФ го покренал македонскиот народ во борба но, не успеал да се зацврсти како раководен орган. КПЈ и КПМ исто така не биле во можност да им пружат позначајна помош на Македонците во Егејскиот дел на Македонија, додека КПГ ги штитела грчките интереси. Изјавата на Тито за “Њујорк тајмс” ако “Македонците од грчките области изразат желба да се обединат со другите Македонци, Југославија ќе ги почитува нивните желби…” дејствувала потикнувачки за македонскиот народ и во ЦК КПМ но, исто така, и на противничките сили кои против силите на македонскиот НОФ во Грција применувале злосторнички мерки...
Значи, жртви на таквите состојби беа Македонците. И затоа, голема илузија е некој уште да мисли дека во меѓународните односи па и во југословенско-грчките односи важеа некои определени принципи. Принципите беа во форма на гола политика, со цел да се замаглуваат очите на светската јавност и на жртвите. Ние Македонците, не бевме во состојба да сфатиме дека посилните секогаш се раководеа од правилата на нивните стратешки државни интереси не водејќи сметка за интересите на помалите во случајот ние Македонците. По влегувањето во нивната мрежа, ние можевме единствено да се надеваме само на божја помош.
Ова е период кога овие организации дејствуваа надвор и независно од КПГ и беа исклучиво раководени од КПМ/КПЈ.
(Види: Кирјазовски 1995/10).
Нема сомнение, дека оптималната цел на НОФ (КПМ/КПЈ) и беше да ги опфати тотално сите Македонци под Грција и да ги стави во функција на сенароден фронт за реализација на програмската цел. Но, се поставува прашањето: Ако таквата стратешка цел беше прифатена како грижа од КПМ/КПЈ, тогаш, зошто само пред неполни три месеци овие највисоки тела на Југославија беа против паролата: “Да го свртиме оружјето кон Солун!”, односно: “На Солун, не на Сремскиот фронт?!” Од таквата стратешка цел на КПМ/КПЈ, организацијата НОФ и АФЖ, беше организирано во 5 окружни, 10 околиски, 3 градски и 32 реонски раководства со 120 професионални кадри на НОФ, АФЖ и НОМС и беа организирани 220 села (половина од овие села се унуштени во времето на Граѓанската војна - м.з.), а функционираа 170 селски и градски организации. Во тој период биле создадени и воени формации - до баталјони.(Види:
Кирјазовски 1985/143).
Од историски аспект, самите слогани (НОФ и АФЖ) си ја имаа завршено функцијата уште кога се прогласи пред светот победата над фашизамот, но за нас Македонците изгледа тоа не важеше. Но, со тоа грчката влада го озакони (донесе специјални закони, кои исклучиво важеа само за нас Македонците)
насилството против таквите организации (НОФ и АФЖ) во Грција и власта се одзва со невиден терор до крајот на Втората светска војна. Ова, се правеше, уште пред да почне Граѓанската војна, бидејќи официјално таа е прогласена на 31 март 1946 година, со решение на Вториот пленум на КПГ, одржан на 12 февруари 1946 година.
Соодносот меѓу силите на левицата и на десницата во времето кога беше донесена одлуката за почнување на оружената борба беше следниот:
Владини сили - 44 баталјони; национална стража со вкупно 30.000 лица; 8.800 офицери и војници на ридски армиски бригади. Жандармеријата беше првата државна воена сила која беше реорганизирана пролетта 1946 година. Таа тогаш броеше 27.000 луѓе, од кои 14.000 во Северна Грција (во Македонија:
Костур, Лерин, Воден и др. Покрај регуларните единици, беа организирани и паравојни воени формации, какви што беа:
МАИ (единици за заштита на внатрешноста). МАД (едницици за прогон) со околу 35.000 луѓе. Сите тие беа командовани од искусни армиски офицери. Истовремено, во цела Грција дејствуваа околу 166 вооружени терористички банди, организирани и раководени од најекстремната десница.
