On the Road of Time (Following the Traces of Memories)
ПЕТРЕ НАКОВСКИ НА ПАТ СО ВРЕМЕТО - Part 14
Еден ден во дворот на прифатилиштето влезе камион и од него растоварија цел куп воени блузи. На сите ни поделија по една. Ни дојдоа како зимски палта. Се губевме во нив. Долги до под колена, ракавите ги подвиткувавме повеќепати за да ни се гледаат прстите. Не беа нови. На многу места беа издупчени и имаше петна од засушена крв. Во џебовите наоѓавме фотографии на жени, деца, девојќи и цели семејства. Имаше и писма. Беа пишу-вани на грчки јазик. Едни пишувани со молив, други со мастило и врз нив имаше дамки од крв. Тие кои знаеја да читаат грчки, ги читаа на глас. Ние, неуките во грчкото писмо, слушавме внимателно и многу, многу сочувству-вавме и тажевме. Тие, за нас непознатите, преку писма и слики се сретнуваа, си зборуваа, си ги делеа радостите и маките, се гледаа преку фотографиите. И ни станаа блиски затоа што и тие беа разделени од своите, ама се сретнуваа со писма.... Ние ниту писма, ниту слики не добивавме и не праќавме и не знаевме кој каде се наоѓа сега. Борбите се водеа во нашите места. Тоа го знаевме и пред да не одведат. Кога ја слушавме захрчената кутија обесена на врбата, по наведените имиња на планините и ридовите, веќе знаевме дека облакот на војната виси над нашите куќи и токму нив ги гори оган. Останаа ли дома нашите? Не знаевме. И макар што сфаќавме дека писмата и сликите што ги наоѓавме во џебовите од окрвавените воени блузи сега се само многу тежок и ужасно болен спомен, ни се чинеше дека тие беа живата нишка што со своите ги врзуваше додека беа живи. Ние сме живи и никаква нишка не се протега од нас до нашите и од нашите до нас. Многу тагувавме по секое прочитано писмо, по секоја разгледана слика и ноќе не измачуваа соништа. Не сонувавме раззе-ленети ливади, созреано овошје, распеани птици... туку опожарени куќи и расплакани мајки…
Во ноември уште повеќе застуде. Црни облаци висеа над морето и градот, се почесто врнеше и се посилни беа студените ветрови што дуваа од кај морето. А времето за нашето враќање стануваше се подолго. На нашите родители им рекоа брзо ќе им се вратат децата. Толку брзо колку брзо ќе стивнат воените бури, колку брзо војската владина ќе биде протерана и ќе ги снема авионите и топовите. Така беше речено. Ги снема ли воените бури и авионите?
Кон крајот на месецот, попладнето, на џадето, понатака од морнарската касарна, еден зад друг се наредија дваесетина воени камиони. Беа сосема нови и велеа дека штотуку стигнаа од Русија. Вечерта се пушти глас:
- Пакувајте се! Заминуваме!
Немавме што да пакуваме. Од облеката со која не испратија не остана ниту половина. Малку понесовме зашто беше речено дека многу брзо ќе се вратиме.
- Се враќаме, се враќаме дома!!! Дома!!Дома!!! - громко се разнесе глас и викање.
Избувна радост и радост завладеа. Нагла, невоздр-жана, небаре како секавица веста се спушти од небото.
Викавме, скокавме, се прегрнувавме и живнавме од таа голема вест што не облеа и не исполни со надеж. Никогаш до сега таков блесок и јаснотија немаше во нашите очи.
Напоени од тоа огромно чувство изгубивме сон и нетрпе-ливо чекавме зора предадени на радоста. Утредента рано не разбудија. Во групи, по села, построени, добро знаевме да се постројуваме, се качувавме во воените руски камиони.
Не свртивме поглед да ја видиме, можеби за последен пат, сивата, трикатна зграда, разгранетата врбата
- плачка и игралиштето каде оставивме седум месеци од нашето не многу весело детство.
Утрото тргнаа камионите и пред нив невоздр-жано трчаа, летаа, се престасуваа нашите мисли. Ни се чинеше дека камионите се влечат и нетрпеливо си мислев-ме дека пеш побрзо би стигнале дома. Цело време си замислувавме како во трчање ќе влетаме во прегратките на нашите мајки, како ќе не гушкаат и ќе не бакнуваат, како нивните солзи - радосници ќе се разлеат по нашите образи како ќе се втрчаме во дворовите и во куќите, како ќе се растрчаме по селските сокаќиња и селото, како секое катче ќе го исполниме со нашата смеа и џагор, како...
