Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

A One-Way Ticket

ЕТЕ ШТО ОСТАНОЛО ВО СЕЌАВАЊЕ НА ЕДНО ДЕТЕ, ЗБОРУВА САМИОТ АВТОР НА КНИГАТА - Part 01

Од Стојан Кочов · Дел 11 од 22 · Околу 21 минути

Читај на English

ЕТЕ ШТО ОСТАНОЛО ВО СЕЌАВАЊЕ НА ЕДНО ДЕТЕ, ЗБОРУВА САМИОТ АВТОР НА КНИГАТА:

“...Им се воситував и со голема почит кон тие луѓе, можеби затоа што имаа една подзаскриена добрина, една аристократска благородност. А како да не им е восхитувам на тие луѓе, кои во најешките мигови во Детските Стационари (домови) го слушавме нивниот глас во преполните “Трпезарии”, во Салоните на Детските живеалишта и ни даруваа неповторливи мигови на радост и живост. Во совршена тишина и дисцилпина, си ја (ги) спомнувам на 1949 година, влегувавме подредени во строј, во салоните на Детските живеалишта: Тулгеш, Синаја, Орадеа, Роман, и Клуз на Р. Романаија и ги слушавме ненаситно хронографиите на Апостоли Спилиу, коисе пренесуваа со кристален глас од сите мои другари. На крајот од секое емитување избувнувавме со чудна одданост и викавме:

“Да живее Д. А. Г!”

“Да живее Маркос!”

“Непријателот нема да стапне на Грамос и Вичо!” “Чив е Маркос?!”, викнуваше некој, а ние одговаравме во еден глас:

“Наш е Маркос!”

“Ние чиви сме?!”

“На Маркос!!”, одговаравме пак во еден слеан глас.

По сменувањето на Маркос Вафијадис од главнокомандувач генерал на главниот Штаб на ДАГ, на негово место сега во нашите усти небаре ни го поставија Никос Захаријадис, генерален Секретар на КПГ и пак викавме со исто возбудување и живост, но и фамнатизам како што викавме за Маркас... тоа ни беше секојдневна молитва. Партијата, за нас децата и обичните членови на партијата беа престорени во фетиш, на што им придававме магична и надприрона сила. Си спомнувам декане ја разликувавме партијата од раководството, таа невидена моќ, таа надсила и невидимото мудро раководство, со својот механизам... за наспартијата беше во многу случаеви, небаре сите членови на П. Б. (Полит-Бирото) и на тоа раководство како главен бог е главен Никос Захаријадис...” По измените (ликвидацијата на ДАГ).

“ Се за Борбата на народот наш! (се мисли на грчкиот).

“…Изменија работите, се измени името на родио-станицата…

Ќе слушате од сега по јасно и по чисто, но не “Гласот на слободна Грција”, таа отиде, сега ќе продолжиме да ја слушавме “Гласот на Слободата…” ДАЛИ АКЦИЈАТА ЗА ОДЗЕМАЊЕ НА ДЕЦАТА ОД СТРАНА НА КПГ-ПАРТИЗАНИТЕ НА ДАГ, БИЛА ДЕКА ДЕЦАТА СЕ СМЕТАА КАКО ЧОВЕЧКА СИЛА НА ВОЕНИ РЕСУРСИ НА ДАГ?

Во март 1949. UNSCOB покрена многупати петиции за деца кои од раководството на КИТ и ДАГ, беа вратени на бојното поле во единиците на ДАГ. Во 1948 година кога ги собраа децата, најверојатно очекуваа дека војната ќе продолжи повеќе години и така многу од одземените деца ќе мораат да се вратат за да војуваат во Грција. Истражувајќи го оваа прашање, можеби најдобар одговор ќе ни дадат следните прилози од самите луѓе кои беа на врвот.

