(СУПТИЛНА МАНИПУЛАЦИЈА СО МАКЕДОНСКИОТ ЧОВЕК И СО НЕГОВАТА ИСТОРИЈА.)
(СУПТИЛНА МАНИПУЛАЦИЈА СО МАКЕДОНСКИОТ ЧОВЕК И СО НЕГОВАТА ИСТОРИЈА.)
На 27. 03. 1949 година, свикан е основачки состанок од 163 комунисти,делегати на II-от конгрес на НОФ,на кој едногласно е решено да се формира комунистичка партија на Македонија од Егејскиот дел на Македонија, која би била засебна организација и дел од КПГ и би се викала КОЕМ (За овој настан, се велеше дека е најсветлата точка од грижата што ја водеше КПГ спрема нас Македонците, но да ја оставиме историјата да каже колку навистина беше и остана “светла”)
Но, да видеме како нашата истрориграфија го оцени тој настан:
“Создавањето на КОЕМ беше своевидна тактика со крајна цел македонското национално прашање да се стане составен дел на антијугословенската ИБ кампања, да се предизвика прекин на сите духовни и политички врски меѓу Македонците од Вардарскиот и Егејскиот дел на Македонија создадени во борбата за национална и социјална слобода, дезориентација на национално-ослободителното движење на егејските Македонци и вклучување на македонскиот фактор во божемните причини за поразот на ДАГ”. (Види: вес. “Вечер” - Историската вистина не е дневна политика. Од 2 јули 1989 година, д-р Ристо Кирјазовски.)
Зарем, е тешко да се сфати, дека ние Македонците под Грција им станавме предмет за одмаздување во нивните идеолошки ставови на КПГ и КПЈ, но и државната политика на Грција и Југослвија.
На 4 април 1949 година во Вашингтон се потпиша конкретна согласност за оформување на НАТО, од владите на САД, Британија, Франција, канада, Италија, Португалија, Белгија, Холандија, Луксенбург, Исланд, Данска и Норвешка.
Значи, се работи за една знажајна согласност, со која Западноевропските држави ги ставија своите воени сили под рамковна контрола на американскиот Пентагон.
Владите на сите потписнички држави, паралелно со потпишаниот документ, посебно потпишаа и договори за воените обрски со САД, во кој се одредени условите за американската помош кон овие држави и соответното наоружување на сите воени формации.
Така со создавањео на НАТО, се заокружи едно прегрупирање на меѓународен план под водство на САД -, една таква прегрупација која го характеризираше економското и политичкото ниво со “Трумановата доктрина” и со
“Маршаловиот план”.
Оформувањето на НАТО, силно се одрази и на целокупната грчка положба во однос на Граѓанската војна.
ПРЕДЛОЗИТЕ НА КПСС КОЈА И ГИ УПАТИ НА КПГ ЗА ПРЕКИН НА БОРБАТА.
По создавањето на НАТО, се создаде и нова положба во регионот, а од таквата положба најмногу беше вознемирен Советскиот Сојуз, кој покажуваше дека работите се развиваат необично опасно за мирот, но и за народните ослободителни движења во капиталистичкиот свет, но и непомалку опасно и за народните демократски републики кои беа создадени во Европа по завршувањето на Втората светска војна. Посебно беше вознемирен - Советскиот Сојуз за балканските народни демакратски земји - Албанија, и за Бугарија пред кои се јави посебна како рак - рана рана, со излегувањето на Југославија од социјалистичкиот лагер и претстоеше опасност од евентуална американска воена интервенција бидејќи тоа се условуваше и со Граѓанската војна во Грција.
За таа цел на 11 април 1949 година Никос Захаријадис, генерален секретар на КПГ беше повикан во Москва кеде што од советското раководство му беше наредено ДАГ да ја прекине оружената борба и да се повлече. Во Москва му беше речено дека работите се развиваат опасно за мирот, за народите и земјите со народна демократија и дека Советскиот Сојуз има информации дека Американците под мотивација на операциите против ДАГ, ќе ја нападнат и ќе ја окупираат Албанија.
Советскиот Сојуз, поради прекинот на своите односи со Југославија, не ќе може да и помогне на Албанија. На Захаријадис строго му беше речено дека ДАГ не ќе може да добива помош, бидејќи на 1мај 1949 година Албанија и Бугарија ќе ги затворат границите.
На седницата на ПБ на ЦК на КПГ е решено да се подготви план за повлекување на ДАГ. 28 По предлог на Захаријадис, на 20 април 1949 година, ПДВ одржа вонредна седница на која реши да се обрати со апел до Генералното собрание на ООН, до Светскиот конгрес на приврзаниците на мирот и до демократите во целиот свет. Со апелот, ПДВ побара од неведените меѓународни институции да посредуваат за едно чесно демократско помирување во земјата и дека е готова за прекин на војната, штом ќе се обезбеди тој мир.
Захаријадис, на истата седница предложи да се направи еден неопходен преглед - список за снабдувањето со храна и со воени материјали барем за период од два месеци бидејќи требаше на 1 мај 1949 за се затворат границите со Албанија и со Бугарија.
Повлекувањето на ДАГ беше одложено, поради тоа што во тоа време Советскиот Сојуз преку Генералното собрание на ООН и во рамките на конференцијат за германскот прашање, поднесе предлог за мирољубиво решение на грчкото прашање.
Предлогот на Советскит Сојуз содржше: опшата амнестија, слобдни паламентарни избори со учество на преставници на демократските кругови што раководат со народноослободителните движења и под контрола на големите сили, формирање комисија од големите сили за контрола на границите на Грција со северните држави.
Оваа акција за звршување на Граѓанската војна пропадна, бидејќи владите на САД, на Велика Британија и на Грција го одбија советскиот предлог и побараа безусловна капитулација на ДАГ.
28 1. Василис Барxиотас, односно втор човек од високото раководство на ДАГ, во својата.
КАКО Е ОДРЕДЕН ВИНОВНИКОТ ЗА ТРАГЕДИЈАТА?
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/one-way-ticket-mac/14 на 29 октомври 2026