... Не, руските воени камиони не не однесоа дома.
Горе, високо во планините, на заснежена полјана поделена со граница, не презедоа други камиони, а од нив возови кои без возен ред не пренесоа на север во ширни и зелени рамници...
17.
Се враќаме по нашето Saxo. Се вклучуваме во долгиот синџир од стари мерцедеси и возиме на север.
Надвор од градот, во широката рамница завршува асфалти-раната улица и знак дека патот е во градба.
Свртуваме на исток и влегуваме во споредна долга улица. Лево и десно ниски куќи, тротоарите попло-чени, дрвореди од недамна насадени млади липи. Ова е далечна периферија на Драч. Нема никакво движење.
Возим полека. Загледани сме во убаво средените дворови.
Зад нас загрме силен свиреж, како карање или пцуење, веројатно затоа што возим по средината на улицата.
Веднаш преминав десно, на автобусот зад кој се влечеше густ облак од прашина, му сторив пат и по изминати стотина метри застанав зад чудовиштето што пред малку не искара. Од автобусот слегоа неколку патници. Набрзина слегов од колата и му се доближив на висок маж. По изгледот и ставата – човек во години. Се поздравив на албански, а потоа го прашав дали зборува македонски.
Човекот го спушти куферчето и во тој миг во неговите очи забележав искра на изненадување.
- Зборувам. Јас сум Македонец... А по табличката на колата гледам дека сте од Скопје, нели? Што мака ве донесе тука?
- Го бараме патот за Сук...
- Сукт – ме поправи. – Има два. Едниот е оној кај ридот, а другиот оној пред нас.
- Ние го бараме оној каде пред шеесетина години беа сместувани македонските и грчките партизани од граѓанската војна кои беа лекувани во албанските болни- ци...
На лицето на човекот, чие име се уште не го знам, се појави израз на вчудовиденост и по кратко молчење, рече:
- Не сум слушнал дека во Сукт имало такво нешто...
- А кој пат води за Сукт?
Човекот се сврти на запад и, покажувајќи со рака, почна да не убедува дека со оваа кола не би можеле да одиме таму, бидејќи патот е во изградба и многу е рас- копан.
- Таму нема ништо... освен лозјата...
- А бараки или остатоци?39
- Нема ништо. Сум бил таму. Пред шеесет години, велиш. Тоа е многу. Времето се има избришано...
- Да... – реков одолговлечено. – А ние сакаме...
- Да го вратите времето?
- Времето - не, но споменот – да...
- Од тоа таму нема никаков белег... Можеби кај некој кој бил таму и е жив ... – не посоветува.
Пладне е. Пржи жешкото сонце. Се чувствуваме празни, разочарани, сиромашни. Молчиме...
- Простете... – го прекина тој молчењето - не ви кажав дека името ми е Исо, градежен инженер и сега во пензија...
И ние му се претставивме и го замоливме да не упати како да излеземе на автопатот што води за Тирана.
- Тоа е лесно. Ама јас прво би ве замолил да појдете со мене кај едни мои роднини. Таму малку да здивнете од оваа жега, а тие многу ќе се израдуваат кога ќе слушнат дека сте од Македонија. Одиме?
Ја прифативме поканата, а Исо со мобилниот ги извести роднините дека им носи гости.
На споредната улица мала, недамна градена куќарка. На тротоаторот паркиран Mercedes. Излезе маж во одминати години, трипати се пегрна со Исо и без да праша кои сме и од каде, истото го стори и со нас. Со широк замав на рацете не покани да влеземе в куќи. На прагот - домаќинката. И таа не изгушка и откако собувме чевли и искажавме топли и убави зборови за убавината на куќата и 39 За престојот на македонските и грчките партизани во Сукт види во моите романи ,,Постела за чемерните,, и ,,Големата измама.,,.
пожеливме мир и среќа, не седна на миндер покриен со рачно исткаени килимчиња. Пред нас скрснозе седнаа домаќинот и Исо, а домаќинката откако не послужви со слатко и студена вода, во мали филџани го донесе кафето.