Првиот: член Ha ПБ на ЦК на КИТ и политички комесар на ДАГ Василис Барџиотас, односно втор човек од високото раководство на ДАГ. Да проследиме едно типично историско маскирање во неговата книга. Еве што пишува:

“...3umara во 1949 година ce враќавме од една задача во Грамос и од далеку забележавме една група од мали девојченца што ни направија голема впечаток. Беше снежно и навлегувавме во еден сињак и вијулица. Доста студено. Им се доближивме на тие девојчиња за да видиме што се случува со нив. Беа околу 55

- 60 девојчиња на возраст од 10 - 13 години, облечени во страри палтенца и наместо чевли на нозете имаа завиткано со крпи.

Бидејќи се тресеа од студ ги однесовме до најблжната борбена единица на ДАГ каде борците жени им понудија да се напијат топол чај, а потоа ги облекоа со привремени облеки и потоа ги запрашавме: - Зошто дојдовте... соборкини во такво време на Грамос. Што ви се случи? Одговорот им беше: -Дојдовме да се бориме. Кога јас им се обратив со олку мек глас и со чувство на болка дека сеуште се мали и дека во редовите на ДАГ служат борци и боркињи кои се поголеми од 16 години и им реков дека ќе ги испратиме во некоја школа да учат, за да научат писмо и потоа по неколку години ќе им дадеме пушки за да се борат, настана несогласување и почнаа да се жалат.

- Па кој сте вие; Зошто не ни дозволувате да се бориме?

Едното велеше: “Мене ми ја убија мајка ми пред моите очи”.

Другото зборуваше и за двата негови убиени родители. Секое од нив имаше по еден или два родители убиени и бараа да се најват и да ги прими Политичкиот Комесар на Главниот Штаб на ДАГ оти само тој би можел да им ја разбери нивната болка.

Кога им кажав дека јас сум тој Политичкиот Комесар на Г. Ш на ДАГ, се смирија малку но не можевме да ги убедиме.

Организиравме една мала чета покрај нашето седиште и ги оспособивме за ѕелефонискини. Неколку од овие девојчиња...

Самоволно ја напуштија школата и доброволно отидоа во борбените единици. Секакои таму не им дозволија да се борат.

Ги спасивме сите. Кога си ја спомнувам ова сцена, ми поминуваат пред очите со сликата на гладните, босите и слабо облечени овие девојчиња кои трхтеа од студот со со тешкотија си ги задржувам солзите. За тие херојски девојчиња кои дојдоа да се борат во ДАГ за да се одмаздат за крвта на нивните родители! Ете зошто борбата на ДАГ беше оправдана, национална, демократска и антифашистичка. Кога зборуваме за херојте паризани ќе треба да се навраќаме и кон учествотто на младите во ДАГ, кои беа многу и беа интересни. Тогаш 70-80% од борците и боркините беа млади и младинки, кои се одликуваа со смелост и борбеност на најборбените истурени позиции во единиците на ДАГ.

Но отсем тоа што имавме и посебни воени состави од млади чети пополнети од млади наоружани со автомати, пушкометралези и топови и како што беше полкот на демократската омладина под командата на младинецот Шумади, кој се смело се нафрлуваше во најкритичките точки во битките на борбата.

ДАГ, се состоеше во основа од млади и младинки. Тие…

постарите над 25-30 години беа многу малку и тоа помалку од 15-20% во составот на ДАГ и во главно беа и постари борци…

ДАГ, се состоеше од младинци и младинки и тие беа со таква младост што сите ние се гордеевме кога одеа во борбата напред исполнети со задоволство и уверние во победата. Затоа нема да напишам посебна глава за младината, ми се чини сето тоа за младината тука го кажав.

Полиички Комесар на ДАГ Василис Барџиотас Коментар незнам да ли треба, но знам дека во светот никој не наоружа деца во такви воени формации и со такво наоружување и да ги стви на првата линија на фронтот.