СТАВОТ НА ЗАПАДНИТЕ СИЛИ БЕШЕ ЈАСЕН, НО РУСКИОТ-СТАЛИНОВИОТ Е ЧУДЕН: “НЕКА СЕ БУРИЧКА ВО КАПИТАЛИЗАМОТ” И ПОДРШКА- САМО НА ЗБОРОВИ, А ЈУГОСЛАВИЈА ИМАШЕ ДВОСТРАНА ПОЛИТИКА-ЈАВНА, СО КОЈА ГО ПОЧИТУВАШЕ ИНТЕГРИТЕТОТ НА ГРЦИЈА И ТАЈНА-СО КОЈА ГИ ПОТИКНУВАШЕ МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ВООРУЖЕНА БОРБА.
Значи, накратко, неправедниот поредок, наметнат во Јалта, го следеше еден неред, исто така суров и без сомнение уште по крвав за нас Македонците под Грција, кои се најдовме поделени во четири држави. Идејата за светскиот комунизам беше празна во значењето од кога и да било порано, и зачудувачки е да се констатира пред ова немоќ. Но, спрема нас по Втората светска војна, идеолошката пропаганда на тугинците успешно си го стори своето со нас кои толку многу им верувавме на сите тие наши стратези.
Реакциите на КПГ и на владата во Атина - против формирањето на НОФ Како организациите: НОФ, АФЖ и НОМС, создадени во СФРЈ -Скопје, беа пречекани во Грција од левите сили, на кои НОФ не натера да им бидеме верни и им го поверивме сиот македонски потенција, па дури и децата?
На 12-от Пленум на ЦК КПГ, кои се одржа два месеци по основањето на овие организации, прокламира:
“Решително се спротивставува на секое територијално барање од која и да е страна против Грција. Зачувувањето на територијалниот интегритет на државата е првостепена задача на секој грчки патриот”, (ТО ККЕ АП ТО 1931-1952, с. 110).
КОИ БЕА ИДЕЛОШКИТЕ ВОДАЧИ НА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА 1945-1949 ГОДИНА И ДАЛИ НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ УЧЕСТВУВАВМЕ ВО КРЕИРАЊЕТО НА ПОЛИТИКАТА НА КОМУНИСТИЧКАТА ПАРТИЈА НА ГРЦИЈА 7-от (Седмиот) Конгрес на КПГ што се одржа на 1 октомври 1945 година, земаа учество 223 делегати од кои множинството припаѓаа на работничките партии и на земјоделската селска партија.
Во раководството на партијата, во централниот комитет и во Полит-бирото завладееа кадри на “генерацијата 30 годишници.” Такви беа кадрите, а Захаријадис - генералниот секретар на комунистичката партија, беше на четиресет и две години.
Составот на централниот комитет се состоеше од следните лица:
1. Постојани членови (30)
Анастасијадис Стергиос, Арамбаѕис Никос, Василијадис Аристос, Вутусјанос Мичос, Вафијадис Маркос, Вландас Димитрис, Грозос Апостолос, Еритријадис Гиоргис, Загурџис Никос, Захаратос Милтијадис, Захаријадис Никос, Зевгос Гианис, Зографос Зисис, Иоанидис Гианис, Кацаврас Василис, Маркезинис Василис, Мавроматис Панагиотис, Музенидис Адам, Барџиотас Василис, Бланас Ахилеас, Парцалидис Мичос, Плумбидис Никос, Порфирогенис Милтијадис, Русос Петрос, Сјантос Гиоргис, Сукарас Сотирис, Стрингос Леонидас, Титилос Гиоргис, Хаџивасилиу Хруса, Хаџис Танасис.
2. Кандидати за постојани членови (15)
Вазванас Вангелис, Ветас Викос, Вонтисиос Гиоргис, Гифтодимос Костас, Димитриу Гиоргис, Теос Костас, Капета Алегра, Кату Роди, Колигианис Костас, Лулес Костас, Макридис Теодорос, Махараопулос Христос, Парцалиди Авра, Румелиотис Никос, Тсијанис Михалис.