- Значи сте од Македонија? – го почна разговорот домаќинот. – Јас таму сум бил едно десетина пати. За трговија. Добро имате, ама нас, Македонците во Голо Брдо не заборавивте. Не оставивте на Бугарите. Доаѓаат тие, Бугарите велам, и ни велат дека сме Бугари, та со камиони ни носат износени алишта, среде село растоваруваат од камионите вреќи со брашно, грав, леќа, шеќер и пакети со некакви слатки за децата, сокови, кока - коли, па дури и вода. Земете, велат, и ако признаете и се запишете дека сте Бугари, повеќе ќе ви носиме. Знаат дека сме сиромаси и со подароци сакаат да ни ја купат душата. А ние земаме се што носат и многу од донесеното го продаваме на пазарите во Пешкопеја, па дури и на пазарите во Драч и Елбасан.
Така е. А кога одиме во Скопје, таму ги молиме големците, та им велиме, а бре луѓе, а бре браќа, отворете уште некој граничен премин за да ни биде полесно да доаѓаме во Македонија каде ќе си најдеме и некоја работичка било како аргати, било како ѕидари, само да капи некоја парич- ка. Ние не се срамиме од работа. Се работиме...
И како што тече разговорот исполнет со многу жалење дека Македонија ги заборави Македонците од Голо Брдо, така на тротоарите се паркираат се повеќе Мерцедеси и куќата се полни со луѓе од соседството. Сите се од Голо Брдо. Едни со привремен престој, чекаат преселување во Драч, други на печалба – ѕидари и аргати.
- Знаете – вели домаќинот – тука, на периферијата на Драч има многу Македонци. Ги има многу и во Драч. И ние, за пример, ќе се селиме во Драч. Синовите ми работат во Италија и со парите што таму ги печалат во Драч си купивме голем стан и таму наскоро ќе се селиме. И свадба ќе му прајме на постариот син...
- А за Бугарите – дофрли некој од кај вратата – тешко дека душа ќе ни купат со брашно, грав и шеќер...
Туку што ќе правиш? Изгледа Македонија далеку е од нас..
Ај порано, друга беше политиката и таму и тука, ама сега Македонија е држава и треба да ни помогне и да не брани и чува...
18.
Иако не убедуваа дека патот за Бурељ е лош и раскопан, се пак, одлучивме да одиме таму.
Стигнавме ноќе.
Бурељ е тивок град, сместен во живописна околи- на. Оддалечен е сто четириесет километри северно од Драч. Кај намерникот не остава незаборавни впечатоци и желба за повторна средба. Нас тука не не доведе желбата за задоволување на туристичката љубопитност, бидејќи вооп-што не се покрива со целта на нашето долго патување по раскопаниот макадам.. Како и во претходните денови, така и сега бараме траги од минатото на тие, кои тука беа доведени и сместени во напуштените бараки и касарни.
Тука, додека се уште гореа ридовите на Грамос, со ками-они беа префрлени и сместени поразените и разоружени единици на ДАГ. Тука во Бурељ или Бурели, сто четири-есет километри северно од Драч и уште толку, ако не и повеќе, далеку од грчко-албанската граница, политчкото и военото раководство, пет – шест луѓе на куп, пред лицето на поразената Демократска армија на Грција ги бараа причините, а најмногу виновниците за поразот.
Пред да појдеме на пат со времето и по трагите на спомените, разговарав со многу поранешни партизани – борци на ДАГ и не еднаш во разговорите се навраќав и на тоа што се случи во Бурељ. Името на градот во нивното паметење е сочувано како Бурели не толку поради тоа што тука ги одболија првите денови по тешкиот и крвав пораз, туку најмногу по случувањата што тука се одвиваа и кои во нивните спомени врежаа најдлабока и најболна трага.
Самото спомнување на името живите борци на ДАГ ги враќа во тоа дамнешно и налудничаво време. Ретки беа тие кои отворија уста, душа и срце и прозборија без сомневање дека откриваат некаква тајна.
Нивното раскажување честопати е прекинувано со воздишки на разочарување и со многу прашања искажувани со жолчна горчина, но не и без обвинувања.
- Со денови, со недели, и предпладне и попладне
– го почна своето раскажување тогаш осумнаесетгодиш- ната автоматичарка – дека не сме ја изгубиле оружената борба, туку привремено ја прекинавме поради предав-ството на Тито кој во нашите редови уфрли свои агенти и шпионони и потоа ги затвори границите. Ова тврдење постојано методски го мелеа и се повеќе распалуваа колективна омраза кон човекот за кого сме пееле песни, сме го славеле и за земјата која прва ни подаде рака, не хранеше, не вооружуваше и ни ги лекуваше раните. И пред тоа, речиси цела година, таму во рововите и во земјанките, и пред одење и враќање од борба, политичките секретари во името на партијата, најлошо ни зборуваа за Тито. Зборот предавник веднаш не тераше даго впериме оружјето со прстот на скрапецот. Зборот на партискиот секретар, на политичкиот комесар беа зборови на партијата. Беа свети.