Вториот: Паскал Митревски е првиот секретар на НОФ, се обраќа со писмо до ПБ на ЦК на КПГ, во врска со прашањата што настанаа како резултат на мобилизацијата на малолетните деца. Види: АМ, збирка: “Егејска Македонија во НОБ 1954-

1949”, АЕ: 47/б. Документот е на грчки јзик, во ракопис.

Објавен е во едицијата: “Егејска Македонија во НОБ 1949”, Т.

6…, док. 100, стр. 211-213.

Еве што пишува:

“Другари, Сериозно не окупира прашањето на децата што дојдоа од народните републики и што се мобилизираат. Меѓу тие деца има (машки и женски) кои се 12-13 годишна возраст и сега се наоѓаат во регрутниот центар во село Штрково. И другите деца не се повозрасни од 16 години. Вкупно се 35. Повеќето деца се од село Желево.

Нивното доаѓање се дозна во селата и ни создаде сериозен етнички проблем, а посебно за децата (машки и женски) што се на 12-13 годишна вораст. За возраста на тие деца направивме проверка и констатиравме дека навистина се на таа возраст.

Ова прашање и другпат не преокупирало, но во консултација со вас тогаш беше најдено решење.

Се разбира во случајот не станува збор за тешкотиите што кај нас ги создаде Прашањето. Тие со голема работа, што ќе ја развие нашата организација, сигурно ќе бидат надминати. Но, тука се работи за еден принцип, за еден етички проблем, што сме принудени да го земеме предвид. Се создава една морално-политичка ситуација кај народот, кој поставува прашање, се оформува негативен морален впечаток, ги отежнува базите и изворите за пошироко активирање и за развој на силите на движењето. Разбирливо е дека 10-15 деца не можат да го решат проблемот и да ги задовола потребите што ги имаме. Изгледа одговорните по домовите погрешно ги толкуваат некои работи.

И што е полошо, нивниот однос спрема децата не е добар.

Конкретен е случајот на Тимјос, одговорен во домот на “Тулгеш”, Романија. Неговиот став не може да се окарактеризира никако како добар. Тој врши еден недозволен психолошки и морален притисок врз децата со што создава една тешка атмосфера.

Еве што му рекле децата на другарот Малио, кој беше испратен од ЦК на НОФ да ги посети:

Тимјос ги собра децата во домот и на еден насилнички и недозволен начин им викаше: “Да одете долу и да се борете. На сите оние од вас кои не ќе сакаат да одат, ќе им ставам на челото по еден печат со крст за да се разликуваат дека се гадови и да се жигосуваат.” Ова им го велел на деца од 12-15 годишна возраст.

Исто така за ситници им се заканувал со зборовите: “Јас ќе ве научам. Со она што правите, личите на ајкулите на Труман…” итн.

Исто така не им дозволувал да пишуваат писма на македонски јазик. Им ги задржувал парите и чековите што им ги испраќале родителите и роднините од Америка и од други земји. Децата изјавуваат дека тој им ги порошил.

Еден друг случај, 12 годишниот Алеко Стефо, со солзи на очите му рекол на малио дек еден Тимјос, бидејќи не го исчистил дворот, го разголил и го оставил да стои надвор 4 часа гол, само по гаќи, при страшен студ во декември. Исто така го оставил гладен 24 часа. Истото дете го тепал со сета сила и го туркал со клоци. Детето раскажувало дек рацете на Тимјос му биле отечени од она што ги тепал децата.

Другпат соблекол и други деца и ги принудил да одат голи амо по гаќи. Ги оставал и гладни.

Сигурно дека децата понекогаш можат да направат некој наивен истап и други детски грешки. Меѓутоа, односот и предходно изнесените мерки што ги применувал спрама децата покажуваат нешто најмалку психолошко и методско позитивно, односно нешто најнегативно во однос на воспитувањето.

Најлошото е што децата штом пристигнале, сето тоа го разнеле и разгласиле меѓу селаните. Ние што го дазнавме тоа од луѓето, го испративме др. Малио да ја провери таму ситуацијата и врз основа на неговите констатации да ги ограничиме таквите гласови.