3. Составот на централната контролна комисија (5)
Данијалидис Полидорос, Карагкицис Пантелис, Папаригас Мичос, Синакос Михалис, Фармакис Костас.
Еден ден по завршувањето на работата на 7-от конгрес на 7 ноеври 1945 година си свика првиот пленум и на него се избра Политичкото Биро на Централниот Комитет на Комунистичката Партија на Грција и се изабраа:
1. Постојани членови (7)
Сиантос Гиоргис, Захаријадис Никос, Иоанидис Гианис, Хаџивасилиу Хриса, парцалидис Мичос, Барџиотас василис, Петридис тасос (Анастасијадис Стергиос)
2. Кандидати за постојани членови(3)
Стрингос Леонидас, Зевгос Гианис, Русос Петрос.
КПГ во десетилетниот период на 1940 година претставуваше од поглед на возраста еден млад организам од доста млади луѓе.
Групите на возраста на 7-от конгрес беа како што следи:
20-30 години 73 преставници 31-40 години 100 преставници 41-50 години 46 преставници Забелешка: Значи, ние Македонците не бевме политички а ниту воен фактор.
Види: ΙΣΤΟΡΙΑ ΤΟΥ ΕΛΛΗΝΙΚΟΥ ΕΜΦΥΛΙΟΥ ΠΟΛΕΜΟΥ 1946-1949 τομος 1 ΓΙΩΡΓΟΣ ΜΑΡΓΑΡΙΤΗΣ, 2001, στρ. 136
*** Преглед: ХРОНОЛОГИЈА НА ПОВАЖНИТЕ НАСТАНИ ВО
1945 ГОДИНА Датум Опис на настаните или документ 12.02.1945 Во Варкиза, одморалиште што се наоѓа близу до Атина, потпишана е спогодба меѓу раководството на движењето на отпорот на КПГ и ЕАМ од едната и Владата на Пластирис и британскиот генерал Скоби од другата страна. Со таа спогодба се потчинува грчката команда под англиската за Блискиот Исток. (на 12 февруари 1945 година). ЕАМ и и ЕЛАС практично и ја предадоа власта на десницата.
23.04.1945 Во Скопје, во просториите на ЦК на КПМ, формирана е организацијата НОФ (Народно Ослободителен Фронт) на Македонците под Грција. Во составот на оваа организација се формирани АФЖ и НОМС. Од формирањето се до т.н “Братство и единство” помеѓу НОФ и КПГ НОФ дејствуваше спрема директивите на КПМ/КПЈ, а потоа помина под команда на КПГ се до нејзиното расформирање.
26.04.1945 Во Москва маршал Тито даде изјава за “Њујорк тајмс” во која вели: “Ако Македонците од грчките области изразат желба да се обединат со другите Македонци, Југославија ќе ги почитува нивните желби.” А на 20 јуни 1945 година во близината на Воден, Егејска Македонија, е одржана Окружна конференција на НОФ за Воденско.На конференцијата, на која зедоа учество 125 делагати од градот и од селата, реферат за идеолошките содржина на борбата и нејзините форми на борбата поднесе членот на Главното раководство на НОФ Павле Раковски, а за финасиската положба - секретарот на Окружното поверенство на НОФ Вангел Ајновски – ОЧЕ. Делегатите, покрај другото, побараа ликвидирање на терористичките селски полјаци.
(Н.М/94)
28.06.1945 Се одржа ХИИ-от Пленум на ЦК на КПГ, а во одлуката се вели: “НОФ, со брзото омасовување и со неговите воени формации, опасно го загрозува грчкиот карактер на Македонија; грчките позиции и интереси во неа и територијалниот интегритет на грчката држава”.
29.06.1945 ПРОГЛАС од Окружниот комитет на КПГ за Воденско од членовите на КПГ и народот во Воденско, со кој се осудува организацијата НОФ.
1945 Грчката законодавна власт донесува закони против организацијата НОФ, АФЖ и НОМС.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/one-way-ticket-mac/6 на 29 октомври 2026