Се примаа и се прифаќаа без поговор. Тие зборуваа во име на партијата, а ние безусловно и верувавме на партијата. Се примаа и се прифаќаа без поговор. Тие зборуваа во име на партијата, а ние безусловно и верувавме на партијата. Но тешко ни доаѓаше да им веруваме на тие кои се враќаа од болниците во Јасеново и Катланово. Скришум и во доверба ги прашувавме - добро, нека е така, дека Тито ја затвори границата и е предавник, а како се најдовте вие во Јасеноно и Катланово, штом границата беше затворена? Предавници ли ве лекуваа? Добро, и да беше лага, дека границата беше затворена, штетата беше огромна. И со мала лага се прави голема штета. А лагата тогаш ем беше голема, ем направи голема штета. Таа лага најмногу не погоди нас, Македон-ците, кои пред тоа пеевме песни за Тито и го славевме. И наеднаш – предавник,агент на Американците. Штетата велам беше огромна. Треба да си мајстор за да успееш да уништиш една верба и да внушиш друга. Лагата е опасна кога станува вистина.
Од порано слушавме од нашите политички коме-сари дека Тито ни сврти грб, но овој пат обвинувањата длабоко се врежуваа во нас, а јазикот со кој зборуваа тие од раководството беше толку убедлив што кај нас предизвику-ваше масовен и хистеричен гнев. Токму ова им требаше и тоа го брзо го постигнаа. И откако врз Тито и Југославија не оставија сув конец, му се свртија на раководството на НОФ и АФЖ.
Дванаесетмина од нив катаден изведуваа на импровизирана бина и тогаш дознавме дека тие, дванаесет-мината, беа уфрлените агенти и шпиони на Тито.
Именуваните виновници излегуваа на бината, речи си ги тераа да излезат. Нешто зборуваа, ама кој ги слушаше. Нивните гласови се губеа во нашите зовриени пцости.
Се чинеше дека тие од високото раководство немаа потреба повеќе да објаснуваат. Масата се дигна на нозе. Пред очи ги имаше живите виновници, тие, Титовите и југослвенски агенти и шпиони кои од внатре го сакатеа и го гризеа демократското движење и народната револуција.
И така високото раководство, како што велеа - партијата, расчисти со причините за поразот и бараше да исчисти извалканата чест, гордоста и достоинството на секој борец и боркинка.
Ние, насобраната маса, озлобени поради претр-пениот пораз, понижени поради изгубената вера и доверба, баравме одмазда. Кон тоа не поттикнуваа и говорите на челниците на партијата. Нивните гестикулации и тонот на гласот, како и изборот на што поубедливи зборови, во нас уште повеќе ја разгоруваа желбата на виновниците за поразот што побрзо да им се одмери најстрогата казна.
Баравме одмазда, а тоа го изразувавме со силни викања, закани и неодложно извршување на казната.
- Смрт!!!
- На бесилка!!!
- На три метри пред ѕид!!! – викавме и баравме..
Тоа беа нашите одговори на секој нивен обид да зборуваат или да се обидат да објаснат. Никој не ги слу-шаше, а сите ги баравме нивните глави.
Кога некој ти зборува за борба, за победа, за јунаштво, а не си го видел на прва линија, во долгите ноќни и истоштувачки маршеви под дожд и големи студои, кога никогаш не влегол и не останал заедно со тебе да преспие во влажните и мувлосани земјанки, не зачекорил во калливите ровови, не му посинало рамото од носење на митралезот, минофрлачот, сандакот со муниција, носил-ката со ранетиот, не те посетил во болница кога си бил ранет, никогаш не каснал мувлосан леб, не пиел вода од матна и каллива локва, никогаш не сркнал од булумачот – изматеното брашно во млака вода, не пасел трева и на пролет не јадел набабрени пупки и младо лисје, никогаш не ти ги видел раните преврзани со валкани партали, загноени, црвјосани, – таквиот не ти е мил... Кога бевме на кратка почивка во некое погранично костурско или прес-панско село, таквиот знаеше да се појави и да те храбри, да ти држи долги говори, а ти ненаспиен, капнат – истоштен, смрзнат и гладен, вошкосан и валкан, мораш да го слушаш...
- Смрт!!!
- На бесилка!!!