Потребно е да ги испитате таквите лучаи и нашето мислење е споменатиот Тимјос што поскоро да биде отстранет за да не би направил и други штети. Исто така предлагаме, децата што дојдоа а се на 12-15 годишна возраст да се вратат.

При такви случаи, сметаме за потребно да ги извастиме родителите преку специјално соопштение, се разбира усно или не некои друг начин што ќе ни го посочите.

Исто ака сметаме дека во иднина треба да се ограничи испраќањето на деца од народните републики што е помали од

15 годишна возраст.

Во врска со тоа прашањ сигурно ќе ви зборува и другарот Којчев, со кого зборувавме вчера.

Ве молиме да ни одговорите по ова прашање или подобро да не повикате горе, за да подискутираме за тоа, па и за други прашања, при што подобро ќе се соочиме со прашањето на детските домови, со поставувањето во нив словеномакедонски кадри, кои ќе ги согледат и ќе помогнат практично во решавањето на прашањата на Словеномакедонците. 22 22 СЛАВОМАКЕДОНЦИ?! Дали ние Македонците по воља наша или на КПГ прифативме да се викаме од Македонци во “Славо-Македонци”? Зошто и како се сложивме со таквиот племенски атрибут кој важеше за идентификација на Македонците Словени. Дали тоа грчките комунисти го направија со умисла и во најголем дел го внесоа и во целокупната историска документација од Граѓанската војна (1945-1949), а ние тоа го прифативме и го правевме на сиот глас, па дури и сегордеевме дека пишуваме историја на Славомакедонците.

Се поставува прашањето: Дали овој прв човек на НОФ,за што историографијата вели дека НОФ претставуваше воено политички фактор, тоа го прави од незнаење?Тоа неможе да биде, бидејќи тој истиот беше прв човек при формирањето на организација СНОФ во Костурско(20 октомври 1943 година), но исто така и прв човек на организација НОФ во Скопје (23 април 1945 година) и добро знаел зошто е избришана бук-вата “С”, што значи не “Славо”.

Грчкото општество (држава) по поделата на Македонија (1913-1919) година, односно со етничките промени од 1920-1940 година, изработи повеќе или помалку експлицитни правила и модалитети за политичко интервенирање со цел да се справи со културната разнообразнот и плуралноста на идентитетите кои настанаа по етничките промени од две поголеми групи:

1. “Вистинските национални припадноци со корен-Македонците” и

2. “Лажните национални припадници со доселеничко потекло-Маxирите

(Пондии). Ставот и целта на грчкате влади низ целиот то период на време им била и останува до денденес: Да се скрши историскиот спој Македонија-Македонци.Ине случајно Македонија под Грчка, беше именувана во Ворија Елада Грците, добро знаат дека: Именувајќи не во “Славомакедонци” тоа претставува племенски атрибут на идентификација на Македонците Словени и одговара на периодот пред 4-от век кога се случи големата преселба на народите од старата татковина на Словените и дека немаме ништо со античките Македонци и со нивните атрибути. Значи, целта им е да му кажат на всетотим дека древна Македонија нее татковина на овие- СЛАВОМАКЕДОНЦИ. Тоа и денеска некои од светските медиуми го пропагираат во таа на-сока и во корист на грчката пропаганда.

До сега, од таквите пропаганди сме доживеале разни толкувања за КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ИДЕНТИТЕТИ и тоа: за националниот идентитет има берем три видувања меѓу самите Македонци. Едни ги наоѓаат своите корени во античка Македонија; други, во автоктонасловенска струја од деветнаесеттиот век на АСНОМ; додека трети зборуваат за бугарски корени. Види: повеќе информации во мојата книга: “Идеолошкиот активизам над Македонцците во Грција” издавач “Матица македонска”, Скопје 2000 година.

14. 06. 1940 година. Со другарски пздрав, Паскал За таквите зафати на раководствата на КПГ и ДАГ во “АМ, Збирка Егејска Македонија во НОБ 1945-1949”, АЕ: 476/49 и АМ, Ф-7/108, се вели:

“Регрутацијата на децата се вршеше со широка пропаганда и со примена на притисок. За таа цел беа издадени соодветни директиви, наредби и беа испратени специјални емисари.

Регрутацијата на децата се вршеше не по возраст, туку по висина, и на тој начин беа регрутирани деца на 12-13 годишна возраст. Од романија, Чехословачка и беа регрутирани неколку стотици деца. Исто така, беа организирани центри за обука на децата и по неколкудневно обучување тие беа испраќани на првата линија на фронтот, каде повеќето и загинаа.” Таквиот потфат го потврдува и тогашно евакуирано дете: Томе Миовски, Сеќавања “Мобилизирањето на Мекедончињата од Чехословачка”. Види: Весникот “Незаборав”, стр. 7. Од 1 јули

1995 година.

“Точно една година од нашето заминување од родните села, кога Привремената демократска влада (ПДВ) не собра и не испрати по демократските држави за да се спасиме од сигурната смрт, од непријателските бомби и од гладот и болестите, ете пак истата сака да не врати во пеколот на војната, во пеколот на смртта. Тоа беше вака: На 17 април 1949 година во 8,30 часот, директорот на Домот ни соопшти, дека денеска по ручекот ќе допатува во нашиот детски дом делегација на Политбирото на Комунистичката партија на Грција (КПГ).

Точно во 16 часот пред домот се појави еден црн “татраплан”, голема лимузина и уште невлезен во главната врата, почнавме да викаме пароли и да го пееме партизанскиот марш. Штом запре колата, излезе Милтијадис Порфирогенис, член на Политбироти на ЦК на КПГ и министер во Привремената демократска влада за правосудство.

По свечената вечера која мина во радосно расположење и апсолутна тишина, директорот ни соопшти, дека младичите и девојките од 15-16 годишна возраст со гостинот во 20 часот ќе имаат состанок, а другите во 19,30 треба да одат на спиење.

Во 20,15 часот, гостинот влезе во салата, а ние сите станавме и со долг аплауз го поздравивме со паролите: “Да живее Маркос, да живее КПГ, да живее Слободна Грција...” Седна и сите по него седнавме и пак се исправи како гигант пред нас децата и со тивок глас почна да ни раскажува за борбените успеси што ги достигнуваат единиците на ДАГ против монорхофашистите:

“ДАГ ја има во свои раце 25% од целата територија на Грција”, рече тој. Во секое село има народна власт народни одбори, народни судови, селски задруги, основани се народни болници, културно-уметнички и фолклорни друштва, народот се чувствува слободен и веќе за неколку дена во наши раце ќе падне Лерин, Костур, Воден и другите градови и дека 1949 година ќе биде година на победата.” Ние од радост станавме и почнавме да викаме: “да живее Слобдна Грција, Маркос победа. Маркос победа!” Не утеши гостинот и продолжи: “Младии и младинки, синови и ќерки на нашите борци на херојската Демократска армија, јас сум испратен од Политбирото на ЦКна КПГ и од нашата Привремена демократска влада за да ве повикам и вие да одите долу во татковината, бидејќи нашата света борба има потреба од млади луѓе, млади борци, достојни на своите татковци и мајки кои секојдневно достигнуваат борбени успеси против нашиот непријател-монархофашизмот. Исто така ќе се си ги видите вашите убави и сега слободни села, вашите родители, роднини и домашни. Затоа ве повикувам сите кои сакате “доброволно” да се вратите во Слободна Грција, да станете и тука да се запишите”. Тој го држеше списокот, што го имал кај себе со нашите имиња.