- На три метри под ѕид!!! - викавме на цел глас и со стегнати тупаници се заканувавме. Никој од илјадни-ците борци што таму во Бурели не имаа собрано по поразот, не дигна глас во нивна одбрана. Зошто? Зошто не станавме и на тие кои ги нарекуваа предавници, шпиони и што ли не друго, да им речеме:
- Другари, вие бевте високото раководство и каде е вашата одговорност?
Не имаше совладано слепилото наречено пар-тиска послушност и верност кон партијата и над неа, кон водачот… Да, бевме заслепени. Нас, простите селски деца така не научија, така ни го имаа испрано мозокот што во него немаше место за да се роди мисла и мислење... Нам да ни се речи дека наши другари се наши непријатели, шпи-они и агенти на Тито и на Американците, беше исто како да фрлиш бензин во огнот. И ако би ги имале пушките, тогаш прстот веднаш би ни се местел на шкрапалото од пушката.
- Смрт!!!
- На бесилка!!!
- на три метри под ѕид!!! – не престаанувавме да ја бараме казната и бевме готови со сопствените раце веднаш да ја извршиме...
А тие, големците, одлично знаеја да го распалат огнот во нас.
Сите ние до еден ја посакувавме смртта на виновниците, посакувавме да ги видиме како висат, да ги видиме како паѓаат под ѕидот пронижани со стотици куршуми. И додека ние на сето грло викавме, барајќи смрт, тие, големците, се редеа на говорницата, обвинуваа, викаа, плукаа, покажуваа со прст, а ние викавме:
- Смрт, смрт, смрт!!!
- На бесилка!!!
- Под ѕид на три метри!!!
Тогаш не оти ние мислевме! Мислеа други, а ние само извршувавме. А дали аргументите држеа вода или не, не беше наше да цениме. Ние бевме војници, голем дел членови на партијата и тие, од горе, го држеа тонот. Тие од НОФ-та нешто велеа, но ние не им го слушавме гласот. Се губеше во нашите извици во кои се бараше нивната глава.
А, да. Рекоа – ние не сме предавници, тоа го рекоа, ама не рекоа кој е ...
Зошто не рекоа?
Дали ние ги браневме? Дали рековме барем еден збор во нивна одбрана? Ако некој ти речи дека ги бранев-ме, ќе те излаже. Не ги браневме. А зошто не ги браневме?
Во Бурели Захаријадис и неговата дружина меѓу Македонците го фрлија јаболкото на раздорот. Отровот на неслогата бришеше секакво размислување. А дали разми-слувавме? Тој секогаш водеше сметка ние да не размислу- ваме. И тоа не го правеше лично, ами преку свои покло- ници. А поклоници најмногу му беа и тие, кои ги нарече агенти и шпиони; тие го слушаа без поговор, тие го славеа и го ширеа меѓу нас неговото име и вербата во неговата непогрешлива ѕвезда. Ние, озлобените и гневни поразени борци на ДАГ во својата понижена гордост и достоинство
– ниту сакавме, ниту имавме желба да ги ислушаме тие, кои партијата, т.е. Захаријадис и неговите, ги покажа со прст и токму нив ги обвини за поразот. Така е. Така велеше партијата. Нејзиниот збор стоеше највисоко, а тоа високо за нас беше идеал. Лагата, велат не се трпи со вистината.
Лагата беше претворана во вистина, а вистината во лага.
Треба да си мајстор за таква работа.
Врвот беше чист, но не беа чисти Македонците.
За поразот тие беа криви преку тие дванаесетмината на број, кои од бината се бранеа само себе си. Не застанаа во одбрана на тие кои дадоа се. Најчесто велеа - јас, ние, јас, јас, па јас - овие зборови најчесто ги слушавме и се губеа во громогласните извици на осуда. Никој во масата борци не крена рака, не испушти глас во нивна одбрана. И тоа молчење и истовремено викање беше силно оружје во рацете на Захаријадис и неговата дружина. Во Бурели не беа осудени само тие дваванесетмината, туку сите Македон ци без кои ниту еден месец грчките, а со нив и заведените и послушни македонски комунисти не би можеле да ја водат борбата. Три години крвавеа, три години хранеа и даваа сув покрив, им ја дадоа својата постела и рогозина, своето веленце, своето возглавие, своите деца...
Тие, дв анаесетмината му беа верни на водачот и во негово име викаа и вестеа по селата ниту еден Македо-нец, ниту една Македонка да не остане надвор од стројот.
И така би!
И гласеа дека доброволно се даваше и се соби-раше се од покуќнината. Испразнети куќи од деца, од младина, од покуќнина, од имот...
И сега, по толку изминати години, ми се чини, дека бесвесно баравме смрт, бесилка и три метри под ѕид и за тие кои не водеа...
Бевме млади, неискусни и заведени. Бевме и големи мечтатели. Многу мечтаевме, а уште повеќе сакавме да веруваме и верувавме дека ние ќе бидеме победниците. И во таа своја мечта верувавме. И верувавме во надежите. Тоа ни остануваше... Но... изгледа некои многу сакаа да нема ништо од нашите мечти и од вербата во надежта. Тој некој си пресече така, како што мислеше, како што му беше намерата. Што дека ние многу сакавме, кога ич не мислевме, а оставивме други да мислат за нас?...
.40 Да мислеа тие, кои не поведоа, сигурно ќе нема-ше да стигнеме до болниците во Корча, во Елбасан, да ги слушаме лелеците на мајките кога поминувавме низ Пре-њес, немаше да стигнеме до Бурели и во далечни туѓи поднебја... Нашите мечти и надежи беа заменети со вету-вања, со големи ветувања. И во нив, во ветувањата ние верувавме. И таквото наше верување некому многу му беше потребно. Само ние не можевме да сумиме дека тоа беше на наша штета.
По години еден од нив напиша мемоари и во нив подвлече: “ Ние знаевме дека ќе бидеме поразени, но 40 Види: види мемоари на Д. Вландас сакавме на противникот да му нанесеме уште поголеми и повеќе жртви”
- Ме прашуваш за тие од раководството? Кој ги имаше видено? Ние бевме во планините, во шумите, во рововите, во бункерите, во земјанките, во постојани маршеви и тоа само ноќе. Марширавме само ноќе, зашто денот беше на авионите. Не дебнеа од небо и не закопуваа в земја. Ноќта беше наша...
Ние постојано во бој, а тие постојано во селата преспански. Ако не си ги нашол во Герман, барај ги во П`пли, ако тука ги немало, барај ги во Штрково или во Нивици, ако ги немало во Нивици, барај ги во Граждено...
Ги имаше во сите села во Преспа. Ги немаше само во ноќните колони кои носеа оружје на Грамос, ги немаше во битките за Мали - Мади, Костур, Воден, Негуш, Лерин...
За мародерство и најмал белег на недисциплина, за обид да зе земе парче леб од куќа на селанец, за недо-статок на дури и на една порција за некој од борците се одеше под ѕид. Меѓу нас зборот предавство беше врв на најстрогата казна. За такви дејанија си ги стрелавме друга- рите. И кога во Бурели ги слушавме зборовите предав- ставо, агент, шпион, во нас вриеше крвта и баравме само одмазда. Така бевме воспитувани таму во ровот, во бункерот, на кратката почивка по долгиот ноќен марш, во влажната земјанка, во ровот и во бункерот...
Исцело бевме посветени на вербата дека ќе победиме иако секаде губевме.
Од глава до пети вторпат ги видовме во Бурели.
Тука, тие од високото раководство на чело со Захаријадис, кого тие, нашите, најмногу го славеја, како што реков, ги прогласија за Титови агенти и шпиони. Тука Захаријадис ги извлече на бина од која пред сите зборуваа најтешки зборови за нив, од таа бина паднаа најтешки обвинувања за што во воено време се оди на воен суд и се добива најстрога казна. Ги обвинија, со еден збор, за предавство и со прст покажаа дека, ете, овие се виновниците за поразот.
Дали само за тоа што беше повредена нашата верба и достоинството на борец викавме:
- Смрт!!!
- На бесилка!!!
- На три метри под ѕид!!!
Дали само за тоа ги баравме нивните глави?...
Во молк го ислушав раскажувањето на сега осум-десетгодишната и некогашна партизанка на ДАГ, која нео-чекувано, со горчина во гласот, ме праша:
- Како ли да го наречеме тоа време на кое често му се навраќаме во нашите спомени? Таму, во Бурели, не однесоа по последните, многу крвави битки на Грамос.
Бевме сместени во бараки, некој вид касарни. Таму поли-тичкото и военото раководство, тие пет-шест главуши, наредија да се бараат причините за поразот и виновниците.
И ги најдоа. Нашите. Водачите на НОФ и АФЖ. Во Бурели ги уапсија и ги пратија во Москва. Таму им пресудија и ги пратија во Сибир. Тогаш нив на број дванаесет во Сибир и потоа и нас, илјадници, во Ташкент...
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/na-pat-so-vremeto/14 на 29 октомври 2026