Еден по еден се запишавме 31 младичи и 8 девојки и откако се запишавме, гостинот, ни рече: “Знајте, дека доброволците од Романија и Бугарија, веќе се вратија во “Слободна Грција” и во многукратко време одлично го овладаа оружјето и овие денови стануваат редовни борци на славната ДАГ, а другите деца од другите демократски држави се на пат за татковината, а пак вам во најкратко време ќе ви биде соопштено. Но за вашето враќање во татковината на никого ниту збор, ниту на тукашните, ниту на домашни, на никого, разбирате, бидејќи кој од вас ќе каже или напиши, тој е непријател на нашата борба”.

Следниот ден, во понеделникот по ручекот, не собра нас “доброволците” директорот и ни рече: “Од денес до 20-22 часот до вашето заминување, ќе имате секоја вечер ноќно тренирање на теренот за да се учите на ноќни борби. Од денес нема на никого, а за враќање во Грција на никого ниту збор, ниту на вашите помали браќа и сестри. Кој од вас се осмели да каже, ќе биде протеран од домот”.

После седум дена, во неделата на 24 април 1949 година во 18 часот, директорот не собра нас ‘доброволците’ и ни рече:

“Утре, понеделник, 25 о. м., во три часот раното, ќе замините со воз во братислава со воспитачката Ирина. Ќе добиете студена храна за еден ден и ќе тргнете пред да почне движењето во селото. Таму ќе се сретнете со повеќе ‘доброволци’ и оттаму ќе заминети за “Слободна Грција”.

Во понеделникот на 25 април 1949 година во два часот наутро, не разбудија и на брзина се измивме, се облековме, ги дигнавме куферите и точно во 2.30 часот тргнавме во редовенстрој во придружба на директорот и воспитачката Ирена, без да се видиме со нашите помали браќа и сестри, тргнавме со брз марш до железничката станица, која беше на еден километар оддалечена од домот и во три часот, се качивме на возот и тргнавме за Братислава. По целото патување бевме добро расположени и весели и целото време пеевме партизански и револуционерски песни.

По десет часа патување, коиизминаа многу брзо, околу еден часот по ручек, стасавме во Братислава на железничката станица каде што не чекаше придружба, се поздравивме со воспитачката Ирина, која требаше да се врати, бидејќи не и беше дозволено понатаму да патува со нас.

Околу 14 часот стасавме пред влезот на касарната, каде што имаше стражар. Откако го прегледаа камионот, тој ги отвори вратите и влеговме во големиот двор, каде што се движеа војници. Малку понатаму запре камионот и сите слеговме и одма околу нас се собраа неколку групи деца, кои беа пристигнати пред нас. Со многу од нив се познававме уште од првите денови во Чехословачка, кога во декември 1948 година беа испратени во автомобилскиот завод “Татра” - Копривница на техничко училиште, а еве сега и нив ги мобилизирале.

Се одморивме малку и во 8 часот веќе беа пристигнати и другите и така сите се собравме во големиот двор и таму се запознавме и со одговорните, кои беа испратени од КПГ., односно од партиската организација од Булкес, а тоа беа Никола Стојановски, родум од село Герман, Прспанско и Никос Зафиридис и Геогиос трендафилидис, обајцата Маџири од Костурско.

По вечерата во воената менза. Одговорните направија општ список од сите нас 250 деца од кои 200 Макеончиња, а другите Влашиња и Маџирчиња, настојувјќи по наредбата на КПГ сите нас Македончињата да не запишат со грчки имиња и презимиња, иако ние одамна ги имавме подребано грчките имиња и презимиња, уште кога се отворија училишта во слободните села, но тие упорно настојува велејќи ни: “Утре кога ќе одите во Грција за да се борите против фашизамот, ќе вели непријателската пропаганда, дека во Грција се дојдени југословенски и бугарски доброволци, а не грчки.

Ние, едногласно и најстрого протестиравме против таа велкогрчка теорија, одбивајќи ја и сите се запшавме со своите имиња и презимиња и наредбите и заповедите ги вршевме на макдонски јазик, а Грчињата беа одделна чеа и ги врШеа на грчки јазик.

Другио ден, одговорните не одделија на три чети, две македонски и една грчка...” Понатаму објснува, дека на 4 јуни 1949 година ги посетил членот на ПБ на КПГ Петрос Кокалис-министер за просвета и култура во ПДВ и им соопштил: “Другари другарки, дозволетеми да ви ги пренесам бобените поздрави од борците на ДАГ, кои секојдневно достигнуваат борбени успеси, …Борбата нема нужда од нови борци.” Продолжува да раскажува: “Ние, сите како што бевме построени за еден момент онемевме, бидејќи ни дојде ненадејно, не можевме да разбереме зашто не не пуштат, кога веќе 41 ден деноноќно тренираме и сме готови, а сега владата реши да не одиме? Дали е кон крај ослбодувањето или во што е работата? Самите одговорни не знаеа што станува. Бевме толку разожарани, ниту јадевме, само скитавме по дворот и се прашувавме…” Ако тогаш не се знаеше, сега се знае, дека токму во тоа време беше повикан во Москва Захаријадис и од советското раководство и му беше наложено и наредено на ДАГ да ја прекине оружената борба и да се повлече, а ПДВ да поднесе апел до Генералното собрание на ООН за мирољубиво разрешување на конфликтите. Но, истотака се науираше и ликвидацијата на ДАГ.

Но, откако ќе се прочита овој текст од саќавањата на ова тогашно евакуирано дете, нависти човек неможе да остане рамнодушен, спрема постапките на еден таквите:

Трговци со човечки судбина.

Што правеле “Во името на народот”. Тој збор беше задолжителен дел од политичкиот вокабулар, мотив и алиби за многубројни идеолошки преслекувања, воени цели, територијални освојувања и етнички чистења.

Овој министер (Порфирогенис), повеќе личи на трговец со судбината на детските души, отколку министер за правда во ПДВ, која раководеше со ДАГ, а во таа армија со 60% од воените ресурси беа Македонските селани. Неговата агитациона дрскост спрема овие деца дека ќе си ги видат родители, убавите села, пријателите, слободната прадедова земја… “Но за вашето враќање во татковината на никого ниту збор, ниту на тукашните, ниту на домашни, на никого, разбирате, бидејќи кој од вас ќе каже или напиши, тој е непријател на нашата борба.” ја дава сликата на целокупната ситуација во која се најде македонското дете, под тој комунистички идеолошки инжењеринг, но не помалку и македонскиот борец.

За нив (тие што ја раководеја војната) не постоеја идеали, не постоеја свети нешта, не постоеја морални ограничувања. Се можеше да се стави во функција на сопствената кариера, се можеше да се каже во сопствената корист, се да се направи за сопственото јас. По завршувањето на војната се покажаа како духовно инвалиди кои ја држеа власта во војната на чуден диктоторски начин за можат до бесвест да повторуваат зборови како: патриотизам, лојалност, идеал, традиција и посветеност на раволуцијата.

Секој ќе се запраша: дали за ова се боревме??!! Каде беа НОФ и АФЖ, да не заштитат? Имаа ли моќ? НЕ!

ГРИЖАТА И ПОПЛАКИТЕ НА ГРЧКАТА ВЛАДА ЗА ОДЗЕМЕНИТЕ ДЕЦА ОД СТРАН НА КПГ И ДАГ На 27 феврури 1948 гоина, грчката влада вложи официјално писмо до: United Nations Special Committee On the Balkans (UNSCOB) - Специјална Комосија на Обединените Нации за Балканот, за следното:

“Дека Елинопула (грчки деца) се преселуваат насилно од страна на андартите (партизаните на ДАГ) подалеку од границата, кон Албанија, во Бугарија и во Југославија. Истотака и во други држави кон источна Европа и се задржуваат во овие држави.” Дополнително, поткрепувајќи уште со следното: